По многу натегање конечно се знае каде и кога ќе се игра следниот натпревар на Милан, и кога се средија сите административни работи останува уште потешкиот дел - играњето.
Каљари знаат да бидат незгоден тим, но нивниот најдобар поединец се повреди на пријателски натпревар за својата репрезентација што е добар сигнал за нас но и немора многу да значи.
Астори е веќе подолго време под лупа на Милан, и ако планира да ја убеди јавноста дека вреди онолку колку што се зборува за него тогаш утре е лош ден да почне да го прави тоа. Ние пак го продолжува континиураното искачување кон врвот и 3тото место, и со евентуална победа утре се наоѓаме на само еден бод од Лацио. Заклучно со нашиот следен натпревар во Серија А против Парма на Сан Сиро завршува таа мини серија од 4 натпревари против противници на кој можеме да им го собереме целиот плен.
Алегри на пресот изјави дека состојбата на Боатенг ќе биде ставена под дополнителен монитиринг бидејќи играчот не е 100% фит. Монтоливо е суспендиран и кога на ова ќе го додадеме Де Јонг го добиваме резултатот кој вели дека нашите најдобри играчи за врска нема да можат да настапат. Фламини е сигурен стартер, додека пак Ночерино,Амброзини и Мунтари ќе конкурираат за останатите 2 (или едно) место во средината.
Абате ќе добие одмор а Де Шиљо ќе го завземе неговото место, додека на местото на повредениот Бонера друштво во одбраната на Мексес ќе му прави Запата. Нападот би требало да биде идентичен како и минатата недела, НО Алегри изјави дека му е интересна опцијата со Бојан како еден вид полушпиц, односно една слободна улога за Шпанецот позади најистурениот Балотели. Последна информација е дека Кевин Констант добил удар во левиот зглоб и неговата состојба моментално е непозната, Антонини е тука да покрие (жими мајка) а има и варијанта каде што Абате е десно а Де Шиљо лево.
Целосниот состав:
Нема што да должам понатака. Недела 15:00 Телма.
FORZA MAGICO MILAN !!!
10 comments:
Antonini скоро сигурно стартува лево, Constant изгледа не е доволно спремен. Штета!
Не е штета, Nini ќе откачи и ќе го пазарисиме во Русија, по мечот :)
И омилената тема за дискусија:
MILAN'S BENCH: Amelia, Gabriel, Yepes, Zaccardo, Antonini, Traoré, Nocerino, Boateng, Robinho, Bojan.
Неколку наважни работи според мене:
- Очигледно најслабата дел од играта на Balo се кратките додавања. Има повеќе неточни, отколку точни.
- Ова не е истиот Flamimi што го знаеме, нели?
- Јасно е дека еден добар дел од падот на формата на SES се должи на минутажата на Niang. Сега поголем процент од нападите одат од десно, што му дава значително помал простор за докажување на Stephan.
- Според моменталниот ростер, да не се откупи договор на Zapata во Јуни би било лудо.
1.Немотивирани "Dai,dai" играчи (М.А.)
2.Стопери = духови.
Како може кога имаш фудбалер плус во финишот да шутираш од 25+ метри?!!
Како може кога имаш фудбалер во финишот да дриблаш меѓу тројца?!!
Boateng е апсолутно бескорисен играч, апсолутно. Bojan е или најдобриот или најлошиот на теренот. Кај него нема средина. Niang и Balotelli моментално се далеку, далеку, дааааалеку пред другите играчи во тимот. Штета, можевме на бод до ЛШ. Сега почнува пеколниот ритам со пеколни противници!
Тек сега го изгледав натпреварот веќе знаете како....нема многу што да додадам освен дека се оствари лошиот ден што му го посакав на Астори.
А да, и имаме една од најкатастрофалните одбрани досега.
Како Football Manager
http://www.facebook.com/photo.php?fbid=461813147205635&set=a.396383597081924.94030.394696360583981&type=1
Пишувам...
Post a Comment