Уште точно 7 дена до завршување на преодниот рок. Преоден рок во кој фановите на Милан очекуваа многу, особено што клубот остана без своите 2 најголеми ѕвезди но барем засега, не добија речиси ништо. Единствен фудбалер кој би требало драстично да влијае со својот квалитет во стартните 11 на Милан е несомнено, Ricardo Montolivo.
Но да се вратиме наназад, Allegri веќе неколку пати повтори дека ќе биде задоволен доколку Милан ова лето донесе еден централен дефанзивец, еден фудбалер од среден ред и еден напаѓач.
Милан веќе го донесе Pazzini. Типичен fox in the box каков што Милан нема по пензионирањето на Super Pippo. Фудбалер кој доколку влезе во добра серија и со крената самодоверба може лесно да има сезона со 15+ голови. Од една страна, со доаѓањето на Pazzini би требало да бидеме покриени на позиција напаѓач. Сепак, тоа што Pato повторно оди по старите навики, предизвикува една резервираност кај управата која се чини, ќе сака да биде покриена со уште еден напаѓач.
Да дефинираме кои се реалните опции за засилувања во Милан.
- Синот! Баш така го дефинираат сите познавачи на состојбите во Милан, Ricky Kaka. Момчето кое е вечен фетиш на Берлу и G, момчето кое никогаш нема да биде заборавено и момчето кое секогаш ќе биде вклучено во сите можни комбинаторики за враќање во Милан. Разговорите се прекршуваат на оној дел каде што G бара позајмица а Реал сака целосен трансфер. Ricky има енормно високи плати за италијански прилики и веќе се согласи драстично да ги редуцира (за 3 милиони помалку). Со Ricky, Милан добива пред сè еден boost во моралот кај клубот и навивачите. Ricky и ваков каков што е, пак е нашата најдобра опција за креативност на теренот. Со неговото евентуално доаѓање веројатно нема да се зема уште еден класичен напаѓач поради тоа што со него во тимот, Милан може да игра и 4-3-2-1.
- Nicklas Bendtner. Данецот кој никогаш не се докажа во Арсенал е уште една опција за нападот. Јас сметам дека би бил вишок потрошени пари пред сè поради тоа што веќе го земавме Pazzini.
- Omar El Kaddouri. Со своите 22 години важи за еден од најперспективните офанзивни фудбалери од средниот ред или популарно наречени во Италија, trequertista. Фудбалер на Бреша кој е цел на сите големи клубови во Италија но во последните денови е поврзуван со заедничка операција на Џенова и Милан (слична на онаа со Боатенг). Формулата за негова аквизиција би била таква што фудбалерот би бил купен од Џенова а потоа во Јануари, 50 % од неговите права би купил Милан и би се преселил на Сан Сиро. Милан има потреба од таков тип на фудбалер.
- Nigel De Jong. Деструктивецот на Man City е една од реалните опции за чувствителната DMC позиција која остана лабилна по заминувањето на Van Bommel. Таму прва опција е капитенот Ambro но тој не може да изигра цела сезона. Опција плус на таа позиција е и Montolivo, но општо прифатена констатација е таа дека доколку може да се реагира на пазарот, Montolivo би бил идеално да се игра во средниот ред десно, на позиција MRC со тоа што ќе има поголема слобода и ќе биде пооопасен за противничкиот гол. Токму во тие комбинаторики би дошла опцијата, De Jong. Со De Jong на DMC, можеме слободно да го играме Montolivo на MRC а Nocerino на MLC. Со евентуално доаѓање на De Jong, Милан може лесно да ја смени и формацијата во 4-2-3-1 со која De Jong во средината би му го чувал грбот на Montolivo.
- Lass Diara. Уште едно име за иста позиција. Голем проблем претставуваат неговите енормно високи примања и веројатно поради тоа Милан нема да може да го разгледа како опција. Сличен стил на игра како De Jong и слични реперкусии по играта на Милан како фудбалерот пред него.
- Royston Drenthe. Синоќа се појавија шпекулации дека Милан веќе и го пазарисал овој страничен фудбалер со договор до 2016 и примања од 3.5 милиони евра. Сличен стил на игра како Urby и слична позиција на теренот. Напаст во напад и напаст во одбрана. Неговото доаѓање може да значи менување на сегашната 4-3-1-2 во некоја поширока формација со крила како 4-3-3 или 4-2-3-1. Друга варијанта е да биде пробан на позиција лев бек (каде е нашето болно место) но верувам дека дури и еден Antonini би бил Maldini за него во дефанзива.
- Mbiwa, N'koulou, Kolo Toure... Сите овие имиња од одбраната се ставени во еден кош поради фактот што нивно евентуално пристигнување е врзано со заминувањето на Mexes. Доколку Mexes си замине до крајот на преодниот рок (не е тајна дека Милан бара тим за да се ослободи од него), веројатно е да пристигне нов централен дефанзивец. Во спротивно, не би се менувало во тој дел од тимот.
Многу комбинаторики кои многу можат да влијаат на позицијата на табелата но и на распоредот на фудбалерите на теренот. За само 7 дена ќе го знаеме конечниот состав и комбинаториките за формациската поставеност на теренот.
Forza Milan!!!
23 comments:
-Млад дефанзивец
-Де Јонг
-Кака
Мои желби од понудениве.
Ако е вистина тоа за Макс и Зе Едуардо тогаш му се поклонувам на шефот што конечно покажа заби!
Ел Кадури на крајот во Наполи (тренерот на Џенова не го сакал затоа што тие ќе играле со 4-3-3 и не им требал АМС туку крило).
Милан е на чекор од Нианг, можно е да се комплетира уште денес. 1.75 мил. евра за позајмица + право за 4.25 мил. за целосен откуп. Значи доколку Милан го задржи Нианг во своите редови, тоа ќе ги чини 6 мил. евра. Момчето има 17 год. има цела сезона со сениорскиот состав на Caen и има 2 настапи (1 гол) за Франција U 21!
Наводниот куршлус меѓу Галијани и Алегри се пренесува од сите можни медиуми. Алегри инсистирал да го види прво Зе Едуардо на trial а G инсистирал веднаш да биде прифатен затоа што му го имал тоа ветено на Прециози. На крај, Алегри учтиво му рекол на фудбалерот дека воопшто не го познава неговиот стил на игра и дека Зе Едуардо ризикува долго време да поминува на клупата и на трибините а во исто време му преточил на G дека ќе поднесе оставка доколку биде натеран да го земе фудбалерот без trial затоа што не знае што тој може да му понуди на тимот! G бил бесен!
А по некоја логика, Allegri да не треба да биде бесен? Управата треба да научи да почитува тренер, како што правеа со Capello, Sacchi, Carleto... Како и да е, тоа глупост заврши, се фокусираме на новите потези.
Ќе го лапнеме Niang, ама што може момче од 17 години да понуди на клуб во неволја?
Момци, што мислите да направиме едно поврзување на нашите twitter акаунти со ФБ страната што ја направивме? Се што би постирале на twitter со хаштаг #MilanFansMkd, да оди автоматски на страната. Инаку што би ставале таму како вести, освен новите постови?
Пробај ако можеш да средиш, јас сум на моб. Треба и нешто друго да разговараме на чат ама вечер или утре. Како би оделе тие твитови на ФБ, директно како постови на фб така? Јас имам нешто слично кај мене, добра идеја. Пробај.
Ќе пробам вечерва подоцна, сега да потрчам малку :) Мислам дека така оди тоа, ама ќе видиме. Всушност, сигурен сум дека може сите твитови од еден акаунт да одат како постови на ФБ, само не сум сигурен дали е можно само одредени твитови да одат на ФБ (оние со тагот #MilanFansMkd, другите рандом твитови е безвезе да се појавуваат).
Инаку пробувам и да направам едно лого, што однапред ќе кажам дека би било аматерско, со моите просечни познавања од photoshop и illustrator. Не очекувајте премногу! :)
Како мислите? тоа што го твитаме со хаштагот MilanFansMkd цело време да излага на страната на фб така? со цел да биде поактивна а не само да ги линкуваме постовите?
Добра идеја, освен ова може веднаш до твитот и избор на веста од каде сме чуле, некоја шпекулација од некој сајт и слично.
Исто така и анкета не е лоша работа.
На пример на крајов од преодниов рок нешто во стилот како сте задоволно од засилувањта бла бла...
Извор на веста*
Извор не може затоа што на твитер си обврзан со 140 карактери, 13 од нив веќе се искористуваат со #MilanFansMkd, така што ептен ќе биде без врска ако ставаме и линк/извор. Може едноставно накратко да го напишеш тоа што сакаш да го кажеш (да го парафризираш) и да го додадеш хаштагот. Конкретно мојот твитер профил и мојот фб профил се врзано со #fb хаштаг т.е што и да напишам на твитер ако во твитот напишам и #fb, истото ќе излезе и на мојот фб ѕид. Кога може така, веројатно може само да се измени „клучниот“ збор.
http://imageshack.us/photo/my-images/607/logomfmkd.jpg/
Момци, ај ѕирнете и искоментирајте. Само ќе ве молам искрено, знаете, не сум лутач :) Ако скроз не чини, ако е ептен аматерско го бришам, ако не е толку лошо а имате предлог, кажете ми и ќе поправам, доправам.
Не е лошо и изгледа ок за старт.
Мада, мој личен вкус би било нешто многу поедноставно, значи Македонското знаме/сонце не се потребни според мене.
Или кога веќе го има од една страна на позадината Македонското сонце, а од другата амблемот на Милан, и се разбира во средина Milan Fans Mkd, иам и некои дилеми околу ова јес да името и автентичноста на блогот треба да се зачуваат, ама Milan Fans Macedonia не звучи лошо :)
Тоа за името сум размислувал, ама не е можно менување, така е регистриран блогот и ако се промени оди се од ново, ништо од историјава. А и само основачот на блогот, кој не не дружи повеќе, може да го направи тоа.
Да го оправдам делото... :) Сонцето го додадов од многу едноставна причина што во називот имаме МКД, инаку и јас ги сакам работите поедноставни. А таа втората идеа... да не ти е позната од негде? :) И мене ми падна тоа прво на памет, ама ќе ги копираме ли?
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=269984753110628&set=a.198948553547582.39495.198948130214291&type=1&theater
Cassano: "I thank everybody at Milan, but not that (Galliani) guy that was just promising. He was selling smoke"
CASSANO: "I didn't failed at Milan, some others failed with me. I don't want to say who, it's someone that is has a higher position in the club than the coach and the players. He lied to me"
CASSANO: "He promised and promised but it was only smoke, and no action"
CASSANO: "I want to thank the Milan fans and the people at Milan, but not him (Galliani)"
CASSANO: "I want people that talks clearly to me. Here I found people that talked clearly to me."
CASSANO: "Allegri told me that he didn't promised me anything, but for him I was the 5th or 6th choice."
CASSANO: "Who wins with the Pazzini-Cassano exchange? Inter!, It's obvious!"
CASSANO: "What the guy (Galliani) at Milan promised? Ask him, anyways he'll always say that he was right"
CASSANO: "That guy only agreed with the one that "liked his balls". He started with his smoke since the summer of the Scudetto"
CASSANO: "What made me leave Milan? First the promises, later Ibra and Thiago, who were my friends, leaving. After this I decided to go"
CASSANO: "I was already talking about leaving with Allegri when I was in the Euros, he passed the messages to Galliani."
CASSANO: "Maybe if they hadn't promised me anything but had made me important it would be ok!"
CASSANO: "I thank Silvio Berlusconi and his daughter Barbara, who were very gentle with me."
CASSANO: "I also thank Tassotti and Tavano, who saved my life. I only had problems with one person"
CASSANO: "If I had offers from elsewhere? Yes, from Qatar, they offered me a lot of money, but I preferred Inter"
CASSANO: "Everyone at Milan contacted me after I left Milan because they care about me and wish me luck I didn't received any messages from an specific person anyways"
Ете од кај ми била идејата хаха :)
Не шала на страна имав сосема друга замисла, ама проблемот е нејзина реализација, ама ако се потрудам ќе ја биде.
Кажи ми што програми користеше за изработка на ова?
И врати ми преку DM на twitter или порака на фб.
Allegri со брилијантна прес конференција денес, пред дуелот со Сампдорија (барем за мене). Начна толку чувствителни прашања со толку дигнитет и зборови меѓу редови. И за управата и за Касано и за Тиаго...
Не можам да го најдам засега (пред извесно време беше пресот) во целост за да го постирам. Нешто и твитнав за неговите одговори на прашањата на новинарите за Касано (ќе видите десно на блогот).
Накратко што ми остави впечаток:
Околу Thiago:
ALLEGRI: "Thiago has great technical qualities, he's good with his head. He played extraordinary games as a DM. I was lucky to coach him"
ALLEGRI: "Thiago's qualities? I would need more than an hour for talking about them. He's unique. He is 2, 3 steps forward of his rivals"
Очигледно многу му недостига :(
Околу трансферите:
ALLEGRI: "I'm not thinking about the market, the board takes care of that. I think they know perfectly what this teams need"
Обратете внимание на она мало "I think they know..."
Околу Cassano:
"Cassano's words are useless. It's not right to leave us and then talk bad about the team, he should be respectful. Cassano was important to Milan but he must realize that we always helped him, from the moment we took him from Sampdoria, to after his heart problem. We are the reason he went to the Euro's. If it wasn't for Milan Cassano would have not played in the Euros, then he asked to be sold. However, these words of his do nothing for us and now I will look towards Sampdoria. We acquired a great striker in Pazzini who will be a huge part of our plans this year."
"Cassano ungrateful? It's not worth thinking about it.He knows how much Milan did for him and how much he did for Milan"
За овие работи му нема рамен! Толку добар на јазик, толку прагматичен во изразувањето, ретки се тререните кои знаат да зборуваат така одмерено и да се изразуваат така добро. На сите прашања.
Мајсторски кажано! Ајде момци, конечно дочекавме, да го отвориме Калчото за пола саат :)
Ќе преземе некој за утре? Со формации (графички), со сите салтанати...
По можност вечерва, јас сум малку кнап. Ако не, јас утре ќе преземам.
Не беше голем офсајд, едно два метра! До кога бе?? :/
Јас јас јас може јас? :D
Ама по полноќ ако не ви пречи?
За мафијава неам намера да коментирам.
Може дете, пишувај! :) Јас од рано сабајле ќе планирарам малку, така да и да сакав немаше да можам. И остави тоа ѓубрињата, многу е рано да се нервираме. Ова си е наша работа.
FORZA GRANDE MILAN!!!
Ај не пишувам кога си запнал, ќе му препуштам на него :)
Post a Comment