Translate

Friday, 18 March 2011

Во поход за освојување на Renzo Barbera!



Влегуваме во „матен“ финиш од сезоната. Сами си ги комплицираме работите но тогаш, во такви моменти треба да се покаже срцето на шампионот, карактерот на победникот! Колку и да сака некој да не претстави дека сме во криза и дека тонеме, колку и да се шпекулира со тешкиот распоред до крајот останува еден факт, ние сме на чело и најблиските конкуренти се на -5 од нас! Се додека тие не не' симнат од врвот, ние сме тие кои го водиме орото!
Екстремно клучен натпревар следи утревечер! Палермо од екипа која гази се' пред себе се претвори во екипа која ја газат сите! Нанижа еден куп порази во серија и сега ние сме тие кои треба да им го продолжат тој низ барем уште за едно коло. Натпреварот е клучен од повеќе аспекти но најмногу од еден, со наша евентуална победа разликата помеѓу нас и тие што не бркаат во најмала рака ќе остане иста пред директниот дуел, натпревар во кој дури кога и би биле поразени сеуште би биле на врвот! 5 бода, тоа се два натпревари, одличен багаж кој мора да го задржиме и после ова коло. А и кој рече дека тие ќе не добијат во дербито?!
Составот кај нас е тој со една голема разлика, Златан е на ладење! Првично 3 меча, можно е да се намали на 2. Како и да е, на ладење во најделикатниот период од сезоната (Палермо, Принтер и Виола).
Алегри пресече, ќе стартува со Але и Fantantonio во шпицот а Бињо ќе остане на клупа. Зад претходноспоменатите двајца најверојатно ќе стартува Сидорф поради тоа што БОА сеуште не е со задоволителен физикус за старт и не сака да се ризикува со него пред натпреварот за 14 дена. Одбраната е стандардна со тоа што на лев бек најверојатно повторно ќе добие шанса Јанку. Средниот ред зацементиран со Фламс, The Boss и Џенаро (постои и некоја шанса Урби да добие старт но тоа е во втор план). Токму тој цврст, деструктивен среден ред треба да се погрижи за фудбалерот за кој Зампарини тврди дека добил понуда од 50 милиони евра и сеуште ја разгледува.
Да им зададеме уште еден удар на Renzo Barbera па потоа нека ја прекинат црната серија :)
Forza Milan!!!

9 comments:

CurvaSud_Milan said...

Mn biten vikend ama onaka epten biten! ...samo pobeda ni igra i nisto drugo, Lecce skoro sum 100% siguren deka ke bide pregazen sto znaci oni imaat pobeda vo raka, a nie treba ubavO da se namacime za da ja dobieme! ...nesakam ni da pomisluvam sto bi se slucuvalo ako ne pobedime utre! ...da im se dade moznost za dve nedeli so pobeda da dojdat prvi?! ma nema sansi toa da go dozvolime, morame komotno da vlezeme vo derbito, a taka ke vlezeme edinstveno so pobeda utre!

FORZA MILAN!

Navigator said...

навистина сами си го замативме финишот, ама па и не е толку матно..пет цела бода е разликата, а тоа не е малку..ќе речите тоа се само 2 натпревари, ама да не заборавама дека во тие aдва натпревари следбениците треба да победат, а Milan да загуби..тоа е нивниот проблем, бидејќи видовме дека Printer не е способен да победува толку лесно и често како минатите години..
за вечерва се е јасно..ако се вратиме во Милано со три бода, Скудетото ѕирка, шинтеровци се нервираат, а Morrati е блед ко дух :) тимот што му е на располагање на Max, не е идеален, ама е сосема солиден..и јас сум еден од оние што потајно посакуваа отсуство на Ibra, за едноставно да можиме да процениме како изгледа и како се снаоѓа екипата без него..секако дека е лош периодот за таквиот експеримент, ама сам си се казни, а богами и цел тим го ослабна..
составот е најверојатно тој Ри, уствари секогаш си бил подобар во прогнозирањето на тимот од мене, што значи ич не ти се мешам :)
позитивна околност е ептен лошата серија на домаќините и смената на тренерот и тоа мора да се искористи..освен тоа, треба да се спуштат на земја сите оние кои преку ноќ мислат дека станале ѕвезди и да им се покажи како изгледа еден шампионски тим..

P.S. Ова ќе биди вечер на Fantantonio!

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

а ќе ми кажиш која ти беше испирацијата за сликата? :)

ReBorned said...

мах :)

ReBorned said...

И уште еднаш Ри го погодува почетниот состав 2 дена претходно ;)

MILAN: Abbiati, Abate, Nesta, Thiago Silva, Jankulovsi, Gattuso, Van Bommel, Flamini, Seedorf, Pato and Cassano.

Vase_AC Milan said...

Уште една сезона ќе отиде у ѓумот.Не сме во криза туку во ОГРОМНА КРИЗА

Vase_AC Milan said...

Сметајте дека се е готово и повредава на пато сигурно ќе биде месец дена.мердите дојдоа до позиција да ни се смеат ееееееее колку ниско паднавме не ми се верува ццццц
Ние сме тапа и покрај тоа немаме среќа - рецепт за неуспех.неописиво едноставно катастрофа незнам како ќе можат да живеат и да се помират со тоа

ReBorned said...

Васе не избрзувај со предвремени заклучоци.

CurvaSud_Milan said...

Od nigde nikade go napravivme derbite da bide klucno za titulata, bravo za nas!

FORZA MILAN!!!