По 30 одлични натпревари, по 20 дена фудбалска авантура низ Полска и
Украина, финалето на ЕУРО 2012 ќе го одиграат Италија и Шпанија. Оценката на
најголемиот број на фанови низ светот е дека финалистите се по мерка, ја
заслужија борбата за тронот. И ние во нив, горди на успехот на аѕурите, среќни
поради можноста по вторпат, во живо да бидеме сведоци на крунисувањето на
омилената репрезентација како првак. Двете екипи размислуваат позитивно,
шампионски, ама и претпазливо со огромна почит кон противникот. И не смее да не
биде така. Од една страна актуелен светски и европски шампион, апсолутно
најдобрата репрезентација според индивидуалците кои ја сочинуваат. Шпанците
бркаат историја, нешто што никој никогаш не го направил. Три последователни
големи трофеи, колку тоа доминантно звучи! Екипа што покажа дека не мора да
плени со игра за да добива важни натпревари и што знае својата играчка
беспрекорност да ја сведе на чиста едноставност. Тоа е дури и екипата што
покажа дека може да игра без напаѓач :) И пак се тука, во финале. Ама спроти
себе, одново Италија. Двојно чувство ме обзема кога размислувам за патот до
финалето. Среќен сум за успехот, за момците и Prandelli и затоа што знаев дека можат дотука и еден чекор
понатаму. Но се сеќавам и на критиките, зборувајќи за италијанската
репрезентација повеќе околу нефудбалски теми, отколку за тоа за што се во
Полска. Верувајте, сеќавајќи се на таа вербална тортура уште пред првенството,
најгласна после поразот од Русија во припремите и после ремито со Хрватска, сега
не знам што осеќам повеќе, гордост или нервоза. Дали да им кажам гласно, во
лице дека ова е истата таа Италија или тивко да се гордеам со успехот кој го
доживувам како свој.
Споредувајќи ги двете репрезентации и игрите на првенството, многу фанови
ќе забележат дека две поголеми изненадувања. Италија напаѓа и не игра
дефанзивно и Шпанија не е онолку доминантна како што сме навикнале да ја
гледаме. И двата тима имаа страв од голем неуспех уште во групата. До
последната минута од третото коло, не се знаеше дали фаворитите од Ц групата ќе
минат понатаму. Иако Шпанија мина како прва, со седум бода, во дуел каде сама
одлучуваше за својата судбина, го одигра најбледиот натпревар кој лесно можеше
да има многу поразличен исход. Италија пак, типично за неа, се провлекуваше во
последното коло и тоа, како и најчесто, зависеше од други. Можеби единствената
работа за која ги мразам е тоа бавно влегување во ритам. Ништо, во последниве
година дена, не ми предизвикало таков стрес како мечот со Ирска. Во
четвртфиналињата и двете репки доминантни, но со различен исход на резултатот.
Шпанија наиде на неочекувано анемичната Франција, а Италија пројде дури на
пенали, иако веројатно и Paul Gascoigne би признал дека Италија беше апсолутно подобра таа вечер. Полуфиналето
пак, различна приказна. Сега Шпанија врви на пенали, но не е доминантна.
Напротив, Португалија има повеќе чисти шанси, ама решаваат шутирачки
поспремните штопери на Фуријата и Панчев одново се осеќа глупаво :) Ден потоа,
најдоброто што може да го понуди squadra azzurra. Изгазен најголемиот фаворит, најнадежната екипа на
ЕУРО, составот со најдобрите резултати кој не знаеше ништо освен победа цели 15
меча од натпреварувачки карактер. Го спуштија на земја за мене, најпреценетиот
и најарогантниот тренер, ги вратија во мода критичарите на германскиот
национален состав, ама најбитно, се вратија тие сами во кремот на европскиот
репрезентативен фудбал. И сега одново слушаме за големината на “La nostra nazionale”. А тек што ќе се зборува од вечерва... :)
Италија и Шпанија го немаат оној фудбалски ривалитет познат за некои други
европски земји. Впрочем, Шпанија ретко и кратко се појавувала меѓу најдобрите
низ историјата. Само седум меѓусебни дуели на големи натпреварувања. Од нив, 4
победи за Италија, 2 нерешени заедно со последната од пред дваесетина дена и
еден пораз на минатото ЕП. Но вечер тоа ништо нема да им значи на Del
Bosque и Prandelli, бидејќи и двајцата ќе играат за својата
историја, за своето прво европско злато. Не е така и кај играчите. Најголем дел
од нив знаат што значи да се биде светски или европски шампион и како се
стигнува дотаму. Стигнаа и сега на чекор од нова голема радост. Ќе има славење
вечерва и ќе биде големо. Ќе го нема Materazzi на теренот во Киев, ама затоа капата што му ја
стави не пехарот од 2006тата му ја предал на Chiellini, за и тој да го стори истото. Ќе го нема ни Canna, ама Gigi е доволно заслужен да го крене, овојпат сребрениот
трофеј. А и Prandelli не е
пушач, ама не би му сметал вкусот
на успехот на пурата на Lippi. Circo Massimo е спремен
за повторно да ги пречека шампионите! И ние сме!!
FORZA ITALIA!!! FORZA AZZURRI!!!
13 comments:
Момците дојдоа до крајот! Онаму каде што малку очекуваа/се надеваа! Уште еднаш покажаа, без разлика како ќе заврши овој турнир дека се најдобрим најмотивирани, најсплотени кога тоа е најпотребно! Веќе се на прагот по 3 пат да станат шампиони на големо натпреварување токму тогаш кога италијанскиот клупски фудбал е на столбот на срамот поради шпекулации, апсења, местени натпревари! Уште еднаш се покажува дека (колку и да звучи неверојатно на оние од страна, оние кои не внимаваат на италијанскиот фудбал) Италија е сплотена како едно кога станува збор за националниот дрес! Тогаш нема Јувентус и Милан нема Наполи и Интер, нема толку ваши а толку наши! Тогаш има Raggazzi, тогаш има Azzurri, тогаш има нација! Сето друго што е надвор од претходните граници е дело на личности кои се изолирани од италијанскиот фудбал! Дури и папата го фати фудбалската еуфорија и им честиташе на момците за досегашниот успех!
Веројатно веќе за 7 дена повторно ќе се започне со Вие и Ние, Ваши и Наши! Но сега, вечерва, сите сме едно! Вечерва сите сме Gli Azzurri!!!
Во право си кога велиш дека нема наши и ваши, ги нема крвните ривалства Milan, Juve, Roma, Napoli... Ама за една работа морам да спомнам, а не сакав да ја напишам во самиот пост за да не го грдам. На едно месец и пол пред првенството кликнав like на официјалната страна на FIGC на ФБ. До пред мечот со Англија, едно добри 80% од коментарите беа негативни. По поразот од Русија, после ремито Хрватска, во пресрет на мечот со Ирска, ги читаш коментарите и се чудиш дали тоа е уствари таа страна што ја бараш. Имаше коментари дури и од типот "Како не ве збриша и вас земјотресот, немаше вака да не срамите"! Која утакмица беше толку срамна?? Со Русија, каде се виде цел напаѓачки потенцијал на екипата и што баш сега се демонстрира? Разбирам дека италијаните се лути на случувањата во домашниот фудбал, ама таква недоверба во својата репрезентација? Подобро нема ништо да искоментирам, тоа нема да го кажам. И уште еден куп коментари пред натпреварите: Viva Espana, Ajmo Hrvatska, C'mon Ireland/England од италијани. Навреди за Mario, Bonucci, Diamanti, Giacherini, дури и за Prandelli. И каде се сега тие идиоти? И тие ли ќе слават вечер триумф на Италија? Доста цел фудбалски свет не ги сака заради тоа катанаџо и успеси со провлекување, па и тие сами не се сакаат. Мизерија!
Уште нешто, ама поубаво...
Ако се сеќавате, пред ЕП ви препорачав да го прегледате видеово ако имате време: http://www.youtube.com/watch?v=reMR5kPfXZk&feature=related
Епа јас денес пак го гледав :) и најдов интересен детал. Моментот е 56 минута и 56 секунда! Дечкото што пред само 6 години беше на трибините на Olympia Stadion во Берлин, приватно, со своето семејство, а не во ложа како играч на поширок репрезентативен список, вечерва има можност да го крене европскиот трофеј. Со значително повеќе коса отколку денес, запознајте го Giorgo Chiellini! :)
Уште тогаш го видов, имаше коментирано некој на видеото :)
Очекувам победа вечер, тесна/убедлива заслужена!
И најважно од се сакам да гледам Фудбал!
FORZA ITALIA !!!
Off topic
Се премислил Галијани :)
http://yfrog.com/odgqfrp
http://yfrog.com/nuaw9ojuj
http://yfrog.com/obdearuj
http://yfrog.com/ocjm0mp
http://yfrog.com/obb7atvj
http://yfrog.com/kjs45saj
Мене ипак повеќе ми се свиѓаше другиот бел, а и тој неофицијалниот жолт не беше лош.
Иван такви идиоти, такви не познавачи на фудбалот за жал ги има премногу. Овој ФБ колку е добар толку е и лош. На површина излегуваат многу гнасотии и бљувотини. Сети се на случајот Антиќ после натпреварот со Црна Гора кога беше прекрстен во кантиќ, за две недели покасно да биде славен како државен херој, да не зборам за изјавата пред финалето на евро лига кога пак како волци му се пуштија. За жал свеста очигледно во Италија и во Македонија не е на многу поразлично ниво.
Мој другар хејтер на италијанската репрезентација, од оние по default што се, без причина нели, после поразот од Русија побрза да ме праша што е со овие греотиве, немале група да поминат. И тогаш му го зборев истото што и ти, не брзај му викам, го гледав цел натпревар имаше игра Италија, создаваше шанси, има потенцијал овој тим му викам. Ај он е македонец па може да плука така, овие коментари што ги кажуваш ти немаат никакво оправдување, но сепак се надевам дека мнозинството низ Италија веруваше во овие момци, исклучоци секогаш мора да има, нели, они го потврдуваат правилото. :)
Италија со играта на ова евро затна многу усти, многу критичари и аналитичари седат по дома и си ќутат, јас колку што успеав да приметам не наидов на некоја колумна или слично на некој познат аналитичар што се одважил да подели некој комплимент за играта на Италија. Без разлика што ќе направи вечер впечатокот неможе да се расипе, дека овој состав на Италија покажа храброст, покажа желба и пред се покажа знаење.
Што се однесува до ваши и наши, имам неколкумина пријатели на фб кои се фанови на италијанската репрезентација и ниту еден од нив не го спомна бројот на фудбалери во репрезантацијата од својот тим, иако верувале или не повеќето се фанови на Јуве. Но и самите знаат дека сега тоа е најмалку важно, сега игра Италија не игра ниту Јуве ниту Милан. Иако налетав и на еден профил, вон моите пријатели на кој имаше cover phоto од репрезентацијата со амблемот на секој играч од кој клуб доаѓа, алудирајќи дека мнозинството се од Јуве. Прв показател дека се работи за квази фан на репрезентацијата, дури има и такви што Италија ја прекрстија во Италјуве, втор показател за квази фан. Ако сум идиот треба да навлезам во проста дискусија и да кажам Касано и Монтоливо од Милан му асистираа на Балотели од Сити за да ја победат Германија. Муабет од 16 години пред зграда. Ама за такви идиоти изгледа и така треба.
Нејсе, кажав и во муабет со пријатели дека реално сега е најголемата пречка, поминавме многу јаки репрезентации, Англија која излезе со 7 бода од групата, фаворизираната Германија(за мене без основ) и сега доаѓа последователниот европски па светски шампион. Но има ли подобра прилика да се прикаже дека ништо не било случајно и да се крене пехарот против таков противник!
Малце се тресам да бидам искрен, ме пука суеверие дали да гледам дома или да гледам на местото каде што гледав до сега, дали да носам маици, капи и знамиња или да си бидам нормално облечен као до сега на сите натпревари.. и ред други работи :) ...ама уште нешто знам, дека и шпанците се тресат!!!
FORZA ITALIA!!! ANDIAMO AZZURRI!!!
Скроз си во право Владе! Многу слично се осеќам, освен тоа со суеверието :) Се плашам од шпанците, стварно се страшна екипа. Навивав за Потругалија и криво ми беше зашто испаднаа. Ќе беа полесен противник, дефинитивно. Ама како што кажа, против најсилниот треба да се круниса оваа убава епизода на италијанскиот фудбал. Стопати кажав и сите знаеме дека подобро е да не бидат фаворит и да започнат како "послабите" во мечот. А дека се плашат и тие од аѕурите во налет, тоа е очигледно. Потивки се, не се полни со самодоверба како пред 2 години, ја спуштаат фамата околу нивниот евентуален успех. А стварно би бил историски...
Инаку со текот на времето отрпнав на таквите провокации, на коментарите. Веројатно е и до годините, ама и до познавањето. Се почесто ја користам фразата: Остави, ќе дојде време, ќе видите. На СпортКлуб дадоа 4 или 5 пати снимка од Италија-Русија. Цимерот ја гледаше секогаш кога ќе ја начекаше, за да ме испровоцира. Ја гледав и јас со него оти со секоја снимка се повеќе се уверував дека тоа е таа напаѓачка игра што ја сакам. Не мислам на одбранбените грешки, секако.
Ама радувањето на успесите не попушта очигледно. Се уверив против Германија :) Гледам исклучиво сам дома (евентуално со татко ми), наизменично облечен во белиот Kappa од 2002 или синиот Puma од 2004, завиен во знаме и сина алка со знамето на неа.
ANDIAMO RAGAZZI!!!
Buffon, Abate, Bonucci, Barzagli, Chiellini, De Rossi, Pirlo, Marchisio, Montolivo, Cassano, Balotelli.
Chiellini на лев бек, Abate на десен. Искрено, не ми се допаѓа изоставувањето на Balza. Беше прекрасен и на двете страни. Зарем не можеше Chiellini да оди на стопер а лево да покрива Balzaretti? А шпанците повторно без напаѓач... Овојпат Del Bosque мора да плати!
Кога по натпреварот со Англија сите зборуваа дека Италија сега ќе налета на Германија и нема да знае што ќе и` се случи, на твитер јас напишав: „Прво беше Шпанија и Хрватска во групата, после беше Англија, сега е Германија...“ на што добив коментар дека Германија ќе ја сомеле Италија како бабата што меле леблебија. Јас на тоа одговорив со еден збор: Добро.
Потоа добив пак коментар кој гласеше: Затоа не скокај многу, Германија не е Ирска или Англија.
Јас си останав на тоа, добро.
Муабетот ми беше, џабе е расфрлањето со зборови, џабе се закачките кои не водат никаде, претпочитам да го гледам мечот па потоа да коментирам. Нормално дека сакам злато, нормално дека сакам да го поминеме овој последен натпревар, оваа последна пречка! Но колку и да звучи како клише’ јас сум презадоволен од момците и моите импресии за нивната игра на ова ЕП нема да се промени без разлика како ќе финишира вечерта!
Една работа е сигурна, притисокот е кај нив, Италија сите ја гледаат како најпријатно изненадување на турнирот како резултатски така и во стилот на играта но дури и во финале никој не ја гледа како шампион! Тоа е нашето опкружување, тоа е амбиентот кој го сакаме!
E Andiamoooo!!!
Заслужена победа на Шпанија, одиграа најдобро кога беше најпотребно!
Резултатот е превисок но победата заслужена! Прандели речиси цело ЕП го „одигра“ без грешка но не му ја сфаќам таа измена на Мота во игра на 2-0. Не поради повредата туку воопшто поради филозофијата со таа измена.
Шпанија заслужено до престолот!
Италија одлично до финалето, реално толку беше дострелот! Веројатно Италија го одигра најдобриот фудбал на ЕП без ова финале!
Апсолутно, копи пејст од коментар на Ри овде.
Само сакам да додадам дека не уживав многу во фудбалот во ова финале, едноставно кога и да играат шпанците не се изнагледувам многу фудбал.
Заслужено, без збор! Јас нема да направам copy-paste во делот за Prandelli. Имам две забелешки. Веројатно пак нема да се сложиме за она истото како и кај ТЅ и Max. Ако од самиот почеток се забележува дека Chiellini не е спремен 100%, тоа мора да го знаел тренерот. А пак тоа значи дека ризикувал и тоа, пази, на сметка на играч што одигра брилијантно на претходните две утакмици. Мое мислење е дека Giorgo требаше да остане на клупа, колку и да го боли тоа. Тоа, нормално, не значи дека немаше да го примиме голот или дека немаше мечот да биде загубен. Втората грешка ја гледам во влегувањето на Motta. Трета измена во 54та минута е преголем ризик. За жал, ризикот се оствари и сето после тоа беше решено. Разликата е преголема, но ако коментираш затоа личиш на плачко, а немам намера тоа да бидам денес. Најмногу заради тоа што сум горд на овие момци, на стручниот штаб, на играта, на храброста, на единството, на шоуто што ни го дадоа. Многу сум тажен, ама одвај ќе чекам повторно да ги гледам во квалификациите.
GRANDI AZZURRI!!!
Абе ивче гледаш и кај Макс и кај Чезаре ист случај, едноставно за нив поризично е да го остават својот најдобар дефанзивец на клупата одколку да го пуштат во игра.
Те сваќам комплетно на што целиш, ама тоа е тоа јас лично мислам дека и тоа немаше да има некаков импакт на натпреварот, Шпанците го изиграа својот најдобар натпревар и едноставно мораа да победат тоа е тоа.
Е сега малце занимација со нашите момци во Венецуела и на крај ќе останеме со само шпекулации околу трансфери.
Post a Comment