Translate

Sunday, 14 March 2010

Одиме напред!

Беше и помина. Бевме поразени од подобар тим во моментов и нема ништо срамно во тоа. Одиме напред!
Лео изјави дека тој реванш на Стариот Трафорд може да им даде дополнителна мотивација па ако сакате и инает за да се направи еден завршен јуриш за Скудето! Незнам дали тоа Лео го чувствува меѓу своите пулени или сака да го подигне натпреварувачкиот дух по таков дебакл но како и да е, добро е!
На гости ни доаѓаат летечките магариња. Магарињата по дифолт не би требало да летаат па добро е да им ги отстраниме крилјата што порано во мечот. И повторно одиме со познатите фрази дека ова е меч што мора да се добие, дека ова е голема шанса и сл. Епа драги мои, сите натпревари до крајот на првенството имаат предзнак is a must. Овој натпревар е специфичен од друг аспект. Десеткувани сме во сите линии во тимот особено во најболниот дел, одбраната. После ТС имаме огромен гап во квалитетот на неговиот партнер во одбраната. Тие што се повеќе или помалку блиску до неговиот квалитет (Неста и Бонера) се повредени а првиот се чини и рече збогум на оваа сезона. Само уште еден доказ за потребата од секаков вид на дефанзивци во последната линија на тимот. Покрај ТС ќе застане Фавалињо кој за мене лично е сеуште подобра опција од КамиКаладзе посебно по изјавите на Каладзе за тимот пред некое време. Десно би требало да стартува Абате а лево се чини ќе мора да заигра Замброта (Антонини е во аут). Средниот ред би бил составен од Пирло, Гатузо и можеби Бекам додека во нападот е сигурен само Роналдињо. Пато е повреден па не е сигурно ништо напред. Другата комбинација е Бекам да оди на AMR а во средината да игра капитенот покрај Гатузо и Пирло. Можеби е подобро да започне Бориело пред Хунтелар од едноставна причина што првиов сезонава беше одличен против „послаби“ противници а не знаеше да постигне гол на дерби натпревари. Во одбраната најмногу проблеми ќе ни предизвикува Пелисие! Одличен дриблер, брз фудбалер со фантастичен шут! ТС треба да се погрижи за него.
Сепак да внимава на жолтиот картон кој го одалечува од мечот против Наполи.
Лео...За Манчестер, околу замената на Бонера со Сидорф (и враќањето на Амброзини на CB) вели дека во тој момент на тимот му требаа 3 гола за да помине понатаму и „Убијте ме но јас нема да бранам пораз“ . Искрен е дека овој тим не е тој од 70-тите да трча цели 90 минути.
Лео работи на психологијата на тимот за напад на Скудетото. Ги мобилизира сите, вели дека ни треба помош и од т.н маргинализирани (Каладзе, Одо, Пипо) и од оние кои не веруваа дека овој тим има сила за напад на Скудетото (Јас и другите неверници како мене, жал ми е). Вели дека повредата на Неста е голем удар но дека Милан има и други фудбалери и не зависи од никој поединец. Секогаш искрен, секогаш со класа!
Па ајде Лео, ајде момци... сите! Од Каладзе до Адиа, од Тиаго Силва до Роналдињо! Од Лео до Галијани и од Ри до Васе и Ултра... Во мобилизација! Одиме напред!
Milano siamo Noi solo Noi!!!
Forza Milan!!!

3 comments:

Vase_AC Milan said...

Многу мотивирачки пост, се надевам дека и момците се чувствуваат мотивирано.Моментот во кој се наоѓаме е можеби најтежок сезонава поради еден аспект - повреди.Изгубивме еден од лидерите во тимот како што вика Лео - највлијателниот играч во тимот.Но нема оправдување за ништо затоа што тоа е Милан, НАЈУСПЕШНИОТ КЛУБ НА СИТЕ ВРЕМИЊА.Верувам дека кој и да го носи дресот ќе даде се од себе.
Лошата слика што се создаде за нас во дуелот против руни едноставно не е вистинита тоа е една голема илузија.Наше е скудетото само треба да посегнеме по него и да си го земеме.Време е за Каладзе и за Фавали па би рекол и Гатузо и Јанкул да направат уште нешто специјално во нивната кариера макар и да им е последен пат.
Многу голем оптимист сум и земајќи ги во предвид резултатите од ова коло можеме да направиме чуда.
Време е да се вратат Замбро и Сидорф кои да речеме здивнаа малку направија пауза со повредиве, да ни дадат свеж здив и енергија додека правиме притисок за титула.Моите 11 за вечер би биле следните:

Abbiati
Abate,TS,Favalli,Zambro
Ambro,Pirlo,Seedorf
Beckham,Borigol,Dinho

Верувам дека горе доле истите ќе настапат и секако ќе победат.Ги оставаме сите повреди и проблеми надвор од тимот и одиме на победа,ПОБЕДА ЗА СКУДЕТО

FORZA MILAN GRANDE SQUADRA

Vase_AC Milan said...

MILAN: Abbiati; Abate, Favalli, Thiago Silva, Zambrotta; Gattuso, Pirlo, Ambrosini; Beckham, Borriello, Ronaldinho.

CHIEVO: Sorrentino; Sardo, Mandelli, Yepes, Mantovani; Luciano, Rigoni, Marcolini; Pinzi; Pellissier, De Paula.

FORZA RAGAZZI

Ultra red and black said...

АЈДЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ АЈДЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ