сакам да ве замолам најдобронамерно, вие што ги ставате highlights-те, да почекате малку доколку нема добро видео со сите шанси на мечот..на головите се сеќаваме и по неколку месеци, да не речам години, ама убаво е да се види целиот натпревар прикажан во 3-4 минути..поентата на овој предлог е во тоа што комплетното видео до вчерашниот меч содржи само шанси на Milan! тоа сакав да го видам!! :) тие што ќе ставаат во иднина, најчесто Mohican, ви препорачувам да ги барате highlights-ите на Sky Italia со коментар на препознатливте Fabio Caressa и Peppe Bergomi..верувам знаете за кои типови зборувам..еве еден линк до нивното видео од вчера...
е сега, мое мислење за натпреварот сношти е дека беше одиграно едно скоро перфектно и едно доста тактички мудро, а по малку и несреќно полувреме..знаете сите кое е едното, а кое другото.. скоро никој не очекуваше мечот да почни поинаку, освен претпазливо, можам да речам бавно, со полека превземање на играта од страна на Milan..одбраната одлично го правеше тоа, средината малку понесигурно, нападот скоро незабележлив..тек после пола сат осетив поголемо раздвижување со првите поголеми шанси..ме зачудија офанзивните испади на Rino и Flams, а MVB не беше толку често напред колку што имаше шанси :) Janku имаше феноменално полувреме и тотално го неутрализира Hamsik..по нивна лева страна Mascara сам се чуваше и му дозволи на Abate неколку пати да оди доста длабоко..очиглено е колку тој игра подобро кога ќе осети дека нивното лево крило или лев крилен напаѓач не е опасен..TS и Nesta буквално го ставија во џеб Cavani, кој рака на срце не доби употреблива топка..нивниот среден ред потполно потфрли и беа служеа само за притисок при отпочнување на нашите напади.. останувам на ставот дека КРВ повеќе ќе дадеше од почеток (не мислам на повеќе голови) со неговата агресивност во одбрана и далеку подобра техника од Rino напред..Allegri во тактичка смисла не направи чуда, но сосема коректно го привршуваше натпреварот по водечкиот гол.. за пеналот може да се кажи сешто..додека траеше натпреварот бев убеден дека тоа е поклон од Rocchi, ама денес видов намера кај Aronica или да ја избие со рака топката со надеж дека од гужвата и очигледниот фаул на Ibra претходно, ќе биди досуден гол-аут или пак, полошо намера за удар врз Pato..друго нема... пеналот дефинитвно го сврти мечот..неможиме да зборуваме што ако не беше, оти пеналот е досуден само во 47ма минута..тоа дефинитивно ги дотепа гостите, а нас ни отвори уште многу шанси..многу олеснувачко што вториот гол падна баш во тој период, каде Milan можеше да почни да се подготвува за повлекување, а Napoli да спрема завршен удар..се потоа беше разбивање и доказ колку екипата е цврста и единствена, дека е шампионска суровина.. иако мене фаворит сезонава ми е Binho и вчера беше жртва на тактика, а преходно одличен, вселенскиот Paperino заслужува капа долу.. секоја чест за се и за сите вчера на San Siro!!
Таман дојдов наапан како Боа кога го даде голот да се карам зошто никој ништо не кажува за Јанку а имаше критики пред мечот за изборот на LB кога гледам, пофалби. Ми се смири адреналинот :) Сите беа на ниво и повеќе од тоа. Јас си останувам на ставот. Пенал или не... останува еден факт, Наполи не успеа да упати удар кон голот на Милан во текот на сите 90 минути. Беа очајни и после пеналот но и пред тоа. MVB повторно како вистински диригент во средниот ред, сеуште не можам да сфатам колку сме биле среќни со таа аквизиција во Јануари. Тиаго Силва, Il Monstro... најдобар дефанзивец во светот во моментов, бујрум да дебатираме ако некој има поинакво мислење. Не сакам да го урочувам ама човекот брилјира! Јанку ЅВЕР како и сите останати. Але беше човекот кој го одбележи овој одличен меч. И уште еднаш... како само го прослави голот БОА, го извади целиот тој гнев што се собирал 2 месеци кога беше покрај аут линијата поради повреда, едноставно експлозија од гнев, емоции и глад, глад за успех, глад за повторен контакт со Сан Сиро, глад за Милан!!! П.С Се расчисти и дилемата со бакнежот кој Галијани го упати по вториот постигнат гол. Токму тој ги расчисти дилемите, бакнежот бил насочен кон Прециози кој беше на трибините поради аквизацијата на БОА :) Forza Milan!!!
Ambro е далеку од враќање, колку што се сеќавам околу крајот на Април го најавуваа враќањето..а за Pirlo уште две недели пауза најмалку.. надвор од ова, се погласно се зборува за доаѓањето на Mexes, овојпат конечно! дефинитивно ги одбил Arsenal и Liverpool, што значи дека очигледна е неговата желба..впрочем, никој друг не се прашува во случајов..
Не сум баш најсреќен за доаѓањето на Мексес, сум пишал и претходно, но бидејќи е донесен без пари го прави на некој начин добар трансфер. Но ако во него се гледа долгорочна замена на Неста тогаш ќе бидам и повеќе од разочаран, ќе видиме...
10 comments:
сакам да ве замолам најдобронамерно, вие што ги ставате highlights-те, да почекате малку доколку нема добро видео со сите шанси на мечот..на головите се сеќаваме и по неколку месеци, да не речам години, ама убаво е да се види целиот натпревар прикажан во 3-4 минути..поентата на овој предлог е во тоа што комплетното видео до вчерашниот меч содржи само шанси на Milan! тоа сакав да го видам!! :)
тие што ќе ставаат во иднина, најчесто Mohican, ви препорачувам да ги барате highlights-ите на Sky Italia со коментар на препознатливте Fabio Caressa и Peppe Bergomi..верувам знаете за кои типови зборувам..еве еден линк до нивното видео од вчера...
http://www.youtube.com/watch?v=ooKdeqzD3-w&feature=relmfu
е сега, мое мислење за натпреварот сношти е дека беше одиграно едно скоро перфектно и едно доста тактички мудро, а по малку и несреќно полувреме..знаете сите кое е едното, а кое другото..
скоро никој не очекуваше мечот да почни поинаку, освен претпазливо, можам да речам бавно, со полека превземање на играта од страна на Milan..одбраната одлично го правеше тоа, средината малку понесигурно, нападот скоро незабележлив..тек после пола сат осетив поголемо раздвижување со првите поголеми шанси..ме зачудија офанзивните испади на Rino и Flams, а MVB не беше толку често напред колку што имаше шанси :) Janku имаше феноменално полувреме и тотално го неутрализира Hamsik..по нивна лева страна Mascara сам се чуваше и му дозволи на Abate неколку пати да оди доста длабоко..очиглено е колку тој игра подобро кога ќе осети дека нивното лево крило или лев крилен напаѓач не е опасен..TS и Nesta буквално го ставија во џеб Cavani, кој рака на срце не доби употреблива топка..нивниот среден ред потполно потфрли и беа служеа само за притисок при отпочнување на нашите напади..
останувам на ставот дека КРВ повеќе ќе дадеше од почеток (не мислам на повеќе голови) со неговата агресивност во одбрана и далеку подобра техника од Rino напред..Allegri во тактичка смисла не направи чуда, но сосема коректно го привршуваше натпреварот по водечкиот гол..
за пеналот може да се кажи сешто..додека траеше натпреварот бев убеден дека тоа е поклон од Rocchi, ама денес видов намера кај Aronica или да ја избие со рака топката со надеж дека од гужвата и очигледниот фаул на Ibra претходно, ќе биди досуден гол-аут или пак, полошо намера за удар врз Pato..друго нема...
пеналот дефинитвно го сврти мечот..неможиме да зборуваме што ако не беше, оти пеналот е досуден само во 47ма минута..тоа дефинитивно ги дотепа гостите, а нас ни отвори уште многу шанси..многу олеснувачко што вториот гол падна баш во тој период, каде Milan можеше да почни да се подготвува за повлекување, а Napoli да спрема завршен удар..се потоа беше разбивање и доказ колку екипата е цврста и единствена, дека е шампионска суровина..
иако мене фаворит сезонава ми е Binho и вчера беше жртва на тактика, а преходно одличен, вселенскиот Paperino заслужува капа долу..
секоја чест за се и за сите вчера на San Siro!!
JUVE, ADESSO TU!!! FORZA CAMPIONI!!!
Таман дојдов наапан како Боа кога го даде голот да се карам зошто никој ништо не кажува за Јанку а имаше критики пред мечот за изборот на LB кога гледам, пофалби.
Ми се смири адреналинот :)
Сите беа на ниво и повеќе од тоа.
Јас си останувам на ставот.
Пенал или не... останува еден факт, Наполи не успеа да упати удар кон голот на Милан во текот на сите 90 минути.
Беа очајни и после пеналот но и пред тоа.
MVB повторно како вистински диригент во средниот ред, сеуште не можам да сфатам колку сме биле среќни со таа аквизиција во Јануари.
Тиаго Силва, Il Monstro... најдобар дефанзивец во светот во моментов, бујрум да дебатираме ако некој има поинакво мислење.
Не сакам да го урочувам ама човекот брилјира!
Јанку ЅВЕР како и сите останати.
Але беше човекот кој го одбележи овој одличен меч.
И уште еднаш... како само го прослави голот БОА, го извади целиот тој гнев што се собирал 2 месеци кога беше покрај аут линијата поради повреда, едноставно експлозија од гнев, емоции и глад, глад за успех, глад за повторен контакт со Сан Сиро, глад за Милан!!!
П.С Се расчисти и дилемата со бакнежот кој Галијани го упати по вториот постигнат гол. Токму тој ги расчисти дилемите, бакнежот бил насочен кон Прециози кој беше на трибините поради аквизацијата на БОА :)
Forza Milan!!!
Аааа да... и околу наводното враќање на Кака, Бошко Леите бил на Сан Сиро синоќа...
Незнам за Вас, за мене...
Кака? Не, благодарам!
Thiago Silva: With Juve we will use this tactic that the coach has installed in us: that of peace.
и од мене "не, благодарам!" за Кака!
неговото време во Milan помина, а и несакам уште еден Sheva-тип неуспешен обид!
се знае ли кога ќе се опорават Пирло и Амбро од повредите?
Ambro е далеку од враќање, колку што се сеќавам околу крајот на Април го најавуваа враќањето..а за Pirlo уште две недели пауза најмалку..
надвор од ова, се погласно се зборува за доаѓањето на Mexes, овојпат конечно! дефинитивно ги одбил Arsenal и Liverpool, што значи дека очигледна е неговата желба..впрочем, никој друг не се прашува во случајов..
FORZA MILAN!!!
Не сум баш најсреќен за доаѓањето на Мексес, сум пишал и претходно, но бидејќи е донесен без пари го прави на некој начин добар трансфер. Но ако во него се гледа долгорочна замена на Неста тогаш ќе бидам и повеќе од разочаран, ќе видиме...
Се мислам дека La Vecchia Signora ке плаче утре.Дали и вие го имате истото мислење??
Post a Comment