Translate

Wednesday, 29 August 2012

Benvenuti a bordo ragazzi giovani!



Предност му давам на помладиот, сеуште малолетен дечко кој е најмладиот дебитант во Првата Француска лига и во своето време во Каен (30-ина професионални натпревари) постигна 5 гола. Арсенал и Њукасл се само дел од екипите кои беа заинтересирани за него, но откако првичната понуда за позајмица не успеа, Фестер долета директно во Франција да го договори Нианг на 3годишен договор за околу 1.7м евра.
Малку инфо може да се најде за него по интернетов, затоа јас би ве препратил во ФМ12 базата на играчи каде што слушам дека бил вистински вундеркид.

Вреди и да се спомене дека дебитираше за U21 на Франција со само 16 години а ако години наназад ја пратите елитната Француска фудбалска школа и имињата кои излегуваат од неа тогаш ќе знаете колку кажува оваа информација за него.

Совршен подарок за 22 роденден: Трансфер во Милан

Бојан Кркиќ мислам дека ни е добро познат на сите.
Истоимениот негов татко играл за Црвена Ѕвезда, Србин по потекло доаѓа од младинската школа на Барса каде што (ако им се верува на тамошните медиуми) постигнал преку 500-ина гола во сите младински категории. За сениорскиот тим на Барселона има одиграно преку 100-ина натпревари и постигнато 30+ голови. За Рома не беше многу забележителен постигнувајќи 7 лигашки гола на 33 натпревари во кој играл.

Сега интересниот (комплицираниот) дел:
Бојан е во целосна сопственост на Рома со важечки четиригодишен договор кој започна минатото лето и тој всушност доаѓа во Милан како позајмен играч од Рома. Она што ги прави односите комплицирани се клаузулите на Барселона при продавањето на Бојан: едната, која не ја искористија ова лето беше всушност откуп (buy-back) на Бојан со што Барса би и платила на Рома 17 милион евра, односно  реално би платиле 5 милиони, како разлика од 12те што ги добија од Рома минатото лето и  овогодинешната обврска на Барса од 17 милиони. Втората клаузула ја обврзува Барса да го откупи договорот на Бојан следното лето (Јуни 2013) за 13 милиони, односно реални 1 милион евра (13 - 12 милиони). Вторава клаузула ќе се активира само во случај ако Рома не ја "наткачи" понудата на Барса и го задржи Бојан, за што ќе мора да плати дополнителни 16 милиони евра, кои заедно до 12те што ги плати на стартот, оформуваат сума од 28 милиони евра, што Рома би ја плаќала на три годишни рати. Во зависност од тоа што ќе се договорат Рома и Барса, а е многу веројатно дека Рома нема да сака да плати дополнителни 16 милиони и Бојан ќе се врати во Барса, Милан следното лето ќе се договара за откуп на играчот од Рома (ако остане во Рома, со loan with option to buy) или за сосема нов договор со Барса (ако се врати во Барса). Многу едноставно! :))

Мене лично многу многу не ми прават ќејф овие 2 засилувања (можеби бидејќи сум на слична возраст со Бојан, тој ќе игра за Милан, а јас ќе пишувам за него.)
Лично би го преферирал Бендтнер пред било кој од овие 2ца но бидна што бидна ќелавиот ги кажа клучните зборови: "mercato chiuso" што во превод би значело само што почнавме да купуваме.
Позитивната страна од цело ова што мене ептен ми прави ќејф е што моментална возраст на нашиот напад (Пацини,Робињо,Пато,Бојан,EL92,Нианг) е 22.години! Да убаво прочитавте, додека пак просечната возраст на целиот тим варира негде околу 26 години.
Само го чекам моментот кога некој ќе каже "Милан пензионери".....

П.С. Прво Кармона, сега Кркиќ, уште Иниеста и Меси и наредно лето ќе го видиме Пеп и неговите костуми на Сан Сиро!



FORZA MILAN

32 comments:

ace1899 said...

Се забораив малце со одмориве ама си пратев нормално се у меѓувреме,глеам ново руво многу новости на блогов,твитери,фејсбуци браво браво само напред! Знам многу дискусии пропуштив ама да не ја тупам многу,не чека 31 август и сум сигурен дека лаже тој со краватата златна...
Со малце закаснување нека е и од мене среќна сезонава и се читаме росоњери !!!

FORZA MILAN PER SEMPRE !!!

P.S.Добредојде за децава дај боже да ги пораснеме у играчишта

ReBorned said...

Добредојде за двајцата. Од Niang не можеме да очекуваме многу, особено во првите 2 сезони. Постојат импресивни бројки зад неговото име за таа возраст (постојат и полемики околу неговата возраст, воопшто) но тоа треба да го валоризира и на теренот. Од она што го прочитав за него, станува збор за брз, снажен фудбалер кој има проблеми со дриблинг и пас играта.

Бојан е момче кое ја имаше таа несреќа, неговото име уште од мали нозе да биде ставан во ист контекст со Меси и Иниеста а тоа воопшто не му помогна во неговата кариера! Има повеќе од добро искуство на 22 години и доколку успее да ја рехабилитира неговата самодоверба сметам дека може да биде изненадување и одлична аквизиција во тимот. Неговиот однос со нас а особено со Рома и Барселона е турли тава. Одлично беше објаснет целиот дел од Ultras. Тоа е веќе чисто како солза само да видиме каде Милан ќе се вклучи (и дали воопшто ќе се вклучи) во таа приказна идното лето.

Добредојдовте момчиња, немате многу време за аклиматизација затоа што ситуацијата во нападот ни е таква каква што е! Ве гледаме барем на клупа веќе во Сабота!

Anonymous said...

Објаснувањто околу клаузулата на Војан е целосно опфатено од страна на Навигатор и неможам да земам никаков кредит за тоа :)

ReBorned said...

Јас ја дополнив со нешто ново т.е со 18 милиони :)

Navigator said...

Ми одат клаузулите, нема проблем ;) Сега останува само уште една непозната. Овие 18 милиони е цената на откупот од Roma, што всушност и не треба многу да не интересира со оглед на тоа дека Roma скоро сигурно нема да го задржи Bojan (ако го сакаше, немаше да го даде на позајмица). Нас повеќе би требало да не интересира колку би барала Barca следното лето, како чист трансфер или нова позајмица, ако Max го сака шпанецот на permanent. Ај сеа да ве видам :)

Anonymous said...

Незнам искрено не се ни оптоварувам толку околу Кркиќ, повеќе мислам да направи некоја магија ќелавиот да го продаде Робињо/Пато во последна секунда и да го донесе Дидиер чиј клуб има проблеми со главниот инвеститор кој фрла пари за енормните плати на Дрогба и Анелка (300.000$)
Ама сам си се лажам...
а ова со Бербат-Јуве, има некоја шпекулација дека Димче Бербатов ќе премине во Јувентус или затворенициве се бербат?(Македонски збор од турско време)

Anonymous said...

Читам најново Боаш сака да се ослободи од Ван Дер Ваарт, многу блиску до Мутињо се спарси ете ја замената за модриќ.
Би било фантастично ако ги земеме Ван Дер Варт и Де Јонг за некои поволни цени/позајмици, остварување на сон за некој на блогов :)

Navigator said...

И тоа и тоа. Ем е блгарчето, ем бербат ќе биде ако се оствари трансферот :) И читај малку твитови, шо те гледам неинформиран :))

ReBorned said...

Јас незнам колку би барала Барса за евентуален перманентен трансфер но знам колку би понудил G:

Loan with option to buy for 4.5 mil. paid on 8 installments.

Anonymous said...

Стално така прам, ако одсабајле не си го фатам редот ме мрзи после да скролам и да барам твитови, или пак да одам на профилите на кои се твита.
Затоа вака си прашувам пошто а има нешто контретно некој од вас го споделува.

ReBorned said...

Задолжително да се прочита! Браво!

https://twitter.com/ZarkoKa/status/240914516781723648

ReBorned said...

А веднаш потоа да се прочита ова:

Се надевам дека не се лутите што се рекламирам ама ептен е јако! :))

https://twitter.com/ZarkoKa/status/240917837831626752

Navigator said...

ШЕШИР 1:
Barcelona
Chelsea
Bayern
Arsenal
Porto
MILAN
Manchester Utd
Real Madrid

ШЕШИР 2:
Valencia
Benfica
Zenit
Shakhtar
Manchester City
Schalke
Sporting Lisboa
Braga
Dinamo Kiev

ШЕШИР 3:
Ajax
Anderlecht
Juventus
Lillе
Spartak Moscow
PSG
Galatasaray
Celtic Glasgow

ШЕШИР 4:
Borussia Dortmund
BATE Borisov
Dinamo Zagreb
Cluj
Montpellier
Olympiacos
Nordsjaelland
Malaga

Navigator said...

Групата што ја посакувам:

MILAN
Sporting Lisboa
Anderlecht
Nordsjaelland

Групата што најмалку ја посакувам:

MILAN
Manchester City
PSG
Borussia Dortmund

Групата што очекувам дека ќе ја добиеме:

MILAN
Shakhtar
PSG
Dinamo Zagreb

Anonymous said...

ПСЖ дефинитивно паѓа :)

Anonymous said...

Што бараат спортинг во 2 шешир? играат вечер квалификации за лига европа, не се добри шеширите :)

ReBorned said...

Јавно извинување од мене затоа што ми излезе нешто непредвидено и морав порано да си одам од СК. Во следна прилика.

Anonymous said...

Добро. штом не ми звонеше сватив дека испаднало нешто нема врска.

ReBorned said...

Добар ждреб!

Kole.22 said...

Не смееме да се жалиме. Па немаше смисла да бидеме малери кога Веа и Гулит ги кроеа групите.
А она што повеке ме радува, се чини скоро готова работа е Де Јонг.
Ни фалат такви бед бојс.

Forza MILAN

Navigator said...

Задоволен сум, убава група! А што мислите за титулата за Iniesta? Очекувајте вечер пост...

Navigator said...

https://www.youtube.com/watch?v=cuDOZ4YwKvQ
Еве го тренерот на еден од нашите противници во групата :)

Navigator said...

А еве го и нашиот тренер :))
http://www.video.mediaset.it/video/iene/interviste/228285/intervista-massimiliano-allegri.html

Anonymous said...

Редно беше и на нас да ни се падне една ваква "лабава" група.
Мада не очекувајте да биде многу лесно, Милан го нема повеќе тоа реноме во ЛШ, и мислам дека сите 3 екипи може да ни пружат солиден отпор.

ace1899 said...

Одличен ждреб, ако не завршиме први у група ќе биде бламажа,таман се екипите да не се опуштиме со потценување и да си се згазат поштено.
Друга добра вест денес е трансферов на Најџел(атот) ДеЈонг,таман ќе си напраат рокадите со монтоливо погоре у средина и богами за 3.5м тоа е частење ја мислам само Г. може да извади таков трансфер.Ај уште утре некое изнеадување ако може мезбах да се ували во нордсјеланд некако и ќе се рваме после да видиме кои се желбите и можностите.

Kole.22 said...
This comment has been removed by the author.
Kole.22 said...

http://www.acmilan.site90.com/it/news/breaking_news_show/30130.html

ова е од официјалниот сајт!!
дали е можна грешка бидејки на ниедно друго место ја нема оваа информација??

Kole.22 said...

Сега искочи и ова
http://www.milanlive.it/2012/08/30/calciomercato-milan-si-riapre-la-trattativa-kaka-berlusconi-pronto-a-investire-16-milioni/

ајде некој што знае бар малце италијански не е на шала работава :)

ReBorned said...

Коле, баш е шала работата :)

Ај види го убаво линкот, избриши го она site90 од него и ќе видиш што ќе излезе ;)

Kole.22 said...

Некој ке биде убиен.

Navigator said...

пишувам

ace1899 said...

Интересна полемика меѓу Г. и Алегри,откако раководствово ги шитна столбовите на тимот само ден откако Макс им се захвалуваше и ги величеше,па до изјавата негова дека успех годинава ќе биде трето место(што реално гледано вака скептички гледано е објективно),денеска по аквизицијата на Де Јонг Галијани вика "Allegri has to worry now, because the objective is no longer the third place."

Се пецкаат малце,а инаку утре стварно се надевам лево таму некој да дојде зашо иначе ќе мижам коа ќе не напаѓаат по бокове..и ако може уше еден „фантазиста“ у last minute тешко тоа ама пуста желба...