Translate

Saturday, 19 February 2011

BREAKING NEWS: A TRAIN WITHOUT BRAKES APPROACHES VERONA!!!

     По поразот од Totalhate и сите тие лоши вести поврзани со изданието на тимот во Вторникот, а особено по линчот на Rino (како никој пред тоа да незнаеше каков темперамент има) начнат и преувеличен од добропознатите f***ing english media bastards, дефинитивно добро ќе ни дојде еден домашен натпревар..извинете што се послужив со вообичаениот речник на секој помошник тренер низ bloody Англија, ама мене ништо не ми може Platini и неговите fair play комисии и сигурно поради ова нема да добијам казна од непишување постови 5 или повеќе кола..да се разбериме, не го оправдувам Rino во глупоста што ја направи, најповеќе поради тоа што беше капитен, но она на што налетав додека низ интернет барав која е реакцијата на UEFA, беше во најмала рака - антииталијанска пропаганда..уште еднаш на сцена влијателните англиски фудбалски експерти и легенди зборувајќи за "нов скандал во сценарио на италијаните", заборавајќи притоа кој го измисли и прошири хулиганството на фудбалските стадиони, која репрезентација има најмногу непријатлски фудбалски противници, заборавајќи на "светците" до типот на Gascoigne, Cantona, Keane, давајќи пример за финиот фудбал на Островот..искрено, неможам да разберам од каде е целиот тој анимозитет спрема италијанскиот фудбал! неможам да дочекам да видам какви ќе бидат написите низ весниците во Англија утрото на 10ти Март, по испаѓањето на Тот'нем до ЛШ..
Се враќам на она што треба да ни послужи како рехабилитација од несреќниот Вторник..патувањето во Верона е шанса нов успех во првенството, потребен највеќе поради пеколниот распоред што следува..најдобрата вест деновиве, покрај неколку трансфер шпекулации, дефинитвно беше враќањето на il Principe..иако Massimo има поголем избор на играчи кога се работи за домашен натпревар, опоравувањето на КРВ е исклучително значајно..неговиот ефект врз играта на екипата беше очигледен, иако во принцип не сакам да давам такви заклучоци за играчи кои одиграле едвај 15тина натпревари за клубот..
Во најавата на гостувањето кај Chievo потребно е место за одбележување на враќањето на Mario Yepes на стадионот на кој помина неколку сезони..најверојатно, поздравот кон поранешните поддржувачи ќе го даде само од клупа, очекувајќи враќање на ТЅ во одбраната и старт на вообичаеното стоперско дуо..иако во моментот на пишување на постот листата на повикани играчи сеуште не е достапна, ќе претпоставам дека немаме подобар кандидат од Abate за позцијата на десен бек..нема да ме зачуди ниту промена на левата бековска позиција во смисла на деби за Vila' како казна за слабиот Antonini..натпреварот од Вторникот, по се изгледа ќе го увери Allegri во силината на екипата кога во неа има тројца напаѓачи, па за очекување е старт на Ibra, Casano и Binho..можеби при изборот на првите 11 во меч од ЛШ, постои простор за размислување дали треба сите тројца достапни напаѓачи да почнат од прва минута (што очигледно беше неопходно), но во домашниот шампионат тоа е неминовно..дотука составениот тим остава простор уште за тројца везњаци со голем притоа маневарски простор за тренерот..она што мене ми изгледа како најприфатливо би било трио снажни, вредни и неуморни деструктивци, кои би ја неутрализирале секоја иницијатива на домаќините, односно триото од сликата подолу..
Последните осум натпревари меѓу Milan и Chievo завршиле со победа на нашите момци, а секогаш кога постои ваква низа, противникот има мотив плус таа да престане..ќе му биде страшно тешко на Pellissier и на друштвото да изненади против лидерот и значајно да ни го отежни патот до Скудетото..како увертира на следните екстремно тешки две недели, мечот на Bentegodi е најдобро да се добие уште во првото полувреме, идентично како против Parma..во три дена ги видовме двете лица на Milan, ама ако в Недела повторно го видиме победничкото, забораваме се што било лошо..кратко и јасно - преку Верона до Скудето!!


FORZA MILAN!!!

39 comments:

Anonymous said...

Pozdrav,
Da li biste bili zaintersuvani da sorabotime. Ja imam AC Milan fansite na albanski jazik acmilan-shqip.org, pa mozda bi mogli da postuvame nasite linkovi, ja bi postuval vas link, a vi mojot link.

pisite mi na info(at) acmilan-shqip.org

ReBorned said...

Здраво „Анонимус“ не е лошо да си направиш еден google account па да се обраќаме по име/nickname. Што се однесува до тоа што ти го спомена во коментарот, што се однесува до мене јас немам ама баш никаков проблем со тоа. Што повеќе не има, толку подобро, двата сајти се занимаваат со иста тематика, за ист свет дрес и очигледно имаме исти интереси. Значи од мене има ЗА, другите нека си го кажат своето (Демократија, шо да правиме :) )
Околу постот на Navigator и натпреварот со летечките магариња...
Треба да бидеме екстремно внимателни со Киево, годинава се особено незгодни против фаворитите. Многу екипи се изгореа од нив.
Сепак, не сакам да звучам премногу самоуверено но годинава се уверивме дека Милан има две лица. Затоа сметам дека овие три бода се веќе вкалкулирани.
Само внимателно, стабилно назад а напред веројатно ќе се најде патото до голот.
Околу ЛШ, Златан мора да си ја мавне од вратот таа аура на лош фудбалер кога станува збор за ЛШ (со право) ако сакаме да се вратиме во игра во ЛШ.
Мислам дека на реваншот на White Hart Lane ќе има натпревар со многу голови а такво нешто му одговара на Милан (поради фактот што прими само еден гол дома).
Затоа, потоа... сега одиме на Marc'Antonio Bentegodi по 3 бода.
Forza Milan!!!

Navigator said...

фино изгледа сајтот што го одржуваш, морам да признаам и јас немам ништо против соработка..само не разбрав за какво поставување на линкови зборуваме..ако си мислел на поставување на линк до твојот сајт во делот каде што стојат линковите, тоа не е никаков проблем и Mohican брзо би го средил тоа..само да те предупредам да не се залажуваш дека би добил многу повеќе посетители со евентуалната соработка, бидејќи овој блог нема којзнае колку посетители и функционираме како некој круг на познаници што си прават секогаш издржан муабет околу заедничката пасија..а google account обавезно да си направиш :)

Navigator said...

и да не остани неспоменато... нов детал на дресовите во Недела во чест на јубилејот од 25 години од превземањето на Milan од страна на Berlusconi..каков и да е и колку и да е скандалозен, неговата љубов кон клубот и тоа што го направи најуспешен тим во текот на неговата ера, безусловно му даваат статус на полубог..штета што викендов немавме натпревар на San Siro, ќе имаше права фешта :) не го очекувам на трибините на Bentegodi, ама сигурно во соблекувалната пред натпреварот..

FORZA BERLU, FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

http://acmilan-mk.com/index.php?option=com_content&view=article&id=226%3Abreaking-news-a-train-without-brakes-approaches-verona&catid=39%3Anatprevari&Itemid=138

kiko_pato said...

MILAN - Here is the list of 21 players for Milan's match at Chievo Verona tomorrow:

Abbiati, Amelia, Paleari (61), Abate, Antonini, Nesta, Oddo, Papastathopoulos, Thiago Silva, Yepes, Boateng, Emanuleson, Flamini, Gattuso, Merkel, Seedorf, Van Bommel, Cassano, Ibrahimovic, Pato, Robinho.

Unavailable: Roma, Zambrotta, Ambrosini, Pirlo, Inzaghi, Bonera

Not called up: Vila, Jankulovski, Legrottaglie, Strasser.

Navigator said...

all rights reserved Ри! :)
моите привју постови ги постирам и на таа страна со тоа што најдолу назначувам од каде се превземени..лична сатисфакција и колку-толку промоција на блогов..
околу повиканите, едно изненадување во форма на изоставување на Didac Vila' иако незнам од кои причини..тоа дефинитивно значи нов старт за Luca..останатите очекувани...

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Сепак поубаво би било ако најдолу биде линкуван изворот ;)
И јас се нервирам околу ова со Вила, незнам можеби има повреда или нешто слично но... ова ме прави неспокоен.
Pato најверојатно пак на клупата а Боа исто ќе биде на клупата, не верувам дека ќе влета директно во стартните 11.

Navigator said...

да, во право си, добра идеја..ќе го правам како линк на следните постирања..инаку очекувам нов дечко да ни се придружи на блогов..добив некој пофален збор за статијата, па го усмерив кон правото место за издржана дискусија околу нашиот омилен..ми вети дека ќе се појави ;)

Navigator said...

со каков гол и каква игра пацерите победија... срамота!

ReBorned said...

Не можев да ја гледам на работа сум (и во моментов пишувам од мобилен). Толку беа катастрофа?

kiko_pato said...

каљари заслужи барем бод....

ReBorned said...

Biondini: "Inter played in twelve"


Television pictures of the players and allegations of Donadoni will accompany him for long. "Fa rabbia perdere così", hanno detto in coro i rossoblù. "He missed so angry," they said in chorus the rossoblùs.

Cossu guide them, the most hotly: "It's anger," he says bluntly, "losing to a gross error of the referee that we had a game in hand throughout the second half. Even more regrettable because in the face and had gone through ' Inter, not any team. "

In fact double that of the duck race director at the goal that decided the game: not only for offside frogs, the makeshift striker, but also the attitude of the whistle Molise, according to the players rossoblù, would announce the resumption of play after his whistle. "Sure," Pisano and ensure Biondini, "was clear about it: I whistle, he said. Instead, the Inter beat the punishment while we prepare the barrier."Rossoblù midfielder does not go right down the way of maturity of the defeat: "We were prevented from playing from the first minute, I'm sorry to have played in 11 against 12."

"We are no longer able to straighten the game," insisted rossoblù Cossu and others, "although in the second half we deserved to score the equalizer."


Биондини и колегите тврдат: Судијата им рекол дека тој ќе даде знак кога да биде изведен слободниот удар... веднаш после тоа Шинтер изведе брз слободен удар а судијата се правеше на удрен...

ReBorned said...

И официјално Пато пак на клупа, Меркел повторно стартер (:
Заедно со Ван Бомел и Рино во средниот ред.
Одбраната и нападот се веќе добро познати

Navigator said...

ANDIAMOOO!!!

ReBorned said...

(Ро) Бињо (:

ReBorned said...

И сакам да кажам уште нешто, т.е уште 2 нешта:

1. Але на местото на Златан, на Златан очигледно му е потребен одмор а на Але минути на теренот.
2. Не ми се веруваше дека ќе го кажам ова но... нека биде благословен денот кога Galiani и Mino Raiola го донесоа Van Bomel во Милан, незнам што ќе правевме без него со оваа ситуација во средниот ред. А и сум скоро сигурен дека со вакви игри на Van Bomel дури и кога би биле сите здрави би си го задржал местото во стартните 11... и го заслужува тоа!

Navigator said...

резултатски добро, играчки не баш..ама има простор за подобрување и уште некој гол..одиме уште едно полувреме!

Navigator said...

баш тоа сакав да го кажам Ри, само чекав да заврши натпреварот да не ме денамнтира со некој црвен картон :)
сериозно, делува така смирувачки на играта, како да го гледам Pirlo..во сета таа неспретна средина одржува баланс, а притоа во одбрана е многу корисен и како деструктивец..секоја чест за прикажаното, морам да ги повлечам зборовите од периодот кога се најавуваше неговото доаѓање

ReBorned said...

Ах да можеше Ван Бомел да игра во ЛШ, ќе беше многу поинаква приказна.
Але Але Алеееееееее!!! (:

Navigator said...

ќе биди и со Prince, ќе видиш..колку е само зажелен за фудбал, не престана да трча откако влезе..а колку ми олесна по голот на Pato, мислам дека не сум се осеќал вака сезонава..

Navigator said...
This comment has been removed by the author.
Navigator said...

а дали заприметивте колку навивачи на Milan имаше на Bentegodi?? :)
одличен поклон за јубилејот!

FORZA CAMPIONI!!!

ReBorned said...

Да, да... имаше многу Росонери во Верона.
Сакам да потенцирам уште една одлична партија на Абате на десен бек. Дали конечно добивме одличен бек, барем на едната страна. Абате застрашувачки напредува од ланската до оваа сезона и од натпревар во натпревар. Се поправи во дефанзива а константно притиска напред, незнам дали тука се гледа раката на Тасоти но нешто се случува. Абате е одличен!

kiko_pato said...

сите го забележуваме Абате дека одигра неколку одлични партии, но да се надеваме дека ќе биде тоа константо затоа што знаеме и претходно дека 2-3 натпревари ќе се покаже добро и после ќе ги утне 2-3...

Navigator said...

така е..моменталната форма му е ок, ама константноста му е проблем, имаме зборувано во повеќе наврати..а ме интересира што мислите за уфрлувањето на Oddo на лев бек..јас уште неможам да разберам што му беше поентата на Allegri..можам да замислам која беше фрустрацијата кај Vila' како изоставен од повиканите, кога виде кој игра на неговата позиција :) страшно...
и дајте некои размислувања за ЛШ неделава да не бидиме толку неактивни..јас типувам на експлозија на Real на Gerland, тесни победи на Chelsea и Man Utd и искрено, се плашам дека Printer ќе го растури мизерниот Bayern!

CAMPIONI SIAMO NOI!!!

kiko_pato said...

стварно и мене не ми е јасно зошто вила цело време го изоставува, зошто барем не го испроба една утакмица... а околу ЛШ за комшиите го мислам спротивното дека ќе отпаднат од баерн, они играат лошо во Германија ама во ЛШ се добри, за реал се согласувам,челзи вечер е сигурна 2ка :)и сигурно оди понатаму знаеме Анчелоти каков е кога е во прашање ЛШ.

ReBorned said...

Реал треба да собори 2 традиции:
1. Да помине конечно осминафинале
2. Да го помине конечно Лион :)

Внимавајте на играта на Сисоко, веројатно меѓу него и Кришито ќе се бара идниот лев бек на Милан иако незнам зошто не внимаваме на Таиво, одличен лев бек на кој му завршува договорот на лето и уште сега може да преговара...

ReBorned said...

И уште 2 работи:

1. Среќен роденден за Алекс Меркел, 19 полни. Многу натпревари, многу голови и асистенции, многу победи во дресот на Милан!
2. Але се шмека со Барбара Берлускони?!

ReBorned said...

PATO? AT MILANELLO...
Alexandre Pato doesn’t get distracted from football. Even if the Rossoneri were given the day off, the young Brazilian trained at Milanello.

MILANELLO - Alexandre Pato wanted to start the week leading up to next Monday’s Milan-Napoli clash: he arrived at the Milanello Sports Centre at 9.45 CET this morning in order go through a personalised training session.

There were no teammates to keep him company, seeing that the Rossoneri have today off. In doing his daily work, which was optional, Pato was assisted by two athletic coaches.

Focused and determined, this is the Pato of 2011. Consistent both in training and in front of goal, the Brazilian has a total of 12 goals to his name in 22 games this season, of which 10 strikes have come in his 16 Serie A appearances. As for his all-time scoring record at Milan, Pato has scored 53 goals in 114 matches.

Тоа е духот, тоа е глад за успех! Само нека продолжи така и само небото му е лимит...

Navigator said...

само нека продолжи така и Silvio ќе му стане дедо :)

kiko_pato said...

Пато е иднината на Милан... не одигра неколку натпревари на ниво и одма почнаа да го напаѓаат...он има само 21 година... беше повреден... и нормално е да има пад во формата , па и најдобрите докажани фудбалери имале пад во формата, заборавивме ли првата сезоната кога заигра, дека Милан не беше во добра состојба, и сите се надевавме во него, цел притисок беше на него со неговите 18г. а он се снаоѓаше во сето тоа... јас се гордеам што го имаме него и ете сега ќе ја лапне и Барбара :) и ќе го имаме засекогаш во Милан :) (освен ако не направи некоја глупост со Барбара) :D


FORZA PATO! FORZA MILAN!

CurvaSud_Milan said...

Само нека продолжат така Робињо, Ибра и Касано, па Пато и во 6 сабајле ќе доаѓа на тренинг! :) ...и после капитализмот не чинел :))...конкуренција и само конкуренција е формула за добивање на квалитет, како и секаде така и во фудбалот.

Navigator said...

да, и по некоја врска ако имаш да те турка... :)

kiko_pato said...

да се загреваме за утакмицава во понеделник??

Navigator said...

јас правам пост утре..го планирав за денес, ама не ми остана време некако..а подобро загревање од пораз на Шинтеровци утре, здравје :)

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Значи да го чекаме од тебе постот. Леонардо сакал едно Х-че меѓу Милан и Наполи....

Anonymous said...

FORZA MILAN NAPOLI MERDA

kiko_pato said...

и јас сакам да сум МИЛИОНЕР ама... :D