Translate

Sunday, 27 February 2011

NAPOLI, ADESSO TU!!!

    Долг и досаден ми беше викендов што поминува, некако празен, без она што секогаш ми го усмерува расположението за следната недела или барем неколку дена..во името на фер-плејот и отстапката за последниот претставник на Калчото во Лигата на Европа, се пролонгира дуелот на водечките две екипи во лигата или подобро кажано, се пролонгира гасењето на шампионските амбиции на Napoli..во едно од резултатски најчудните кола, сепак последните два натпревари се оние најважните за нас..со евентуален позитивен резулатат од гостувањето на комшиите на Marassi, момците на Allegri имаат идеална шанса во Понеделник да се доближат ептен блиску до трофејот кој е најголем сон на фановите..но и без тоа, како што безброј пати досега изјавуваше Max, се е во наши раце и од нашатa желба и заложба зависат нашите успеси, особено на домашен план..
   Napoli на San Siro доаѓа како најголемото сезонско изненадување играјќи доста атркативно и без почит, а камо ли страв од поголемите екипи..иако мечот се пробуваше да се најави како директен дуел на најдобрите напаѓачи во двата тима - Ibra vs. Cavani, останува констатацијата дека дефинитивно Ale Pato ќе биде оној т.н. player to watch..со победата што ја донесе во минатото коло, со враќањето во првата екипа и со моментот кој никогаш нема да може да го избриши од сеќавањето, првиот сениорски гол за Milan, постигнат токму против утрешниот противник..тогаш Napoli беше повратник во елитата, а како добредојде им беше сервирана петарда..тешко дека тоа може и утре да се случи, но денешните 0:7 на Palermo и Udinese оставаат простор за се! :)
   Уводот во нашите нови пеколни 10 дена, утрешните противници се обидоа да го направат потензичен, понапнат, наддавајќи на важност..се осмелија да го наречат мечот "одлучувачки за титулата", но ќе ги разбереме, уживаат во петте минути слава..ниту помалку лудиот De Laurentis летово не веруваше дека неговата екипа денес може да биде на само 3 бода од лидерот..мора да се признае дека заедно со Mazzarri створија компетитивна екипа, спремна за далечен дострел во европските купови, но на изјавите дека можат до крај за Скудето, јас секогаш слатко се смеам..сепак, наградата за нивната добра работа мислам дека ќе стигне со ЛШ настапот наредната година..и знам дека многу време и простор потрошив на анализата на противникот, ама нели е ова дуел на екипите од најтесниот врв...
   Кај нас, скоро ништо ново..враќањето на Pato и Prince во првите единаесет изгледаат многу извесни, на сметка на Fantantonio и најверојатно Flams..кај мене, а верувам и кај многу фанови радува вклучувањето на Vila' во составот и можност за ново деби, што изгледа тешко веројатно со оглед на опцијата Jankulovski, Oddo, па дури и Urby да стартуваат на лев бек..останатите дефанзивни позиции се познати..во средината по сити логики има едно место за кое Massimo би има дилеми, покрај MVB и Prince..незаменливиот Binho на AMC, а Pato со голот против Chievo, по се изгледа си го купи местото покрај Ibra напред..
 Без многу потреба за паметување и мотивации, Milan има јасно зацртана цел..неутрализирањето на Cavani, како ужина за TS и Sandro, но и победничка соработка на Ale и Zlatan за целосен впечаток..да се искористи умореноста на противникот и падот на концентрација по елиминацијата од ЛЕ, за што побезболно дерби..како што имаме кажано повеќепати порано, во вакви натпревари не се добиваат 3 бода, туку 6! епа господа од Неапол, наши се!!

FORZA CAMPIONI!!!

17 comments:

Navigator said...

Повиканите и повредените:
Abbiati, Amelia, Abate, Vilà, Jankulovski, Nesta, Oddo, Papastathopoulos, Thiago Silva, Yepes, Boateng, Emanuelson, Flamini, Gattuso, Merkel, Seedorf, Van Bommel, Cassano, Ibrahimovic, Pato, Robinho.

Indisponibili: Antonini, Bonera, Ambrosini, Pirlo, Inzaghi.

kiko_pato said...

Победа над Наполи вечерва нема кај да ни бега... имаме одличен состав за вечер,и гостите немаат што да бараат :) убаво би било да имаме убедлива победа на пр. 3:0 со што би имале многу поголема самодоверба за до крајот, но и со минимална победа ќе бидам презадоволен.Мотивација + за мене за вечер е тоа што ја чекам уште Милан да победи вечер па да бидам добитен :)

Мој состав за вечер:Абиати Абате Неста ТС ВИЛА! МВБ Гатузо Боатенг Ибра Робињо и ПАТО! ( но за една сум сигурен дека лев бек нема да биде ВИЛА иако сите сакаме)


FORZA MILAN!

Navigator said...

скоро е извесно дека Janko ќе почне на лев бек, а мое мислење е дека и Rino нема да биди меѓу единаесетте..би типувал на Merkel за тоа последно непознато место во средината..како и да е, имаме солиден состав за солидна победа..

FORZA MILAN!!!

Vase_AC Milan said...

Од вечерва па натаму сите утакмици ја имаат истата важност - СКУДЕТО.СО оглед на тоа дека мердите не кикснаа вчера ќе ни дишат во вратот постојано.Наполи некако не ме загрижува колку што ме загрижуваат они.Леонардо се надева на реми,а јас се надевам дека ќе ги направи истите грешки како со нас лани.Значи оваа нивна екипа и игра е страшно заникаквена и со вакви епизоди како вчера незнам до кога ќе издржат да победуваат.
За вечерва се најавува Full House во Милано,од Силвио до Lady B,од личности во фудбалската елита во Италија до поранешни легенди.Значи нема подобро место за да се прати јасна и гласна порака до ривалите дека овој тим е конструиран за скудето.Уште од првиот ден во тренинг кампот им е дадено до знаење на играчите дека тоа е нашата главна цел сезонава.Порака дека овој тим до крајот на сезоната ќе гази се живо и диво пред него затоа што ги има играчите,го има тренерот и ги има правилните луѓе околу себе кои ќе му го овозможат тоа.
Се надевам дека вечерва ќе проработи Ибракадабра,а на евентуален гол на Пато би се радувал како син да ми се родил.Стандардните играчи ќе си ги задржат своите места,Ибра,Бињо,Бомел,одбрамбената 3ка исто така и обавезно ќе игра Гатузо - ГАРАНТ! Незнам откаде овој експеримент со Јанкула на левата бековска но се надевам дека е инвенција на медиумите зошто со Маџо и Ѕунига нема трте мрте.Или пак ако игра ќе се надевам на препороден Јанкул исто како и што сезонава се препороди Одо,но сепак посигурен влог би ми бил Вила.
Имам некои позитивни сензации за вечер.Сакам да им го прекинеме сонот за скудето како што тие ни направија лани.Да сум како Алегри би им го дал до знаење тоа,би ги потсетил па да ги искинат после на теренот.Од огромно значење ќе биде победа вечер и се надевам дека момците ќе прикажат силен карактер добра игра и многу желба за победа.

FORZA MILAN

Navigator said...

Васе, ќе се сложам со се што кажа, освен со тоа дека со Vila' добиваме повеќе сигурност назад..сите на блогов, по неговото доаѓање рековме дека не сме многу запознаени со неговите квалитети..за разлика од него, можностите на Janko, Oddo и Ubry ни се добро познати..иако моја огромна желба е да го видам што поскоро дебито на шпанецот, следните две кола не се ни од далеку идеалeн момент за сефте..токму поради (не)квалитетот на трите други опции за таа позиција, јас би играл со Emanuelson..за моја жал, најверојатно Marek стартува!

ReBorned said...

Сите сакаме да го видиме новото момче во акција но во натпревар како овој и против екипа како оваа од круцијално значење е правилното маркирање и чување на својата позиција а од сите опции за таа лева бековска позиција реално Јанку е најблиску до вакво нешто.
Не дека тој е одличен но барем има далеку поголемо искуство од Вила (кој е баук за сите нас и не е паметно да дебитира на ваков натпревар) а конкретно Урби покажа во неколкуте натпревари што ги играше дека знае комплетно да исплива надвор од својата позиција и тоа да биде опасно по неговиот тим.
Затоа... Ајде македонче! :)

Abbiati; Abate, Nesta, Thiago Silva, Jankulovski, Gattuso, van Bommel, Flamini, Robinho, Ibrahimovic, Pato.

ReBorned said...

Како го погодив состоавот а? ;)

MILAN: Abbiati, Abate, Nesta, Thiago Silva, Jankulovski, Gattuso,Van Bommel, Flamini, Robinho, Ibrahimovic, Pato.
NAPOLI: De Sanctis, Campagnaro, P. Cannavaro, Aronica, Maggio, Pazienza, Gargano, Dossena, Mascara, Hamsik, Cavani.

Navigator said...

чудно што го нема КРВ во стартерите! мислам дека е неопходен, особено во ваков меч! изгледа дека пак Allegri ќе менува на полувреме..не ми се допаѓа тоа...

ANDIAMO CAMPIONI!!!

ReBorned said...

Можеби оди по таа логика дема има играно само 25 минути во последните 2 месеци па сеуште е ровит за стартер...

Navigator said...

можеби, но дури и да не е спремен за цел натпревар, јас би му го дал првото наместо второто полувреме..не велам дека е тоа правилното, затоа што тој е стручњакот, а не јас, но тоа е моето мислење..
секогаш е подобро да се отвори од почеток и секогаш притисокот е посилен како што наближува крајот!

Vase_AC Milan said...

Добар Јанкула :D

Navigator said...

уште подобар Rocchi :)

ReBorned said...

Пато денес играше како од друга планета! Самодовербата е вратена на највисоко можно ниво!

kiko_pato said...

а МИЛАН најдобар :) + ја добитен :) браво за Пато ме направи среќен со голот,Боатенг сепак требало 2ро полувреме да влезе и да ги реши дилемите :)

ReBorned said...

А Боа беше јак кога го даде голот. Да можеше сите ќе ги истепаше по ред!! :)

ReBorned said...

И Мах одлично го изменаџира целиот меч. Вистинска лекција за Мацари... независно од досудениот пенал и пред пеналот и после него Наполи не успеа да упати еден единствен удар кон голот на Абијати. Играта на гостите одлично прочитана од Мах од секој можен агол и одлично спроведена противигра од неговите пулени на теренот, Il Monstro го стави Кавани в џеб... Мах одлично ги изменаџира и измените како со имињата на фудбалерите кои влегоа во игра така и со тајмингот кога беа вршени измените.

Vase_AC Milan said...

Шампионски фудбал вечерва на Сан Сиро.Сите до еден изиграа лавовски и мајсторски.
Се поблиску сме до скудето.

FORZA MILAN TU SEI TUTTA LA MIA VITA