Translate

Sunday, 19 August 2012

Trofeo Luigi Berlusconi


Дојде време и за последниот посериозен тест пред почетокот на сезоната. Традиционалниот трофеј на Сан Сиро кој веќе неколку години наназад се игра против Јувентус. Трофејот (кој многумина сметаат дека го проколнува победникот поради сплет на околности во минатото) двата состави го дочекуваат во апсолутно различна атмосфера. Од една страна, Јувентус како актуелен шампион во Италија, екипа која сè уште е непоразена во натпревар по 90 минути (иземајки го купот), актуелен освојувач на супер купот на Италија и екипа која повторно имаше одлично трансфер лето. Јувентус имаше трансфер лето во кое ги пополнија (подобрија) сите свои дупки во тимот и чекаат само еден одличен гол играч за да биде затворена трансфер сезоната (веројатно тој напаѓач ќе биде Љоренте од Билбао).
Од друга страна, Милан овој натпревар (и воопшто оваа сезона) го дочекува во траорна атмосфера. Клубот ги загуби двата најдобри фудбалери во тимот а сè уште не донесе адекватни засилувања. Освен Монтоливо кој е фудбалер од вистинска класа, сите други фудбалери кои досега го засилија Милан се т.н fodder фудбалери односно фудбалери со кои клубот добива на квантитет и ротација но доколку не се случи некое чудо веројатно ниту еден од нив нема да донесе значителен квалитет на првите 11. Има уште нешто помалку од 2 недели за комплетирање на трансфер сликата на двата тима (која во случајот на Милан со било каков исход во овие 12 дена, нема да биде розева).

Во однос на вечерашниот натпревар, двата тима имаат отсутни. Кај гостите ќе недостигаат првиот голман и капитен, Буфон и креаторот Андреа Пирло кои се пожалија на ситни повреди.
Во тимот на Милан иронично, исто така ќе недостига капитенот Амброзини како и Ночерино кој вчера на тренингот се здоби со незгоден удар на зглобот па нема да се ризикува со него. Во ваква ситуација, првите 11 на двата тима би требало да изгледаат вака:


Мексес не е ниту меѓу повиканите и тоа носи нови шпекулации за неговата иднина. 
Constant кој остави солиден впечаток би требало да го замени Nocerino на левата страна иако и Urby кој беше во најдобра форма во подготвителниот период е опција. Уште една дилема е кој би заиграл покрај Bonera на CB но според последните информации, предност ќе добие Zapata (иако стигна во Милано пред неколку дена).
Јас не верувам во малери и проколнати трофеи и секоја било каква победа ќе ме направи среќен.
Инфо околу мечот кое го твитнав и на #MilanFansMkd, доколку натпреварот заврши нерешено по завршувањето на стандардните 90 минути, директно ќе се премине на изведување на пенали.
Друг интересен детаљ околу овој натпревар е фактот што за прв пат  ќе можеме да видиме како изгледа новата artificial трева на Сан Сиро која е составена како мешавина на вештачка, синтетичка и природна трева со која се надевам дека стихијното повредување на фудбалерите во тимот ќе стане минато.

Forza Milan!



24 comments:

Anonymous said...

Јас мислам дека отстуствата на Буфон и посебно Пирло повеќе ќе го ослабат Јуве отколку Амбро,Ночерино и Мексес нас.
Очекувам да сме доста мобилни во нападот но во исто време и доста ранливи во одбраната.
Ја планирам да си ја играм 0-2.

ReBorned said...

Колку си само контрадикторен :))


„Очекувам да сме доста мобилни во нападот но во исто време и доста ранливи во одбраната.
Ја планирам да си ја играм 0-2.“

ReBorned said...

Milan Abate makes no warranties

His metamorphosis from external attack at quarterback has been one of the key tactics of Leonardo and Allegri - the first chapter, but with the passage of time Ignazio Abate instead of improving seems to do just steps back. Former child prodigy , promoted to owner ' age of 22, the defender of Sant'Agata de 'Goti is becoming an increasingly common right back, to a limited extent, unable to give added value that is used to a great team like Milan. The summer blue orders Prandelli, at the European and at the friendly against England at Bern, has sounded the alarm worrying Abate is getting worse on the defensive and the offensive does not warrant or cross or participation in the collective game .

For Milan is an untouchable, not coincidentally sent to the sender of a feeble attempt to take Paris Saint-Germain in Paris, but Allegri is expecting something more this season. To Abate will be a decisive year, or makes the leap or risk ending up on the market in the summer of 2013, despite a contract until 2015 . Milan is focusing on young De Sciglio, overtaking is around the corner.

Navigator said...

Прво, браво Ри за постот. Не можам да си ја објаснам мрзава што ме има зафатено последните недела дена околу блогов. Сношти зедов да пишувам и се откажав после две реченици.
За мечот, стварно не ме интересира дали Pirlo или кој и да е ќе игра или не и колку тоа ќе делува на играта на Juve. Не е клише ако речам дека ме интересира само играта на Milan, затоа што овојпат ние сме полни со проблеми, а тие само ја усовршуваат воспоставената игра и форма, што рака на срце изгледа шампионски. Се осеќам малку глупаво кога треба да коментираме предсезонски меч летово, а уште повеќе што ова е последниот меч. Тоа го велам затоа што наместо со секој нов меч да дебатираме за тоа колку новите играчи напреднале или како се вклопиле најновите засилувања, ние сме во ситуација да коментираме едно исто, а стартот на Калчото е се поблиску. Ние всушност зборуваме за истите играчи, ги анализираме истите момци од почеток до денес, со исклучок на приклучувањето на репрезентативците + Zapata. Тоа што можеби G и B планираат не "изненадат" на 31ви, подобро е да знаат дека не му прават услуга на тимот, особено не на Allegri. Со едно или две кола зад себе, уигрувањето на нов играч со тимот оди многу, многу потешко.
Денес ќе имаме прилика барем отприлика да ги осетиме јачините на двата состави. Да го видиме Pato, за кој се надеваме дека полека влегува во форма, да го видиме конечно Montolivo од старт на плеј и можеби најважното, да го видиме дебито на Zapata, од кој неправедно ќе очекуваме да воодушеви уште вечерва, само заради залекување на стоперските маки наши :) Не знам, ќе биде тешко да се победи Juve, ама не знам ниту колку двата тима ќе сакаат да ја покажат вистинската сила на недела дена пред првото коло. Како и да е, очекувам победа!

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

И едно прашање оф топик Ри: зошто кога пишувам твит и ставам таг #MilanFansMkd, а потоа го отворам тагот, не можам да го видам мојот твит. Ниту можам да го видам во овој нашиот виџет на блогот.

ReBorned said...

Некогаш постои мал лаг на твитер и можно е да не можеш веднаш да го видиш во хаштагот. Сепак, би требало да го видиш тука на сајтот, како што можеш да видиш сега, десно има твитови и од двајца различни луѓе со исто име и презиме :) Како и некој претходен РТ кој што ми го дале на мене а бил заедно со #MilanFansMkd.
Или се случил некој крах баш во моментот кога си пишувал или си згрешил некоја буква.
P.S Споделив на хаштагот убава сторија за тоа што би можеле да очекуваме од Пато во иднина. Читнете ја.

ReBorned said...

Сабајлево откако го напишав постот прочитав неколку поста на англиски користејки го google translate кој се наоѓа на самиот блог. Можам да кажам дека преводот од македонски на англиски е зачудувачки точен само е потребно да пишуваме чист македонски јазик и да не избегнуваме да користиме невообичаени зборови (како на пример „иземајки“ во мојот пост).
Ова го зборувам од причина што преѓеска добив РТ за името на нашиот блог од RossoneroBlog кој има 23.350 следачи и веќе некои од нив го посетиле сајтот. Муабетот ми е дека можат да ги читат статиите преку транслејторот, само е потребно да пишуваме чист македонски јазик. Одиме интернционално момци :)

Navigator said...

Да да, затоа кога "реновираме" и кога го ставив трансејтот не прашав никога дали да го оставам. Го прочитав тогашниот најнов пост со превод и исто, се зачудив колку точно го преведува. Само да го задржиме литературното низ блогов :) Е сега ќе треба и малку да го споделиме, ако сакаме читатели плус, а ти и Драган сте за тоа главни :)
Инаку те прашував за таговите оти ми се случи и пред некое време истото кога твитав со таг, па си реков да не има некој финта :) Ќе видам кога ќе твитам следно, ама фала во секој случај

Navigator said...

Не знам, не верувам во чиста трампа. Факт е дека двата тима имаат потреба од противничкиот играч, ама моментално Cassano е многу покорисен како играч за било која екипа. Можеби со некоја доплата на наша сметка, ама можеби...

ReBorned said...

А кога ќе ти кажам дека шпекулациите одат до таму дека НИЕ ќе го дадеме Касано + 7/8 милиони евра?! Нашите не давале повеќе од 5.
Касано вечерва нема да игра, тоа е доволен знак дека работите се сериозни.

Navigator said...

Ако е тоа точно, тогаш ние самите си правиме шала со името на клубот. Cassano е подобар играч, моментално незаменлив репрезентативец, не дава само голови, туку и асистира, поскап е на пазарот. Што треба повеќе? И згора на се, колку и да беше лошо летово за нас, Шинтер е во понезавидна ситуација и има послаб тим. Па да му се навиди, ми стана навика да се запрашувам дали се нормални овие!
А во таквите поврзувања дека нема да игра заради преговори не верувам. Нели и Dzeko, претходно и Tevez не играа заради скоро договорени трансфери. Еве ги денес двата се стрелци за City. Cassano дури и да беше најсигурниот играч на Milan во смисла на останување, вечерва секако немаше да стартува. Robinho заслужи да го почне овој натпревар, Boa мора да игра на ваквите припреми, а Pato конечно го дочекавме да одигра утакмица летово.

ReBorned said...

Di Marzio вели дека Милан ќе го понуди Касано + 5мил. за Пацини.

Прочитав и една друга футуристичка шпекулација ама ич не Ви ја кажувам да не ви гаам за џабе надежи :))

Navigator said...

Како и да е, Matri > Pazzini + Borriello!

Слободно кажи што е трачот :)

ReBorned said...

Португалски сајт, прва опција ни била De Rossi а ако не успееме да го донесеме него (нели е на работ на City) ќе сме го нападнеле Axel Witsel :)
Трета опција Nigel De Jong.

Цел муабет е за Witsel, дека сериозно сме биле загреани за него (сајтот е португалски).

ReBorned said...

Составот лудница! Нема врска со оние што се прогнозираа.
Веројатно сè уште се плашат да започнат со Пато поради сето она што се случуваше минатата сезона. Играме 4-3-3 со Боатенг и Урби зад Робињо и со колумбиска одбрана назад?!

(4-3-3): Abbiati_Abate-Zapata-Yepes-Antonini_Flamini-Montolivo-Constant_Boateng-Robinho-Urby

ReBorned said...

El Shaarawy нема да биде вечерва на клупата поради повреда во последен момент. Знаејки го Алегри кој апсолутно секогаш сака да има барем 1 напаѓач на клупата веројатно затоа тргнуваме со формација 4-3-3 и Пато на клупа. Имаме само 2 напаѓачи од кои 1 е Бињо :)

Navigator said...

Хаос состав!

Еве добар стрим од Арена ТВ - http://www.sports-x.net/p/channel1.html

ReBorned said...

Делувавме изненадувачки одлично првиот половина час, потоа паднавме. Незнам дали тоа се должи на квалитетот на фудбалерите или се случи пад поради физичката подготвеност но првите половина час бевме одлични! Ние ја диктиравме играта, ние правевме шанси и таа 4-3-3 беше многу флуктуирачка и хаотична, мислиш дека секој трча кај ќе стигне а се е одлично склопено. Така го постигнавме и голот, по одлична, течна акција по земја! Во последните 15 минути од првиот дел паднавме и тие ја свртија играта. Нини пак се удави на офсајд замката!

За мене 2 позитивни работи во првиот дел:

- Кевин Констант. Иако и тој како остатокот од тимот падна после половина час, првиот дел од ова полувреме го одигра одлично! Одзема еден куп топки, одлично ја градеше топката и се уфрлаше напред! Задоволен сум!

- Запата. Презадоволен! Пресече еден куп топки и се гледа дека е фудбалер кој знае да ја чита играта. При нивниот втор гол, одлично и тој и Јепес се извлекоа напред за да биде Видал во офсајд но Нини ја заеба! Одлично прво полувреме за Запата!

Navigator said...

Добро кај беше Zapata за двата гола?? Не дека беа негови грешки, ама тој мора да биде на негово место при вакви ситуации. Кај првиот гол му оставаш на Flamini да покрие 1 на 1, а кај вториот, играчот втрчува на неговата половина од теренот. Не оди тоа така! Општо земене, одбрана не личи на ништо. Неколку одземени топки и тоа најчесто против Giovinco во дуел што не те прави опасен дефанзивец. Друга лоша работа е десната страна од средината кај што игра Flamini и кај што Vidal и Marchisio прават лом. И Urby не ми се бендиса, малку се забележува.
Од добрите работи ќе издвојам одлично сместување на Montolivo како креатор, живоста и раздвижесноста во нападот, цврстата игра на Constant и добрата офанзивна фаза на Antonini, поизразена на почетокот.
Ај да не критикувам премногу, има уште цело полувреме, ама иритирачки е кога гледаш како нивните напади одат покомотно, потечно, полесно влегуваат во шанса...

Navigator said...

Сериозно, кај се стоперите кога треба да се во 5те метри??

ReBorned said...

Назад сме дупки! Страшно!
Да се поправам, во второ полувреме секаде сме дупки! Во прво, имавме лоша одбрана ама барем игравме sexy фудбал во напад, сега сме очајни!

ReBorned said...

Распад систем во второ полувреме.
Малку светли точки. Мислам дека Берлу и не го дочека крајот ако добро забележав.

ReBorned said...

GALLIANI: "We have negotiations going on for Cassano, he has asked to leave the club."

И како размислуваше Касано...

http://www.rossoneriblog.com/2012/05/12/cassano-milan-treat-you-like-a-king/

Navigator said...

пишувам нешто, ако не е итно, воздржете се ;)