Translate

Monday, 21 March 2011

Пронајдете ја разликата, ако воопшто ја има

15 comments:

Anonymous said...

Да е само ова........ама ќе ги стаса правдата и нив една ден

Anonymous said...

http://www.youtube.com/watch?v=2m8Ue2jZUDg

На клипов ми се чини од кожа ќе испаднам.Мн ми фалат овие времиња :((
Сега за сега само ќе еволуираме спомени

Navigator said...

дали правдата ќе ги стаса незнам, ама дека тие нас не стасаа, тоа знам! жално за нас е што дозволивме Дебрито да одлучува многу за титулата..се знае сега дека на нас е притисокот, тие се само предизвикувачи, а настрана тоа што 5 години по ред се шампиони и тоа дополнително го намалува евентуалниот неуспех ако не го освојат Скудетото пак годинава..за разлика од нив, Milan е под константен притисок особено сега кога сме (или подобро речено бевме) во толку добра позиција за трофејот..
сосема на место ти беше резимето Ри, и немам што да надополнам..сите знаеме за тие слаби точки во екипата, надополнети со долгите отсуства на ептен битни играчи..она што мене ме интересира конкретно за натпреварите против Palermo на гости е што мислат играчи, што им се врти низ главата пред тој, слободно можам да речам, кобен меч..таа екипа се претвора во најнезгодниот противник во цела лига и неколку пати изминатите години ни пресудуваше во бркањето на Шинтеровци..се надевам дека нема и овојпат да се повтори истото, уште повеќе што пак ја имаме лидерската позиција и што НИЕ сеуште го водиме првенството..добро е што после овој лош период имаме недела клубска пауза, односно доволно време убаво да се размисли што не чини и како да се врати екипата во оној вообичаен ритам..

Navigator said...

бев нервозен уште од почетокот на мечот некни кога гледав како бледо игра цела екипа..можеби ако не беше тој ран гол и редок пропуст на одбраната утакмицата ќе се одвиваше поинаку оти Palermo изигра очајно, ама ми се чини дека и така долго ќе се мачевме за гол..поука од Саботата е дека колку и да не е Ibra во форма, тој е незаменлив и тимот е сосема различен без него..вака имаме напад што зависи од блесоците на Pato и од концентрираноста на Cassano..исто видовме дека Cassano може да игра само покрај класичен шпиц, но никако неможе да го прими товарот и од него да се очекува да го реши мечот..Pato кога е добар е најдобар од сите, ама кога е лош ги заслужува сите пцуења..и тешко е да играш против ваков противник ако надежите ги полагаш во 21-годишњак кој има "светни-угасни" сезона..тоа беше всушност и проблемот минатите две години кога едвај чекавме да се опорави за да видиме побрз фудбал..очигледно дека не е спремен за лидер, што до некаде е и логично според возраста..
знаете, тешко е кога имаш доста играчи што се снаоѓаат само кога екипата има добра вечер..таков е и примерот и со Binho и КРВ, најчесто..тука се гледаат лидерите и затоа сега толку кукаме по Pirlo..дали пред 3-4 кола некој воопшто го споменуваше??

Navigator said...

за Abate и TS секоја чест..првиот игра скоро феноменална полусезона, а вториот е моментално најдобриот одбранбен играч на светот..иако ме нервира што оние милиони додавања на натпревар што пред неколку години беа дело на Pirlo, Ambro, Rino или Kaka, сега се на TS и Nesta и тоа што нашето билдање на посед на топка се помести наназад во дефанзивниот двоец, сепак многу многу сум смирен кога ја гледам топката во нив отколку во средниот ред..едино MVB ја има техниката и пред се искуството за да ја зачува топката, а сите други ја држат максумум по 3 секунди..нас сепак после Pirlo ни треба играч од типот на Xabi Alonso..да сум јас Galliani, би украл од сефот на газдата за да го донесам тој играч, иако знам дека никој не го дава..ако треба ќе го земам како бегалка, буквално :)
и за крај некој збор за Max... треба да остани, по мое мислење..не е лош тренер, иако е далеку од врвен, а уште помалку искусен..резултатот досега не е случаен и многу работи се негово дело..исто, многу и од неуспесите се чисто негово дело..тука пред се ќе го посочам испаѓањето од ЛШ..мора, ама мора да научи дека претпазливоста се удира од глава во Италија..за тоа може да размислува следната недела..видете, тој човек всушност нема што да изгуби, напротив..ако не освои Скудето по толкава предност на полусезона многу е извесно дека ќе добие отказ..ама ако биди шампион, уште поизвесно дека си обезбедува работа за следните 3-4 години..нека го земи примерот од предавникот, не треба ништо друго..има таква прилика што секој дебитант тренер во голем клуб ја сонува..баш него му беше реконструиран тимот и баш него му се овозможи работење со тим склопуван за успеси..моментално кај него ме нервира тоа одење со глава во ѕид кога се работи за нападот..јас разбирам дека има само тројца достапни напаѓачи и му е страв да игра со сите нив од почеток, ама кога веќе 3 натпреавари дожувувате неуспех поради тоа, неможите упорно да ја правите истата грешка!

Navigator said...

и уште само ова: до пред некое време навивачите на Arsenal во шала, а можеби и во очај, Robin van Persie го викаа Robin van Porcelan, знаете зошто..сега ние треба да мислиме сличен прекар за Патката, дефинитивно!
како ќе го добиеме Шинтер без Ibra и евентуално без Pato, немам идеја..во секој случај очекувам конечно, доволно офанзивна постава од Max, па што биде нека биде!

MILANO SIAMO NOI, CAMPIONI SIAMO NOI!!!

ReBorned said...

Navigator, незнам каква би била таа "доволно" офанзивна игра без Пато и Златан ама тоа е тоа. Искрено ми беше жал што на тој мој пост немаше ниту еден коментар (не од егоистична гледна точка туку од тоа што сакав да знам како размислувате на тој текст и на овие тешки моменти). Мило ми е што забележав во коментарите дека Иван се осврнал на најголем дел од текстот со свои размислувања.
Милан е оној спиритуален дел кој ја комплетира мојата духовна слика, сериозно!
Се ќе биде во ред, без грижа момци

Navigator said...

јас стално пишувам во последниот пост и затоа испадна дека немаш коментари во резимето..сите 4 коментари мои од сношти беа конкретно посветени на последниот период и се она за што пишуваше ти..
а инаку ако воопшто зборуваме за некаква духовна целина, кај мене, во недостаток на религиозни чувства, изгледа клубов исполнува најголем дел..
ако и другите се осеќате така, приклучете се на акцијата И ЈАС СУМ МИЛАН! :) највредна е вашата порака, поддршка, коментар... :D

FORZA MILAN!!!

CurvaSud_Milan said...

Golema e verojatnosta Pato da igra, iskreno ako ne igra neznam na sto ke lici napadot! ...mozebi ja odbrav najdobrata sezona za da otidam i da go sledam derbito, no vakvi maleri kako zoltite na Ibra i povredata na Pato ti go opagjaat entuzijazmot i raspolozenieto ali sto e tuka e! ...kako i da e, jas so druzinata mi uste nemame obezbedeno karti iako ima nekolku najavi deka mozebi ke uspeeme da najdeme, ako uspeam da otidam, ako imate interes vi stojam na raspolaganje za naracki od Milano. :)

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Дечки, ајде размислувајте позитивно, мора да го победиме Printer...тежок период за Милан и за нас навивачите...но мора да веруваме во победа! Добивам желба да одам во соблекувална пред утакмица и да им одржам еден искрен говор, од срце...говор кој ќе ги мотивира и кој ќе им даде сила...во овој тим фали нешто, нешто што ќе го покрене тимскиот дух. Јас од друга страна ги гледам работите во случајов...на страна го ставам начинот на игра. Премногу го сакам МИЛАН...и навистина сакам да победиме и да уживаме во натпреварот. Ќе биде незаборавен натпревар, со многу емоции и гнев (Лео предавникот) во исто време...се водиме како домаќини, поголемиот дел ќе бидат rossoneri кои ќе дојдат да видат еден МИЛАН кој ќе го понижи Printer...andiamo ragazzi...FORZA MILAN! SEMPRE NEI NOSTRI CUORI!

еве еден линк:
http://www.youtube.com/watch?v=-2Yaf7sZBck&feature=player_embedded

Navigator said...

каков клип, каква пародија... :) се пресмеав!
а чиј е коментарот уствари??

PAZZA PRINTER SOGNALA!!!

Navigator said...

а Pirlo го даваме или не?
добра тема за дискусија...

ReBorned said...

Тенка е линијата ама...
јас би пресекол, би го дал! Се разбира со адекватна, помлада и посвежа замена

Navigator said...

слично и јас би играл... само многу зависи каде го даваме..ако е тоа клуб од кој можеме да извлечеме солидна, млада трампа, па дури и со мала доплата, ич не би размислувал..само сепак, ние сме навикнати играчите тука да ги завршуваат кариерите..ќе ни биде малку тешко ако замине...

ReBorned said...

Да не се разбереме погрешно, сметам дека Пирло со подобро опкружување околу него (со подвижни, мобилни фудбалери и евентуално добри, пробивни крила) може да пружи уште 2 сезони на високо ниво (ако биде поштеден од повредите).
Но јас би одел на освежување