Translate

Saturday, 14 July 2012

Grazie Thiago!!!









                                   

49 comments:

Anonymous said...

Колку што ќе му кажам фала на Силва толку треба и он на Милан да каже, Милан го извлече од флуминензе и го направи најдобриот дефанзивец во светот.
Милан му го донесе овој огромен трансфер за него по што стана најскапиот дефанзивец во историјата.
Ако имам некој прв за пцуење се знае кој е: Берлу.
Галијани џабе ќе го колнеме, он само прати наредби а Макс па....греота никој не го прашува ни кој играч го сака, ни што ни како.
Само стариов си блада у некоја си своја фантазија дека ако го донесе гвардиола Милан ќе почне да игра како Барселона!
Не озбилно , ја се кладам да го прашаме Берлу на кое место заврши Милан на табелата од 2007-2010 една сезона дали ќе погоди, едноставно типот живее во доцните 80ти и раните 90ти кога Милан жареше и палеше по Европа, ако не си спремен човек отстапи, продај дел од акциите, нека влезат свежи пари.
Кој сакаат нека донесат без најдобриот напаѓач и најдобриот дефанзивец во светот во моментот неможеме да бидеме посилни и ништо неможе да ме убеди во спротивното.
Само едно највеќе ме боли, нека не бидат дволични гомна! кога веќе дигаат револуции подмладување бла бла... дај ги тие гомната Антонини и Бонера!! Дај го Робињо!!Месбах,Таиво тоа што побрзо да се исчистиме.
Купи 4-5 италијанци млади, уште 2-3ца солидни странци, направи просек на тимот од 25 години, тргни од таму мисли за утре.

ReBorned said...

Најглупо од се е тоа што се случуваше пред 2 недели! Кога Силвио рече дека срцето на стар миланиста во него го натерал да ја одбие таа понуда за Тиаго Силва! Кога сите го величеа а на Milan Channel имаше Grazie Presidente! Не мораше да има толкава рашомонијада!

Удирам шарка!

-----------------------------

Алегри ќе мора да почнува одново! Играта во тимот се засноваше исклучиво на нив двајца! Златан беше убедливо најкреативниот фудбалер во тимот а Тиаго Силва (покрај тоа што е најдобар дефанзивец во светот) ни беше најдобриот дистрибутер на топки во тимот со преку 90 % успешни додавања на натпревар!! И кога немавме резултат се знаеше, пушти долга топка напред кон Златан и тој ќе измисли нешто!
Неиграњето на Тиаго Силва и особено неиграњето на Златан сигурен сум дека ќе донесе далеку послаби сезони на Ночерино и Боатенг чија што игра се базираше исклучиво на фудбалската интелигенција на Златан! Можеби тука нешто може да надополни Монтоливо кој знае да додава топки со очи но тоа допрва треба да го видиме!
Зборот ми е дека Алегри ќе мора да прави драстично нов стил на игра па (ќе се осудам да кажам) можеби и дури сосема нова формација! Зошто да не се обидеме со 4-3-3? И така немаме класичен AMC а не верувам дека и ќе дојде до крајот на летото (освен некое емоционално on loan решение за Кака кое би замачкал малку очи кај фановите). Кога веќе немаме AMC во тимот (Боатенг никако не е тоа и тоа ќе се почувствува веќе следната сезона) мислам дека имаме фудбалери за 4-3-3 особено напред каде што странично можат да играат Ел Шарави (негова природна позциија и таму каде што се чувствува најпријатно) и Пато или Касано. Доколку би дошол Тевез и тој може да го игра тоа!
Без разлика дали ќе се менува формацијата или не, очигледно е дека ќе има драстични промени во стилот на игра! Му посакувам искрена среќа на Алегри во успешно решавање на тој ребус!

Anonymous said...

Нека кршат глава, само еден збор цвикање ако прочитам од Берлу како му замерува на Алегри за начинот на игра...жими се еј....идиот дебел.

Navigator said...

Гледам почнувате да бистрите мисли, да коментирате со разум, а не со срце. Ќе пробам и јас. Мислам дека е најразумно, кога зборуваме за новиот Milan и што се може да се очекува од новиот тим, да зборуваме за тоа што може да се направи од играчите што ги имаме во моментов, а не од тие што можеби ќе дојдат.
Факт е дека треба да размислуваме како до поголем успех од лани, со екипа послаба од лани. Тоа е прашањето што ќе го дави Max. Велам послаба екипа затоа што не е можно да се најде подобар дефанзивец од ТЅ и подобар напаѓач од Zlatan во овој преоден рок, а уште повеќе што е многу јасно дека тие пари нема целосно да бидат искористени за трансфери. Добро е што барем тука не читам коментари дека со овие пари ќе се купат двајца напаѓачи и двајца дефанзивци и ќе бидеме посилни од лани. Кои се тие двајца стопери што можат да се купат од продажбата на еден, а да бидат поквалитетни и притоа да останат пари за затворање на очигледната финансиска дупка? Нонсенс, ама да не замарам со тоа, знам дека не размислувате во таа насока.
Стилот на игра ќе се смени драстично, што е своевиден проблем за Allegri како тренер, зборуваќи за неговата фудбалска филозофија. Кога дојде како тренер, реши да ја модификува формацијата заради неговиот стил, а не затоа што немаше фонд на играчи да ја продолжи праксата на претходниот тренер. Ова што сега му се случува е помалку жално гледајќи го од страна бидејќи му е наметнато да размислува поинаку. Нема слобода, нема креатива. Да бев на негово место, искрено ќе размислував што побрзо да најдам друг ангажман. Неговите акции се ограничени на вољата на управата. Значи ќе повторам дека она што го размислувам моментално се должи на моменталниот состав + претпоставка дека Ibra заминува. Тоа што Ри го напиша изгледа доста веројатно. Враќање во формација 4-3-3 заради главниот недостаток на AMC во ростерот е реален исход. Ниту Boa може да одговори на барањата на комплетен AMC, ниту Montolivo е доволно истакнат како офанзивен везњак. Она што ја прави најприфатлива таа 4-3-3 формација е големиот избор на крилни напаѓачи или класични втори напаѓачи. Буквално сите напаѓачи што останаа во тимот можат да одговорат на таа позиција, а ќе додадам и Constant во нив. Но главниот проблем на оваа поставеност би била изборот за најистурениот напаѓач. Никој од овие не е природен Advanced Forward. Може да игра Pato, да, ама нема да биде природно. Секој може да игра на секоја позиција, ама не е работата да се експериментира, особено во ваква деликатна ситуација. Друга е ситуацијата кога имате двајца напаѓачи во формацијата и тогаш немора едниот да е класичен шпиц. Го играле тоа минатите години Pato, Binho и Cassano комбинирано. Не знам, ќе биде тешко да се состави екипа што ќе биде компетитивна со вака засилен Juve. Има време, ќе има уште промени, ама ние мора постојано да коментираме, а видовме дека е бесцелно кога се коментира околу потенцијални засилувања

ReBorned said...

Не вчерашниот тренинг брилијантен бил Ел Шарави! Бил убедливо најдобар на теренот на тренинг мечот меѓу двете екипи а јас видов едно видео кај што не можеа да го стигнат:

http://youtu.be/XBbT4Z2td-M

Мора, мора да се ослободат и од Робињо кога веќе се прави чистка и се намалуваат платите! Мора на ова момче да му се даде директна шанса и верувам дека ќе донесе нови ветришта во Милано!
Во моментов немаме никаква икона во тимот (освен Амбро кој повеќе е икона поради годините отколку поради игрите), мора да се појави нешто ново што ќе го дигне моралот на момвците и на тие околу нив! На Алегри ќе му биде тешко и да го крене моралот во тимот!

ReBorned said...

И мало дополнување, Алегри го сакал Џеко а управата инсистирала на Тевез. На пример Џеко како централен во таа 4-3-3 би бил идеално решение! Можеби така размислува и Алегри ама кој го прашува!

Факт е дека сите се крстат во Пато сезонава! Без разлика кој ќе дојде, сите конечно од него една Injury-free сезона во која ќе има 20+ голови! Доколку тоа не се случи, лошо ни се пишува!
За жал, сметам дека на Алегри му имаат пресудено одамна. Ќе ја истера оваа сезона и без разлика што ќе се случи ќе го сменат.
А можеби раководството ќе се врати на фразата од пред неколку сезони: Our goal is to be at top 3, to qualify for CL next season and to do well in CL. (порано беше во топ 4 ама сега земаа едно место на Италија).

ReBorned said...

И колку квалитетно ја зафркнавме сезоната со Gabriel! Секоја година иста песна!!
Сега наместо да имавме 2 non-eu места ние имаме само 1 (Dzeko, Tevez или Damiao).
Има опции да купи Џенова па да ни позајми на нас (Јуве константно правеше така порано, Муту) ама не правиме така...

ReBorned said...

Евентуалната продажба на Робињо во Бразил или купување на фудбалер од Бразил од страна на Милан ќе треба да се случи во следните 5 дена затоа што тогаш истекува преодниот рок во Бразил.

Navigator said...

Го гледам TS како го испраќаат по страни, блогови, фанклубови и ме фаќа жал за него. Криво ми е за таков играч што ќе игра во една поприлично лабава лига. Не знам колку сте прателе француска лига, ама верувам дека знаете за кое ниво зборувам. Колку сака нека е силен PSG, таму нема клубови доволно добри да му конкурираат. Lyon е катастрофален во последно време, OM го изгуби и малку шмекот што го имаше пред 3-4 години. Lille и Montpellier догодина ќе се вратат онаму каде што им е местото - во долниот дел на табелата. Останатите клубови се смешки. Кого ќе чува ТЅ во Франција? Па таму нема напаѓачи од светска класа. И некој после ќе ми каже дека кај и да е, француската лига ќе ја премине италијанската во квалитет. Жално е стварно. Milan ќе биде послаб по овој трансфер, да, ама многу повеќе губи самиот играч, отколку клубот.

ReBorned said...

Го гледам тренинг мечот од вчера меѓу Milan red и Milan white. Bakaye Traore ме изненадува и делува освежувачки! Еден од оние фудбалери кои со главата долу туркаат цело време напред! Глупаво е да се занесувам по само 1 пријателски натпревар и немам намера тоа да го правам ама барем на овој меч делува изненадувачки добро и мислам дека може да ни приреди пријатно изненадување во сезоната што следи.

ReBorned said...

И Carmona би имал иднина во некоја широка 4-3-3 формација.

ReBorned said...

Еве Ви ги сите голови ако не ви се гледа цел меч:

http://youtu.be/RvpcvBADSsA

Внимавајнте на 01:30.

Navigator said...

Ми го зема зборот Ри. Traore беше најсвежото нешто во текот на вчерашниот ден. Ги гледав хајлајтсите прееска и се израдував, ама си реков ај да почекам од еден тренинг да не го фалам. Само нека продолжи вака, може ќе не натера да се задоволиме и со овој список на играчи од средината

ace1899 said...

ja sledev cela situacija i srce me boli za T<33 ne znam drugo so da kazam,a nosonjata nikogas ne go zasakav.. Uste poise me boli toa so na instagramot go postirase ova http://twitpic.com/a86tsa so e uste eden dokaz za velicinata na Milan,posle vakvo "brkanje" od klubot kakvi so pa duri i ponezni gleame sekoja sezona od Real Madrid na primer.Vo nieden drug klub neam videno vakvi emotivni razdelbi kakvi sto ima vo ACM,ednostavno sekoj igrac se zaljubuva vo klubot sto mi dava nekoja cudna nadez deka ima pak svetli denovi..

Sto se odnesuva do transferi i taktiki sea normalno ke ima poplava od se toa,moja licna zelba se Astori,Kolarov i Dzeko ama koj me prasue mene.. Eve go dijamantot bosanski deklariran milanista :) http://www.youtube.com/watch?v=x5V5_gEYQcY&feature=player_detailpage#t=134s

P.S. Gabriel ima portugalski pasos i se vodi kako EU taka da ima mesto

ReBorned said...

Gabriel НЕМА португалски пасош и покрај што се очекуваше тоа па е регистриран како non-eu фудбалер и има само уште едно вакво место во тимот!

ReBorned said...

Сакам на пријателските Алегри да го проба еднаш Traore на таа чувствителна DMC да видиме што ќе излезе.

И верувајте дека до крајот на летото ќе дојде дечкото пак кај нас, премногу е Берлу потег:

http://unit2-pic.twittweb.com/img/original/d4/d4dc2642a5d177bc3f01518c5d50dc2a.jpeg

ace1899 said...

AC Milan News ‏@Milanello
Yesterday, Galliani confirmed that Gabriel has been signed as a non-EU player.
pa neka se odlucat vise stvarno za greota e toa mesto da se trosi na tret golman

ReBorned said...

Одлучено е, потврдено е. Едното NON EU место ни отиде на Gabriel.

Anonymous said...

Да не отидеа Силва и Златан најверојатно немаше да има потреба толку од тоа друго место пошто на големо немаше да се купува ама вака...
Катастрофа, па зар неможат некоја мучка да направат, да го пратат во Џенова или нешто.
Интер со колку играчо какви работи праевеле ехеее, сеам и текнува дека додека играше Максвел за нив имаше као Италијански пасош ама затоа Барса го потпиша како Бразилец и на крај од кога си отиде признаа Интер дека играл како нон еу играч.

ReBorned said...

Може да се направи такво нешто но ПРЕД ДА СЕ РЕГИСТРИРА! Во тој случај, Џенова го купува, таа го регистрира а потоа го позајмува на Милан! Значи ова истото може да се примени за некој друг фудбалер, ако се’ сака.

Еве извадок од Wikipedia:

Mutu signed a five-year contract with the Italian club Juventus on 12 January 2005, despite still being banned from football until 18 May. As Juventus had no available room to buy another non-EU player from abroad, the move also involved fellow Serie A club Livorno, who signed the player and contemporaneously sold him to Juventus.

Јас лично, мислам дека дефанзивецот ќе го добиеме наскоро но за шпицот ќе се влечкаме до Август. Тоа е лошо секогаш, бидејки тренерот нема време да ги уигра фудбалерите и тимот а во конкретната ситуација е уште полошо поради тоа што тој напаѓач што ќе дојде (без разлика кој ќе биде тоа) треба да биде носител на нападот на Милан во иднина!

Покрај Rolando, денес се интензивираа шпекулациите и за Serdar Tasci, капитенот на Штутгард кој веќе беше на нашата агенда лани. Го немам гледано многу и ме интересира вашето мислење.
Се плашам дека сезонава најмногу од се ќе ни недостига брзината во задниот ред по отсуството на Тиаго. Сите фудбалери на таа позиција во тимот како и оние со кои се поврзуваме за евентуални засилувања се прилично бавни во играта на земја и во спринтовите.

Потсетувам, имаме уште само 3 дена до затворање на преодниот рок во Бразил. Што и да се случи (ако нешто се случи) мора да биде сега! Јас сакам Робињо да си оди!

ReBorned said...

The Top 5 Worst Mistakes by Berlusconi & Galliani in Recent Past
by Michele Misiti

1. Andrea Pirlo:
Pirlo should have been resigned 1 OR 2 years before his release. It is one thing to let go of Seedorf at 35 on a Bosman, but Pirlo was still young enough and very much hungry to continue on his career. Letting him go for Free caused two distinct problems; he left for a rival team, and secondly, he did not generate any income to be used for further transfer money to strengthen the aging midfield. Surely a 3 year extension could have then allowed us to negotiate a 20M Euro deal to send him to Real Madrid, Barcelona, Chelsea, Manchester City, or Manchester United. Surely he would have been interested in the challenge, and we could have generated a lot of revenue on the sale. Letting him leave, only to perform greatly for our direct rival was almost unforgivable.

2. Mister "X" Saga:
After a 5 month spell (April-August) in 2011, all Milan fans across the globe heard about was a mysterious Mister "X". Hair texture, height, characteristics were all given, but never a name. Was it Marek Hamsik? Cesc Fabregas? Marko Marin? Alex Witsel? The biggest cat and mouse game Galliani has ever played with the fans backfired after the Berlusconi-owned company Fininvest was caught in the Mondadori scandal which cost them €560M cash on the spot. Shortly after, Berlusconi was involved in yet another scandal at the same time as his country was entering the biggest European Debt Crisis in its History, with massive debts piled up from unknown spending. He has recently stepped down as Prime Minister. After the saga ended, it was later revealed by Super-Agent Mino Raiola that it was indeed Marek Hamsik who was Mister X. As if the story isn't bad enough, Galliani later told the media that Mister X was Alberto Aquilani all along. Really?!?!?!?

3. Loans w/Options, Bosman's, and Asking Owners to Release their Players from Contracts:
Milan has technically spent zero Euros so far this Mercato. Gabriel, the Brazilian goalkeeper was bought for an undisclosed fee to be paid in deferment for 1 year, while Kevin Constant, Bakaye Traore, and Riccardo Montolivo were all signed for Free. Sulley Muntari was signed after his year-ending injury playing football with his friends in Africa, while Milan have not been consistently linked with anyone else at the moment. The Antonio Nocerino buy for €500,000 was certainly a steal nearly 1 year ago, but we cannot expect singings like that to come often. In regards to Alberto Aquilani, it's quite embarassing for Adriano Galliani to be asking for Liverpool to release him from his contract because we could not afford the meager €4M buyout of his contract after the Loan, which of course was all agreed upon nearly one year ago. Aquilani, while not a world-beater is certainly a better player than €4M, and has proven it in his time in Milan, Juventus, and Roma. In summary, the signings of the last 2-3 years have shown that Milan's project may not revolve around a type of player, a formation, or characteristic they need in the squad, but rather if that player is free or not. Carlos Tevez would only have came if he came on another Ibrahimovic-esque deal which included all sorts of loans, option to buys, and deferment of payments, which was never to be. This type of behavior in the transfer market not only shows how weak we've become, but has certainly angered the owners and managers of clubs around the World.

ReBorned said...

4. The Wage Bill:
In the 2011-2012 Season, AC Milan boasted a €160M wage bill which included taxes. The next highest team was nearly €50M behind them, and this includes the very many deficiencies that exist in the squad. With a 34 year old Mark van Bommel, a 35 year old Massimo Ambrosini, a 36 year old Clarence Seedorf, and not to mention Luca Antonini as your starting left back, €160M seems like a tough ask for any Director, but Galliani managed it. The problem all started with the Bosman and Loan policy. By signing players out of contract, you must pay them higher wages. Once a player like Mathieu Flamini is making close to €10M per season (Taxes included), everyone will demand it. To keep players Galliani then had to run the club into massive debt which ruined its transfer campaigns. Considering the talent on Roma, Napoli, & Juventus, there is no reason why we can't have a World Class team for around €100M Euros. Unless players are a Champion of the highest order, there is no reason for them to be over €2M-3M per year. A player like Muntari should be ecstatic with €1.5M, and only players like Nesta, Thiago Silva, and Ibrahimovic should be above 4M Euros per year.

5. Selling Thiago Silva:
AC Milan had ever right to sell Ibrahimovic. At 30 years of age, closing in on 31, Ibra was at the back end of his Prime. After the best goal-scoring season of his life, Ibra was looking for Champions League glory. With Milan being in a border-line financial crisis, his wages were not only too high, there was no room to bring in the 2-3 players needed for Ibra to win his first UCL Trophy. Moving on was always inevitable. Secondly, playing with Ibra is like playing with Pirlo. The system often becomes revolved around the one player, which can be very risky when you don't have any other World Class players on the team. In the case of Barcelona, when one gets injured, he's almost forgotten, as they have multiple ways of replacing him. This model works best for the long run, so in this sense it is not all that awful to see him go, no matter how talented he is, or how much swag he possesses. On the other hand, Thiago Silva is clearly the Top 3 best defenders in the world. Most think he is the best defender, myself included. To sell him for any price sends a message that we are willing to sell our best players in their prime despite the project we have or wish to have. There is no player that can replace him, and no one of World Class stature that will be under 30M Euros. Therefore, selling him does not really do any good. Without any further explanation, his sale is nearly the worst sign given by Management that not only will they not sell the club, but they're going to continue running it in the poor manner that has been demonstrated for the last half-decade.

Anonymous said...

Убав текст ако е долг.
Се слагам со сите 5 точки, од глава ни се мавна тоа пуштање на Пирло.

Anonymous said...

Gattuso: "Nesta and I left Milan because Allegri didn't want us to stay."
Измешани чуства имам за ова.

ReBorned said...

И дополнување/проширување/појаснување на тој наслов:

Gatusso: "But when the coach makes you realize that he prefer you as a manager to give a hand to the dressing room and as a player, better leave. Close hand, without rancor."

ReBorned said...

И with all due respect ама ако ова е точно (а верувам дека насловот е изваден од контекст според она што потоа јас го копирав) требаше да чекаме сами да си одат? И Неста самиот искоментира дека неговото тело веќе не може да издржи таква сезона на високо ниво и затоа побара нов предизвик кој нема толку да го исцрпува физички.


Во останатите вести, наводно Сантос понудил 8 милиони + Рафаел за Бињо, G одбил, бара само кеш.

Порто ја прифати понудата на Фенербахче за Роландо од 10 милиони но ја одби на Милан (кој понуди иста сума) барајки 15. Роландо ги одби Бешикташ и го сака само Милан!

ReBorned said...

Галијани изјави дека деновиве му биле понудени барем 15 дефанзивци!

Досегашните трансфер движења во Италија, ќе ги копирам само големите, Јувентус убедливо доминира:

JUVENTUS (Appendix Count)
Arrivals : Giovinco (a, Parma), Asamoah (c, Udinese), Isla (c, Udinese), Loyal (p, Brescia), Lucio (d, Inter), Pogba (c, Manchester United), Boakye (a, Sassuolo ).
Departures : Manninger (p, end of contract), Del Piero (a, end of contract), Grosso (d, end of contract), Borriello (a, Rome end of the loan), Pasquato (c, Udinese), Elijah (c, Werder Bremen) , Chibsah (c, Parma).

INTER (Appendix Stramaccioni)
Arrivals : Palacio (with Inter), Bardi (p, Livorno), Jonathan (d, Parma), Coutinho (a, Espanyol), Handanovic (p, Udinese), Silvestre (d, Palermo).
Departures : Zarate (a, Lazio), Palombo (c, Sampdoria), Cordoba (d, end of contract), Orlandoni (p, end of contract), Lucio (d, Juventus), Forlan (at termination), Pharaohs (d, Udinese), Alborno (d, Novara), Bardi (P, Novara)

ROME (Appendix Zeman)
Arrivals : D'Alessandro (c, Verona), Florenzi (c, Crotone), Dodò (d, Corinthians), Stoian (a, Bari), Svedkauskas (p, Suduva), Lucca (c, Internacional), Tachtsidis (c, Verona), Bradley (c, Chievo Verona)
Departures : Drawers (d, end of contract), Cicinho (d, Sport Recife), Antunes (d, termination), Viviani (c, Padua), Gago (c, Real Madrid), Borini (to Liverpool), Curci (p , Bologna), Juan (d, termination).

LAZIO (Appendix Petkovic)
Arrivals : Zarate (to Inter), Ederson (a, Lyon).
Departures : Del Nero (a, end of contract), Makinwa (a, end of contract).

MILAN (Appendix Allegri)
Arrivals : Montolivo (c, Fiorentina), Traoré (c, Nancy), Acerbi (d, Genoa), Didac Vilà (d, Espanyol), Taiwo (d, QPR), Gabriel (p, Cruzeiro), Constant (c, Genoa ).
Departures : Gattuso (c, Sion), Van Bommel (c, PSV Eindhoven), Nesta (d, Montreal Impact), Inzaghi (a, end of contract), Rome, (p, end of contract) Zambrotta (d, end of contract) , Seedorf (c, Botafogo), Maxi Lopez (a, end of loan Catania), Adiyiah (a, Arsenal Kiev), Com (a, Reggina), Zigoni (a, Pro Vercelli), Ricardo Ferreira (d, Empoli), Thiago Silva (d, Paris Saint Germain)

Navigator said...

Нека си го земат Rafael од Santos, шо ако, ќе си правиме колекција голмани :)
А овие копираното ти е со трансјелт, а? :) Appendix Count, at termination, Elijah, нашиот голман Rome... :)
Се испуца Juve, не верувам дека уште ќе пазари до крај. Евентуално уште еден шпиц. За нас штотуку почна меркатото. Барем така се надеваме. Е сега една победа на Trofeo Tim за самодоверба и ситуацијата може да се промени на убаво

ace1899 said...

Eve go i imenjakov moj si kazue.. http://www.youtube.com/watch?v=Hz7auFyCVtY&feature=player_detailpage#t=45s

Anonymous said...

Море и за Армеро загризале Јуве уште тој да го земат и еден шпиц и комплетни се.
Тие па удинезе, се квалификуваат за ЛШ пола тим го продаваат.
Газдата нивни пари у џеб којзнае колку си капа.

Anonymous said...

лапа*

Anonymous said...

Ибра отиде за 20м во кеш и околу 5м во бонуси.
Се обидувам да ја најдам логиката....пред се затоа што во наредните 2 години им должиме на барса 16м за него така да уствари добивме 4м за најдобриот напаѓач на денешницата!

ReBorned said...

Јувентус не застанува, по се изгледа го лапнаа и Јоветиќ!!

Несудениот фудбалер на Милан благодарение на братот на Кака, Дигао!

ReBorned said...

Пресек на денот:

- Златан ги помина лекарските прегледи и денес ќе биде претставен заедно со Верати.

- Наводно, нашите во Милано се препотувале околу прес конференцијата на Златан денес бидејки бил бесен на начинот на кој сме одиграле со него и било веројатно да плука на пресот!

- Галијани за првпат после многу долго време денес нервозно им се обрати на новинарите и не одговараше на обични прашања од неговата сфера!

- Еден од двајцата агенти на Џеко вели дека Џеко и Милан се можна комбинација, дека тој сака да дојде во Милано, веќе имале разговори и процентуално даде 70 % за реализација. (на пријателските Тевез стартува а Џеко е на трибините).

- Вечерва во Милано се очекуваат агентите на Леандро Дамиао.

- Сантос изјавија дека дигаат раце од Робињо иако го сакаат многу во нивните редови (тие нудат 5 + Рафаел, Милан бара 15 чисти). Имаат уште 2 дена да направат нов обид.

- Амброзини (спротивно на муабетите на Рино вчера) го испофали Алегри во денешното интервју.

- Касано бил разочаран од продажбите и сакал да си замине од Милан, првично во Сампдорија (доколку е ова точно губам секаков респект кон него, после се' што тимот направи за него). Сампдорија изјави дека тоа нема шанси да се случи.

- Андреа Поли добил понуда од Сампдорија но тој ги чека Милан/Јувентус.

ReBorned said...

Ibra: "I'm very happy that I was at Milan. They give me my smile back, as I've said before".

Ibra: "I will always have great memories of Milan. Milan will remain in my heart."

Ibra: "I wish Milan good luck with everything. They were successful before I joined them and they will continue to be succesful".

Ibra: "No one at Milan influenced me to do anything. It was my own choice to come to PSG"..

Navigator said...

Ништо од најавивте и стравовите. Ibra се прости џентлменски и во стил. Поздрав мајсторе!

Anonymous said...

Шоутајм.
Ми беше чест што го гледав во мојот омилен црвено-црн дрес.
Нека продолжи да гази таму ѕверот.

ReBorned said...

Доколку сакате, еден час аудио запис околу Милан, трансферите и иднината. Одлично четиво со неколку одлични поенти доколку имате нерви да го слушате до крај. Вреди!

http://www.beyondthepitch.net/podcasts/edition/index.cfm/beyond-the-pitch/2012/07/15/milan-insider/

CurvaSud_Milan said...

Ете им ги 60 и кусур милиони, ете им 20 и кусур милиони помалку за плата годишно, ај да видиме сега што ќе направат и каков Милан ќе гледаме од следната сезона! Ибрахимовиќ многу навивачи и ќе го опростат, но продавањето на Тиаго Силва нема никаква оправданост!

Инкасираа 42 милиони, ќе потрошат минимум половина од таа сума за да се замени Силва, а ТС нема да биде достојно заменет! Барем не сега и ова трансфер лето, тоа сум сигурен. Се се сведува 20 милиони или нешто повеќе за "to balance the books" како што го отекоа! Со платата нека не ни мачкаат очи затоа што ако Силва земаше 6, тоа ново дете што ќе дојде нема да биде испод 3,5-4 милиони годишно! За 2 милиони не ни сакам да помислам дека нема од каде да ги обезбедат, а да не заборавиме дека цела армија на играчи си замина кои богами имаа убави примања! Трансферот на Ибра е добар бизнис, го продаваш приближно колку што си го купил(со бонусите исто излегува), а изиграл две сезони на високо ниво, и секако продаваш играч што за некој месец ќе има 31 година.

И да, каде е Алегри во цела оваа ситуација? Прашан ли е за нешто, консултиран ли е, ветено ли му е нешто?! Или го оставија човекот да го тренира Констант, а они заминаа за Париз да си прават бизниси и медиумски фами! Не ми се свиѓа ова што се случува, Милан не беше ваков пред 10 години, во Милан не влегуваа и излегуваа играчите за година две, посебно не оние екстра квалитетните! За нив секогаш имаше место и секогаш се градеше тимот околу нив за нови освојувања! Тоа беше силва изминатите години, и можеше и мораше да биде во наредните!

Anonymous said...

Мој преглед на работите:
Silvio has lost it, не е ист веќе и тоа се гледа.

Navigator said...

Муабетот ти е на место Владе и ќе се сложам со се, ама толку многу пати е повторен што веќе ми одѕвонува во глава. Одлуките се повлечени, штетата е направена, останува месец и пол да се поправи колку се може и колку се сака.

ace1899 said...

Ја сеа сфатив дека со сите заминувања и досегашните можни комбинации(ако не ја сметаме најновата изишљотина за Ван Перси)у екипа нема буквално ниеден асален изведувач на слободни удари што за италијански прилики е и тоа како битно.

Друго што сретнав како трач е дека покрај дупкиве од ибра и ТС се продолжуваат барањата за замена на МВБ и според некои извори се барало искусен играч,а не талентирани младичи(Поли,Стротман..) што може истовремено да делува и како DMC и како regista. Таков богами ретко се наоѓа(Чаби Алонсо,мене ми е у памет и Есиен)а уше поболно е што најдобриот таков играч си го дадовме лани за 0. Не знам кој друг би можел да ја закрпи таа дупка пред одбрана посебно сеа без ТС кој малтене ги почињаше сите напади.

Размислував и за дупката во одбрана и од сите имиња што кружат си помислив колку добро би дошло една комбо понуда за Бруно Алвеш и Кришито од Зенит...пуста фантазија.. У принцип треба да се најде перспективен стопер кој сепак ќе има некое искуство да не стартуваме со Ачерби и уше некој недокалемен талент како да сме Ајакс.
Овој дамиао ми е луис фабијано играч некако и доста сумњив сум за него,да не ја тупам сеа со муабети како комплетно ќе се менува играта и креацијата на нападите без Златан,ама мислам дека во евенутална 4-3-3 формација најмногу би легнал босанецот што акламативно од сите можни страни е посочуван како најдобра солуција. Мада секоја минутка има нов трач те робињо те касано те овој,оној така да ќе останеме да кроиме планови и фантазии ние а мангупиве нека се потат на Виа Турати летово па на крај да видиме шо ќе испадне од револуцијава

ReBorned said...

Кажав што имав да кажам и веќе ќе се насочам на иднината.
Има неколку клучни точки, првенствено напаѓач и дефанзивец!

1. НАПАД. Се чини кругот е составен од само 3 фудбалери, Тевез, Џеко и Леандро Дамиао. Сите 3 се движат од 22 до 28 милиони евра оштета со тоа што Тевез е најстар, најскап и би имал најголеми плати.

- Тевез: Реално, тој на краток рок може најмногу да придонесе во клубот меѓутоа не ја гледам логиката во трошење на 28 милиони евра и 6 милиони по сезона за фудбалер кој е 28 години, во кариерата никаде надвор од Аргентина не поминал повеќе од 2 години во ист клуб и е nut case. Ако во досегашната кариера (во најдобрите години од кариерата) Тевез не поминал повеќе од 2/3 сезони во еден ист клуб, сигурно тоа нема да се случи кога во Милан ќе биде 30 години. А потоа ќе можеме да го продадеме само назад во Аргентина (види го случајот на Робињо) и за цена која ќе биде во најдобар случај за половина од онаа што во моментов би ја платиле за него. Тевез апсолутно никако не може да ни ги „рефундира“ тие 28 милиони евра за трансфер + 12 милиони евра за 2 сезони играње тука во резултати/успеси на теренот. Манчини потенцира дека Тевез не мрда од Сити!

- Џеко: Босанецот би дошол во Милан за сума од 20 до 23 милиони евра, би имал плата од најмногу 4 милиони евра. Џеко е познат како фан на Милан (што не мора да значи ништо но некогаш е импулс плус), фудбалер кој е 2 години помлад од Тевез (може да се врзе на долгорочен договор и да се биде прилично сигурен дека ќе остане во клубот) и фудбалер кој никогаш досега не правел проблеми во клубовите во својата кариера (сетете се како беше третиран во Волфсбург кога имаше желба да си замине од клубот). Фудбалер кој во играта на Милан носи друга димензија (за разлика од онаа на Тевез) и фудбалер кој е поблиску до Златан (барем во своите сантиметри и во оние спуштени високи топки). Фудбалер кој игра за тимот но и тимот треба да игра за него.

- Дамиао: Леандро е новото златно момче од Бразил. Полека но сигурно го зафаќа своето место во репрезентацијата на Бразил (има приоритет пред Пато дури и кога нашиот е здрав) и фудбалер кој важи за гол машина. Го немам гледано многу низ натпреварите (само на неколку средби на Бразил каде што беше прилично очаен) но според огромен број од головите што ги видов и начинот на кој ги постигнува, мене ми личи на некој микс од Руд Ван Нистелрој и Луис Фабијано. Најголем дел од неговите голови (кои ги постигна во огромен број) се голови по одбиени топки и од непосредна близина. Фудбалер кој има одлично, фантастично чувство за гол, одлично знае каде да втрча и како да се намести да постигне гол, одлично чувство за простор и фантастична игра со глава. Физички доста моќен во противничкиот шеснаесетник и фудбалер кој е непроценливо клиничен! Фудбалер кај кој Пато може да оди на часови по реализација. Фудбалер кој не простува гол шанса! Неговата цена е околу 25 милиони евра но неговата плата би била драстично пониска од ѕвездите погоре. Може да биде исплатлива инвестиција поради ниската плата и младите години (и да биде flop лесно можеме да го продадеме за приближно истата цена за неколку години на друг клуб во Европа).(Ќе ја искористам истата реченица) Фудбалер за кој тимот треба да игра за него!

Е сега, Манчини игра хард кор (можеби оти во Јануари ние игравме со Тевез и дека воопшто не ги консултиравме нив при продажбата на Златан + Тиаго) и вели дека Тевез и Џеко не мрдаат од Сити! СЕПАК, на досегашните пријателски на Сити, Тевез стартува а Џеко не е ниту на клупата туку седи на трибините... тоа може да алудира на нешто!
Тевез со ваков (технички, слабо поткован) среден ред е најдобар избор но се изјаснив погоре зошто мислам дека тој (барем за мене лично) е долгорочно најлош избор!
БОНУС: Се шпекулира и Ван Перси ама воопшто не коментирам за него од повеќе аспекти (не верувам дека има било какви шанси да дојде кај нас, има 30 години и искрено сметам дека ќе биде промашување во Милан).

ReBorned said...

Ќе правев осврт и за имињата во одбраната ама сега морам да излегувам итно. Само ќе кажам дека покрај досега стандардните имиња (Роландо, Ташчи) веќе потврдено и од одговорните лица во Шалке дека Милан контактирал со агентот на Пападопулос но не и со клубот па тие потенцираа дека на пријателската која ќе ја играат со нашиот клуб ќе потенцираат дека вака не треба друг пат да се прави.
Пред седум дена прочитав некаде дека Пападопулос бил лична желба на Алегри а и јас лично сметам дека тоа е најдобрата можна варијанта од оние со кои досега сме поврзани. Има само 20 години, игра одлично (му се восхитував на зрелоста и цврстината кога го гледав Шалке) и (знам дека ова е грев) ама малку ме потсетува на Тиаго Силва (тоа значи дека другите воопшто не ме потсетуваат). Сакам да кажам дека од Роландо, Ташчи и Пападопулос, најмногу го сакам последниот поради тоа што е убедливо најбрз од сите (а со заминувањето на Тиаго Силва и опции како Мексес, Ацерби, Бонера и Јепес централно) најголем проблем ќе имаме во брзината во дефанзива а Пападопулос би можел тоа да го покрие. Одлично дете (само 20 години), одлична перспектива! Ќе бидам најзадоволен!

ReBorned said...

Кога почнав да го пишувам мојот коментар, го немаше коментарот на Аце...

Дури сега видов што напишал и дури сега видов дека сум пишувал пола саат.

ReBorned said...

http://youtu.be/MdcaiIl3nb0

Navigator said...

http://www.youtube.com/watch?v=WiWhZt35CZ0&feature=player_embedded

ReBorned said...

http://img856.imageshack.us/img856/4034/milanwages.jpg

Navigator said...

Some pretty amazing numbers out there...