Translate

Tuesday, 24 July 2012

AUF SCHALKE!!!

 
     Времето жешко, вас не ви се коментира многу, мене не ми се пишува ич, ама редно е да се обележи првата посериозна припремна уткамица во новата сезона. Само три дена после турнирот во Бари, нова шанса за запознавање со тимот и поважно, за нивно меѓусебно воигрување. Полека муабетот околу Milan се префлува на тоа што да се очекува како дополнување на овој ростер и што со тој евентуален фонд на играчи ќе може да стори Allegri. Во тој стил и овој загревачки дуел со германците. Откако се уверивме дека TIM турнирот нема смисла кога се одржува во Јули и резултатските неуспеси во двете полувремиња, сега да одмериме на 90 минути со противник кој што нема да ја извади својата младинска школа на терен и нема да испробува тактики што никогаш нема да ги одигра во првенството. Името и педигрето на противникот се малку битни во моментов. Тоа што Schalke е елитна германска екипа и тоа што лани завршија трети, малку кој го интересира пред една пријателска припремна уткамица. Ниту составот на противникот е нешто за кое треба да зборуваме ние. Единствените три работи што може да не заинтересираат од Schalke летово, освен да бидат добар спаринг партнер, се трите нивни огромни таленти во имињата на: Papаdopoulos (CB), Holtby (CAM, WF) и Pukki (FC, ST). Што и да се испазари од ова во Гелзенкирхен, не може да е грешка. Е сега, Holtby кој е полуангличанец е нешто загреан за трансфер во EPL, a Arsenal пројавува интерес, Teemu Pukki за жал немаше многу простор покрај Huntelaar и Raul минатите две сезони, па така стагнираше и во форма и во цена и којзнае колку би бил интересен за нас во потрагата за класичен шпиц, а гркот Papadopoulos е веројатно во најтесниот круг на имиња што ги брка Galliani. Фин момак, не толку убав, перспектива невидена за грчки услови, а башка тоа и од наше приморје е, Katerini, на Ри саат време возење му е :) И нема да изненади ако ова всушност е trial на момчето, чести се тие умислени пријателски натпревари.

    Кај нас, истата екипа од пред три дена и веројатно некој комбиниран состав за почеток. Единствените измени се: Flamini и Filkor IN, Iotti и Carmona OUT. Очекувам почетен состав што ќе биде посилен од нивото на Trofeo TIM, ама со оглед на измените во вториот дел, тоа да не биде Milan A и Milan B потоа. Amelia ќе почне, заедно со De Sciglio десно, Acerbi и веројатnо Albertazzi на стоперските позиции, а лево Nini, со отворена опција Taiwo да ја добие дефинитивно последната шанса. Средината мора да биде иста како против Juve - Traore-Ambro-Urby. Напред Boa и SES очекувам да стартуваат, a Binho да биде оставен за во втор дел на сметка на Ganz (ми изгледа како најомилен младинец на Max). Премногу е рано, поминаа само 15тина дена од првиот собир на екипата, играчите од ЕП сеуште не се достапни за натпревар, така да многу е тешко да се оценува играта или индивидуален придонес. Ги немаме добиено ниту очекуваните засилувања за да констатираме игра која ни одговара или формација во која тимот се однесува најдобро. Ептен е незгодно и неблагодарно да коментираш после припремен натпревар, а поентата да ти е некаде во сезоната што следува. Сепак, сакаме да видиме до каде се, како им оди, кој и да истрча на терен. Сакаме и да победуваат, нормално. Milan скоро и да немал одлични, импресивни припремни циклуси, ама зошто да не биде годинава исклучок. Следните натпревари се со силни противници, па ајде да отвориме уште утре, со една убава претстава против Schalke 04!

FORZA MILAN!!!

15 comments:

ReBorned said...

Мене лично пријатно ме изненади и Albertazzi со Интер во TIM. Зрело, сталожено и секогаш на место. Делуваше далеку далеку подобро од Acerbi на тој натпревар.
Тоа што репрезентативците кои играа на ЕП уште не се во комбинација не оди баш од корист на воигрувањето и на тоа што ние можеме да видиме од Милан како тим во следната сезона. Тоа што Пато ќе биде уште подолго време во аут (без паника, мислам на учеството на олимпијадата) е уште еден минус за подготовките но верувам голем плус за неговата самодоверба.
Не очекувам победа, очекувам добра игра и позитивни знаци па резултатот нека дојде благодарение на тоа.

Настрана мечот, Алегри демек дал зелено светло за Yanga Mbiwa и Matri и ќе се насочиме кон нив. Момчето (барем според youtube) неодоливо потсеќа на фудбалер од истата таа позиција кој летово од Милан замина во Франција. Сепак, овие французи имаат екстравагантен Zamparini mode претседател кој се расфрла со изјави дека не го дава детето но сите извори тврдат дека ние сме се’ поблиску до него.
Од друга страна, Matri. Јас не плукам толку по него како некои други (стабилен голгетер) но и воопшто не ми фаќа око Zlatan да го заменам со Matri. Знам дека тој баш под водство на Allegri ја имаше експанзијата и најдобрите години во италијанскиот фудбал но...

ReBorned said...

Вечер пренос на SportKlub во 19:00 Шалке - Милан!!

ReBorned said...

Супер Пипо останува во Милан, ќе биде тренер на Allievi Nazionali.

ReBorned said...

Да не се повторувам, ќе копирам еден мој пост на странски форум за тоа како сметам дека треба да играме. Верувам дека не ви е проблем што е на англиски:



I don't say that I believe Robben will come here neither that I want him to come in Milano. I only say that the part when most of you talk about "Robben can't come here because we don't play with wingers" is wrong. I believe that with the current players (and with some reinforcement) Milan need to switch to 4-3-3 or 4-3-2-1 but not Xmas tree but with 2 wide attackers. With that formation I believe Pato will shine and almost all of our current attackers can play wide at 4-3-3 and some of them (Binho and especially SES92) are way better on the wings. So IF (big IF) Robben come here he will come to play wide attacker in 4-3-3 and not classical winger. Plus he is way better in wide attacker then in classical winger.
No matter if he come or not, I think this squad will be way better in some formation like this:

----------------Pato


--El Shaarawy------------Robinho


-----Nocerino-Montolivo-Boateng

ReBorned said...

Како што напоменав претходно, Ночерино го зема бројот 8.

Navigator said...

Оваа политика со менаџментот на primavera стварно не ми се допаѓа. Зошто бе Ely да биде позајмен во некоја вукојебина, а Yepes и Bonera да уживаат првотимски статус во клуб како Milan??

ReBorned said...

Ми недостига ваков стадион, ваква публика и ваква атмосфера! Браво!!!

Navigator said...

Интересно: директно од Max имаме прилика да слушаме што конкретно сака да види од оваа постава. Го тера De Sciglio да оди бааги напред, ама само кога Boa се задржува во средината. Уште поинтересно е што SES е форсиран како шпиц, особено при полуконтри, со тоа што Binho комплетно ја менува страната и оди лево а SES бара топка во празно. Хмм...

ReBorned said...

И баш по длабочинската топка од Урби па почетокот се виде тоа што го форсира Алегри, Ел Шарави е многу експлозивен и брз и веднаш им побегна централно меѓу двата централни дефанзивци и само предолгиот фор го спречи од реализација. Се надевам дека тоа почесто и подобро ќе функционира со топки на Монтоливо.
Ачерби јинг и јанг, некогаш делува аматерски некогаш одлично! Се надевам дека само му требаат натпревари. Ќе имаме ужасни проблеми сезонава со Амбро на DMC.

ReBorned said...

И уште нешто, многу ми се допаѓа рационалноста кај Де Шиљо. Младо момче кое воопшто не форсира, не дозволува да го поведе адреналинот и покрај тоа што константно влече напред, воопшто не се губи во својата позиција. Може да му држи часови на Таиво во тактичка поставеност на теренот.

ReBorned said...

На крајот Urby и Acerbi најдобри на теренот.

Navigator said...

Накратко, едно резиме на мечот од вчера. Во глобала задоволен, најмногу од се од напредокот во физичката спремност на главните играчи од овој достапен состав. Имаше делови во мечот каде убедливо доминиравме и помал дел од натпреварот каде се повлекувавме и се чекаа контри. И на оваа утакмица одбраната е некако најраштимана, разбириливо. Најзадоволен индивидуално сум од Amelia, De Sciglio, Urby, SES и Binho. Мислам дека е редно да се поздравиме со Mesbah, а Taiwo ме става на мака кога размислувам за продавање. И уште една работа, јас, за разлика од многу други, не би го продавал Binho летово. Од мечот со Chelsea сме комплетни со играчите кои беа на ЕП и ќе недостасуваат само Gabriel и Pato.
Утре ќе добиеме важна и интересна инфорација со одредувањето на распоредот на лигата. Ќе се надеваме дека нема да имаме низа тешки натпревари и ако е можно околу датумите за ЛШ да немаме дербиа :)

Navigator said...

Да не заборавам заборавам да искоментирам за уште две работи. И дефинитивно се наѕира враќањето на Синот. Премногу очигледно е тоа, а ќе остане само да го видиме типот на трансферот и финансиските детали. Дури и бројот му се ослободи. Ќе направиме се што може за да биде како што беше некогаш, пред да замине, нели? А на Pato му е дадена 9ката!? Е ај сеа...
Втората работа е комплетната реконструкција на primavera. Ќе имаме интересна задача година да ја запознаваме од корен променетата младинска екипа. Само 3-4 играчи останати од ланската екипа, со тоа што најпознатo имe е Kingsley Boateng, а најзвучно малиот новајлија Mastour. Тоа што ме загрижува кај primavera е што има се помалку италијани секоја година.

P.S. Ја гледам Roma со Liverpool, уште 20тина минути до крај, резултат 2:0 и да бидам искрен многу опасно изгледаат во напад!

ReBorned said...

Ночерино 8, Пато 9, Боатенг 10.

ReBorned said...

Потсетување - во 20:00 ќе можете на SportKlub да го гледате Ricky.