Translate

Saturday, 12 March 2011

Одиме на плажа!



По расчистените сметки во ЛШ полека но сигурно се враќаме на нашата првична цел сезонава, Калчото. Можеби порастоварени, сигурно позаинатени да го оставиме искуство на WHL зад нас со позитивен резултат во Недела напладне.
Сето ова надополнето со (за нас) позитивниот резултат на комшиите од синоќа, победата е единствена опција против Бари. Победа со која како што покажува сликата погоре ќе ги замрзнеме на -7 и со евентуална победа против Палермо следиот викенд можеме многу порастоварени да го пречекаме дербито против комшиите и нивниот тренер.
Секогаш е тешко да се игра против екипи кои грчевито се борат за опстанок (ако не верувате прашајте ги комшиите) а кога на тоа ќе се придодаде дека е уште потешко да играш против аутсајдер после натпревар од ЛШ, треба максимално сериозно да му пристапиме на овој натпревар. Така размислува и Алегри.
Нема одмор за никој, најдобро подготвените излегуваат на теренот.
БОА сеуште накривнува и не е меѓу повиканите, а тие се:

Abbiati, Amelia, Abate, Antonini, Bonera, Nesta, Thiago Silva, Zambrotta, Yepes, Papastathopoulos, Emanuelson, Flamini, Gattuso, Van Bommel, Seedorf, Strasser, Merkel, Cassano, Ibrahimovic, Pato, Robinho.

Како што реков погоре, Алегри оди со најдоброто што го има во моментов на располагање а тоа е:

Abbiati; Abate, Nesta, Thiago Silva, Antonini, Gattuso, Van Bommel, Merkel, Robinho, Pato, Ibrahimovic

Епа момци, ајде на +7!
Forza Milan!!!

6 comments:

ReBorned said...

На извонредната дискусија која се разви околу овој меч (бидејки постот беше напишан доста порано за да се овозможи тоа) јас само би додал дека официјалниот состав е токму тој што веќе го прогнозирав во постот.
Forza Milan!!!

Navigator said...

се извинувам што дури сега успеав да искоментирам нешто околу мечот..инаку очекував ваква (не)заинтересираност со оглед на вака слабиот противник помеѓу сите тие великани против кои игравме..еве натпреварот веќе е почнат 15тина минути и се случува токму тоа што сите го знаевме..затворен Bari, а ќе се повчечи уште повеќе за некои 20тина минути..ако не се забие во првото полувреме, ќе биде тоа нервозен натпревар со многу груба игра..а како врв на сето тоа, дождот најверојатно ќе појача и ќе направи тешки услови..
со следно јавување одиме во живо на полувреме :)
одиме на победа и на +7!

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Сега треба да се покаже играта и карактерот за Скудето, за титула!

Navigator said...

недоволно жестоко полувреме според мене..ако ние како навивачи знаеме како се понашаат ваквите мизерни екипи, неможе тие да незнаат..фали некоја креативност напред, некоја прецизност, а мислам дека измена Cassano - Pato ќе донесе позитивна промена..можда би требало и Urby да добие шанса да се истрча онака добро и малку да ги раздвижи гостите..во секој случај, мора да се покажат заби повеќе и во никој случај да се дозволи ваква златна прилика за одлепување да се испушти..

ANDIAMO RAGAZZI!!!

ReBorned said...

Се испушти...

Navigator said...

е ај сеа...