Translate

Wednesday, 6 November 2013

Меч во кој нема што да се загуби

Milan конечно влезе во сопствениот вител со проблеми и не може да исплива на површина. Сите оние проблеми кои со години наназад се натрупуваат и кои ги знаат сите кои се на еден или на друг начин блиски до клубот, почнаа да испливуваат на површина во серија и го притискаат клубот надолу. Овие проблеми беа добро познати и на раководството но тие останаа глуви на укажувањата на фановите, поранешните фудбалери на клубот и спортските аналитичари.


Не се донесе квалитетен дефанзивец, не се донесе квалитетен фудбалер за врска, упорно се продолжуваше со политиката на срамежлив трансфер пазар кој е насочен претежно кон фудбалски (полу) анонимуси, упорно се продолжи со тренерот кој нема решение за играта од прекини веќе 4 сезони во серија а да не зборуваме за (не) навремени измени и тактичка флексибилност. Продолжија проблемите со повредите во серија иако истото се случува веќе години наназад. Медицинскиот центар во Milanello кој е еден од наопремените (според огромен број на независни експерти и најдобар во светот) продолжува да биде атентатор на многу перспективни кариери (Pato, El Shaarawy, De Sciglio) и продолжува да биде кочничар на резултатите на тимот, буквално секоја сезона. Сега сите тие проблеми и некои други кои не беа спомнати, излегоа заедно на површина. Тренерот не знае што да прави а играчите си прават што сакаат! Како што спомена Costacurta веднаш по поразот од Fiorentina, некои фудбалери не ја знаат тежината на дресот што го носат. Јас би додал и дека раководството стана сенилно па и тоа заборава што значи овој бренд кој тие самите го создадоа! Milan не смее да биде фонтана на желби која ќе ги исполнува најлудите сништа на фудбалери како Muntari, Constant, Zaccardo, Birsa... фудбалери кои можеле само да посакаат да бидат дел од Milan а тоа што во тој тим се првотимци е лудост за посебна дискусија.

Толку за (не) приликите во и околу клубот!


Гостуваме на Nou Camp, нашиот втор дом во последните неколку сезони. Во некои други времиња, со некој друг (вистински) Milan, овие натпревари би биле вистинско уживање. Вака ќе се надеваме на малку повеќе спортска среќа и игра на мускули со која би избориле евентуално добар резултат.  Ама кога можеше познатата La Masia да се вади со грешка на нашиот голман вчера, зошто да не можат да изборат позитивен резултат и сениорите?
Според повеќе извори, Allegri се одлучил за 4-4-1-1 со Ricky како осамен зад напаѓачот.


Е сега во последните неколку минути преовладува една шок информација која доколку се потврди, може да се претвори во вистински куршлус! Првата информација е дека Urby ќе стартува на лев бек место Constant. Ова и не значи ама баш ништо затоа што и двајцата се оперирани од дефанзива па кој и да игра ќе играме со тројца во одбрана а таа дупка на нашата лева страна ќе биде константно експлоатирана од домаќините. Ама затоа втората информација вели дека наводно Allegri планира да го стартува Robinho со Kaka а дека Balotelli ќе остане на клупата?!? Искрено, Balo не игра ама баш ништо и делува безобразно незаинтересирано (имаше само 1 шут кон голот против Fiorentina) но евентуално негово неиграње на ваков натпревар може да значи бура и тоа да повлече други реперкусии особено што грбот му го чува агент како Raiola за кој веќе имаше шпекулации дека на полувремето против Fiorentina викендот влегол во соблекувалната на Milan и му се внесол во лице на Allegri околу начинот на кој (не) го користи Balotelli. Ако тоа е вистина, тоа е срам за клубот на прво место но тоа е за некоја друга дебата. Сакав да кажам дека евентуално неиграње на Balotelli на меч против Barcelona (а не дека не заслужува да седи на клупа) може да значи пукање на тиквата и притискање на Raiola за негов трансфер.

Овие дилеми ќе се расчистат за отприлика нешто повеќе од 1 час па ќе видиме на што ќе се сведат муабетите низ фудбалските кулоари. Јас немам дилеми, сакам фудбалаери кои ќе изиграат машки, сакам фудбалери кои ќе остават 100 % од себе на зелениот тепих на Camp Nou, па ако треба и нека дојде нов пораз! Би прифатил пораз само да видам жар, спортски инает и будење на тимот.

Forza Milan!!!

3 comments:

Ultras Milano said...

Не треба да има диделми кој ќе почне. Не сме во некоја ситуација да имаме повеќе играчи на една позиција кои се во врвна форма па да тумачиме. Треба против најдобрите да се игра со најдобрите.
Доколку ја повториме играта од минатогодишниот елиминациски дуел на Ноу Камп црно ни се пишува. Барса повторно ќе притисне од старт, и ако дадат гол верувајте, нема да застант. Мора да изиграме помудро од нив, 2 пати подобро од мечот на Сан Сиро зошто знаеме како игра Барса на својот терен, а особено на својата трева. Forza Milan !!!

Ultras Milano said...

Доста е за мене.
На сиов очај па уште Нејмар паѓа 2 пати и 2 гола на даваат, еден непостоечки пенал, друг непостоечки фаул и офсајд!

Ultras Milano said...

Ќе пишувам пост.