И за прв пат по таа кобна 1995 година Росонерите патуваат на Мараси во Џенова. За тие што не знаат, не така далечната 1995 година на Мараси во Џенова беше избоден до смрт домашниот навивач Vincenzo Spagnolo од страна на т.н навивачи на Милан! Од тогаш па се до денеска им беше забрането организираното патување на Мараси на навивачи на Милан и секој натпревар меѓу овие два тима беше прогласуван за натпревар од висок ризик.
И конечно, 16 години подоцна Ултрасите на чело со Il Barone одат во Џенова да им дадат подршка на своите миленици. Подршка која ќе им биде и тоа како потребна.
А таму, во Џенова ќе најдеме еден многу познат лик, Кахабер Каладзе. Грузиецот кој речиси целата своја фудбалска кариера ја помина на Сан Сиро сега доживува втора младост во Џенова а успеа дури да постигне и гол претходното коло. Сепак домакините имаат големи проблеми со човекот кој стои зад Каладзе, голманот Едуардо. Едуардо прими неколку ефтини голови во серија и човекот е буквално скршен. Каладзе изјави дека го забележал како плаче на тренинг а цел тим изјави дека стои зад него и тој има целосна подршка.
Ама доста за домакините, збор-два и за нас.
Амбро во аут 2 месеци!
Иако е прерано да се шпекулира бидејки сеуште не се објавени 22 кои ќе бидат повикани за мечот на Мараси, веќе е извесно дека меѓу повиканите ќе бидат и сенаторите кои се враќаат во игра. Сидорф, Иван Џенаро и можеби најважно Il Maestro aka Andrea Pirlo се враќаат во тимот. Од претходните тројца се чини само Гатузо ќе влета директно во стартните 11 и ќе застане покрај Ван Бомел и Фламини. Од друга страна според Газета, Бонера ќе биде десен бек а Меркел ќе игра во средината на местото на Фламини.
Ова значи дека Il Monstro ќе се врати таму каде што најмногу делува смирувачки на нашите срца, во срцето на одбраната. Покрај него ќе биде Конан, десно Одо а лево се размислува дури и да му се даде прв старт на Didac Vila. Сепак, лично мислам дека сепак ќе стартува Антонини.
Меѓу стативите се разбира Абијати а напред покрај незаменлнивите Бињо и Златан повторно би требало да добие шанса Fantantonio пред Але Але Але Пато.
Околу Але Але Але и Златан, последните неофицијални инормации од Миланело кажуваат дека на последните тренинзи имале долготрајни разговори меѓу себе што само може да биде добар знак според Макс Алегри.
Околу наводната продажба на Але на лето... читав интервју со еден од уредниците на sportmediasea (кој нели е десна рака на Берлу) и типот рече дека Милан воопшто не ја разгледува таа варијанта и дека Але ќе израсне во Милан! Исто така рече дека момчето има и психолошки проблеми во однос на тоа дека се плаши од нови повреди и се обидува да игра како Бињо и Касано за да го задржи своето место во тимот и со тоа греши. Прашање на време...
Епа момци земете си добар каиш и стегнете се, стегнете се добро, ќе биде тешко на Мараси во Џенова!
P.S Баравте Ultras?
To all Pato haters: FUCK YOU
To all Zlatan haters: FUCK YOU TOO
To all Allegri haters: FUCK YOU TOO
And if you want to diss Milan: FUCK YOU TOO.
You wanna be down with Inter: FUCK YOU TOO
Chino XL: FUCK YOU TOO
All you mother fuckers: FUCK YOU, DIE SLOW MOTHERFUCKER MY FO' FO' MAKE SURE ALL YOUR KIDS DON'T GROW.
27 comments:
Интервју со Конан ака Џек Спароу
Мал извадок што ни недостигаше со Карлито:
All speak well of Allegri. What's so special?
"He won the group with his mentality. It has the advantage of not having preconceptions: with him know that if you work well you'll get your chance, as happened to me. And 'a stimulus for all."
Abbiati, Amelia, Rome, Antonini, Bonera, Didac Vilà, Jankulovski, Oddo, Papastathopoulos, Thiago Silva, Yepes, Emanuelson, Flamini, Gattuso, Merkel, Seedorf, Van Bommel, Cassano, Ibrahimovic, Pato, Robinho.
Сепак сеуште го нема Пирло...
ах, колку полесно ми е кога ќе прочитам "толку многу" везњаци во повиканите :)
дефинитивно, полесно ќе диши Allegri, а богами и ние..јас очекувам еден поискусен и не толку офанзивен состав..сепак, Genoa е солидна екипа и нејзиното моментално место на табелата не ја одразува вистинската сила на домаќините..би требало и натпреварот да течи во некое побавно, претпазиливо темпо, иако со Milan сезонава ништо не се знае..
за извадаокот од интервјуто, мое мислење е дека таа разлика што викаш ти дека ни фалеше со Carlo дојде со времето..јас не се сеќавам да постоеше далечина меѓу него и играчите на почетокот на неговата ера во Milan..дали мислиш дека во Man Utd или Arsenal има блискост меѓу тренерот и играчите? :)
ова што го коментирам беше за взаемното разбирање и вклучувањето на играчите во водењето на политиката..а секако дека постои разлика за она т.н. играње на стара слава..тоа е една од најдобрите особини на Max..
а интересно е што Pirlo го нема ни во повиканите, ни во недостапните..изгледа исчезнал! :)
мојот состав:
Abbiati
Oddo--TS--Yepes--Luca
Rino--MVB--Urby
Binho
Pato--Ibra
FORZA MILAN!!!
Касано ќе стартува пред Але а Пирло излегол од автобус по WC и го заборавиле по пат. Затоа не е ниту во Миланело ниту во тие што патуваат во Џенова ;)
Епа на тоа алудирав околу Мах... (не) играњето на стара слава. Кај Карлито тоа упорно се туркаше.
За фотката не кажа ништо, ти фаќа око? :)
Пирло, највероватноо ќе игра со Парма, Алегри изјави дека треба да ја подобри кондицијата...едноставно не сака да ризикува пофторно.
не ја разбирам сликата искрено, затоа..далечна тема ми е религијата и незнам што треба да означува..а ако го занемариме оригиналниот мотив... кај ме најде баш мене да ме прашуваш за оваа слика кога знаеш дека не го сакам Ibra?? :D
а ова за Pirlo, ти заборави да се потпишеш или да му посакам добредојде на дечкото што напишал?
во секој случај, фала за информацијата, стварно незнаев што се случува со il Maestro..
Да, да... Претходно се изгоревме со Пирло па затоа сега ќе биде со Парма и тоа на клупата.
Не бев јас, имаме нов „член“.
Добредојде и би било добро набрзина да си се регистрираш па да ти се обраќаме по име/nickname.
не ми кажа ништо околу сликата...
Зошто на пример не би играл еднаш со Ибра,Пато и Касано во нападот?Касано подеднакво добро се снаоѓа и како полушпиц.Ем Бињо ќе здивне малку ем ќе проба некоја нова комбинација која може ќе вроди со плод.На утакмицата со Удинезе играа сите 4 поради сосем трети причини но дадоа 4 гола.
Според пишувањата по нет поставата би требало да изгледа вака
Abbiati
Bonera(oh no),TS,Yepes,Antonini
Gattuso,MVB,Flamini
Robinho
Ibra,Cassano
Гостувањето е многу тешко и напнато,Џенова е екипа која навистина не треба да биде кај што е во моментов.Имаат играчки кадар,имаат солиден тренер,вложија многу и на домашен терен играат многу добро.Неможеме ни да се пофалиме многу за нашите гостувања на Мараси, но се надевам дека од утре ќе го почнеме тоа.
Се сложувам со Мах што не го жртвува Пирло,мислам дека не е до толку замрсена ситуацијава па да го ризикува.
Бидејќи последниве неколку утакмици дуваме топло ладно,јас не би рекол ништо околу резултатот но силно ќе се надевам и ќе навивам за наша победа.
FORZA MILAN
Макс изгледа решил да ги уигра Але и Златан. Двајцата повторно стартуваат денеска, официјална информација!
Бонера ќе игра на лев бек а Одо на десен. Во средината Гатузо со Фламс покрај Ван Бомел кој сигурен сум, ќе биде повнимателен.
Васе... Бињо мора да игра од едноставна причина што со него многу добиваме и во дефанзива. Не ретко знае да се врати назад дури на лев или десен бек и да им помогне на нашите дефанзивци. И Касано трча, греота е да го негираме тоа но сеуште не е спремен за 90 минути.
Ајде момци!
јас не би го вадел Binho од стартерите..ептен си ја заслужи минутажата што ја добива..и многу е пожива играта кога е тој на AMC..не дека ти е лош предлогот Васе, ама многу е дестимулирачки кога некој дава се од себе и вие го седнувате на клупа за да пробате нешто..а уште повеќе што денес на мртва игра како што се очекува, мислам дека Binho може да направи поголема разлика од било кој друг наш играч..
и само не Bonera, мада доста посолидно ја обавува задачата на бек отколку катасртофалните изданија на стопер..
ANDIAMO CAMPIONI!!!
GENOA: Eduardo; Mesto Dainelli Kaladze Criscito; Konko Kucka Milanetto Rossi; Floro FLores Destro.
MILAN: Abbiati; Oddo Thiago Silva Yepes Bonera; Gattuso Van Bommel Flamini; Robinho; Ibrahimovic Pato.
Се е во ред ама многу ме иритира тоа што Бонера игра на секоја можна позиција кадешто фали играч.Зошто не го стави Вила,ако несакал да го фрла во оган не е во право затоа што секоја утакмица до крајот е оган.
Пато денеска е стрелец.
ANDIAMO RAGAZZI
ANDIAIMOOOOO!!
Алегри изјави дека Вила е млад фудбалер кој е класичен лев бек и кој може да трча нонстоп.
Смета на него ама веројатно ќе го видиме малку подоцна во натпревар на домашен терен против релативно послаба екипа.
Во еден таков натпревар би можело да се проба Касано - Але - Златан
Во секоја друга комбинација Бињо е стартер, заслужено!
Имате ли официјална информација кој е на клупата?
Има различни комбинации од различни извори...
Изгледа Антонини добил некоја повреда во последен момент и затоа Бонера е стартер на ЛБ а Антонини го нема ниту на клупата..
fly high ducky... fly high
Тоа е.Кога се нема среќа ако сакаш од земја удри се џабе ти е.Цело полувреме доминација и на крајот од еден карамбол гол ни дадоа
Не ни требаше ова во финишот...
не е вина на дефанзивците, топката среќно од MVB се одби до Цветан Цветанов! :)
да не зборувам дека ме падна за 2во2..ќе ја чекав само Valencia :(
Сега треба да се здиват и да ги прегазат.Незнам како не им е прекурчено од тоа што немаат среќа.Одлично играат сите ама против среќата не се игра и со Лацио така изгубивме бодови и сега сме на тој пат.Аман веќе АМАН :@:@:@:@::@@
Урби на местото на Фламс во второ полувреме?
Или можеби Кларенс... на клупата е. Веројатно тој ќе влезе во игра.
Фламини беше невидлив, пак.
Ааа и уште нешто.
Морам да кажам.
Бињо ми е легенда, ЛЕГЕНДА!
Кога промашува зицери, кога се враќа назад да покрива, кога танцува без да ја допре топката, начинот на кој ги прославува головите... ЛЕГЕНДА!!
Само на него не можам да му се лутам, ми се претвора во слаба точка :)
Инаку да... и прославувањето на голот на Але беше креација на Бињо. Тоа го имаат изјавено повеќе соиграчи од кои последен беше ТС. Бињо ги измислувал сите кореографии во тимот :)
Одо цело второ полувреме го играше за нив!
Стигнав да гледам само 30 минути и видов ништо! ...се лизгаме, полека но сигурно, вечер ни треба помош од Марко! ...тепа ли интер, они влегуваат во еуфорија, а над нас ќе се створи голем притисок! Мн нешта зависат од вечерашнава утакмица! ...среќа во несреќа е што распоредот ни е наклонет, парма и ќиево се одлични екипи за да се стартува победничка серија!
FORZA MILAN!
Прво полувреме одигравме одлично, второ катастрофа.
Вечер не тепаат комшиите, биди сигурен во тоа
Post a Comment