Полека но сигурно почнува загревањето за сезоната што претстои. Сезона која за Милан ќе биде најблаго кажано, поинаква. Тимот го напушти цела екипа (11 фудбалери) од кои голем дел беа дел од историјата на клубот а си заминаа и 2 фудбалери кои беа сегашноста на Милан. Кога се мора без секој се може па со оваа парола го започнуваме и првиот (полу) официјален турнир, Тим Трофеј! Вакво чудо од турнир во кој 3 најдобри екипи во Италија меѓусебе по 45 минути, можат да измислат само италијанците но Тим трофејот секогаш бил одлично место да се загреат срцата пред почетокот на сезоната и да се видат на дело некои нови фаци и членови на младинскиот погон. Во очекување на новите засилувања (или поточно кажано, замени) за Zlatan и Thiago Silva, Милан вечерва ќе ги претстави на дело оние кои веќе се тука (Traore, Acerbi, Constant) како и оние кои биле дел од младинскиот погон а сега се или на вратата на сениорскиот состав или на вратата за заминување на позајмица (De Sciglio, Carmona, Cristante, Valoti, Ganz).
Се' на се, одлична премиера во Бари!
Веќе добро знаеме, секоја од екипите ќе одигра по два натпревари со секој од своите противници во траење од 45 минути. Доколку резултатот заврши нерешено, се оди на шутирање на пенали. За победа во регуларен дел се добиваат 3, за победа на пенали се добиваат 2, за пораз на пенали 1 поен а за пораз во регуларен дел не се добиваат поени.
Составите на екипите на двата натпревари ќе бидат шарени но приближно би требало да изгледаат вака:
Нашиот Милан својот прв натпревар ќе го одигра во 21:45 против тимот кој ќе биде поразен од првиот натпревар на TIM меѓу Интер и Јувентус. Веднаш потоа во 22:45, Милан ќе го одигра својот втор натпревар против победникот од Интер и Јувентус и со тоа ќе се знае победникот на TIM Trofeo.
Откажав на девојка ми излегување за вечерва и спремен сум за TIM. Ќе имаме солидна шанса (не би рекол одлична затоа што сепак е почеток на подготовките и физички/тактички тимот е на почетно ниво) да го видиме на дело Traore, El Shaarawy, De Sciglio, Carmona, Valoti и некои други барем за мене, понтересни фаци.
Forza Milan!!!
12 comments:
Ги гледаш составите и заклучуваш дека Juventus моментално едноставно е пресилен за тимовите од Милано. Milan и Printer комбинираат со неопходното и потенцијалното, додека Juve и без сите тие силни репрезентативци составува скоро целосно различни 2 х 11. Многу извесно е дека таа предност ланскиот шампион ќе ја има во текот на цела сезона.
Околу нашата екипа, мислев дека Taiwo сепак ќе добие последна шанса да докажување и ќе одигра пред Mesbah. Со Urby пак ќе се експериментира со позицијата, иако оваа MLC е некако најприродна, барем во оваа формација. Во ситуација на недоволен број на везњаци Traore нема да биде тестиран како последен играч за врска, а требаше. Нападот ќе биде интересен да се проследи индивидуално, особено да се следи напредокот на SES. Сакам да го видам Valoti со малку поголема минутажа, а уште повеќе Carmona кој ми е личен фаворит од цела primavera. Штета што годинава турнирот се игра многу рано во припремите, инаку секоја година ги гледавме скоро целосните состави и беше убав репер за јачината на трите најголеми фаворити за Скудетото. Симпатичен турнир, магнет за публика (скоро 40% tv-share има во Италија), убав почеток на припремите и шанса за трофеј со мало натпреварувачко, ама големи значење за атмосферата и самодовербата. Особено за нас, во ваква ситуација!
FORZA MILAN!!!
Како што истакнав порано и јас сакам да го видам Траоре на DMC но се чини та MRC е негова најприродна позиција, тој сепак е нешто како box to box играч. Би сакал повеќе да го играме Боатенг на MC и да го пробаме Ел Шарави на AMC. Можеби во нашите редови го имаме тој AMC што го бараме.
По зголеменото незадоволство на поединечни навивачи со купени сезонски карти (официјалното раководство на Curva Sud се' уште е со раководството), Галијани ЈАВНО И ОТВОРЕНО призна дека доколку има незадоволни можат слободно да се обратат кај Милан и клубот ќе им ги рефундира паричните средства! Ова доаѓа како резултат на тоа што сезонските билети беа пуштени во продажба веднаш по одбивањето на Берлускони за трансфер на Тиаго и неговото „продолжување“ до 2017. Билетите на себе имаат слика од Тиаго!
Новата „замена“ на Тиаго доаѓа од Франција и се вика Mapou Yanga-Mbiwa, 23 години, фудбалер на шампионот. Од она што јас го гледав на јутуб (немам го гледано во живо) ми делува малку коптаво и несигурно со топка но голем, огромен број на фанови тврдат дека за момчето само небото е граница и дека станува збор за фантастичен дефанзивец кој можел да одигра и на DMC. Неговата трансфер сума е пристојна (6-8 мил) поради тоа што во 2014та му завршува договорот. Би играл за уште попристојни 1 мил. по сезона.
Ако за одбраната и воопшто кубуриме со некои имиња, ситуацијата во нападот е алармантна! Деновиве се поврзуваме со имиња како Матри, Бендтнер и Керол за опции во нападот.
http://www.thefirstrow.eu/watch/131607/1/watch-ac-milan---inter---juventus,-triangular-tournament.html
OFFICIAL line-up vs. Juve: Amelia; De Sciglio-Bonera-Yepes-Taiwo; Traoré-Ambrosini-Urby; Boateng; El Shaarawy-Robinho.
Гледав само 15тина минути од полувремето (баш од пеналот) и не можам многу да коментирам за играта. Од тоа што го видов, физичката спрема е задоволителна и не личи на екипа што се спрема 10тина дена. Друго што ми падна во очи во тие 15 минути е дека многу нешто во средината се вртат околу Traore, учествуваше во скоро секоја посериозна акција. Не знам колку е тоа добро или лошо. И уште нешто, Juve во едно полувреме имаше ист број на принудни измени колку во цела полусезона. Не се радувам заради тоа, нормално, ама нека видат како е да се стравува од повреда и да се исчекува докторската изјава. За нас сега почнува најбитното - Дербито :) Ај да ги здробиме printer-овци и да си кренеме трофејче.
P.S. Што ако ние тепаме сеа 1:0? Како се одредува победникот?
FORZA GRANDE MILAN!!!
Напред се гледа дека играме со двајца SS а немаме напаѓач. Кога ќе бидеме комплетни во натамошните подготовки, мораме да пробаме широка 4-3-3 на еден натпревар! Едноставно мораме!
De Sciglio направи еден cross на втора статива до El Shaarawy каков што Abate нема направено во цела досегашна кариера!
Taiwo е чудо од фудбалер! Прави добар потег и веднаш потоа греши 3 додавања по ред а во меѓувреме стандардно се губи во позиционирањето и го изложува Yepes да покрива и за него!
Пеналот беше dive и немаше фаул ама тоа е тоа.
И да, теренот за игра е ужасен!!
Децата пружија далеку подобра игра од сениорите во претходниот меч баш таму кај што сме најтенки, во средниот ред. Cristante и Valoti одлично се носеа со поискусните фудбалери на Интер а El Shaarawy уште еднаш покажа дека има брзина и спортска дрскост за резултати и голови. Acerbi заспа при првиот примен гол а покажа зошто алудирав цело време дека ќе имаме проблеми со бавност на одбраната, при вториот гол!
Се' на се, далеку сум позадоволен од вториот натпревар.
Убаво се покажа тоа што го спомна Ри пред некој ден и од што стравуваме сите - спорите стопери. Штета што од две шанси примивме два гола, а имавме неколку убави продори на Valoti, Carmona, Urby и Boa на почетокот. Нормално дека не судиме од две полувремиња, ама веројатно дека познатите недостатоци ќе се појавуваат на секоја следна припрема. Во овие услови, со овој состав, очигледно е дека SES се издвојува со своите квалитети и многу работи зависат од него. Allegri мора, а сигурно и самиот тој знае дека треба да приклучи дел од овие млади играчи кон поширокиот состав. Пред се Valoti и Carmona. Секоја чест и за Cristante, ама барем јас не ги гледам неговите квалитети така изразено. Има уште многу играчи што ќе значат сезонава, а не ги видовме во Bari вечерва. Истиот случај е и со конкурентите. Ќе почекаме само три дена до мечот со Schalke каде би требало малку од малку да работите да бидат појасни, па ќе можеме поаргументирано да фалиме и критикуваме.
А да, сега добро гледам што значи кога некој ќе каже: Играчите доаѓаат и одат, успесите и титулите исто, ама љубовта кон клубот останува, секогаш. Искрено, мислев дека продавањето на ТЅ и Ibra ќе ме инзнервира доволно за да одбијам да пратам како досега, ама еве, вечерва сум на роденден, најдов тука мало лаптопче, си направив personal hotspot од телефонот и гледав. Тие што ме видоа ми кажаа дека сум луд :) Изгледа навистина сме луди по клубов :)
Јас дома бев па пак морав преку personal hotspot од телефон да си пуштам нет заради идиотине од blizoo.
Како и да, сигурно неможе по два нецелосни дуели да видиме каков ни е потенцијалот, посебно што трансфер пазарот е далеку од затворен и очекуваме засилувања. Сепак морам да кажам дека очекувам многу повеќе од Ачерби, искрено не верувам дека ова е играчот што го доведовме за да го замени Неста првично. Младинците многу подобро ги пратите вие, јас искрен да бидам ретко ги гледам освен на highlights од поважни натпревари. Од тоа што можев да видам Валоти ми фати најмногу око. За Де Шиљо не ни коментирам, дете е веќе спремно да настапува за првиот тим.
Се надевам на здрав Пато во текот на годината и очекувам во таква ситуација многу од него(иако со две раце ќе потпишев продажба негова и пред Ибра и пред Силва), се надевам на квалитетно засилување на местото на Ибра, т.е. на позицијата CF, муабетите со Матри ми се во најмала рака смешни, ќе страда некој во мојава околина во моментот кога ќе прочитам дека Матри стигна како замена за Ибра!!
Се надевам, и ќе се надевам, и сите ќе се надеваме, што ќе излезе ќе видиме :)
Денес Милано врие како во котел!
Дел од навивачите се радикализирале и пред седиштето во Via Turati поставиле некролог за Милан во кој симболично го прогласуваат за мртов клубот и на некрологот има датум 1889-2012. Околу некрологот има поставено свежи цвекиња.
Ситуацијата до толку е вжештена што се чини многу не помогна изјавата на Галијани дека навивачите со сезонски билети кои не се задоволни од клубот можат да побараат рефундирање на средствата па сега и Берлу лично размислувал да им се обрати на фановите преку Milan Channel и да ја објасни стратегијата за иднината на клубот!
Momci na odmor sum zatoa me nema, zatoa latinica i zatoa nemozam da si go pogodam passwordot na gmail-ot.
Gledav highlits od trofeo tim i go delime istoto mislenje, samo ke dodadam deka samo od montolivo ocekuvam vrvna igra od site zasiluvanja do sega, drugite mi se prosecni.
Acerbi kolku i da e eden skromen decko sto naviva za Milan ne mi deluva kako nekoj kapacitet.
Gore dolu go mislam istoto i za drugite.
Toa sto go napravija navivacite celosno go podrzuvam posle vakvi potezi i poveke od logicno o ne treba da bladame deka sme konkurentni.
okolu penalot na vucinic mi se blue.
A i da ne zaboravam:
Coutinho = Pato vol.2 :)
ULTRAS MILANO
пишувам
Post a Comment