Translate

Wednesday, 17 February 2010

Лоша среќа vs добри фудбалери 3:2!


Нема многу да должам. Едноставно ќе кажам дека после овој пораз не треба никој да се обвинува, или поедноставно кажано shit happens!!! Можеше на полувреме да биде 2:0, 3:0, но беше 1:1, можеше да поведеме со 2:1, но некако бидна 1:3, можеше да заврши 3:3, но остана 2:3! Едноставно никој не е крив! Реков дека со пораз може да тргне сезоната надолу, но после ова издание некако имам претчуство дека момците на Леонардо одвај го чекаат реваншот за да им покажат на англиските деца како се игра фудбал!!!

FORZA MILAN!!!

9 comments:

Anonymous said...

Денеска одигравме феноменална утакмица со огромен влог.Игравме напаѓачки фудбал без респект кон противникот.Но на крајот се се сведува на резултатот.Они имаа 2 шанси дадоа 3 гола и останатото е историја.Но важно е што не се предадовме и само 5 - 10 минути од вториот дел бевме инфериорни (тогаш и шрек ги даде головите)
Среќата дефинитивно беше наклонета кон нив и едноставно не ми се верува до кога вака и до каде ќе одат!!!
Нема така лесно да се предадат можам да го гарантирам тоа.Морам Лео да го критикувам - Бекам и Фавали мора под итно да им се забрани да играат фудбал.Едноставно неможат да играат неможат.Од Бекс не очекував вакво издание но така е кога се нема среќа.Shit really happens some times!

FORZA MILAN

ReBorned said...

Зошто да се обвинува Лео поради тоа што кога се повреди Антонини единствена опција што ја имаше на клупата за таа позиција е еден 37 годишен фудбалер? Кој друг можеше да го пушти освен Фавали? Сигурен сум дека доколку Лео на клупата го имаше на пример Gareth Bale или Коларов немаше да го пушти Фавали т.е дотичниот немаше да биде ни на клупата. Јас уште кога во игра влезе Валенсија знаев дека барем еднаш ќе го претрча Фавали и ќе биде опасно... и тоа се случи уште во првиот напад!
Околу Бекс... можеби требаше да стартува Сидорф но тој не беше 100 % подготвен а сите се надеваа дека Бекам ќе направи холивудско сценарио и ќе блесне против својот поранешен тим!
Извинете ама сега мора да одам на работа каде што на смена е страшен фан на УТД и ќе ми ја дуе главата цел ден :(

ReBorned said...

Абе што сте овенале сите?!
Реалноста е дека тие нас не победија (покрај поради тоа што им беше наклонета фортуната) поради физичката подготвеност. Ние сме 2 класи над нив во техничката поткованост на тимот но тие се 3 класи над нас во физичката подготвеност. Единствени кои се носеа со тоа темпо во нашиот тим беа Амброзини и Тиаго Силва (кој играше и централен и бек и среден ред и AML). Сите други немаа душа во вториот дел!

Anonymous said...

И Сидорф кога го пушти се носеше (затоа сметам дека Лео ја утна работава) Така е тоа што го кажа но не смееме да бидеме незадоволни оти начинот на кој играме е многу добар.Но кога играш против вакви екипи кои имаат среќа невидена тешко можеш да очекуваш да тепаш.Јас сметам дека имаме шанси затоа што едноставно сме подобри од нив.Ако успеат нашиве да соберат сили како со Реал да се повампират може да ги тепаме зошто да не.Освен физичка спремност и Шрек они ништо немаат...
Сакам да кажам дека Фавали и Дида се големи виновници за поразов.Неможе веќе да играат на високо ниво а тоа донекаде важи и за Бекс.Откога дојде ниедна утакмица не ја изигра како што треба.Ако Лео продолжи да го игра Фавали место Антонини кој ќе паузира едеен месец кај ќе ни биде крајот незнам.
Сеуште ништо не е завршено...
Највеќе ме боли срцево коа ме зафркаваат навивачи на Манчестер поради фактот дека веза немаат,ако тимовите против кои играа сезонава не си даваа авто голови и судиите ако не им помагаа сега ќе беа 12 место.Ништо не играат а тепаат.Докога ќе одат вака незнам.Јас мислам дека треба на 10 Март да се стави крај на таа глупост наречена Манчестер Јунајтед

FORZA MILAN

Anonymous said...

И Берлускони каде е?Нека дојде нека гледа 2-3 утакмици нека се симне во соблекувална како што правеше порано.Нека викне барем он оти Лео не верувам дека го има повишено тонот досега..Нека ги мотивира малце

Anonymous said...

Оди некој фан на мерда во библиотека и вели -Каде да најдам книга каде што пишува дека мерда освил Лига на Шампони -Таму десно каде што пишува “Научна Фантастика“

ReBorned said...

Кога веќе спомна вакво нешто... навивачот на комшиите што пред некое време тврдеше дека Бало само на шега кажал дека е навивач на Милан:
4 натпревари во серија доаѓа на натпреварите на Милан едно по друго а кога пред 2 дена навивач на комшшиите му рекол дека сака да го гледа Балотели во дресот на Интер барем додека не освојат ЛШ овој му возвратил со зборовите: Сакаш цел живот да го носам тој дрес?!
Ова последното е во корелација со твојот виц само што овде станува збор за чиста вистина!

Anonymous said...

Апсолутно е така.Го влечат нашите бои ама како да не би го влечеле за милан се раѓаш и навиваш а не е нешто што можат да ти го наметнат :)))


FORZA MILAN

Anonymous said...

Goalkeepers: Abbiati, Dida, Roma. Difensori: Abate, Bonera, Favalli, Jankulovski, Nesta, Oddo, Thiago Silva.
Midfielders: Ambrosini, Beckham, Gattuso, Pirlo.
Strikers: Adiyiah (shirt number 40), Borriello, Huntelaar, Inzaghi, Pato, Ronaldinho

Тоа се повиканите за утре.
И да нема пост јас ќе си пишам мои 11

Abbiati
Bonera,Nesta,TS,Jankulovski
Gattuso,Pirlo,Ambrosini
Pato,Borriello,Ronaldinho

Пеколно гостување ама неможе да им одржуваат лекции на сите големи екипи.Охрабрени и лути од случките со Манчестер треба да ги згазиме.

FORZA MILAN