Translate

Saturday, 9 November 2013

Chievo - Milan


На Бентегоди во Верона со почеток од 15:00 часот во Недела се среќаваат двете најголеми разочарувања сезонава во Серија А. Домаќините имаат само една победа досега и се тотална спортивност од нивните градски ривали кои пак го делат третото место со нашите градски ривали. Милан пак по којзнае кој пат пак има бавен старт, и пак има проблеми со повреди и пак има исфрустирани навивачи.

Овојпат за фрустрацијата да биде поголема Балотели поради жолти картони ќе отсуствува. Мексес се враќа во тимот Де Шиљо и Силвестре повторно нема да бидат на располагање исто како и Пацини, Ел Шарави и Бони. И кога во вакви тешки моменти вестите кои најмногу не возбудуваат се дека Алегри останува а Бурдисо е потенцијално засилување тогаш ти се темни се и тие иде да го избришеш постот кој и онака не си имал многу ентизујазам да го пишеш. Се шушка нешто за промена во формација и некој експеримент на тренерот, па визуелно вака би требало да изгледа тоа:


Во очајна и безнадежна ситуација сме и ЛЕ веќе изгледа како реалност. Ако некој мене ме прашува тогаш уште од сега треба да почнеме да мислиме на следната сезона. Интер според мене направи паметен потег што не се пласираше во ЛЕ со што си го скрати значително распоредот за оваа сезона, за да не губи време со вторкласно натпрерување каде што повеќе може да изгуби одколку да добие. Јас лично радо би потпишал да бидеме 7мо или 8мо место одколку 4то или 5то.

И за крај па ако и Киево неможе да го победиме тогаш ептен сме очај!!


FORZA MILAN!!!

12 comments:

ReBorned said...

Веќе е сосема излишно било што да зборуваме. Барем 10тина пати ја употребивме фразата „меч што мора да се добие“ досега па речиси секогаш завршувавме катастрофално. Дури и во натпревар против последниот тим на табелата не се чуствувам сигурно. Само очекувам некаква победа, било каква а потоа следува пауза поради баражите па се надевам дека ќе имаме време да се консолидираме, во однос на повредите и во однос на менталниот склоп.

P.S Ваши размислувања за се поизвесното отстранување на G од страна на Lady B? Всушност не станува збор за целосно отстранување туку Lady B сака да постои некој на кого G ќе одговара и каде што ќе му се суди за неговата работа. Засега, нема таква личност во клубот.

CurvaSud_Milan said...

Некој сопкаст канал имате да споделите? Двата што ги имам се offline...

Navigator said...

http://livefootball.ws/2171-chievo-milan.html

CurvaSud_Milan said...

ми го отвори едниот, тенкју во секој случај :)

CurvaSud_Milan said...

Се ќе разберам, ама да тргнеш со истата поставеност против Киево, како со онаа против Барса... е тоа не можам да го разберам!

Navigator said...

Еве имаме контрола, посед над 65%, максимална доманција, ама нема резултат. Нема шутеви кон гол. Другото е малтене во ред. Навистина играме против Chievo, но контролата над играта е таа, добра е. Фали играч што ќе реализира. Или еве нека е Matri, фали човек што ќе му помогне на Kaka. Вака се фокусираат на него, а Muntary и Poli не се опасни на 30 метри. И бековите се активни, ама пак, јалови. Мој потег би бил Binho и тоа од полувреме. Веројатно на местото на Poli или Urby евентуално. Знам дека Muntari нема шанси да го извади, инаку тој би летал прв :) Ајде момци, мора да ги добиеме!

Navigator said...

Упс, посед од 74% сме имале!

Ultras Milano said...

http://livetv.ru/eventinfo/199319_chievo_milan/
HD сопкаст.

Ultras Milano said...

ОЧАЈ! Немам желба да го отварам блогот веќе, нит па нешто поврзано со Милан!

Navigator said...

Фрустрација до небо!

Ultras Milano said...

http://www.football-italia.net/41892/milan-target-spurs-man-kaboul

ReBorned said...

Го прочитав ова за Kaboul и уште на самиот наслов бев убеден дека договорот му истекува па затоа см заинтересирани. Последните неколку години G не гледа имиња и потреби за клубот туку основна карактеристика на фудбалерите е approach to sign.