Translate

Sunday, 26 August 2012

E il momento




Време е да се вратиме онаму каде што застанавме пред 3 месеци! Време е да се видат сите оние тактички комбинаторики на дело! Време е конечно да изгледаме еден натпревар на ТВ а не да се мачиме по стримови! Време е Милан да се врати онаму каде што припаѓа – на врвот!
После оптимистичкиов вовед да се вратиме малку на реалноста која вели дека во последните 10 години само еднаш Милан загубил во премиерниот натпревар во сезоната. Сампдорија не е ни малку наивна, гладни се за да докажат дека нивното место им е во Серија А, и дека она пред 2 сезони беше само една лоша епизода. Сенаторите си заминаа, а и најголемите ѕвезди/лидери на тимот така што уште утре најверојатно ќе видиме тројца дебитанти како стартуваат.




 Да не должам многу момци, 18:00 Телма 17 годишната традиција продолжува и ни предстои најдоброто од фудбалска Италија!





17 comments:

ReBorned said...

Има 3 дилеми во составот.
Првата се однесува на евентуалниот старт на Pazzini. Allegri вчера на пресот изјави дека ќе се разгледа неговата подготвеност на последниот тренинг и ќе се одлучи дали тој ќе стартува или не.
Втората дилема се однесува на она едно место во средниот ред покрај Montolivo, Nocerino и Boateng кои се сигурни. Конкурираат Flamini, Constant и Urby но веројатно Flamini е во блага предност.
Третата недоумица се однесува на централниот пар во срцето на одбраната. За две места конкурираат вкупно 4 фудбалери. Буквално сите комбинации се можни.
За илустрација, последните најави на Газета се дека во одбрана ќе стартува колумбиското дуо (Yepes + Zapata) во средината Flamini а во нападот El Shaarawy место Pazzini.

Anonymous said...

Мислам дека било кој освен Фламини во средината ќе значи послаб среден ред од дефанзивна гледна точка, мора да имаме еден таков копач во составот а Ночерино е далеку од тоа.
Јепес иако ми е еден од омилените ликови мислам дека не е во можност целосно да се носи со 90 минути.
За нападот сум воздржан и верувам во Макс.

ReBorned said...

Очајно! Мора да најдеме DMC, мора Montolivo да оди малку понапред, ја трошиме единствената креативна сила во тимот загушена назад! Алегри после мечот зборуваше за Кака и зборуваше за Диара. Доколку би дошле двајцата во пакет:


-------------Diarra

---Montolivo----------Boateng

--------------Kaka


Тоа е среден ред за респект!

Јепес веќе не смее да заигра освен ако сите други опции се неупотребливи!

Единствена светла точка на мечот е De Sciglio!

ReBorned said...

FACT: Antonini made 6 crosses into the penalty area, all of them were unsuccessful. De Sciglio made 9, where 4 of them were successful.

Kole.22 said...

Светла точка едноставно немаше. Да не ја видев статистиката од коментарот над мене, ке речев дека еднакво слаба беше целата одбрана. Сампдорија не играше скоро ништо, а успеа да победи. Што не чека од посилни противници, а да не споменувам сезона во ЛШ? Колку и да не ми се коментира, колку и да е рано и да е старт на сезоната, факт е дека главните виновници за она што се случи денес и што би можело да следи, најмалку се оние што излегоа на терен, а многу повеке оние што се горе на трибините.
Некој убаво пиша дека и Кака да дојде, нема во голем степен да се смени моменталната ситуација.
Она што мора да се случи во наредниве денови е јавно и јасно да се постават целите на следната сезона. Не може да се дискутира за промена на структурата на тимот со Бонера,Јепес,Антонини и остали, не може да се атакува на европска круна со просечни играчи кои мислат дека една Сампдорија сама ке им ги предаде 3те бода.
Она во што сум стопроцентно сигурен во оваа ситуација е дека ни фали победнички менталитет, нешто што го имаа сенаторите, нешто што го имаше Рики, Златан. Да ги оставиме настрана сите оние тактички варијации и комбинаторики и да не се лажеме дека блиску до таков роден победник е единствено Боа, кој за жал нема толкави лидерски способности за да носи тим на грб.
Секоја чест за денешната негова борба на теренот, но доколку ваквата игра продолжи, дефинитивно ке побара излез од Сан Сиро.
Управата мора да стори нешто, и тоа брзо, да го стабилизира тимот и да поработи на трансфер пазарот, а со тоа и автоматски ке ги врати навивачите на Сан Сиро.

Ова е само старт, нека ни е со среќа новата сезона!!
ФОРЦА МИЛАН

Navigator said...

Општата оценка на мечот ја делиме сите. Факт е дека ова вчера не личеше на ништо. Без креатива и решителност да се нападне, не се добиваат ваквите екипи. Да биде јасно, вчерашниот противник е mid-table material, а никако екипа што ќе се бори за опстанок. Тоа што ти минатата сезона играа во B, само го прави овој пораз потежок и поголема инспирација на злобниците. Само тие што гледаа вчера знаат дека Samp е цврста екипа што се движи малетене како еден играч. Затоа викам дека тешко е да ги разбиеш ако немаш играч што ќе собере на себе 2 или 3 дефанзивци, а останатите наши играчи ќе профитираат од тоа. Binho беше единствениот активен по неговата лева страна вчера и тоа само во првото полувреме, ама кога и да создадеше прилика за влез или нафрлување, едноставно немаше кого да проигра. Тоа го прави Pazzini неопходен на вакви натпревари. Го виде тоа и Max, ама се негова и наша несреќа, набрзо потоа примивме гол. Да не се повредеше Binho и неместо него да излезеше Flamini, кога во игра влезе Urby, ставам глава дека немаше да доживееме пораз. На крајот немавме среќа, но кога екипата, особено фаворитот, игра лошо 80 минути, никој нема да зборува за несреќните крајни моменти од мечот.
Една работа сакам да признаам како моја грешка: Ри беше во право кога велеше дека Montolivo ни треба поблиску до голот. Признавам дека згрешив кога реков оти тој треба да е прв избор на DMC. Е сега, не се сите натпревари како овој, некогаш ќе ни треба сигурност во таа последна везна линија, што најдобро ќе ја најдеме во Montolivo. Затоа ќе речам дека со овој состав, ние немаме стандарден плејмејкер. Ќе треба да се ротира.
Она што нема да се сложам со вас е околу Yepes и Boa. Прво, Yepes беше ПОДОБРИОТ од дуото стопери. Bonera и киксер невиден и толку не ми се зборува за него оти милион пати е коментирано. Крив беше за голот, тоа беше негов играч, направи огромен кикс на почетокот, Eder се изнаигра покрај него, се на се ужасен. А второ, Boa не е роден победник. Игнорирајте ја на кратко шампионската сезона од пред две години. Што изигра лани или оваа сезона засега? Нема да претерам ако кажам дека вчера, повеќе сметаше отколку што помагаше во тимот. Лошо е што мисли дека е најдобар и дека затоа не треба да трча како што се трча и да помага како што прави секој тимски играч. Трудејќи се да ја врати формата, на терен изгледа препотентно. Ич не ми се допаѓа. Мора да менува нешто.
Поразот боли, ама ај да не судиме од стартната утакмица. Убаво ќе дојде паузата, да се средиме, да го комплетирам составот, па да зборуваме што реално може таа екипа, а не како сега, да нагодуваме.

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Niang е веќе во Милано. Иронично, со оглед на ситуацијата со повредите во нападот, можно е дури и да заигра викендот.

Navigator said...

Bojan, под какви и да дојде услови, конечно би бил засилување на место! Andiamo G!!

ReBorned said...

Кога јас го велев тоа пред точно 8 дена, никој не ми фаќаше на таман! Незнам зошто меѓународно фановите делуваат разочарано. Бојан има одлично искуство а има само 22 години. Со него носи брзина, инвентивност, дриблинг и непредвидливост во навалната линија. Овој потег и евентуално еден добар DMC дефинитивно водат кон тоа дека полека но сигурно изгледа ќе менуваме кон 4-3-3.

Navigator said...

Il Udinese non c'e, grazie di Maicosuel!

Anonymous said...

Иам инспирација да чкртнам нешто по повод Бојан и Нианг.
Ок ќе биде или да чекаме да биде уфичијале? (исто ко да е)

Navigator said...

Ќе биде. Ај чкртни, ама денес, за да чкртнам јас нешто во Четврток вечер за двојна пригода - ем ждрепката за ЛШ ќе биде извршена, ем едно привју за во Сабота.

Kole.22 said...

Дур имаш инспирација, рокај.
Што убава торта му спремил Галијани на славеников, алал нека му е :)
Ајде и ја имам неколку реченици за новодојденците, ама ке се воздржам до следниот пост.
Benvenuto Niang,Krkic

Anonymous said...

Првју во четврток? па добро уствари, четврток вечер/петок сабајле исто ти е.

ReBorned said...

Многу галама на блогот. Да не си закажавте?

Kole.22 said...

док траје обнова, нема одмора :)

Kole.22 said...

док траје обнова, нема одмора :)