Translate

Sunday, 13 December 2009

Milan-Palermo 0-2


Дефинитивно ова е еден од ретките порази кои можам да ги примам со крената глава.
Палермо изигра одлично а ние немавме ич среќа,како на теренот така и со некои повреди но се на се олеснувачки ни е податокот дека и мерда киксна така да лесно ќе го прифатам поразов.

Значи да повторам уште еднаш Палермо изигра одлично,ни одржа лекција како се прави брз контра-напад.А за Миколи незнам што да кажам...ремет и при двата гола,незнам колку можеше да направи Замбро при првиот ама за вториот...ги нанижи Неста и Антонини(2 пати)пред среќно да стигне топката до Брешано.На крајот кога беше заменет јас искрено со аплауз го испратив,сепак одлично одигра и плус е дете на Милан :)

Кај нас нема индивидуално да ги оценувам играчите затоа што е крајно дволично да ги плукам луѓето кои сум ги возвишувал пред 2-3 дена :)
Интересен беше потегот на Лео да започне со Абате на местото на Пато но на крајот се покажа како неуспешен.И уште еден потег за кој може да му забележиме е невлегувњето на Хунтелар.Мислам ок е што го внесе Фламс,но која е поентата при резултат од 0-2?Како и да е млад е Лео сакаше да експериментира не му се врати тоа најдобро па затоа еве памет за друг пат и искуство повеќе.
Само за крај да додадам дека Едисон Кавани е најголемото ѓубре што постои и најлигав мрсул од сите,нема потреба од образложение нели?За негова среќа само Фламс беше толку фин и само го погали со лактот(мада после другиот дел од лактот го испи Пасторе неколку минути подоцна :)
А да и уште нешто,мило ми е што Фавали се врати во првиот состав наместо на Шалалалаладзе :) Фавалињо може еден Крауч да го носи на плеќи,па што е Миколи за него :)


Следува Виола на гости,натпревар на кој со нерешено би бил задоволен.



FORZA MILAN !!!

13 comments:

Anonymous said...

Ри,ти викај си го камиказа а ја ќе си го викам шалалалалалаладзе :)

Anonymous said...

шо беше воа загреови.лео ептен ја згреши поставава и пато како да не му се играше и хунтелар не го пушти...неам зборови сакам да заборавам на ваа утакмица и тоа фавалито опаш заникаде :@:@ таман мердата на 2 бода ке ни беа.само да не влеземе у криза како јувентус

Anonymous said...

Васе вистина е Лео згреши,но тој е истиот Лео кој не донесе на второто место,кој го порази Реал на Сантијаго Бернабеу,истиот човек кој со своите измени решаваше натпревари,така да една грешка не е ништо во споредба со се од горенаведеново :)
А за Фавали...мислиш дека шалалала боље ќе изиграше?
И остај муабетот мердата ќе ни беше на 2 бода,биди среќен што мердата не ни е на 7 бода :)

ReBorned said...

Forza Milan!!

Anonymous said...

http://www.youtube.com/watch?v=VvOPH7fMdoo

Somebody has a death wish...

kiko_pato said...

Шалалалаладзе поарно и шо неиграше колку толку мислам поубаво изигра фавалињо...иако примивми 2 гола... и пак ќе речам незнам шо е работава со лео шо не го става хунтелар... и веќе коа почна да вади средина да става напад... требаше и така да продолжи... шо сакаше да направи со измената фламс амбро незнам... да останеше амбро ја мислам поарно ќе беше... ама си има некои замисли лео и тоа си е негова работа... добро е шо читам изјавата од галијани дека треба да најдат замена за пато и дињо и тоа во јануари... па дај боже да земат нешто интересно... :)

FORZA MILAN!!!

kiko_pato said...

и заборавив... го видовте ли дињо колку сакаше победа... трчаше ко дрогиран коњ... ама јбг....

ReBorned said...

Ц ц ц слушнавте што се случи со Берлу нели?
Пази коментари:

Poor Berlusca, it would be easy for him, for the country and for us if he just retired.
Nothing justified physical aggression.

he wont he is a champion hope he comes back stronger and buy few more chicks with cl money
he deserve it

Just read on Eurosport that they're planning a public execution of the suspect before the Fiore game as warning to those who want to fuck with us.

holly shit are you serious ?! (Типчето е од Македонија)

as a heart attack...you don't mess with Berlu. and get a slap on the hand..you get castrated and hung and B. gets your 19yr.old daughter or daughters taken from you.

its only nose berlusca, get a better one! we got 20 million from cl we need you in perfect condition when we win cl at madrid

Anonymous said...

Леле коментариве :)) ништо не ме чуди од Берлускони ама и треба така да направат да знаат за друг пат да не го задеваат босот :D

BTW: A.C. Milan communicate that the footballer Rino Gattuso has extended his contract with the club until 30 June 2012
Ова не мислев дека ке се случи ама многу ме радува шо е вака.мораше да остане РИНО

FORZA MILAN !!!

Anonymous said...

Епа ај нека ни се со среќа 110 години :)
И официјално сега добрите вести околу Тиаго за кој докторите на Милан се обидуваат да го оспособат за мечот со Виола.

Anonymous said...

Супер вести се за Тиаго ни треба за со Виола оти друг асален стопер за лек неаме.ја да сум би го пуштил албертаци па шо биде нека биде.Нека ни се множат годините и трофеите :))


FORZA MILAN

Anonymous said...

Manchester United beware :D


FORZA CAMPIONI FORZA MILAN

Anonymous said...

Знаев :)
Ако не Ман Ју,Арсенал или Челзи не ни бегаа али УЕФА изглеа сакаа Мурињо против своите.
Па Тони версус Виола(ако остане),Бекс против Ман ју и така натака....ептен очигледна стана ждрепкава :)