Translate

Saturday, 7 December 2013

Livorno - Milan


Сосема солидна шанса да се продолжи со позитивната атмосфера како психички така и со резултатите на теренот. По двете одлични победи во серија во кои постигнавме 6 а примивме само 1 гол, гостуваме на Livorno како увертира за решавачкиот натпревар од ЛШ против Ajax. Нови 3 бода и зголемување на самодовербата може да донесат одлични врзани резултати и поход кон горниот дел од табелата во иднина. De Sciglio се враќа во тимот но сè уште не е спремен за 90 минути па ќе седи на клупата а веројатно Poli ќе продолжи на позиција на десен бек. Во срцето на одбраната се враќаат и двата стартери кои беа отсутни против Catania, Zapata и Mexes. Остатокот од тимот веројатно ќе биде оној истиот што ја извојува онаа победа на Сицилија претходниот викенд со тоа што Abbiati повторно се враќа меѓу стативите.


El Shaarawy ќе добие шанса од клупата а Constant, Abate и Muntari веројатно ќе бидат фит за мечот против Ajax.

Max Allegri денес ќе го води Milan по 100-ти јубилеен пат во својата кариера. И тој а и сите фанови очекуваат само едно од денешниот натпревар:


FORZA MILAN!

8 comments:

ReBorned said...

Коментарот на Ultra му отиде на кино :)
Сакаше да каже дека и тој пишувал пост и стигнал до пола и потоа учтиво замоли да се постираат некои добри линкови тука од мечот, по можност sopcast :)

ReBorned said...

Sky Sport сега вели дека сепак Gabriel ќе стартува на голот а не Abbiati.

ReBorned said...

Толку беше силата? 2 натпревари?

Ultras Milano said...

Момци на страна натпреварот кој можевме да го свртиме во наша корист од кога ни стана блогов српски? Кај мене гледаме пошаљи коментаре 7ми децембар итн итн.

ReBorned said...

Оф, јас го сменив јазикот затоа што беше одбран за основен јазик англиски а поради тоа на translate-орот што се наоѓа горе нема опција да преведиш на англиски (еден шизик на ФБ од странство изрази желба да чита на англиски). Затоа сменив во српски, за да овозможам превод на транслејторот на англиски (нема да изберам македонски).

ReBorned said...

Еве, го вратив на англиски и сега во транслејторот ги дава сите можни јазици за превод во светот (вклучувајки го и македонски) а нема English.

Ultras Milano said...

Повеќе ми се допаѓа вака :)

Ultras Milano said...

Ќе пишувам за утре.