Момците пристигнаа во Мајами и веќе денес ќе одиграат пријателски натпревар против тимот на Челзи. На ова патување се наоѓаат и учесниците на ЕП па единствени 2 кои ќе недостигаат се Пато и Габриел кои се дел од олимпијадата во Лондон.
Сепак, поради проблеми со пасошот и Робињо нема да биде во можност денес да настапи против Челзи па нашиот напад ќе го сочинуваат Ел Шарави и Ганз. Средниот ред зад нив ќе биде оној истиот од почетокот против Шалке а според информациите во одбраната (за мене нејасно зошто) ќе настапат Бонера и Јепес како стартери. Омилениот Де Шиљо повторно ќе стартува десно :) а Нини лево. Нормално, Амелија на голот.
Овој пост може да послужи да се прокоментираат сите натпревари на едно место па еве убава прегледност што не' очекува во следниот период:
Настрана од мечот, се поизвесно е доаѓањето на Синот на Сан Сиро. Имав прилика да го гледам вчера против Бенфика и морам да кажам дека иако се трудеше многу, трчаше, дури освои и неколку топки во одбраната, сепак играта на Реал Мадрид не е негова игра. Греота е да се гледа колку пати втрчуваше сам но топката кога Реал е во напад цело време се пимпла низ страните (Ди Мариа и Каљехон па дури и Игуаин кој иако формациски беше осамен напаѓач се повлекуваше крилно). Незнам дали ќе профункционира играчки тоа негово евентуално враќање но знам дека физички делува далеку поспремно од второто враќање на Шевченко на пример. Исто така знам дека од неговото евентуално враќање многу ќе добие Стефан Ел Шарави кој уште еднаш пред 2 дена спомена дека Рики Кака е неговиот идол, дека својата игра и својот карактер го гради според неговата фигура и дека ќе го пречека со раширени раце назад во Милан (и покрај тоа што тоа може да значи намалена минутажа за него). Сакам да кажам дека Стефан ќе добие непроценливо искуство и boost morale од неговиот идол, чувството кога тој што го идолизирате и кон кој ја градите Вашата кариера ќе застане покрај Вас, е непроценливо!
Кога на сето тоа ќе се додаде и емоционалната жичка која колку и да сакаме да ја игнорираме едноставно е невозможно кога Рики е во прашање, мислам дека вреди да се врати назад под одредени услови (loan, плата на пола и сл.) иако за тие пари веројатно можеме да донесеме млад, талентиран фудбалер. Доаѓањето на Рики може да значи и поголема формациска флексибилност, тој би можел да одигра напред како SS заедно со Пато а зад Боатенг, може да игра природно на AMC зад Пато и Робињо (Касано) а може да игра и во Xmas tree со Боатенг зад Пато.
Освен Рики, шпекулациите велат дека нашите пресекле дека за останатите делови од теренот ќе се оди на Јанга-Мбива и Матри. Сепак, двајца леви бекови се на излезна врата (Таиво во Динамо Киев а Виља во Валенсија) па веројатно ќе одиме и на лев бек (денес се шпекулира дека биле понудени 6 милиони евра за Балзарети).
Што и да се случува, мора да се случува побрзо затоа што треба воигрување на тимот, на пример евентуалното доаѓање на Рики може да значи повеќе претумбации и Боатенг најверојатно ќе треба повторно да се форсира во средниот ред каде за волја на вистината тактички беше ужасен.
За крај еве едно интересно мини интервју со момчето:
85 comments:
Robinho: "This season we will play with the ball on the ground, play faster and with points of reference."
Chelsea е екипата што најмногу се засили во Европа засега. Нивниот состав делува импресивно, иако вечерва голем дел од тие играчи нема да му бидат на располагање на Di Matteo. И тие ќе настапат со први 11 кои веќе ги гледавме против PSG, MLS All Stars и Seatle. Овојпат ќе бидат посилни за Cech и Cahill. Ова веќе ќе биде убава проверка за можностите барем на овие играчи што досега беа на располагање. Веројатно ќе ги видиме и репрезентативците, ама во второто полувреме или при крајот на мечот. Стартерите скоро сигурно ќе бидат тие што ги напиша ти Ри, мада и јас никако не можам да разберам зошто Yepes и Bonera стартуваат. Баш интересно ќе биде да видиме како овој двоец ќе се справи со ултра брзите Hazard и De Bruyne и црвстиот Lukaku. За мене најинтересен дуел во првото полувреме ќе биде Hazard-De Sciglio како прв посериозен тест за момчето против world-class играч, а притоа не многу постар.
Околу Синот... Ако ме прашавте лани или пред две години дали го сакам него назад во клубот, категорично ќе ја отфрлев опцијата. Ама сега се други времиња, друга ситуација, можности и апетити. Ќе речам ДА за Kaka и тоа што побрзо. Може многу работи да се променат со овој трансфер. И ризикот е многу голем, несомнено. Коцкањето на управата може со еден потег да го направи тимот повотрно конкурентен, но и да значи фрлени пари буквално за ништо. Од доаѓањето на Kaka многу играчи можат да добијат, освен можеби, Boa. Како Max ќе ги уврсти во екипата двајцата кои би биле веројатно најзначајните играчи во ростерот. Некој ќе треба да игра на позиција што е иделна за него. Не верувам дека Max ќе се осмели да игра x-mas tree со нив двајца позаци еден напаѓач, од проста причина што нападот моментално е најсилниот дел од екипата и таму има најмногу конкуренти за најмалку позиции во формацијата. Рано е да се зборува, ниеден од најавуваните трансфери не е остварен, но со овој состав + Kaka, најлогично би било тоа враќање на Boa поназад во тројната везна линија, додека двајца напаѓачи би играле пред Kaka на AMC. Ама ова може да се смени со еден потег на G, така да малку ми е глупаво да коментирам на месец дена пред затворањето на трансфер перидот.
За тоа што најчесто сме споменувани на пазарот имам двојни чувства. Од една страна Mbiwa ми се чини како одлична аквизиција, почнав да го загледувам кога Montpellier почна да го навестува чудото минатата сезона. Капитен на 22 години беше лани. Од друга страна, Matri би бил во најмала рака сумљив трансфер. Тој е солиден играч, ама е неконстантен, на него не можеш да се потпреш, не создава шанси сам, бара играчи што ќе го хранат постојано. А кога си го имал Ibra претходно на таа позиција, постојано ти доаѓа да искоментираш: Подобро мене да ме купат, ако ништо друго, помалку ќе ги кошта! :)
Јас сум за победа вечер (00.30), многу ќе значи за моралот ако се знае дека екипата што најмногу се засили, беше поразена од екипата што најмногу ослаби до моментов.
FORZA MILAN!!!
Епа баш затоа што има таков Челзи би сакал да видам и како ќе се справи Acerbi во дефанзива. Нема логика да се игра заедно со Bonera и Yepes особено ако се знае дека Yepes е буквално последна дупка на кавалот и тој во сезоната што следи би играл само доколку сите други се повредени!
И јас би сакал да го видам De Sciglio во дефанзива против Hazard но мора да признаеме дека дефанзивната линија е специфична работа, ако еден чкрипи (на пример во случајов Yepes или Bonera) сите трпат и сите ќе бидат надвор од позиција!
Robinho со некои прекрасни зборови за Алегри и со превземање на сопствена одговорност:
Robinho: "The Robinho you will see this season? I guarantee that you'll see the same Robinho that you saw when we won the Scudetto."
Robinho: "I’m sad about having disappointed Allegri last season, but it wasn’t only my fault. I was also unlucky."
Robinho: "I scored 14 goals in the season where we won the Scudetto. The season after; only 6. But I’m ready to score double figures again!"
Robinho: "This season we will play with the ball on the ground, play faster and with points of reference."
Robinho: "I swear that I will be more precise when I’m in front of the goal. I’m more calm now."
Robinho: "What Allegri said to me at the first day of the pre-season? Nothing, we just greeted each other."
Robinho: "Allegri and I know each other very well. It’s thanks to him that I’ve now completely matured."
Robinho: "I’ve improved while I’ve been here at Milan. This is definitely the most positive time of my career in Europe."
Robinho: "I never felt like I was important when I was at Real Madrid."
Robinho: "Right from the start, Allegri made me a fundamental element in his Milan side."
Robinho: "If I will play well this season for Allegri’s sake? Yes, I owe him that. He has always let me know that I’m important to him."
Robinho: "Allegri is right. You don’t need to look at the names of the squads. You need to know the value and the strength of the opposing coach and players."
И мечот е во 00:00 а не во 00:30.
Сепак, мечот ќе започне во 00:30 а Live Broadcast почнува од 00:00 па таквите американски збрки прават проблеми :)
Стримови ќе пастирам пред самиот почеток на мечот. Во овој момент момците излегоа на теренот да шутнат некоја топка.
Сепак промени во составот и во формацијата. Ќе започнеме со Месбах на местото на Де Шиљо (Месбах ќе игра лево а Антонини десно) и Траоре кој ќе игра наместо Ганз па формациски ќе играме со 4-3-2-1 со Ел Шарави како осамен во нападот:
(4-3-2-1): Amelia; Antonini-Bonera-Yepes-Mesbah; Flamini-Ambrosini-Traoré; Boateng-Urby; El Shaarawy.
Не можеше поглупав состав да направи Max. Ова е како да се кладел со некого дека може да излезе со состав што никој нема да го погоди. Наместо да уживаме, ќе треба да се мачиме со Mesbah, Yepes и Bonera и со целосно деструктивен среден ред. Чекам цела вечер, за да екпериментира со Antonini на десен бек. Chelsea, од екипа поим за дефанзива и деструкција, ќе го направиме најатрактивен. Абе ајде...
Челзи настапува со најсилните 11 кои во моментов Ди Матео ги има на располагање.
http://www.sstv.co/
http://footyhd.net/stream4.html
Всушност играме 4-3-3 со двајца крилни напаѓачи (Урби на AML а Стефан на AMR) и Боатенг како напаѓач?!
Веројатно Алегри сака да проба 4-3-3 но во недостаток на цврст напаѓач напред, вакво нешто глуми Боатенг. Барем така изгледа на почетокот.
Да бе, играме без напаѓач а Боатенг глуми false #9. Барса фазон!
Без напаѓач, со Boa најнапред! Оф што нема уште да видиме... Nini нека оди да нани, сам нека побара измена, онака без никој да му рече. Mesbah исто. Такво играње, како муви без глава, не можам да смислам. Значи со позајмувањето на Taiwo и овие двајца, дефинитивно немаме ниту солиден лев бек. Катастрофа! Traore ми е хајлајт, единствен засега.
Не греши душа, Месбах не е лош досега! Антонини и Фламини убедливо најлоши а Стефан, Урби и Траоре ми се допаѓаат. Боатенг ме нервира со неговото однесување на единствена ѕвезда во тимот!
Го додавам и SES на листата, веднаш до Traore!
Да ја занемариме неговата дефанзивна улога, ќе го поистоветиме со сталка за тренинг. Ај да го гледаме офанзивниот придонес. Пет ситуации напред, 3 наврлувања сите грешни, 1 шут изблокиран и еднаш... се збуни, почна да се враќа назад. Не влегува во дуел, обавезно ја гради топката кога е до аут линија ala Bonera, нема прецизни кратки додавања. Не видов ништо позитивно!
Добро е што тројцата најофанзивни играчи ни се бааги брзи, а и тие се лигава екипа, па не не' потиснаа во шеснаесетник.
Не велам дека е одличен, велам дека не е лош или не е толку лош за да биде рамо до рамо со Антонини и Фламини.
Ама имаме златно дете во тимот!
За Mesbah зборував, секако.
Bakaye е единствениот што ги поврзува првата и последната линија, а напред малиот блеска. Стварно нема страв, има мадиња, оди против секого, па ако сака и Terry нека се вика. Браво SES!
Во вториот дел би го пробал Traore на DMC а можеби во игра би го пуштил Valoti или Ganz (Prosenik кој интересно во Milan дојде баш од Chelsea) па би се вратил на формација со 2 напаѓачи. Boateng што игра лошо игра, ама во тежок супер ѕвезда филм е влезен, не се бори доволно за секоја топка, делува како примадона и кога ќе прими топка шутира од 30 метри. Малиот напред игра за сите тројца! Го носи нашиот (каков таков) напад на грб!
И нормално, De Sciglio на местото од било кој од двата странични фудбалери во одбраната!
И на крајот на краиштата да не заборавам уште една работа. Иако веројатно само половина од оние кои играа досега (во TIM, Шалке и вечерва)ќе играат кога сезоната ќе почне мора да признаам, играме далеку понепредвидливо отколку кога Златан беше во тимот. Тогаш се знае, топката ја прима Silva, ја влече напред до центарот, испраќа долга топка до Zlatan, овој ја смирува и го бара Nocerino/Boateng кој втрчува во 16никот од втор план.
Исто така имаме и далеку побрза трансформација во напад во тие полуконтри и контри. Zlatan ужасно ја задржуваше топката дури и во контра!
Со ваков Stephan El Shaarawy, Ricky може да брилјира. Каков хаос во офанзива можат да направат Pato, Binho (SES92) и Ricky во ваква брза игра во напад?!
Најмногу од сите, сакам да ги видам Montolivo и De Sciglio одма на терен. Тоа што го кажуваш за Boa е точно, ама јас истото го забележувам и кај Flamini. Некако ми се понаша незаинтересирано, а очигледно сака да игра и понапред отколку што треба. Сега ќе пробам да се концентрирам на позитивните работи, а перформансот на SES ја амортизира секоја нервоза. Да ти е кеиф да го гледаш. Викаш ќе го дадат во PSG? :)
P.S. Рака на срце и Yepes одигра на ниво, скоро без грешка!
Пак тој! А SES ќе мора да поработи на 1v1 со голман. Последниот фор му е долг, често. Ајмо момци!
Овие освоија ЛШ нели? :)
Добри сме, добри сме. Со добивање на фитнес ќе бидеме уште подобри. Бонера го придодавам на претходното друштво, одигра одлично во текот на целиот меч!
Има повеќе позитивни страни, Урби, Стефан, Траоре. Колку се забележа разлика кога Монтоливо влезе во игра, тие пинг понг додавања и посмирена игра во средината. Тоа ќе биде една од главните дилеми во текот на следната сезона, дали Монто на DMC или на една од двете страни.
На колена е европскиот шампион!! Не бе, се смеам, не сум таков... :)
Acerbi делува бескомпромисно во дуелите, ама знае и да киксне кога и тој сам не очекува. Мене лично ме потсеќа на Nesta, тој имаше таков карактер кога се работи за дуелите, помалку или повеќе. За разлика од нив, ТЅ беше многу порационален. Не можеш да го испровоцираш да влезе во дуел ако тој не сигурен дека ќе го добие. Како и да е, моментално стопеската линија би требало да ја составуваат Acerbi и Mexes. Интересно беше што Montolivo откако влезе застана на DMC, а Urby играше некое дрско крило што влетува при секој напад. Да незнаеш дали е WF, AMR или класичен MR. Allegri конечно, конечно откри дека ако го сака Urby офанзивен, подобро е да го игра десно заради настојувањето шутевите да бидат пласирани со тоа внатрешно ефе. Се на се, одличен резултат, солидна игра со оглед на составот, таман за морал и атмосфера, а сега комплетни да одиме на далеку послабата Olimpia.
FORZA MILAN!!!
Acerbi треба да избегнува да дрибла. Најголем дел од проблемите сам си ги прави кога ќе се обиде да му направи дриблинг или лажњак на противничкиот офанзивец и тој нема да се фати на тоа, тогаш губи глава и не знае што да прави со топката.
Уште една работа што паѓа во очи, веќе 2 натпревари по ред (против екипи со одличен офанзивен арсенал) не примаме гол. Очигледно во недостаток на индивидуален квалитет во дефанзива, Алегри инсистира да се браниме како тим. Можеше убаво да се забележи синоќа дека кога игравме во одбрана таа 4-3-2-1 се претвораше во 4-5-1 со тоа што Ел Шарави го бранеше левото а Урби десното крило. Затоа Челзи не можеше да направи повеќе шанси и притисок а згора на се' статистиката покажува дека имавме повеќе шутеви од Челзи во и вон рамките на голот. Значи таа модификација во дефанзива е далеку од бункер и се претвора во одлична офанзивна поставеност што е и разбирливо кога се има такви брзи фудбалери по страните.
Сметам дека во овој нов Милан, Касано ќе има проблеми да добие минути за игра. Касано беше најдобар партнер на Златан но затоа што има добра пас игра а и двајцата беа бавни. Новиот Милан очигледно инсистира на брза игра во напад и уште поважно тотален фудбал, односно офанзивците да бидат првата линија во дефанзива, нешто што можеме да го добиеме (и сме го гледале претходно) од Робињо, Ел Шарави, Боатенг но не и од Касано!
Pato стартер против Белорусија. Мечот почнува во 16:00. Одлично!
http://www.thefirstrow.eu/watch/132864/2/watch-olympic:-brazil-vs-belarus.html
Многу фрустрирачко полувреме за бразилците. Не можат да ја играат својата игра. Белорусија одлично се брани. Pato со гол, ама не многу забележлив, веќе почна да се повлекува на некои 25 метра за да прими топка. Ништо, се префрлувам на кошарка САД - Франција.
Јас од кошарката се префрлив на фудбалот. Таму нема што да се гледа, ги оставив французите на -4 за да го гледам Пато и сега гледам -20. Второ полувреме повторно на Бразил.
П.С Си отиде Хари, дојде Илчо!
http://www.rossoneriblog.com/2012/07/30/allegri-a-commanding-influence/
Taiwo заминува во Динамо Киев.
Момци, оф топик, ама мислам дека ќе ве заинтересира. Вчера и денес малку ги расчепкав опциите на блогерот и научив една работа што долго време ми боде очи - позадината на блогот! Па нема смисла да му се невиди позадината да е од бејзбол терен. Знам дека нема друга посоодветна позадина на блогеров и затоа побарав нешто друго. Мислам дека тоа што го најдов е ем посоодветно, ем полично, ем ќе има минимални корекции во однос на дизајнот. Направив еден пробен блог и таму ја ставив позадината, па ај ѕирнете ја и дајте мислење дали вреди да се менува или оставаме како што било. Знам дека не е баш идеален период за вакви работи, повеќето се по одмори. Ако не добијам фидбек деновиве, ќе оставам за по некој период, ама сепак убаво би било да решиме наскоро. Особено ми е важно мислењето на Mohican како основач, ако воопшто го следи блогов.
http://novdizajnivan.blogspot.com/
Значи ова би била само позадината, се друго останува како што е сега. Фонтот, разместеноста на објектите, колоните, секциите, нивната ширина, хедерот... се! Како што видов, само насловот на блогот ќе биде репозициониран кон средина и ќе го има оној фонт што ќе биде застапен на цел блог, што не е некоја значајна работа според мене.
Или да го сменам дизајнот на ден-два да видите убаво која би била промената, па да праиме муабет.
Од мене имаш фидбек, нормално :)
Шибај! Ќе биде во ред!
Позадината со буквите (црно со бело) фактички како што е овде (во коментари) ќе биде и на самиот влез во блогот (на постовите) така?
Берлу ќе има обраќање во живо на Milan Channel во 13:30 за да зборува околу сегашноста и иднината на клубот.
Мој wild guess, ќе зборува за тоа како Милан е најтрофејниот клуб во светот, тој лично е најтрофејниот претседател на еден клуб, дека направил многу жртви за клубот (капа доле, не велам дека не е така) и дека светската економија и проблемите во Италија не дозволуваат веќе да се прават трансфери како порано. (Јувентус досега потроши околу 70 милиони евра а ќе купат и екстра напаѓач).
---------------------
Конте ќе си прифати сам 3 месеци суспензија за да не го крка на подолго време! Нешто слично се обидува да направи и Бонучи!
AC Milanuelson
И кај постовите и кај коментарите дифолтот е црн текст на бела позадина со тоа што, нормално, бојата на текстот кај постовите може да се менува кога се пишува постот. Тоа ѓаволчето ептен ми прави кеиф :) Ваљда нема некого да нервира затоа, што колку и да скролаш тоа те прати, останува позиционирано на истото место на мониторот. Ај ќе почекам денес за уште некој коментар, ќе го копирам уште еднаш коментарот подоцна, па ако не се јави никој, ќе направам тест варијанта.
Од кој чекаш коментар, сите се по плажи :)
Стави го да видиме.
Накратко, Берлу рече дека имаме 5 шампиони во овој тим и рече дека тој го смета Боатенг за напаѓач :)
Рече дека веќе нема купување на ѕвезди како на времето и дека ќе го следиме моделот на Барселона, фудбалерите да се градат во Милан (од младинскиот погон) а не со траснфери.
http://www.gazzetta.it/Calciomercato/31-07-2012/berlusconi--912052054192.shtml
Тешки зборови од Гатузо:
"I left Milan because they became superficial. I did not enjoy being in the locker room anymore. Many of the players would arrive late to practice and no one would say anything, things I have NEVER seen in 13 years. If rules like these aren't respected, it becomes total mayhem."
Ќе погодуваме?
Gattuso: When there was a training session @ 9:30 many got there just 10 mins beforehand + no one said anything. I got there 45mins early.
Gattuso: "Or, when there was a lunch at 1pm, some arrived 15mins late. There was a lack of respect for the rules."
Gattuso: "The situation at Milan with players arriving late angered many of the old veterans. We just spent time criticizing the people who arrived late at practice and it took away energy from our practice."
Gattuso on Gourcuff: "He was only a kid. He went out too much. He got to training late and Milan intervened 'too late'."
Pato пак не е во први 11! Пуу!
Gabriel e ;)
Ова со новиот дизајн ме прави малку скептичен. Фиксниот дел (од страните) е многу широк на сметка на динамичниот дел (постовите и десната лента). На пример, ако го ставам новиот бекграунд, се што ќе остане на десната лента е blog archive и contributors. Се друго ќе треба да се додава одново. Ај да кажеме дека тоа ќе се среди за саат-два, ама таа ширина што неможе да се менува прави проблем кај табелата на пример. Ја покажува до пола. Исто и кај тој делот со новостите. Сликите се многу мали. Се изгледа некако многу тесно.
Ќе пробам утре да вметнам слика што нема да биде цела тема, туку само позадина, наместо оваа со бејзболот. Затоа што овој темплејт дава многу повеќе опции, а имам некои мултимедијални идеи за освежување :) На пример, постирање на хајлајтсите после секој меч, не во пост, туку на лентата десно. Да си додадеме иста ваква табела, ама од primavera шампионатот, twitter updates од профилите за кои пред некое време правевте муабет со Драган и други работи што сега не можам да се сетам, а ги има многу во форма на гаџети.
И да не заборавам Ри, ти менуваше нешто кај ЛИНКОВИ и АДМИНИСТРАТОРИ или ме збрлавиле новите блог знаења што ги стекнав деновиве? :))
Мислам дека го средив, конечно! :)
Мислење?
Стандардно читав од телефон ама морав да се вклучам од компјутер за да видам поубаво што си направил :)
Интересно е, ново е, добро е.
Настрана дизајнот, мене многу ми се допаднаа твоите идеи. БРАВО! Идеите за хајлајтс после мечот, хајлајтс од Примавера и твитер делот би бил одличен. Незнам колку е изводливо, освен оние неколку момци од твитер кои стандардно би ги ставиле во барот, дали може да се стави да влече твитови од конкретен хаштаг, станува збор за #MilanFansMkd кој јас го ажурирам месеци наназад. Јас твитам за Милан но и за работи надвор од клубот затоа најдобро е да се следат твитовите од конкретниот хаштаг #MilanFansMkd затоа што јас често пати давам интересни информации на твитер кои ги врзувам со тој хаштаг (кој е всушност и името на овој блог) а тука не ги пишувам затоа што се повеќе информации во еден ден. Мислам дека тоа е изводливо, мислам дека со тоа ќе добиеме ние тука како посетители на блогов и останатите кои читаат а не пишуваат, секојдневни информации кои ќе се влечат тука од хаштагот #MilanFansMkd кој и според името делува како официјален хаштаг на овој блог. Ако мислите дека е во ред. Еве еден Printscreen од конкретниот хаштаг за да видиш отприлика што се зборува во него:
http://imageshack.us/photo/my-images/837/milanfansmkd.png/
Околу линкови и администратори, јас менував поради тоа што половина од линковите кои беа сместени десно беа или стари (подолго време не беа ажурирани) или на некои сајтови кои не гледав зошто воопшто ги има на таков блог како нашиот.
Околу менувањето на листата на администратори, истото го направив поради тоа што дел од нив со години ги нема овде (MilanNiks) а дел од нив имаа голема желба за пишување на постови но откако многу брзо и лесно ние им дадовме авторизација за тоа добивме вкупно 1 (со букви, еден) пост заедно од нив а потоа ги немаше веќе ниту со коментари. Затоа, доколку тие би се вратиле на блогот поактивно со коментари јас ќе бидам прв кој што ќе им ги врати авторизациите за пишување.
https://twitter.com/ZarkoKa/status/230941468116807681
Ок Ри, да не се разбереме погрешно, јас само прашував дали некој интервенираше или сум заборавил дека јас сум менувал нешто. Во право си за промените. Рамката за хајлајтсите и primavera табелата ќе ги додадам уште денес, а ќе пробам со уште некоја идеа, па вие кажувајте дали да остане или да ќе ја тргнеме. А со twitter сум многу слаб, никогаш сум немал профил и многу малку знам. Ќе проверам дали блогеров дозволува влечење на твитови од било кој профил или само од сопствениот. Ако може од било кој, ќе направиме една компилација од акаунтите што ги набројувавте со Драган + твојот. Ако не може, ќе ставиме гаџет со линк до твојот акаунт, односно ти ќе го ставиш гаџетот за да го препознае како твој, сопствен, па да те читаме тебе дупло :)
И додека сме кај twitter-от, да ми објаснеше накратко што значат @ и # симболите. Не се смеј, руки сум :)
@ ти е знак со кој почнува секој username на твитер. Значи конректно во твојот случај да кажеме, твојот username ќе биде @Navigator.
# ти е знак со кој почнува секоја т.н хаштаг т.е тема за која се зборува. Кога во било кој дел од реченицата ставиш # па веднаш со него одреден збор, таа реченица ќе биде класифицирана на едно место со сите други реченици во кои биле вметнати тие # хаштагови.
Како на пример во сликата што претходно ја ставив... имам повеќе твитови во кои става #MilanFansMkd.
Значи сите твитови во кои ќе ставам хаштаг #MilanFansMkd ќе бидат класифицирани на едно, исто место.
Затоа јас на сите мои твитови кои содржат информации за Милан на крајот им ставам #MilanFansMkd и со тоа сите се групираат на едно место па кога некој е заинтересиран може да оди директно на тој хаштаг (#MilanFansMkd) и да ги чита сите твитови кои се однесуваат исклучиво на Милан.
Јасно! :)
Јас имам два проблеми со што планирав да го направам. Првиот е со primavera табелата. Се поставува, во ред, ама нели има три групи младинскиот шампионат (Girone A, B, C), па ја вади само првата, а не можеш да бираш која група ја сакаш. Еве ќе ја ставам да видиш што зборувам. Вториот проблем е со поставувањето на highlights после секој меч. Блогерот дава опција за поставување на гаџет во форма на видео лента што ќе влече видеа од нечиј канал, како што имаше порано на блогов. Ама тоа не ми беше целта, јас сакав едно видео да изегува во прозорот, што ќе биде ажуриран после секој меч (понекогаш може и видео најава за мечот да се стави). Се надевам дека еден друг гаџет што е понуден може да го реши проблемот, ама пак таму проблемот е што гаџетот е привремено недостапен. Се надевам брзо ќе проработи и ќе одма ќе го ставам. Оfficial Youtube gadget е да му се невиди, ваљда тоа е тоа. А вечер ќе го проверам и тоа со twitter па ќе пишам.
Мора да може да се смене групата, инаку тоа е тоа! Ако не, тргни ја сега па ќе видиме кога ќе почне сезоната веројатно ќе има некоја опција плус.
Околу гаџетот за твитер што ти го збориш, таму ќе ми треба твоја помош :) Јас незнам како оди тоа.
Околу тоа што ти го зборувам да се вртат твитови од хаштагот #MilanFansMkd, еве како би изгледало тоа:
http://maknba.net/blog/
Десно одат само твитовите од #maknba хаштагот, погледни.
Да, сум го видел тоа, ама сепак тоа е веб сајт и не сум сигурен дали ги има истите опции на блогерот. Ќе проверам вечерва.
За primavera 100 пати проверив ама нема опција. Еве ја страната, пробај и ти ако сакаш.
http://widgets.soccerway.com/home
На крајот само го копираш кодот во нов гаџет (html/java script) или полесно, копирај го кодот во овој гаџет што го ставив. Ако не можеш и ти, тргни ја табелата.
Ете ги двата типа на гаџети поврзани со twitter. Првиот е пример за она што го зборувавме за следење на нечиј акаунт. Јас го ставив тој @Milanello. И уствари сите достапни гаџети се од овој вид, освен овој вториот, подоле ставениот, тој чита хаштагови. Мислам дека за ова зборувавме. Е сега ми изгледа некако гломазно, не е убав за око, ама е корисен. Дури си има и search барче, кај што може индивидуално секој да си пишува хаштагови, што го интересира. Дифолтот е поставен на #MilanFansMkd и можат да го менуваат само админите со edit копчето.
Јас на вториот widget гледам некои хиероглифски и рандом твитови... конкретно сега твитнав нешто на #MilanFansMkd и не го гледам овде.
Не можам да те разберам...
Кога еднаш го напишав #MilanFansMkd сега веќе при секое следно вклучување ми го дава директно тој хаштаг. Можеби ми вметнал некој cookie. Сепак, прашањето е дали на било кој нов читател кој ќе се вклучи на овој блог дали по дифолт ќе му се појави тој хаштаг или треба да го напише рачно (што значи нема да го види).
И мислам дека е подобро да ги смениме местата, горе да биде македонскиот хаштаг на блогот (не секој знае англиски и нема да чита) а долу да биде тоа со @Milanello.
Еве Иван, сега го отворив блогот од нов пребарувач (Mozilla) и пак ми се појави сосема без врска хаштаг. Види слика: http://imageshack.us/photo/my-images/33/hastag.png/
Значи кога првпат посетив преку Chrome ми беше истото и го напишав #MilanFansMkd па веќе следниот пат директно се појавуваше тоа. Ама веројатно сум добил некој cookie во chrome. Кога следниот пат отворив преку Mozilla се појави тоа на сликата...
Јасно Ри, видов што е работата. Нема проблем, во насловот на гаџетот ќе напишеме "упатство". А разместувањето погоре-подолу ќе го средиме, ќе се договориме, јас намерно ги ставив горе да не ги бараме додека дотеруваме. Инаку да, логично е прво нашето да оди, па потоа milanello и другите. Дај додека сме кај нив, кажи ми ги топ 5 твитерџии според тебе со информации за клубот. Ист гаџет може да влече твитови од неколку акаунти. И тргни ја табелата од младинците ако не можеш да ја поправиш.
@Milanello , @TheMilanGuy, @RossoneriBlog и @ZarkoKa :) (Ама овој последниов ќе тера преку хаштагот).
Ама има и еден друг проблем... еве за @Milanello гледам дека ги влече не само неговите твитови туку сите твитови каде што тој е спомнат (ако јас сега напишам твит: Guys, follow @Milanello, тогаш и тој твит ќе се појави кај нас.
И уште една работа, сигурен си дека не може да се намали димензионално виџетот? Овој што е за хаштагот делува слатко и убаво ама овој за твитовите делува широко.
П.С Јас би сменил и боја на позадина со букви, зборувам за цел блог (ми имат укажано и неколкумина дека ги боли очи кога читаат)... знам дека црвено-црна е нашата боја ама можеби нешто понежно? Ова не е дефинитивно, само предлог.
Виџетот со твитови од „странциве“ ни го кочи блогот при отварање...
Gabriel е повторно стартер против Хондурас, овој пат во натпревар од елиминации! Знаев дека по несигурните изданија на Нето тој ќе го преземе местото!
Пато е на клупата! Мечот почнува за 10 минути.
Одлична увертира за Милан (22:30)
Реално гледано, Neto не е голман кој заслужува да брани за репрезентација како Бразил. Според тоа, логично е да му се даде шанса на еден од најпресперктивните голамани од Јужна Америка. Не дека е наш, и јас би се одлучил за него како прв избор. Денес прими безвезен гол, несреќен, ама ако проработи нападот на бразилците во второто, брзо ќе се заборави примениот гол. Не очекувам влегување на Pato денес, Damiao даде гол, Neymar е одличен иако нема среќа, а Hulk е стандардно опасен и важен за овој состав.
Еве добар стрим:
http://coolsport.tv/kiwi5.php
Незнам за кој гол велиш дека е безвезен ако алудираш дека можеше да го брани? Првиот апсолутно не можеше ништо да направи а вториот е шут кој ако се шутира како што му легна на типот во 9 од 10 случаи е гол. Топката беше максимално прецизна (иако бавна) и бегаше од голманот за на крајот да се пласира во долниот десен агол.
Прв голман на овој, олимписки Бразил е Рафаел Кабрал (момчето што за малку не дојде во Милан во трампата со Бињо) но тој се повреди па опции се Нето и Габриел.
Леандро Дамиао игра како вистински, класичен CF! Потегот при вториот негов гол беше предаторски потег на гол играч! Затоа добива предност пред Пато.
Се надевам дека Пато ќе може да игра нешто слично за Милан сезонава...
Тука имаш пренос од Барселона - ПСЖ
http://www.thefirstrow.eu/watch/133835/1/watch-paris-saint-germain-vs-fc-barcelona.html
Барселона игра со најгадните дресови што сум ги видел во својот живот!
Муабетот за Gabriel ми беше дека прими несреќен гол за него, не дека слабо изреагира. И еве ти едно одлично стримче од малкуте достапни:
http://www.sports-x.net/
http://www.thefirstrow.eu/watch/133850/1/watch-ac-milan-vs-cd-olimpia.html
Рутинирана игра против далеку послаб противник. Верувам дека Робињо ќе има значајна сезона. Касано визионерски на теренот одигра до перфекција но не видов насмевка на неговото лице...
Ел Шарави слаб, Ноче продолжува со своите втрчувања во противничкиот шеснаесетник и реализира.
Ачерби е одличен кога го работи само тоа што му е основна функција и не се обидува да ја влече топката напред и да прави долги додавања.
-------------------------
Сега виде зошто толку го ценат Кристанте?
Момчето има 17 години и не направи едно, единствено погрешно или сомнително додавање во текот на мечот (а играше цело полувреме). Имаше кратки додавања по земја, имаше топки во вертикала и имаше неколку долги додавања со префрлување на средината директно до AMR или AML позициите напред. И не направи ниту едно погрешно додавање! Вистински микс од Амброзини (цврстина и tackling) и Пирло/Монтоливо. Игра многу зрело за неговите години.
Монтоливо like a boss :)
Конечно! Не ни треба official youtube gadget повеќе :) Мислам дека добро изгледа, а и ептен едноставно било, ќе се удрев кога прочитав. Еве земам обврска да го ажурирам редовно, освен кога не ќе можам да најдам содветно видео во смисла на квалитет. Во такви случаеви верувам ќе помогнете :)
Ептен едноставно: гаџетот е java script и си останува, се менува само содржината, а содржината е уствари embed кодот што го има под секое видео на youtube. Единствено, ќе треба да се менуваат димензиите со секое ново ставање, односно да се вметнуваат овие димензии што ги има моменталното видео (350х225).
Edit: на 350х300 личи многу поубаво :)
Ти го читаш ли десно хаштагот на #MilanFansMkd? Виде каков документарец најдов?
Видов кога постираше, ама не го отворив. Вечер ќе биде...
После подолг одмор гледам дека тука некој напорно работел на блогов. Нема поента да ги читам сите коментари, а со задоволство ке се приклчучам на следните.
http://www.youtube.com/watch?v=rX7UMv0yvLs&feature=BFa&list=UUKcx1uK38H4AOkmfv4ywlrg
Скромно момче, не е дигноглав и трча назад да покрива :) Само треба да го подобри финишот во гол шансите 1 на 1.
Што мислите за Jeremy Toulalan? Арапите си одат од Малага а по нив и пола екипа. Фудбалер кој го бркавме пред неколку сезони, фудбалер кој настапува на онаа позиција каде што сме најтенки (DMC) и фудбалер кој има добро чувство за додавање а е одличен деструктивец. Има само 28 години. Ако се прашувам јас, одличен избор!
Toulalan беше еден од моите најомилени везњаци се до преселбата во Шпанија. Потоа, човекот се изгуби во помалку дивата игра на Malaga и не беше многу забележлив. Се надевам дека тоа не значи дека ја изгубил прегледноста во играта, што најмногу ми се допаѓаше кај него. Нас би ни дошол како кец на десетка. Криво ми е што Milan не изреагира на уште една шпанска распродажба, онаа на Villareal. Имаше играчи што стварно вредат таму. Fiorentina, не знам дали заприметивте, направи убав шопинг таму. Таму сеуште е Rossi, ама пак нас не ни треба таков играч, 20 ги имаме. Евентуално ако го менуваме Cassano со него...
А за SES нели коментиравме после мечот со Chelsea. Finishing-от му е на 15, а треба да го донесе до 17, најмалку. Кој игра FM ќе разбере :)
Еве сум и јас.
Вистинско освежување се промените на блогот браво момци, уште одма кога видов нешто поразлично знаев кој работел over time.
Засега ни една пријателска не изгледав ама утре играме со Реал.М и тоа ќе биде дефинитивно добра увертира.
Ultras Milano
Ultras, не си ја гледал последната пријателска ама ете „фино-лепо“ можеш горе да си видиш highlights од истата :) И ако си го направил тоа што ќе го поставам подоле како прашање, можеш да видиш дека има линкови од цел натпревар за download ;)
Прашање до Ultra и Kole:
Дали си го средивте хаштагот десно за да можете да ги читате новостите од нашиот, #MilanFansMkd хаштаг т.е дали делува доволно јасно упатството и дали веднаш го направивте тоа? Дали е уочливо?
Мојата идеја е тој хаштаг освен што ќе служи како информатор (што најново се случува околу Милан на едно место без да се шета низ страни од една страна и некои пикантерии од друга) да служи и иницијална каписла за дискусија во коментарите. На пример, муабетот за Toulalan, шпекулацијата беше твитната пред 2 дена. Без конкретно да се постави како тема/прашање во коментарите да се коментира за некои работи кои биле прочитани на хаштагот. Се разбира, работи кои можат да донесат дискусија и размена на мислења. Претходно имаше нешто слично за Cristante.
И секако, дали имате некои други идеи или предлози, па да го заокружиме летното реновирање :) Од идеите што ги имав, остана нереализирано уште primavera секцијата, ама ја имам во предвид. Ако не дозволат blogger.com и soccerway.com до почетокот на младинската сезона, ќе смислиме нешто за да можеме континуирано да ги пратиме момците, кои според Silvio треба да бидат иднината на клубот :S
@Reborned, ке мораш некако поинаку да објасниш за тоа хаштаг поради тоа што ви имам кажано дека сум дупка технологијава па немам поим за што точно станува збор.
Не сфакам само што мислиш под тоа ,дали си го средивте'? А кога ке внесам #MILANFANSMKD ми излагаат најновите вести. Не ме ругајте пошто не ме бива :)
Никој никого не руга, баш затоа прашав за да помогнеме ако има нејаснотии. Тоа би требало само еднаш да го направиш, одиш на Milan tweeter search и долу во полето пред GO пишуваш #MilanFansMkd. Ќе ти се појават сите најнови вести во врска со клубот на македонски (кирилично писмо) и тоа би требало да се прави само еднаш. Кога другпат повторно ќе го посетиш блогот треба по автоматизам да ти ги влече твитовите на македонски и не мора пак да го пишуваш тоа (освен ако не го смениш пребарувачот пример прво си користел хром а потоа мозила или сл.)
А што ќе кажете на ова?!
Типичен G потег! Презадоволен сум!
Гром од ведро небо, но ние никако не сме изненадени,впрочем навикнати сме на вакви настани секое лето. Сигурно нема да биде последен.
FORZA ZAPATA
Единствен негативен потег (и тоа голем) е што зачудувачки, Запата нема италијанско државјанство што значи драстично се смалува списокот на потенцијални идни засилувања. Нема Џеко, нема Тевез, нема Дамиао...
Веројатно Кака+Матри...
Post a Comment