Подготвителниот дел е зад нас! За недела дена почнува нашата кампања.
Најавувана како долга, мачна, тешка, црна. Ниту победата над европскиот шампион
Chelsea или таа претходно против
Schalke не ја промени атмосферата
меѓу фановите. Многу повеќе се зборува за високиот пораз од Real Madrid и поразите во “домашните” припреми против најголемите конкуренти за Скудетото. Она што не ни
дозволува целосно да ја анализираме ситуацијата воочи иницијалниот дуел со Sampdoria е практиката на управата да тргува во
последен момент. Нема да сумирам користејќи претпоставки за најавените или
ненајавените доаѓања и заминувања. Да резимираме што се случуваше изминатиот
месец и што може да се направи со овој фонд на играчи, кој искрено, не верувам
дека ќе претпри драстични измени. Да ја разгледаме ситуацијата со трите
дела од теренот:
Заради утеха и подобро расположение, ќе тргнам од најкомплетниот,
најбезболниот дел - нападот.
Функционира солидно, дури и во високиот пораз од Real. Не е кривица на играчите
од нападот што на такви натпревари не добиваат топки или што треба да бидат
вратени позади линијата на центарот, па малку се забележуваат. Да гледаме
реално, Milan, со каков и да е тим после 31ви Август, во 90% од натпреварите е
фаворит, има посед и ствара повеќе шанси. Во таквите натпревари, најчесто ќе биде поважно дали Robinho промашува зицери или дали Pato кончено ќе проработи на подолг рок,
отколку дали Zapata подобро
функционира со Acerbi или со Mexes. Односот на создадените шанси на нашите
напаѓачи и опасностите пред нашиот гол во добри 30 натпревари во Калчото, како
и сите натпревари се до подоцнежните фази од Купот и ЛШ, е во наша корист и
многу работи зависат од напаѓачите. Реализацијата на креираните шанси досега е
добра, а она што радува во нападот (и истовремено загрижува во средниот ред) е
тоа што малку од големите шанси изникнуваат од креативците од средината. Robinho како главна сила во припремниот период,
полека излегува од устите на злобниците и се повеќе го слушаме во позитивни
конотации. Игра многу слично како и претходните сезони со тоа што има повеќе
простор, многу повеќе менува позиција без да се плаши дека нема кој да го
покрива и најважно, почесто погодува од убава прилика. SES е се подобар и подобар, ужива почит огромна за
своите години, а како и не би имал кога покажува муда. Ако успее да се зачува
од повреди би бил повеќе од одлична опција кај Max. Pato е случај засебе кој многупати е коментиран и сега
ќе го оставам на раат. Има прилика да биде прв играч во тимот кој остана без
ѕвезди и мое лично мислење е дека ова е тоа што му треба за промена на подобро.
За Cassano ќе речам дека само
се надевам дека ќе остане и дека тоа што го прочитав дека сам побарал трансфер
е шпекулација. Обратно, би сметал за патетично копиле, кој никогаш нема да биде
човек.
Средниот ред е специфична секвенца од причина што тука Max има избор, но редот на играчи не е на ниво
на клубот. Тука не постои играч кој е укотвен на неговата позиција. Широкиот
ростер во средината може да биде меч со две острици. Она што лани го осетивме
со повредите на везњаците, не сакаме да се повтори никогаш. Следствено на тоа, со
трагови на страв во постапките на Galliani, видовме полнење на списокот играчи за врска како
што ќе се стигне. Понекогаш мислам дека не остана играч од средината чиј
договор е истечен, а не е прибран од G. Тоа го прави Max
лагоден во смисла на избор, но не и конкретен. Ниеднаш летово не видовме ист
среден ред, што можеби е добро, но може да биде и знак за недефинирано. Дали Allegri воопшто знае кој е неговиот среден ред?
Ако знае, тогаш сум презадоволен, ако не, крајно загрижен. А не е баш добро
кога имате два екстрема како опции. Единствената работа што поприличен број
познавачи на клубот ја имаат како заедничка став е улогата на Montolivo како плејмејкер или она што го викаме DMC или она што некој ќе го рече дека е deep
lying midfielder/playmaker. И реално
е за очекување тој да ја превземе топката и поголемиот дел од креативноста да
му се препушти него. Најспремен технички, со најдобра визија и најдобри пас
квалитети – доволно речено. Левата страна не е резервирана за Nocerino! Тој игра таму затоа што немаме подобар
избор. Noce не е толку
доминантен во споредба со останатите соиграчи за да се каже дека е недоприлив.
Големиот број голови лани, исто така не го прават бог. Оние што убаво ја
познаваат играта на Milan
знаат дека сезонава ќе биде доста потешка и посушна за него од една проста
причина – заминувањето на Zlatan. Тоа е играчот што најмногу и најдобро ја користеше ротацијата на Ibra кон назад и “гравитацијата” што ја поседува швеѓанецот. Constant покажа дека може да биде интересна замена
баш на таа позиција кога треба цврстина и жилавост, а богами и брзина. Да не го
заборавиме и Urby, на кој
барем јас му немам дефинирано позиција, но има одиграно најголем дел натпревар
баш на таа лева страна во средината. Ambro дефинитивно ќе биде backup опција, освен ако не дојде до потреба Montolivo
да биде прекомандуван, а капитенот
ја превземе неговата позиција. Десната страна е таа каде што сите останати, ама
и дел од споменатите ја бараат својата шанса во првиот тим. Доаѓање на било кој
од најавуваните трансфер цели кои се класични везњаци би значело пополнување на
тоа место, но засега е една од главоболките на Max. Ако се прашувам јас, таму најдобро се снајде Traore. Но што е со довербата на Allegri кон Flamini? Што кога ќе се опорави Muntari, дали ќе ја промени страната од ланската
сезона? Дали Strasser е
дораснат да замени на таа позиција кога ќе се јави потреба? Многу комбинации,
многу флуктуации трпи средината, а се надевам дека il Mister ќе ја пронајде правата многу наскоро и ќе
ја има на располагање цела сезона. Делчето меѓу нападот и средината изгледа
како зафатено долгорочно. И така ќе биде, само ако Boa остане играч што сака да напредува и е гладен за
успеси. Глупав е, очигледно, ама многу глупави играчи успеале затоа што биле
упорни (нема подобар пример од C.Ronaldo), а не застанеле после една единствена добра сезона. Се надевам дека не
мисли оти е најдобар играч во тимот и единствената конкуренција за таквиот
примат веќе замина. Две работи нека го замислат: прво, сите напаѓачи што
моментално се тука, играле и можат да одиграат на CAM и второ, Valoti е тука. Не смее да се опушти, ќе биде штета.
Ако ја изземеме голманската позиција каде сме убаво покриени, но
истовремено немаме world-class избор, дефанзивата е проблемот на тимот. Тоа што е хроничен проблем и срам
за дефанзивната историја на клубот го оставам настрана. Да се концентрираме на
тоа што ни покажа изминатиот месец кога требаше да се споритставиме на туѓите
напади. Главниот проблем е што ние немаме простор да зборуваме со аргументи за
тоа кој треба да го сочинува стоперскиот тандем. На припремите таму најчесто ги
гледавме Yepes и Bonera, најнеупотребливите играчи во тимот! А
кого друг да токмиме за стартер? Mexes кој не одигра ни минута и слушавме единствено за негово заминување на
позајмица или за Zapata кого
го гледавме еднаш? Или пак некој ќе тврди дека Acerbi со тоа што го покажа дефинитивно ќе биде стартер
сезонава? Навистина сум збунет за ова прашање и чекам на Allegri. Очигледно е дека тој двоец не
функционира како што треба, кој и да се наоѓа во него. На ниедна од
подготвителните мечеви не заклучивме дека двајцата стопери одиграа одлично.
Некогаш ќе се спомнеше едниот, некогаш ниеден од нив. Acerbi одигра променливо периодов, а Zapata
просечно против Juve. Очигледно е дека колумбиецот нема да го
реши проблемот, па за да не страдаме до Јануари, јас попрво би се одлучил
последната пара да ја дадам на CB, отколку на напаѓач (ако воопшто ја имаме “последната пара”). Жал ми е, ама дојде редот да ги спомнам и
бековите. Јас тука имам едно прашање: Сигурно De Sciglio не може да игра лево? А да пробаме? :/ Ако кажеме
дека Abate и солиден десен
бек чиј омилен фудбалер е Usain Bolt, а најголем кошмар Diego Milito, што да правиме со изобилството на леви бекови кои можат да се сретнат низ
Milanello? На последната
припрема, помалку цинично за оние што ги бараат непријателските потези во
пријателските натпревари, Juventus ни покажа дека има тројца леви бекови, за кои Conte не може да се одлучи кој попрво да го стави. Lichtsteiner
влегува во 50 минута на место на De
Ceglie, за во 85 минута да му отстапи место на Asamoah. Класична иронија... Најболното место во
тимот години наназад, по се изгледа ќе остане најболно и сезонава.
Нема да го резимирам резимето на припремите затоа што постот и онака е
нерезонски голем, ама маката си го направи своето и се што собирав месецов, го
напишав во три здива. Само се надевам дека магијата за мали деца на дуото G&B ќе проработи и ќе не спаси од страдање :)
FORZA MILAN!!!
38 comments:
Значи во право бев, доста мобилни сме во нападот вака (без ибра) и тоа е добро и ако играме како што игравме против олимпија оној секси фудбал што го спомна некој во претходниот пост тоа е кул.
Ама бев и во право дека огромна промаја ни дува позади.
Да не го должам многу бидејќо повторно го делиме мислењето со Иванчо, оваа сезона ќе се мачиме и тоа како.
Многу нервози, многу нерешени, голови во последна минута, некои спектакуларни победи и газења на противници како и доста променливи игри.
Ако нека биде, сме виделе и полошо како што тонеме така и ќе се издигнеме.
FORZA MILAN !!!
Обично велат се почнува од почетокот но јас ќе почнам од крајот. И јас размислував во таа насока за De Sciglio и баш се израдував кога синоќа видов дрка ќе можам цело полувреме да го гледам на лев бек но набрзо потоа се повреди Абате (кој беше ужасен) и момчето беше префрлено на десната страна а лево играше Constant. Токму Constant е уште една опција за лев бек иако тоа не е негова природна позиција. Рака на срце, Antonini не е лош во одењето напред, знае да повлече но назад е темпирана грешка. Нешто слично е и Mesbah. Алегри и на последниот прес пред мечот
изјави дека ќе биде задоволен ако до крајот на сезоната добие лев бек, централен фудбалер во средниот ред и напаѓач. Можеби тоа ќе биде остварено ама на пример бекот би бил Dossena. Значи повторно фудбалер во фудбалски поодминати години и со сомнителен квалитет. Ако започнеме со De Sciglio лево и ако киксне барем ќе можеме да му одбиеме на младоста и неискуството. Да не заборавиме, De Sciglio последен пат одигра речиси цел меч (околу 70тина минути) на лев бек во дербито против Интер лани и одлично се носеше со Zanetti и не направи ниту една посериозна грешка! Коментаторот на ArenaSport синоќа изјави дека Милан има огромна доверба во него а Алегеи изјавил дека го потсетува De Sciglio се повеќе го потсетува на Tasotti во неговите играчки денови а мене искрено синоќа ми се допадна многу повеќе од Abate. Нема некој изразит квалитет (како брзината на Abate на пример) ама центрира далеку подобро и игра со памет, синоќа одлично играше во триаголник со Traore и Montolivо, на противничката половина.
Сепак, секој просечен љубител знае дека и De Sciglio како и било кој друг бек на светот би имал проблеми во позиционирање и држење на својата позиција на теренот ако има одбрана каква што во моментов има (или подобро кажано, нема) Милан. Незнам што би можело да се менува таму во последните 12 дена. Интересно, досега најстабилна игра таму покажа Bonera и мислам дека кој и да игра ако е здрав, еден од тие двајца во одбраната ќе биде Bonera. Тој, заедно со Ambrosini и Abbiati се единствените од старата гарда и од нив се очекува да ги стегнат редовите и да подберат фудбалери како Boateng, кога за тоа има потреба.
Во средниот ред не се согласувам 100 % со констатацијата на Navigator. Не дека Montolivo е лош на DMC, далеку од тоа. Но Montolivo игра таму поради тоа што немаме друг фудбалер. Затоа Milan (или подобро речено, Алегри) бара DMC, затоа се шпекулира толку со името на Diarra, De Jong и други "наследници" на Ван Бомел, за да може Монтоливо да игра десно, на МСR и со тоа да биде поблиску до противничкиот гол како и да има повеќе слобода и повеќе да ка троши својата сила во напад отколку во одбрана. Во некој идеален Милан, Montolivo би играл на таа позиција а не како централен играч за врска. Или гледајте на тоа вака, со сите здрави фудбалери во тимот, Милан ќе игра со Ambrosini на DMC а Montoiivo на RMC. Значи со здрав Милан, во моментов средниот ред би бил составен од Nocerino, Ambrosini, Montolivo (од лево на десно) и Boateng пред нив. Кога сме кај Boateng, секој следен натпревар се труди да ми стане по одбивен! Никогап не требаше да го добие дресот со број 10! Само се надевам дека ова се должи на физичката (не) подготвеност бидејки ѕаа во огромен дел влијае на неговата игра. Толку за него!
За нападот само она стандардното, сите се крстиме на Pato и се надеваме дека ќе биде здрав. И капа доле за Robinho, класичен пример за Boateng како може да ги сврти работите во своја полза и како може да ги испегла несогласувањата со фановите.
На крај само ќе додадам дека вчера Алегри потроши по едно полувреме на две формации. Првото го игравме флуидна 4-3-3 односно 4-3-2-1 / 4-3-1-2 со тоа што Boateng беше false #9 а во второто игравме за нас класична 4-3-1-2. Мене лично далеку повеќе ми се допадна првата формација (нешто слично игравме и против Шалке), изгледавме далеку поубаво на теренот а и бевме далеку поопасни.
Ќе заборавев за Касано
- Да, тој сам побара трансфер!
- Да, тој е патетично копиле!
Тимот воопшто не сака да се раздели со него, на сите им е јасно дека тој е голем од онаа најендемичната сила што ја имаме во тимот, креативната. Иронично, бара трансфер човекот што пред само 3 месеци изјави дека Милан ги третира фудбалерите како кралеви и дека никогаш не сака да си замине од Милан. Трагикомично, трансфер поради недостиг на амбиција на клубот бара човек кој со години наназад е со 10 килограми вишок и човек кој нема одиграно полно 90 минути 3 години. Толку за него.
Многу се смеам :))) Ама премногу :)))
Не пак!! :))))
CDS: "Berlusconi stops the Pazzini-Cassano exchange"
Се надевам дека Кориере и овој пат (како многу пати претходно) нема да биде во право, ќе ја искористам истата реченица што ја искористив за Тиаго, кога дојде до овој стадиум, сакам Касано да си оди! Лудите сакале Касано + 10 милиони за Пацини ама Галијани едвај собрал 7 притоа жртвувајки ја и неговата piggie касичка! Многу се смеам, на сите маки, многу се смеам :)))
Колку да се повтори кој ги носи одлуките за трансфери во Милан:
ALLEGRI: "The fans' reaction to Borriello? It's the board who decides who arrives, I only give my tactical thoughts"
Allegri: "Despite the quality of Cassano, keeping players against their will is not a good thing for Cassano and Milan."
Изгледа работата ќе се заклучи на Касано + 7 милиони за Пацини. Интер го купил Пацини за 18 милиони, сега го проценуваат на 12 милиони а G го купил Касано за 5 милиони па затоа треба да доплати уште 7 милиони. Тоа е математиката.
Друг бомба: Милан го нуди Мексес на Рома во директна замена за Бојан?!
Мизерија се и двата дила, негледам што ќе добиеме.
Башка се циганчат цело лето трошат 4.9м и сеа наеднаш ќе дадат играч и 7 милиони за Пацини оф мајко мила...
Тоа е најтрагикомично!
На 19ти Август се состануваат Берлускони и Галијани за да дискутираат за буџетот и трансферите?! Па зошто не се состануваат на 19ти Јуни? Очекувајте повеќе панични купувања во овие последни 10тина дена.
Нешто сериозно не е во ред со клубот од финансиски аспект! Едноставно е невозможно да имаш прилив од 64 милиони евра од продажба на најдобрите фудбалери, да имаш прилив од учество во ЛШ 1/4 финале и пак да немаш буџет од барем 15 милиони евра!
Ова може да значи и нешто друго, ова може да значи и дека се менуваат приоритетите и она што досега декларативно веќе преминува и во пракса, се чисти простор за El Shaarawy. Ова треба да биде негова сезона! Веднаш после Robinho, тој е опцијата за SS во тимот.
@Ри, за мене Ambro останува backup и тоа на Montolivo. Тоа го велам затоа што Montolivo е најдобриот во тимот на DMC, а плус имаме играчи што можат да покријат по страните. Навистина губиме од опасноста на Riccardo затоа што е подалеку од голот, ама сигурноста што ја добиваме со него како креатор е поголема од таа загуба.
Околу денешните случувања, ние никогаш не сме знаеле што да очекуваме од еден летен трансфер пазар, ама ова годинава ептен е заплетено. И веројатно е така, затоа што тие самите не знаат што сакаат и можат. Кажав за замената со комшиите, глупава е, нема смисла. Зошто не размислуваат вака отприлика: ако Cassano е проценет на 5 милиони, а Rossi чини околу 8-10, нели е попаметно да го продадеш Cassano и да доплатиш 3-5 милиони (наместо 7) и да имаш играч што може најдобро да одигра како false 9! Или нас најмногу ни треба класичен шпиц во моментов? И што ако Pazzo не ги исполни очекувањата или се повреди или не е во форма, како што не е моментално? Пак ќе треба да играме со SS-ри. А, уште нешто, ако кажеме дека Pazzini ќе игра како истурен напаѓач, ќе играме ли со класична 4-3-3 или ќе жртвуваме некој од дуото Pato-Binho за да играме со Boa на CAM? И каде е во цела оваа приказна SES? Апосолутно збунувачки и нелогички.
И момци ве молам за помош оти ствано не разбирам што грешам со twitter-ов. Џабе го ставам тагот, твитот не се појавува таму. Многу се нервирам! Ми се чини дека кога во твитот има линк, тогаш го прави проблемот. Ве молам ако не ви е проблем, постапката објаснете ми ја.
Кога ке ѕирнам што му прави еден капитен на тим во Англија, ништо не може повеке да ме изненади. Но зарем има лице да бара трансфер после она што Милан го стори за него во последниот период? Да не зборам пред време, ама еден член на семејство не прави вакви глупави испади на други членови, особено не во ваква институција.
Мое мислење: Голема, огромна вина сносуваат сите росонери, навивачи кои премногу му ја дигнаа цената и егото заборавајки на неговиот проблематичен карактер. Ова ескалираше со добриот настап на ЕП. Велам, премногу премногу рано за да се величи неговото име, кое, ако пратите италијански медиуми, знаете дека не искочи од спортските страници. Огромен публицитет што дополнително ке се претвора во уште поголема омраза (читај Леонардо), особено поткрепен со се освен одличен настап.
Таман мислев дека е сменет, тој е истиот гад од бивша Сампдорија. Никој, ама никој не може да ме убеди дека ова е дело на управата, а не избор на самиот играч.
GRANDE MILAN, SEMPRE CON TE.
Чекај сега, еднаш викаш истиот гад од Sampdoria, еднаш дека ова е дело на управата. Или едното или другото. Ако сам побарал трансфер, онда е неблагодарно копиле, ама ако управата е креаторот на трансферот (како кај ТЅ на пример), Cassano испаѓа жртва.
Не ме сфати, велам дека никој не може да ме убеди дека тоа го сторила управата, што по автоматизам значи дека е дело на самиот играч, што е потврдена информација од многу медиуми. Убаво си имав напишано не ме збунувај сега, а верувај, Касано е се освен жртва.
Аха, јасно ми е. Се извинувам :) Ама кога ќе го прочиташ набрзина, ептен нелогично испаѓа :)
@Navigator Еве гледам дека се појавил твитот од вчера каде што го величиш Bakaye Traore :)
Нема врска дали има линк, мојот последен твит е со линк па се појавува без проблеми.
И да не слушнам уште еднаш дека се двоумиш каде е вината за ситуацијата со продажбата! Ако не беше Милан тој немаше да излезе од Сампдорија, ако не беше Милан тој можеби немаше да се врати на теренот по операцијата! И ако не беше Милан тој немаше да добие толку шанси после операцијата со што успеа да се наметне и за настап на ЕП!
Ок, тој се појави одма. Ама ми успева еден твив од 3-4. Еве пак ќе пробам: пишувам било што, копирам рандом линк (ми пишува дека ќе се појави како скратен, а јас го гледам целиот линк и по објавувањето на твитот) и сеа ставам #MilanFansMkd...
...овојпат успеа, а истото го правам :S
Ај да не ве замарам, друго ќе ве прашував. Има некој заинтересиран за Serie A Fantasy League? Да ве видам колку го знаете Калчото :)
Пробај симни си MetroTwit и твитај преку него.
Симнат уште кога ми кажа на почеток ;) И сеа не си за фантази?
До сеа иванчо мене само еден твит така не ми искочил, и по пола саат ри твитна нешто поврзано за истата тема и ја се истрчав нешто "као не ме копирај" а испадна дека мојот твит нигде го немаше на блогов хаха :)
Ќе се обидам, ќе дадам се од себе да гледам на позитивната страна:
Многу простор, многу минути за Ел Шарави, ако е играч од светска класа сега треба да го докаже тоа.
Незнам дали да пишам пост иако уште не е официјално...
ама по се изгледа Касано + 7 милиони за Пацини, на Пацо платата ќе биде околу €2.5-2.7m и има муабети што одат до таму дека си го одбрал бројот на дрес 11.
Инаку после мечот со Реал Касано и Алегри се расправале на големо и тогаш станало дефинитивно заминувањето на Антонио.
Да, дресот ќе биде 11 и се е готово но практикувајте да не пишувате постови додека буквално не е официјално, секакви пломби им ставаат во денешно време на забите на фудбалерите...
Јас си направив Серија А фантази уште од пред 3 дена, ама поради тоа што мислев дека сум единствен, им влегов у џигер на јувентусци во нивната лига, поради тоа што немав друга па да бирам.
Ако сте за, ке си направиме наша лига.
Јас влегов во лигата на овој фанклубот на ФБ, видов имаа дадено кодот вчера. Ако го сакаш, да ти го дадам тој код. Ама ако има кворум и тука (барем четворица), правам лига обавезно.
И можеби најважното, во сенка на swap-от, денес конечно се разделуваме со Mesbah, веројатно на едногодишна позајмица. Кога на ова ќе ја додадеме изјавата на G вчера дека нема намера да купува лев бек, се поизвесно е дека Allegri планира од De Sciglio да направи нов Zambrotta.
На времето играв такви лиги сега само сум изладен, само ќе ви пречам. Сега фурам FIFA 12, додека не излезе новата (за 1 месец) и El Shaarawy има 87 overall ;)
Инаку, се повеќе сум сигурен дека Navigator е всушност на тајна мисија од „фан клубот“ на FB со намера да направи раздор во нашата тајна миланска организација.
И тогаш Ченто му рече на Иван...
Да да прати ми го тој код.
Агентот на Кака виден во Милано пред неколку минути.
Според Sky (јас не верувам во вакви информации но сепак) поради тоа што имаме проблем со офанзивата на бековите од една страна и тоа дека Boateng и Robinho се работници на теренот од друга страна, на состанокот меѓу B, G и Алегри се разговарало за да се проба со драстична промена на формацијата во 4-2-3-1 (мојата непобедлива формација на FIFA 11 online) а за таа намена би биле донесени Kaka и Drenthe. Би се играло отприлика вака:
----------Abbiati
--Abate--Zapata-Acerbi--Antonini
----Montolivo---Nocerino/Flamini
-----Boateng---Kaka----Robinho
---------------Pato
Drenthe и Urby би биле први замени на крилните позиции за Boateng(Kaka) и Robinho.
MaxTv ги пушти сите канали на АренаСпорт, само не знам дали е за стално.
пс. Коментаторот само што кажа дека до крајот на септември ке биде бесплатно.
Инаку, Калчо сигурно оди на некој од овие канали?
Не е, ги пуштаат само за ЛШ и ЛЕ. За жал!
Се попалив за џабе. А што, тие што немаат ни макс тв, нема ни ЛШ да гледаат?
Тие што не се на Max TV ќе можат да гледат САМО по ЕДЕН натпревар од Лига на Шампиони (исклучиво во Среда) и по ЕДЕН натпревар од Лига Европа (во Четврток). Значи натпревари од Вторник на МТВ нема да одат пренос.
Како што разбрав Август и Септември промотивно а после ќе се доплаќаат во некој си пакет со Спортклуб каналите.
Интересно ова со 12 замени, полна клупа играчи, многу повеќе опции и комбинаторики и шанса за одмор на дел од играчите кои играат над 60 натпревари во сезона само на клубско ниво.
Прекрасно, извонредно! Мене многу ми се допаѓа!
Вреди да се спомене дека идејата поттикна од барање на Де Лаурентис некаде во Мај!
Тоа значи дека од една страна тренерот ќе има многу повеќе опции на клупа, буквално 2-3 различни варијанти за игра а од друга страна ќе значи многу за мотивацијата на младите фудбалери. Децата ќе бидат почесто на клупата на сениорите што би требало да направи чуда со нивната мотивација а во исто време секогаш на клупата ќе има дел од тие деца кои би можеле да добијат некоја минута во натпревар во кој нивниот клуб води со 3:0 или 4:0 а доколку има 6 измени (+ голман) тие деца никогаш нема да добијат шанса за да бидат на клупа кога ќе дојде таков резултат во опција! Пример Кристанте или Валоти нема никогаш да бидат на клупа на натпревар од Серија А доколку нема голем број повредени. Вака, ќе има место за нив а со тоа ќе има и некоја минута игра кога ќе имаме убедлив резултат.
Браво!
P.S Од друга страна, ако ние имаме сезона каква што имавме лани, може да се случи на некои натпревари со се децата од Primavera пак да неможеме да ја пополниме цела клупа :) Трагикомично :(
Уште едно P.S Интер со „нашите“ пари си го зема Гаргано а ние ќе одиме по Тимошчук.
Gianluca Vialli: "Allegri will be stimulated and is creating a different team"
On the screens of "Skysport" Gianluca Vialli told her about the new Milan that is emerging.
Former Chelsea manager said he was confident the work despite the many Adii important Allegri:" Ibrahimovic is definitely the player who more than any shifts the balance, a player incredible. sure, however, is building a different Milan Allegri made maneuvering and placement of midfielders. Absence of Ibra could give the technician the ability to do his, building a team made up of movements and of players who put themselves at the service of one and all in the service of one, as was the case with Ibrahimovic . "
Over possibility of influencing the coach and even more stimulus: " In this way, Allegri can indulge in try different solutions and affect more on the team, will also change the merits, because the victories are no longer just about Ibra, but also Allegri."
1. Ова е името на лигата: acmilan-mk.com, а ова е кодот: ken6aBCd
2. Ги отфрлувам сите претходни наводи за моја вкученост во тајни мисии на аматерско ниво. За истите ќе биде поднесена тужба за клевета. Те знам кој си!
3. Ваљда се зезате со ова преносите на ЛШ!? Еден меч неделно? А баш мислев дека сме далеку од такви доплати, претплати и слична срања кога пред 3-4 години читав како англичаните гледаат фудбал на тв и ми звучеше лудо затоа што доплаќале за секој еден меч што го гледале по свој избор. Ама очигледно дека кога се работи за светски трендови во наплата брзо се имплементираат, за разлика од светските трендови во квалитет на пренос, примена на технолошки достигнувања и слични стандарди.
4. Правилото со долга клупа е одлично за тренерите и младите играчи, само ме плаши да не ја покаже уствари плиткоста на нашиот squad depth :)
Можеш да бидеш повеќе од сигурен, лична потврда од колегата Драган Николовски.
Од друга страна околу Калчо, Бранко изјави дека шансите денес "се помали од вчера", прават се што можат но тое барале енормно зголемени суми, дури до 100% повеќе од претходната сезона. Сè уште се преговарало ама ќе било мноу многу тешко.
@Navigator, гледаш дали сега имаш проблеми кога твиташ со MetroTwit?
Ти велеше дека си го инсталирал веднаш ама не твиташе од него туку од web (се гледа од што твиташ). Затоа ти реков да твиташ преку него.
Post a Comment