Translate

Friday, 19 September 2008

Милан - Лацио


По бедните 0-2 со Џенова ни требаше некој на кој ќе може да ја истуриме целата нервоза. И ете ти го Цирих на Сан Сиро. Се почна како што се очекуваше , додуша и повеќе од тоа што се очекуваше Шевченко почна да прави акробации, за чудо почна и да поминува покрај противничките играчи, арно ама немаше среќа па ја погоди пречката, па дури и прими топка во фор и дел заради недоволната снаодливост дел заради недоволната среќа пак не успеа да даде гол но со еден одмерен шут на Јанкуловски во правец на нозете на дефанзивецот на Цирих топката ја смени насоката и се најде во мрежата, баш според планот на Јанко. :) (сепак редно беше и нас да ни се насмевне среќата). Потоа со една одмерена бомба на Але беше 2-0 и потоа со еден одличен потег и шут на Марко веќе беше 3-0. Од овој човек очекувам 25+ голови сезонава, освен ако Карло не го залепи за клупа. Но за да не биде се така убаво и розево, и конечно да одиграме натпревар без примен гол се погрижи незнам кој од Цирих со нели прекрасен евро гол, очигледно на сите екипи им лежи Сан Сиро за постигнување такви голови, зашто се сомневам дека постигнале такви голови во кариерата повеќе од два пати, вклучувајќи ги и тренинзите. Нејсе, сепак имаме 2 гола предност и ако со овој резултат не отидеме понатаму Карло треба веднаш сам да си пресуди, да не му пресуди некој друг.

По оваа победа на ред е како што милуваат нашите коментатори да кажат ЗАБРЕВТАНИОТ Лацио. На чело со Гочето и Зарате лацијалите успеаа да стигнат и на чело на Серие А, со две победи против не така слаби противници. Сепак во овие моменти и Ман Јун да ни се нацртаат на Сан Сиро ние едноставно мора да победиме. Иако е само почеток сепак непријатно е да бидеш во зоната за испаѓање заедно со Каљари. Како да не беа доволни двата порази па почнаа да ни се случуваат и малери со повредите, иако во прв момент се израдував што се повреди Пирло, да, баш се израдував, зашто конечно ќе го добие заслужениот одмор, како што кажав , ако не му текнува на тренерот ќе им текне на мускулите дека им треба одмор, сепак сега кога се дозна дека ќе паузира два месеци и се разочарав. Сепак со Пирло без Пирло , со Кака без Кака, едноставно овој натпревар треба да се победи. Формацијата со која ќе излезе Карло во овој момент чисто се сомневам дека и Нострадамус може да ја предвиди, а се сомневам дека и самиот Карло знае како ќе почне, па затоа и јас ќе се воздржам од предвидувања. Тоа би било тоа во ова кратко preview за натпреварот со Лацио и на крај ќе цитирам само една изјава на Венгер дадена денеска која е тесно поврзана со случувањата во Милан :

"The manager is the most important man at the club, if not why do you sack the manager if it isn't going well?

Вел Карло евритинг из ин јоур хендс!

FORZA MILAN!

23 comments:

ReBorned said...

Ај јас да си ја пробам среќата...
Абијати
Замбро - Малдини - Бонера - Јанко
Фламс - Амбро - Сидорф
Рики - Дињо
Бориело

Rossoner said...

И јас сакам Бориело да стартува, ама се ми се чини дека Шева ќе биде стартер. јбг...

Ultra red&black said...

Хммм.....

Абијати-фала богу

Замбро-Малдини-Бонера-Јанко-евентуално ако неше не биде у ред со капитано може и каладзе да почне(не дај боже)

Фламс-Амбро-Сидорф/Рино-можно е и тој да почне иако не верувам дека ќе игра 90 мин

Рики-Дињо-Нешто поинаку од ова би било само изненадување

Бориело/Шева/ Пато ќе влезе у второ


Ја би сакал вака да се почне со сидорф.-само жал ми е за малата повреда на сендерос што значи дека ќе чека некоја др прилика за деби :)

Резултат: 2-1 Кака,Дињо-Пандев или Зарате xD

Navigator said...

-----------------Abbiati-----------

Zambro---Bonera---Kaladze---Janko

------Flams----Ambro---Seedorf-----

------------Kaka-----Dihno---------

-----------------Pato--------------

Subs: Il capitano (Kaladze), Gattuso (Flams), Pato (Borriello)
Result: 3:0 (1:0) Dihno, Pato, Seedorf

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

знам дека денес игра Milan ама нели е боље од вчера да стои постот, зашо ова е озбилен блог на озбилни фанови :)
еве ако се сомневате во мојата активност во вторник веќе имате пост per la prossima partita contro la Reggina ;)
само нека ми се оствари прогнозата па после со кеф ке пишувам и два поста ако треба
P.S. многу го сакам Gila денес, па и Mutu..FORZA MILAN, FORZA FIO!!!(не ми замерувајте за мноогу пари се работи)

rimjanin said...

Милан 1
Челзи 1

Два дерби натпревари ке завршат со победа на домашните.

ReBorned said...

Римче од твоја уста во божји уши ;)
Навигатор... ај фати па после се со тебе ќе се дружиме :)

Navigator said...

како со рече: од твоја уста во божји уши :))

Rossoner said...

друже постот не од вчера, туку од завчера на полноќ е пуштен.:)

...иначе чекаме частење штом дојдеш во ск, а посебно зашто бивш миланов играч ти ги носи парите! :)))

Navigator said...

Gila, Gila, Forza Viola!!! :) Ajde uste 5min

Rossoner said...

ај да не останам и ја покус , да пробам и јас:

----Абијати----

замбро----бонера----малдини---каладзе

фламс---амбро---кларенс

-------кака--дињо

---------шева

Rossoner said...

rimjanin,еднава ја утна, немој и другава зашто тешко тебе! :)

Ultra red&black said...

Не ја утиње фтората немајте гајле :)

Него....со составот шо не изненади сите карло не изненади...али бар мислам дека ја сум најблиску до погодување на конечниот резултат!
-иако рака на срце очекувам Бориело/Пато/Кака/Шева/Дињо да го дае 3тиот гол!(ама го стеснив изборот ЛоЛ)


ПС: Џенаро Бориело!!! Бране,ЦАР си!

Ultra red&black said...

ПАТО!!! У стил на инзаги!!! Ххх

3-1! Нострадамус не ми е рамен ЛоЛ :Р

Ultra red&black said...

KAKAAAAA!!!!!

4-1 !!!

Уфф ама ми е мило ем драго што згрешив!


Ајде сеа петарда ко прошлата година :)

Ultra red&black said...
This comment has been removed by the author.
Ultra red&black said...

Еј луѓе пишувам пост за натпреваров.... :)

ReBorned said...

Да не копирам сега разговори од Скајп ... на колку луѓе им кажав дека ќе биде 4-1 :)

rimjanin said...

ја имав уплатено сингл за 50 евра, добивка 90 евра.Кога им израмни Зарате ги проколнав да испаднат од лига.

Сега си го повлекувам колнењето...и честито победа, требаше некој вака да ги утепа.

ReBorned said...

Беше само прашање на време кој ќе нагази на мината!
Еден мораше да биде торпедиран! Е сеа шо баш Лацио ја имаше таа „среќа“...

Ultra red&black said...

Ми се поеба пц-то и ми се избриша цел пост додека ставав слика!!!

:@:@:@:@

AAAA!!!

ReBorned said...

Епа другпат пишувај си прво во Ворд ;)

Ultra red&black said...

Аххх добар совет! али нвм го пишувам пак!очекувајте го за негде после полноќ