Translate

Friday, 15 February 2013

Milan - Parma


Натпревар во можеби невообичаен термин, но со оглед на околностите тој еден ден одмор може многу да значи пред двомеч со најдобриот тим на светот во моментов.Милан е сеуште непоразен во Серија А во 2013 година и се надеваме дека таа традиција и ќе продолжи и утре по завршетокот на натпреварот со Парма. Млекарите пак, оваа календарска година имаат само 1 победа и многу се мачат со ефикасноста: 3 гола на последните 5 меча. Главна опасност за нашиот гол (покрај нашата несигурна одбрана) ќе биде екстра мотивираниот Џамиел Месбах кој се враќа на местото на злосторот каде што остави длабок печат и ги поставите темелеите на својата и повеќе од успешна Серија А кариера!
Шала на страна, неговиот сонародник Белфодил е хит сезонава и заедно со клетиот за нас Амаури можат сериозно да ни ги поматат плановите да ги скокнеме Лацио и Интер кој вчера вечер си го одиграа своето во европските купови.


Амелија и Робињо им се придружија на Саламон, Бонера и подзаборавениот Де Јонг на листата на повредени играчи додека пак Амброзини е суспендиран. Најважната информација е дека најдобриот играч на Милан сезонава Стефан Ел Шарави ќе добие заслужен одмор. Со оглед на неговото учество во сите 24 натпревари сезонава во Калчото и темпото со кое се развива ова младо момче, ова е помалку и логичен потег. Премногу физички напори вложува Фараонот со неговото константо орање по левата страна.
Ова од друга страна е и потег кој говори дека Макс верува дека Балотели и повратникот Монтоливо ќе бидат носители на играта и дека овој тим може да победи и без EL92.

Абијати
Де Шиљо,Мексес,Запата,Констант
Боатенг,Монтоливо,Мунтари
Нианг,Балотели,Бојан

Е тимот со кој јас би почнал и најверојатно стартните 11 нема многу да се разликуваат од овие. Ни треба победа за да докажеме дека она во неделата со Каљари беше само лош ден и ни треба добра увертира пред мега дуелот во Среда.


                         FORZA MILAN !!!

28 comments:

Kole.22 said...

Сезонава сеуште не сме решиле натпревар на полувреме. Мислам дека е редно време.

ReBorned said...

El Shaarwawy освен премор влече веќе подолго време незгодна повреда на коленото и токму таа е причината поради која ќе добие одмор. Составот е прилично добар и мислам дека не би требало да имаме поголеми проблеми. Belfodil и Amauri се добри но што е поважно за нас, високи, корпулентни напаѓачи. Мислам дека вакви напаѓачи многу повеќе лежат на нашата дефанзива отколку брзи, подвижни и непријатни играчи со топка. Не знам каква е ситуацијата со Biabiany, веројатно ќе делува на крилата а веќе тоа е фудбалер со кој можеме да имаме поголеми проблеми доколку влегува централно и ja буши нашата одбрана. Доколку Biabiany игра исклучиво на крило, мислам дека и Constant и De Sciglio умеат да се справат со неговата брзина (трча 100 метри за 10.03). Biabiany како фудбалер ми е мене лично ептен мутав ама неговата брзина може да ја загрижува нашата дефанзива.

Niang веќе си го зацементира својот првотимски статус и со право. Игра на многу високо ниво, помага во дефанзива, еден од ретките во тимот кој може да нанижа неколку противнички фудбалери. Сето тоа му оди во прилог нему и на тимот воопшто. Мислам дека ќе направат одлично combo со Mario на теренот (според информациите, надвор од него веќе се најдобри пријатели во тимот).

ReBorned said...

P.S Не си ставил наслов :) Морав да пишам нешто за да го споделам :)

nino said...

Со Киево ја решиваме на полувреме

ReBorned said...

Кога сме кај тој муабет со прво / второ полувреме, El Shaarawy дури 12 од своите 15 голови сезонава, ги постигнал во второ полувреме.

Anonymous said...

Ја мислам дека со Киево ја решивме уште пред да почне :)))
А ете лапсус мој, среќа има кој да ме поправи.
Ќе не има на Телма така?
Знам дека досаѓам цело време што прашувам ама јас на ТВ освен СпортКлуб и Еуроспорт друго не гледам :)

ReBorned said...

За такви како тебе е ова направено :)

http://lmgtfy.com/?q=%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%BD+%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BC%D0%B0+%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BC%D0%B0

Anonymous said...

Телма имале веб сајт???? :D

Anonymous said...

Каква-таква победа си е победа.
Мојата проценка се оствари:
10 од можни 12 бода против аталанта,удинезе,каљари,парма а во 2013 во Серија А имаме 5 победи на 7 натпревари и 2 нерешени односно 17 освоени од можен 21 бод.
FORZA RAGAZZI

ReBorned said...

Многу, премногу ме потсетува на Zlatan во играта. Начинот на кој ја гради топката, начинот на кој пушта длабочински топки на другите фудбалери кои втрчуваат од втор план, процентот на реализација на пенали (тука е и пред Zlatan), слободните удари па ако сакате и карактерот. Не е на тоа ниво разбирливо, но не би ставил пари на Zlatan дека на 22 години бил подобар од тоа што е денес Balotelli. Неопходно е да постои некој жар доколку се сака да се успее! Само да остане во рамките на нормалата.

Кога сме кај тој жар, истиот жар го видовме и кај Niang, непосредно пред изведувањето на слободниот удар :)

Navigator said...

Будете се, битен меч не чека...

Anonymous said...

Еве ја само што станав...после три Ол Стар викенд ми се поремети и спиење и се.

CurvaSud_Milan said...

Чекај прво Сиена да доработи тоа што почна, па ќе се разбудиме и фокусираме за битниот меч :)

Navigator said...

Ова што ни го дозволија конкурентите се случува еднаш на пола век! Не дека нашите момци не направија огромен прогрес во играта и резултатите, но ваква великодушност... стварно ретко се гледа. И сега си се прашувам сам: ако ваквата добра игра продолжи, зошто би било премногу да се надевам на директен пласман во ЛШ? Не сум неблагодарен, само амбиција е во прашање :)

CurvaSud_Milan said...

И јас истото го помислив вчера, но ајде да не бараме премногу затоа што лесно може да се случи и без третото место да останеме иако сега ни е на дофат. Сега доаѓа потежок период, мн потежок од периодот наназад каде што го направивме искачувањето. Од 13 дуели до крај шест се дерби што ќе каже скоро пола и плус незгодни противници како Катанија или Џенова во гости на пример која е во загрозена ситуација за опстанок, да не спомнувам и два дуела со Барса во најмала рака па ако даде Господ и тие околу него и уште некоја утакмица плус и неколку милиони од карти и ТВ права :) Така да, да се држиме до третото место сега за сега, а ако нашите запнат, а противниците продолжат да поклонуваат со две раце ќе прифатиме :)

ReBorned said...

Деновиве (можеби уште утре) веројатно ќе доаѓам за СК, имам некоја работа. Веројатно ќе доаѓам со кола па нема да бидам врзан толку за поаѓање назад. Некој расположен за едно кафе-муабет (освен Иван, тој веројатно нема да биде во Скопје. Пак.)

CurvaSud_Milan said...

Ќе го пишам мојот број на фан страната на фб во порака, ќе исконтактираме и ќе се договориме, во секој случај сум за.

Navigator said...

И јас сум за, веќе зборнавме со Ри. Ако на некој му треба, мојот број е 072 221 990

ReBorned said...

Гледате што Ви значи курназ и кабадиа битоЉчанец? Јавно го пишува својот број па ако му стиска на некој нека го заебава!

ReBorned said...

Јас не сум 100 % сигурен дали ќе доаѓам баш утре или друг ден, ќе потврдам до вечер - тука.

Anonymous said...

Рачунај ме, ми го имаш бројот мислам а ако идеш утре убаво би било заедно да гледаме ЛШ :)
И да се надоврзам со муабетот од погоре...
Поклони луѓе, поклони добиваме од нашите конкуренти! Секое коло по 2 конкурента киксаат а во ова кола буквално сите кикснаа!
Мора да се задржи ова ниво на игра па макар и бодови да вадиме на тешките гостувања секое бодче ќе биде важно до крајот, реално ако си прајме муабет ние повеќе може да стигнеме до второто место него што Наполи може да стане шампион, ама се во свое време само трпение.

Unknown said...

Жаре што бидна сеа?

ReBorned said...

Шизици, доаѓањето се одложува за некој следен ден.

Anonymous said...

Ми се допаѓаат термниве кои ги употребувате....малце да излеземе од монотонијата на "друже" која рака на срце ни ја наметна CurvaSud :)

Navigator said...

Види го гивгиличанецов, човек од збор, ееј :)
Пишувај сега пост, за казна :)

ReBorned said...

Нема да можам да стигнам за пост, цел ден сум во движење и немам седнато на компјутер. Нека пишува некој

Anonymous said...

Мислев некој од вас има спремено нешто затоа ништо не прашав, 5 часа има до натпреварот а празен е блогов.

Anonymous said...

пишувам