Translate

Monday, 2 July 2012

Benvenuto Hachim!!




Вест која денес можеби нема многу да Ви значи но сите во еден глас тврдат дека ќе значи во перспектива! Милан беше побрз од цела Италија и од половина Европа и денес успеа да потпише договор со Hachim Mastour (14), момчето со корени од Мороко но родено во Италија. Многу слична судбина како неговиот многу добар пријател, Стефан Ел Шарави. Момчето кое е нарекувано „новиот Кака“ беше дел од Реџана и беше цел буквално на сите големи клубови во Европа! Со само 14 години брилјира со чувството за гол, брзината и неверојатниот дриблинг и технички способности! Момчето веќе беше споменато и лично од Ариго Саки како една од најголемите надежи на италијанскиот фудбал!

И можеби факт кој најмногу запрепастува и ја покажува големината на овој трансфер и големината на неговите квалитети, момчето со САМО 14 години ќе влета директно во Primavera во која најмладите фудбалери во тимот се 17-18 години!






10 comments:

ReBorned said...

ОФИЦИЈАЛНО: Тиаго Силва го продолжи договорот со Милан до 2017 година!

Ultras Milano said...

Сеа станувам од спиење... 7.5м по сезона?

ReBorned said...

Не, рамно 6 (колку сега зема и Робињо) + бонуси за титули.

Ultras Milano said...

Мхм, видов на твитер сеа. И ова за Хаким видов.
Сега ќе гледаат да скратат на плата нашиве гарант.
И по преминотн а Алба во Барса се повеќе сум сигурен дека Вила таму ќе оди.

Navigator said...

Два одлични дилови денес! Љубовта на ТЅ кон клубот очигледно е огрмна. Плата од 6 милиони како основа би веројатно би прифатил само тука.

ReBorned said...

Два моменти со видеата за детето:

1. На првото видео, дали гледате колку е само набилдан Ел Шарави кога жонглира?!! :О Лани кога дојде беше класично дете!

2. На второто видео малиов жонглира со пинг понг топче!

ReBorned said...

Уште збор-два за малото.

Sky Sports вели дека голема заинтересираност за Mastour освен од Милан имало и од Барселона, Арсенал, Ман УТД и Јувентус но особено силно заинтересирани биле Барселона и Арсенал! Саки инсистирал кај Галијани да се купи ова момче и кога Галијани и Браида отишле да го гледаат на финале од некој куп за млади, Mastour постигнал 5 гола во финалето играјки против момци од 17 години!!
И шлагот од тортата, малото повеќе или помалку било бележано од Интер. Интер имале договор со Реџана бидејки во Италија до 14 години фудбалерот може да игра само во својата покраина! Интер се договорил со Реџана кога ќе наполни 14 години и ќе има право да игра надвор од местото на живеење, да замине во Интер. Но, по наполнувањето на 14 години, самиот фудбалер (нормално и неговите родители) имаат право да бираат каде сакаат да ја продолжат кариерата и тие им удираат корпа на комшиите и доаѓаат кај нас! :)

Ultras Milano said...

Ова со билдањево на EL92 ме потсеќа на слики од Пато кога дојде и сега, сега е мажиште Пато ама очигледно неговите мускули на нозете не мислат така.
Иначе малце се насмеав на ова дека ја покажа љубовта Силва со земање поголема плата :)
Нема врска, помина времето на вечна љубов помеѓу играч и клуб, уште само еден таков човек во клубот ни остана од таа генерација и него ќе го испратиме за една година.
Инаку прочитав сега дека Тиаго станал најплатен дефанзивец во историјата на Серија А.
А овој Хаким предлагам да го олабавиме во наредните 3-4 години, тек тогаш треба да очекуваме нешто посериозно од него.
И нешто што видов што многу ме израдува:

Torino are interested in signing Mesbah. The negotiations have already begun, according to SportItalia.

И се повеќе читам информации дека преговара Милан со рен за некојси нивни 22 годишен дефанзивец со многу долго име поделено на 4-5 слога :)

ReBorned said...

Mastour's agent: "It was in January that Milan started making their move for Mastour."

Mastour's agent: "Inter, Juve, Barça, City and Real Madrid were also after Mastour. We spoke with all the clubs with his family."

@Milanello: Mastour's agent: "We didn't exclude any clubs, but in the end we chose Milan with the conviction that it's the right choice for my client."

И мало појаснување од неговиот агент, значи малиот ќе тренира со Примавера (почнува со тренинзи на 23 Јули) но ќе игра со кадетите затоа што законот не дозволува за фудбалери помлади од 15 години да играат за Примавера. Значи ќе тренира со Примавера а ќе игра со кадетите.

ReBorned said...

На 01:50 дава гол, во дресот на Интер :)

http://youtu.be/hE7NcrRyfM0