Translate

Tuesday, 22 October 2013

На мегдан со Барселона. Пак.


По којзнае кој пат во последниве 3 години почнувам да пишувам пост за натпревар помеѓу овие две екипи. Секогаш ми се вртат истите две три реченици кога ќе сакам да пишам нешто. Можност за докажување со најдобриот тим на светот, респект, пожртвуваност, екстремна мотивација, цврста одбрана итн. Респект и те како треба да се има за еден од најдобрите клубови и генерации на сите времиња, но на крајот од денот тоа се само 11 смртници против други 11 смртници на другата страна од теренот. 

Милан секогаш играл мотивирано во ЛШ, Милан секогаш играл добро против силните екипи во ЛШ. Па кога можевме минатата сезона со головите на Сулеј и Боа да ги совладаме 2-0, зошто да не можеме и оваа година кога го имаме и Бало достапен во нападот, и искуството на Кака во големите натпревари. Треба да се тргне фокусот од каталонците, Милан е нашиот тим против кој и да игра! И каков и да е резултатот на крај пак наредниот натпревар ќе го подржуваме тимот во црвено-црно.


Бало ќе биде во тимот но сеуште не се знае дали ќе биде спремен за да игра. Последните оптимистички најави се дури и дека може да го почне мечот. Кака сеуште не е спремен за 90 минути и најверојатно ќе чека шанса од клупата. Амелија, Абате, Констант, Запата и Мексес би требало да ја сочинуваат одбранбената петорка. Де Јонг, Монтоливо и најверојатно Сулеј ќе го држат средниот ред, за кој Макс рече дека има предност пред Поли, иако вториот одигра одлично во саботата. Едно место останува за Робињо, додека за останатите две (Матри и Бирса) во игра се и Марио и Рики.

Составот на Барса и нивните амбициите, искрено речено, ич не ме интересираат, тие си имаат свои математики, а ние наши. Нашата е многу едноставна, 4 бода од два натпревара со Барса би се сметале за огромен успех, додека пак 0 или 2 бода не се никаква опција. Коефициентот за наша победа се движи околу 5 негде, па еве ви шанса да направите и некоја добра пара покрај тоа што ќе уживате во победата на вашиот омилен тим. Секако, ова треба да се случи ако се поклопат сите коцки. Еве и една сликичка како шлаг на тортата. Нека стои подолго и нека трепка.


FORZA MILAN !!!

7 comments:

ReBorned said...

Меч во кој може апсолутно се да се очекува. Интересно, од една страна Muntari вели дека нашите ги научиле грешките од минатогодишните 4-0 и дека ќе изиграат подобро а од друга страна Alexis Sanchez вели дека тие ги научиле грешките од минатогодишните 2-0 и ќе изиграат подобро :)
Мислам дека треба да играме меч без респект и со покажани заби. Само така можеме да направиме да им биде незгодно и да бидат фатени во небрано. Така се случи лани на San Siro и сите добро знаеме каква беше пред се играта а следствено на тоа и резултатот на крајот. Barcelona не е научена некој со нив да игра без респект и без страв. Лани се покажа тоа на првиот дуел. Се покажа и како се однесуваа кога влеговме со преголем респект на реваншот. Ни треба пресинг на нивната половина, ни требаат покажани заби а не ни требаат аматерски додвања и почетнички грешки на нашата половина. Само тоа!
Forza Milan!

Navigator said...

Не мислам дека лани изигравме без респект. Повеќе би рекол дека одигравме екстремно дисцилинирано. Нормално, едното не го исклучува другото, ама мојата оценка е поприлично конкретна. Не знам колку сте ја гледале Barca сезонава. Имаа максимален учинок до пред ова коло затоа што сите натпревари (барем тие што ги гледав) се играа во висок ритам. Едноставно не смееш да го дозволиш тоа. Екипите очигледно не научија и сакаат да си го мерат со Barca. Тоа во светот никој не може да го направи моментално, ниту Milan. Тактичката поставеност ќе биде многу важна, исто и изборот на играчите, заедно со тоа кој и колку минути ќе може да одигра, но една работа мора да се повтори од лани - стрпливоста. А тоа носи и нервоза кај противникот, простор за грешка. Да бидеме реални, Milan не е Santander за да има 20% и нема да биде така ни вечерва. Milan сепак, барем на домашен терен, ќе биде опасен. Тоа го знае и најсамоуверениот навивач на Barcelona. Tata нема да си дозволи премногу да доминира. Зошто би го земал тој ризик? И вака и така овие две екипи ќе ја поминат групата, затоа не очекувам преголема жестина вечерва. И покрај тоа што овие дуелите на Milan и Barca преминаа во "секојдневние". Тоа само по себе наметнува каков-таков ривалитет од типот "ама лани го не победија, па ние кога им вративме...". Интересно е што тие немаат погодок на San Siro на последните два меча, што е подвиг сам по себе. И воопшто, San Siro не е пријатно место за каталонците. Сепак, оваа Barca е веројатно најдобрата екипа што некогаш играла фудбал, меѓу нив и веројатно најдобриот фудбалер што некогаш истрчал на терен. И би дремел и би чекал и би се тресел на секоја нивна шанса, па и би прифатил да бидам потиснат цел меч, само повтрно да видам 2-0 на семафорот. Еве ај, нека биде и 3-0 ако треба. Се прифаќам :)

FORZA GRANDE MILAN!!!

Navigator said...

Добра игра до полувремево, нешто како што посакувавме. Е сега, би сакал да ги видам на терен Kaka - Balo - Binho. Прво ќе треба Balo да е спремен, второ Kaka да може да одигра цел меч. Ајде момци!

Ultras Milano said...

Лошо второ полувреме. Дури и за гледање. Како и да е, покажавме заби, бевме трпеливи и тоа се исплатеше. Некои од играчите буквално изгинаа на теренот. Нема кого да издвојам освен Запата кој му ја даде топката во нозе на Иниеста ако не се лажам за примениот гол. Којзнае кој пат ова му се случува сезонава. И Мексес не беше баш сигурен со топката во свои нозе.

Navigator said...

Добар меч, треба да сме задоволни, пред се со резултатот. Можеби се понадевавме на победа после голот на Binho, ама да бидеме реални немаше да биде заслужена. Barca имаше нешто повеќе шанси, секако, повеќе од поседот, ама не беше продуктивно доминантна. Најголем дел од времето помина во јалова иницијатива.

Малку за играчите: За мене, Zapata најдобар на теренот од нашите. Без грешка, без голем пропуст, одлична позициона игра. Целата одбрана беше на ниво. Да не беше истрчувањето на Constant кај голот на Messi, можеби тој ќе беше мојот фаворит за MOTM. Останатиот дел од времето беше беспрекорен. Комуникацијата на цела задна линија комплетно спротивна на она што го гледаме оваа сезона. Amelia, исто така беспрекорен. Спаси сигурен гол на Iniesta, 3-4 фини одбрани. Штета за голот, топката му помина под рака, но никако негова вина. Изненадувачки, двата резервни голмани имаат добри натпревари за себе. И средниот ред беше одличен, многу подвижен и активен. Muntari имаше одлични истрчувања напред, удвојуваше кај Messi, ама и немаше грешни додавања во негов стил. Штета за лошиот прием и недовавањето до Balo во онаа шанса во второто полувреме, која рака на срце не беше иницирана од регуларна позиција. NDJ не дозволи ниту еден влез по средината, дури ни на полуконтри. Него му беше олеснета задачата со префрлувањето на Messi десно, но сепак, ниеден играч на Barca не е лесен за чување. Monti одигра баш капитенски. Ја задржуваше топката кога сите сакаа да се ослободат од неа. Неколку фини дриблинзи, неколку одлични топки во длабочина. Kaka имаше скоро перфектно полувреме. После тоа очигледно не можеше да издржи. Одлично разбирање со Binho. На вакви натпревари можеш да забележиш кои се играчите што создаваат страв и поит кај противникот. Barcelona игра агресивна одбрана 90 минути. Но кога топката беше во Kaka или подоцна Balotelli, противниците не притискаат по секоја цена, агресивноста спласнува, настапува претпазливост да не бидеш исфлрен од игра со еден потег. Ricky е фудбалска величина, нема што. Birsa веројатно беше најслабиот наш поединец. Можеби не најслаб, но најнезабележлив. Се осети таа недоверба што сеуште ја има кај соиграчите, зборувам за ваков тип на натпревари. Balo и Urby имаа малку време и простор за да бидат оценувани. Не толку малку минути, колку што играта во тие последни 20тина минути беше умртвена. И на крај да го пофалиме Allegri. Ја повтори идејата и замислата од минатата сезона на истиот овој терен против истиот противник и не згреши. Можеби некој ќе рече дека не направил ништо ново, само ја пресликал успешната тактика од минаиот меч, ама тоа не оди така едноставно. Ова беше негова успешна ноќ - подобар од противникот на клупата на Barca, дефинитивно!

Браво момци, одиме на Parma!

ReBorned said...

Не се разбираме околу Zapata. Негова беше грешката поради примениот гол, никако на Constant. Constant беше истрчан поради тоа што никој не очекуваше Zapata да направи така почетнички потег и да му ја даде топката директно во нозете на противникот. Инаку не го бранам Constant, сите се изнаиграа преку него и го растурија. Ако не беше Ricky кој удвојуваше дури и на корнер знаменцето, Constant долго време ќе имаше кошмари од овој натпревар. Сепак, баш за ситуацијата со голот не беше негова вина поради тоа што тој беше истрчан напред затоа што топката беше во наш посед. Никој не го тераше Zapata да прави уште една од неговите екскурзии, тој не беше под притисок и самиот се вовлече во ваква ситуација.
Ама како дошло така ошло, ние истотака дојдовме до водство поради нивна грешка.
Гостите имаа повеќе од играта но ќе беше незаслужено ако загубевме. Мислам дека резултатот е реален поради тоа што и покрај нивната декларативна иницијатива (и неколку одлични шанси), речиси секое префрлање на центарот од наша страна носеше непријатност по нивниот гол. Освен погодокот, би ги издвоил шансата на Binho кога не успеа да ја стопира топката и му помина низ нозе а беше осамен, шансата на Muntari во финишот кога не успеа да ја додаде топката до Balotelli, одличниот удар со глава на Mexes по корнерот, кога Valdes исплива во празно и ситуацијата со Kaka кога не успеа за влакно топката да ја префрли на лево кон осамениот Muntari. Значи ние не бевме воопшто наивни и делува дека бевме којзнае колку во подредена ситуација поради нивното константно држење на топката во свои нозе (како и на секој друг натпревар). Сепак сите наши потези во офанзивниот дел беа непријатни по нивната одбрана.
Montolivo игра 2 натпревар по ред одлично! Штета што немавме со кој да го заменеме Constant бидејки сите нивни опасни игри доаѓаа по таа наша лева страна. Ricky одигра извонредно прво полувреме, беше целосно жртвуван во дефанзива и истрча неколку одлични спринтови па видовме и лизгачки стартови од негова страна. Асистенцијата кон Binho беше одлична и се надевам дека ќе остане здрав а другото ќе си дојде по себе. Делуваше доста ветувачки и многу подобро од она што јас го очекував.

За крај 2 пикантерии:

1. Twitter tells me there was something between Allegri and Balotelli after the match...

2. Milan are "slowing" coming back to 4-3-3, says Tassotti.

И уште повеќе радува тоа што Kaka одлично се снајде во таа широка 4-3-3 а реално само заради него се форсираше враќање на 4-3-1-2. Ако тој се снаоѓа во 4-3-3 како што се снајде вечерва, нема потреба од менување на формацијата.

ReBorned said...

Карлито :)

http://www.sportski.mk/site-se-korektni-i-dosadni-samo-ancheloti-ja-zboruva-vistinata