Translate

Sunday, 14 September 2008

Џенова 2 - 0 Милан

Сеуште живееме во минатото! Дон Силвио и Галијани, Карлито и играчите, навивачите...
Сеуште никој не успева (или не сака) да види кон што води ова! Од една страна газдите на клубот што го сакам сакаат да поминат цела декада (па и кусур) без воопшто да вложат во одбраната... од друга страна тренерот не може (или не сака) да сфати дека неговата тактика веќе ја знаат и дечките од Албинолефе и дека скоро секој има против игра на тоа! Господинот Анчелоти ака Големата глава упорно форсира некои негови фикс идеи исто како што управата упорно го подржува после сите посрамотувања! Три важни прашања ми се вртат низ глава:
1. Што бара во игра Фавали?!
2. Зошто Дињо излезе на полувреме?!
3. Зошто се форсира Шевченко кога и тој самиот е свесен дека не е подготвен за игра?!
Уште колку време им треба на управата и навивачите коишто го подржуваат Анчелоти да сфатат дека ова не’ води кон пропаст?! Едноставно го допревме дното! Ако по првиот натпревар против Болоња можевме да се тешиме со извонредната игра и немањето среќа, овојпат можеме да се пофалиме дека имавме среќа! Да, среќа да не примиме уште некој гол! Фудбалерите делуваат максимално дезорганизирано на теренот, тренерот во обложувалниците има коефициент 1,07 дека ќе игра со своето добро познато „кристмас три“ односно 4-3-2-1! Анчелоти е тренер на Милан од 2001 година и досега покажа само едно... дека е добар стратег во т.н тет а тет дуели односно елиминациски натпревари (читај ЛШ)! Карлито никогаш не покажа дека може да ниже резултати во серија, дека може да изгради уникатен стил на игра! Рака на срце, треба и некои фудбалери да застанат пред огледало и да погледнат каков дрес носат на себе и да го стават тоа во корелација со нивната пожртвуваност на теренот! Немаме игра, играме бледо, фудбалерите не се гладни за успеси! Сето тоа укажува дека тимот е заситен од тренерот, дека е потребно ново лице со нови идеи и нов (се надевам поволен) ветар на Сан Сиро! Сепак, кој би дошол на место на недопирливиот Карлито?! Незнам, особено не сега после 2 кола во новата сезона! Тренер се менува во летниот период а не по само 1 месец од почетокот на сезоната! На евентуалниот заменик би му било уште потешко, да раководи со ресурси кои не се донесени по негова желба! А и што имаме на располагање?! Донадони кој имаше сомнителни резултати во серија на чело на Азурите и Франк Рајкард кој едноставно не може (или барем не би смеело) да дојде во Миланело! Барем не сега!! Дињо си замина од Барса поради Рајкард, не сакам да имаме нова сапунска серија во Милан! Не го сакам за тренер на мојот омилен тим човек кој упорно на десен бек го форсираше евергринот на Барса Олегер (слично како и наш Карлито со Фавали) и како фудбалер од среден ред го игра Едмилсон! Доста со такви експерименти! Доколку може да се најде заеднички јазик со Ајакс за да се ангажира Марко Ван Бастен односно со Рома за да се добие Спалети во ред, во спротивно со Рајкард и со Донадони сметам дека ќе заглавиме со нов недоволно квалитетен тренер на клупата на Милан. А знаеме колку емоционално се врзуваат газдите со своите тренери па кој ќе чека следни 5 години за да се направи нова смена! Толку за тренерот!
Како што беше претходно наведено некои фудбалери треба да застанат пред огледало и да се замислат што тие контрибуираат и жртвуваат за доброто на својот клуб! Андреа Пирло (и покрај тоа што за мене е најдобар фудбалер во светот на неговата позиција) мора да биде седнат на клупа и тоа неколку натпревари во серија! Иако тоа на прв поглед делува невозможно, сепак попрво би го играл Матиас Кардачио отколку да продолжам со Пирло во првиот тим! Со Кардачио и со пораз можам да се вадам на неговото неискуство и зрелост! Да бидеме реални, Пирло не игра ништо после СП 2006 во Германија! Тоа е факт!!! Не велам дека квалитетите на Пирло паднале но тој нема отсуствувано на ниту еден натпревар на Милан, па дури и кога се игра во купот! Едноставно е преморен и презаситен! Е сега повторно тоа е вина на тренерот кој неможе (или повторно не сака) тоа да го види! Кога ќе се врати стариот Пирло ќе се врати и стариот Милан! Кога Пирло е во ритам, Милан може да го води и Биљбиљ Соколи!
Кларенс Сидорф! (или Slowdorff на некои странски форуми) Господинот се натпреварува со Пирло кој помалку ќе истрча на некој натпревар... денес не беше стартер и веднаш се забележа поголема ангажираност во неговата игра! Мора да сфати дека неговото место во стартните 11 не е по дифолт туку треба да го заслужи!
Андреј Шевченко! Мајсторе извини ама ти си во аут! Мора да ја вратиш твојата физичка и пред се психичка форма! Можеби (големо МОЖЕБИ) ќе бидеш во ред за 1 месец но не сега! Врз Милан има огромен притисок од сите страни а врз Шева тој притисок е на квадрат (со оглед на моментумот при неговото заминување и враќање во Милан)!
Фавали... не сакам да коментирам! Незнам зошто игра Фавали кога на клупата го има Јанкуловски па и Антонини кој е сосема солиден бек! Зошто мора секогаш да се игра со истите фудбалери без разлика на резултатот или мотивацијата! Кога игра Амбро или Гатузо можеби ќе се нервирам околу нивната техничка потковеност но барем знам дека воопшто не е доведено во прашање нивното срце долу на теренот!
Текстов е пишуван во афект... можеби и премногу се разводнува но таков е и проблемот на Милан, разводнет! Жално е тоа што сета вина се префрла на тренерот но реално не може да се смени целиот тим, нели?! И за крај, бисерот на сета оваа ситуација!
Карло Анчелоти нема да добие отказ! Сигурен сум околу тоа! А и дали е отказот паметен потег сега, на стартот од сезоната?! Меч со две острици! Сепак... Карлито фала ти за сите радосни моменти но време е да се разделиме! Ти велеше дека единствено би ја заменил клупата на Милан за онаа на Рома! Епа, work's for me!

37 comments:

CurvaSud_Milan said...

i have nothing to add

Anonymous said...

Me 2

ReBorned said...

Ова да го сфатам како потег дека добро сум ја опфатил моменталната ситуација или како своевиден тивок бојкот?
П.С И покрај тоа што мислам дека деновите на Карлито во Милан се одамна одброени сметам дека во овој момент е подобро да не му се врачува отказ!

Navigator said...

сфати го како нерасположеност за реакции после она вчера..немам никаква волја да искоментирам нешто деновиве..мислам дека клубот му должи извинување на сите фанови..инаку на место ти е се што имаш напишано
ARRIVEDERCI CARLO!!!

Anonymous said...

Се сложувам со навигатор за тоа за нерасположеноста за било какви реакции и губење на воља....и да пишеме нешто ќе биде едно исто...анализирање на грешките....како и да е...глава горе....

биче боље

:)

G4L said...

ronaldinho bese izvaden poradi toa sto igrase za brazil, putuese preku okean i spored mene ne ni trebase da igra voopsto. pomina vremeto koga na igraci im se secea noze koga ke go vide ronnie pred niv - sega otkako stana svetski brend (so onoj idiotski stegac na glava) i 5-6 kila poise nikoj ne go shljivi 2%. istoto vazi i za Sheva: 3 godini nema asalno fudbal igrano a odbranite vo Italija sigurno ne se polosi od ona sto bile porano. se na se tragicen start za milan vo Serie A od edna edinstvena pricina: katastrofalen menadzment i transferi. Istoto im se slucuva na onie tragicari Tottenh*m vo EPL - namesto da se adresiraat slabite tocki vo timot (zboram za Milan):

a. odbrana (kade osven Nesta i donekade Jankulovski, Bonera i Zambrotta nema drugi kvalitetni igraci - ne gi spomnuvajte Senderos (stoper br. 4 ili 5 vo Arsenal - zatoa i mu bese dozvoleno da zamine), Kaladze, Maldini, Favalli itn.

b. sreden red - braos za potegot so Flamini - pokraj Rino, Ambrosini, Emerson - uste eden 'cistac' bez mnogu fudbalsko znaenje (a na Gourcuff npr. mu se dava karta za Francija), se cuvaat istroseni igraci koi osvoile se i nemaat nikakov motiv za igra

c. napad - se kupuva Sheva (so koj pamet), Ronaldinho (ne e 1/3 od ona sto bese vo barca), se cuva Inzaghi a se pusta Paloschi... Boriello vo momentov e najdobar napagjac sto go ima Milan, a Kaka treba da pauzira edno 3 meseca od fudbal za da se vrati kako sto treba. vaka nespremen dovolno e uste edna povreda i da go stavite vo kategorija hronicari (zaedno so Nesta).

Se dodeka Carleto ne dobie noga, na Milan ne mu se pisuva dobro. Da napravese rez pred 2 godini, da ja iscistese starata garda (so ponekoj isklucok) i da kupese dva-3 talenti kako Pato i da vklucese nekoi deca od mladinskiot pogon da igraat i steknat iskustvo, sega mislam deka ke bese i pospremna i poperspektivna ekipata.

Ocekuvam da go reaktiviraat Bobo Vieri sega, posto Zola ne mozat - stana trener.

CurvaSud_Milan said...

g4l, Анчелоти изјави дека Роналдињо е спремен за 90 мин. , верувам дека е при здрава свест кога ги кажува овие информации. Значи не беше тоа причината за лошата негова игра против џенова, туку лошата тактичка "замисла" на Карло е виновна за се.

Викаш дека не е ни 1/3 од тоа што беше во Барса, јас викам дека не е ни 1/8 од тоа што беше во Барса, ама викам дека за скоро ќе биде x2 од тоа што беше во Барса, ако сега ти доаѓа да се смееш, причекај до полусезона па после исмејсе на ова.

Околу Палоши, јас верувам дека се работи за тотален неквалитет, на ни една утакмица , а ги имаше многу во подготвителниот период не покажа грам надеж дека се работи за голем талент, никој не бараше голови од него и чуда, туку едноставно да го истакне барем малце талентот што толку многу се зборува дека го има.

"Анчелоти да си оди". Да, точно, по подолго време и јас се приклучив кон оние што бараат негова смена, НО, значи големо НО, има еден "мал" проблем , а тоа што нема соодветен кадар во моментов на располагање што би го наследил. РАЈКАРД?!!! МАНЧИНИ?!!! ЗАКЕРОНИ?!! Не фала.
Значи сум за таа опција да се смени Анчелоти, ама не за било кој, па после да направиме турлитава со тимот. Вака Анчелоти ги знае играчите и со оглед на лошите, пардон катастрофалните резултати ќе се обиде да смени нешто и да поправи.

...И да, верувам дека сфати дека Бориело е за во првиот тим, а не за првото место на клупата!

Ри, никаков бојкот, туку тотално согласување со постот.



"Milan Crisis Intensifies As Pirlo Suffers Injury Blow"

Сеуште се чудам како ова не се случи досега, робот да беше ќе попуштеше. На ваков или онаков начин сепак си доби заслужен одмор.Кога на тренерот не му текнува ќе им текне на мускулите.

ReBorned said...

Се потврди тоа што го зборував за Пирло! Росонер... се согласувам, едноставно Пирло не отсуствувал од натпревар од фантастичното светско првенство! Серија А, ЛШ, па дури и во купот каде Карлито играше со младинци неретко Пирло беше во стартните 11. Кога на тоа ќе се придодаде и фактот дека ни тој самиот не памти кога последен пат не играл за репрезентацијата... беше само прашање на време!
Можеби звучи нереално ама го следев Матиас Кардачио буквално сите пријателски натпревари што ги одигра и кога тоа ќе го ставам во корелација со некои негови хајлајтси од претходно... мислам дека вреди да се обидеме со него! Дечкото има чувство за пасови и градење на играта а ла Пирло а од друга страна има во себе дел од Гатузо/Фламс стилот па не треба некој да му го чува грбот!
Вреди да се проба! (иако и сам не верувам дека Карлито ќе го игра него... сега ќе влета преку ред „Пумата“)

Navigator said...

не разбрав за повредата на Pirlo ама во секој случај голема штета зашо боље Pirlo неодморен, истрошен и било каков него тројца "касапи" во средина..тоа е јасно зашо нема шанса Cardacio да добие шанса пред Gattuso или Puma..луѓе не оди на добро ова што се случува во клубот..џабе ни се тие неколку млади играчи кога однапред веќе знаеме дека нема да добијат третман каков заслужуваат..за некоја година и младите таленти ќе почнат да го заобиколуваат Milan зашо веќе знаат како се работи тука..и тоа не е ничија друга вина освен на тренерот..кога најголем дел од клубовите кои ти се конкуренти во лигата те издвојуваат за најголем кандидат за шампион и имаш ваков супер-состав, а прикажуваш вакви игри и резултати, едноставно најлогична е смената на тренерот..и не се согласувам со некој од вас дека немаме адекватни замени за Carlo, баш напротив тренери како van Basten или Mancini се сосема доволно "стручни" да влетаат место на Carlo
FORZA MILAN A LA PROSSIMA GIORNATA MA SENZA ANCELOTTI!!!

ReBorned said...

Леле Џила два гола да даде за едно полувреме!? На почетокот на сезонава има дадено повеќе гола од сите наши напаѓачи заедно!

Anonymous said...

јебига

The Last Mohican said...

колку да казам нешо, да не биде дека не сум во тек со дискусиите... многу сум разочаран од последните случувања и за чудо нема да мрчам ко шо знам :) Осеќам дека не очекува уште една топло-ладно сезона и тоа ме вади од кожа, ама јеби га... Кога се навива, се навива во добро и во зло, а на Милан во овој момент му треба подршка од сите фанови... добро и еден стап, па да земеш да ги потепаш сите од управа, па надоле хиерархиски гледано, можда тогаш ќе им дојде памет за тоа како треба да се води еден тим.

И потполно се слагам со Навигатор за коментарот со тоа колку шанса им се дава на млади играчи во Милан. За греота, којзнае колку е фрустрирачки тоа да те сметаат за голем талент, да имаш помеѓу 18 и 22 години и да дремеш на клупа и да гледаш како некои дедовци со над 35 години се влечат по терен и ништо не праат, а ти од такви не можеш да добиеш шанса да заиграш :) Мизерија!

CurvaSud_Milan said...

Абе Џила и со Андерлеџт пред 2 или 3 сезони даде два гола и исчезна после. :)

Ипак, мислам дека ќе има добра сезона, прво заради тренерот кој дефинитивно му лежи и му ја врати самодовербата и второ заради Муту, играч со бескрајна визија.

Еве му ги и головите, убаво ги смести, посебно вториот.

http://www.goalsarena.com/component/option,com_seyret/Itemid,146/task,videodirectlink/id,3224/lang,en/

...али и примија еден заради него, се излежаваше таму нешто и судијава не прекина :))))))

ReBorned said...

Состав за вечер против Цирих:

------------------Дида

Антонини-Бонера-Каладзе-Јанкуловски

------Фламини-Сидорф-Амброзини

-------------------Кака

--------------Бориело-Пато

Anonymous said...

Брее све ранобудци сме биле на блогов xD ххх

CurvaSud_Milan said...

Очекувам од Бориело после овој натпревар да добие место во први 11 и во Сериа А!

The Last Mohican said...

А бе ко го е*е Џила, нека брка работа таму у Фиорентина... и 200 голови ако сака нека даде, не би го земал пак назад. Мене ми е нашиве напаѓачи да почнат голови да даваат ама некако не им оди или овој такозваниов тренер се стартери ги става најнеспремните или така ми се чини.

ReBorned said...

Мохикан не ти се чини... така е!
Карлито оди спроти секоја логика!
Сите тренери на тренинзите и на фитнес тестовите гледаат кои се најспремни и тие стартуваат а Карлито гледа кои се најнеспремни па тие влетуваат во стартните 11!
Ама Боригол и Пато мислам дека ќе си го зацементираат местото! Особено Боригол (оти во Серија А секако ќе ги игра и Рики и Дињо заедно а тоа значи само 1 шпиц)

Navigator said...

Ри..имаш мала грешка во составот во смисла на местата во средината..си ги помешал Seedorf и Ambro зашо првиот ќе игра лево а вториот во средина и поповлечен, ама тоа и не е толку битно..муабетот ми беше дека многу ми е очаен некако овој Carlo..сега пробува да игра со два напаѓачи, а во средина онај т.н. дијамант, тактика што можеше и требаше да ја игра минатите неколку сезони кога и реално имаше услови за тоа..ама добро чоекот е во паника па и ова ќе му го заборавиме како и многуте грешки од порано..ваљда ќе се искупи со една победа вечер која според некоја логика треба да ја очекуваме, а моја желба би било да биде барем без примен гол, зашо за недела или две треба да им одиме во гости на екипата која ја викаат Zurich..ако гледаме како ни тргнала сезоната ова ќе биди тврд двомеч кој ќе го решаваат нијанси (мразам кога морам да пишувам вака за MILAN ама тоа е вистината!)..е нешто околу тој (не)примен гол денес ме мачи..одбраната..верувам дека и вас не ви беше сеедно кога видовте кој се ќе треба да ни го чува голот заедно со, според мене најголемото изненадување Dida..молам бога барем денес Kaladze да не напрај кикс што ќе не кошта гол..и онака само ме интересира зашо не игра Zambro?? не слушнав дека се има повредено, а само тоа ми е некаква логична причина да не игра..ве молам ако некој има било каква информација да ме обавести :)
знам дека ситуацијата не е за смеење ама кога ќе помислам на Carlo и неговите очајнички обиди да се спаси (ако тоа е воопшто можно), неможам да останам рамнодушен
FORZA MILAN, VINCI PER NOI QUESTA SERA!!!

ReBorned said...

1-0 на полувреме! Јанкуловски во 45 минута! Сепак БориГол не стартуваше туку на негово место игра пак Шева! Акцијата беше добра, мислам дека Рики ја спушти во шеснаесетникот, Шева сам пред голманот шутира ама пак не дава гол (и пак голманот ја брани со нога), одбиената топка стигнува до Јанко овој од прва со десна шутира па се удира од еден дефанзивец и КОНЕЧНО ГОЛ! Вистински карамбол! Претходно е поништен гол на Цирих поради офсајд!
Замброта не игра поради тоа што сакал да го одмори! А Дида, Антонини па и Пато играат поради тоа што Карлито ја смета УЕФА за секундарна цел! Значи за викендот се враќа Абијати, се враќа Замбро и најверојатно се враќа Дињо!
Ри... Директно од Сан Сиро за вашиот портал!

ReBorned said...

АЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!!!!
Пак не го играј!!!
АЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!!!

Anonymous said...
This comment has been removed by the author.
Anonymous said...

3-1 сосема солиден(во нашава ситуација одличен)резултат кој доста добро ни дојде во вистински момент.Пред се ме израдува играта!Милан потсеќаше на оној стариот(не баш толку стар)Милан!Голема улога имаше и самата формација со 2ца напаѓачи,која се надевам дека карлето ако ништо друго барем почесто ќе ја применува...пошо резултатите со "пирамидата" си зборуваат сами за себе.
Антонини,Фламс,Пато,Бориело-Нашите младичи одиграа одлично!И ете доказ како со Антонини и Фламини наместо со Фавали и Емерсон се победуваат натпревари!

Се на се одлична игра на сите...искрено мн ми е мило за Дида што добива минутажа,како и за Шева кој ужива доверба кај Карло(која можеби не ја заслужува-види стерлци)

Како и да е....се враќаме на побединички патеки,да се надеваме дека со 3 поени ќе поминеме и викендов кога го пречекуваме лидерот на табелата(за потсетување ние сме претпоследни :) )кој предводен од моментално најефикасниот напаѓачки двоец Пандев-Зарате....



FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Одличен пост...Се слагам буквално со се што си кажал, али баш буквално до збор! После ваков пост, нема потрба од коментирање...

П

CurvaSud_Milan said...

У ПМ пак не изигравме натпревар со клин шит!!!

Имам неколку работи кои ми лежат да си ги кажам :)

1. Бориело веднаш во први 11!
2. Секоја чест на Але за голот!
3. Фламини после тој гол се радуваше како да освоил ЛШ!!! многу позитивно од негова страна
4. На моја голема радост Шева вчера заличи барем на 1/4 од оној стариот.
5. нема 5то :)

CurvaSud_Milan said...

"anonymous" благодарам за твојот придонес во дебатата на блогот. Сепак ако не би ти пречело можеш да направиш акаунт на blogger.com(треба да имаш маил на gmail) или кога ќе оставаш коментари да се потпишуваш под коментарот.

Поздрав.

ReBorned said...

Анонимче ти благодарам на комплиментите :)
Росонер... види ребус:
МОРА да се игра со 2 шпица што значи МОРА да се игра со Рики позади нив што недвосмислено асоцира на 4-3-1-2 што од друга страна значи проблеми околу тоа каде да се вметне Дињо ;)
Але и БориГол во шпицот!
Рики позади нив!
Фламс и Амбро... и за последното место од средниот ред конкурираат Сидорф, Дињо, Пирло (кога ќе се врати) Пумата :(
Значи решение на ребусот... Доколку игра како синоќа... таму ќе си игра Сидорф а Дињо кога ќе реши да трча и назад односно да помага и во дефанзива тогаш ќе биде во стартните 11. Дотогаш нека биде златна резерва :)
Ако се вратиме пак на 4-3-2-1 незнам колку би биле во ред посебно што Пато пак ќе дреме на клупа!
Од друга страна има една формација која мене лично од секогаш ми се допаѓала (зборувам за неколку години наназад) а сега имаме и таков тип на фудбалери за тоа!
4-2-3-1 Со Бориело во самиот шпиц зад него Дињо - Але - Рики а зад нив Фламс и уште еден (најверојатно Амбро)! Сепак ова многу поубаво изгледа вака отколку на терен оти ќе имаме големи дупки во контра напади кога 4 наши фудбалери ќе испливуваат напред! Мора да им се помага на оние двајца во среден ред од тројката пред нив! Доколку тоа се случува ќе бидеме страшни!

CurvaSud_Milan said...

Ри , тешко е ова за решавање, :) Плус ако не сето ова додадеш дека реално вчера Шева имаше добар натпревар, значи ќе треба и него да го додадеме, а знаејќи го Анчелоти ништо чудно Шева да добие шанса со Лацио и пред Пато и пред Бориело.

Сепак, ова се слатки маки, нека ние почнеме да победуваме, па ако таа победничка формација значи и Кака да седи на клупа ич нема да ми смета(ова е хипотетички кажано и не соодвествува со реалноста, туку само сакам да го доловам моментот "седење на клупа на звезди" ) :))))

ReBorned said...

Не сакам веднаш по еден добро одигран натпревар да се палам да не ни залепат некоја шлаканица Гочето, Зарате и компанија па да ни зујат после ушите до Среда и да ја чекаме Реџина за враќање во нормала!
Кој не го видел сеуште голот на Пато законски се обврзува да го стори тоа во најбрз можен рок!
П.С Ама и нивниот гол беше леле мајко!

Navigator said...

боље ќе беше некој да напишеше еден пост за утакмицава зашо коментарите и насловот не си соодвестуваат :)
anyway..КОНЕЧНО победа и тоа официјална..3:1 звучи добро иако желбата не ми беше исполнета да не примиме гол..нема да речам конечно добра игра зашо првата утакмица против Bologna беше супер тактички гледано..головите сношти беа екстра сите освен онај на Јанко ама каков-таков ни помогна порастоварено и поопуштено да се одигра второто полувреме..свака част за Ale мада и голот на Borriello ептен ми се бендиса..
за ребусот на Ри..добро е кога имаш слатки маки околу составот ама ич не е добро кога тој што треба да ги реши не е на ниво на задача..гледам дека сите мислиме дека мора да се игра со двајца напаѓачи ама треба да ни биди јасно дека кога Dihno и Kaka се фит неможиме да очекуваме некој од нив да седи на клупа на сметка на еден шпиц, освен во утакмица каде се брка гол повеќе..токму затоа и беше доведен Dihno за да се надополни дефицитот на напаѓачи (тогаш сеуште не беше ангажиран Sheva) и да се спроведи формацијата "X-mas tree"..а кога ке размислам за твојта омилена формација 4-2-3-1 ми асоцира на тоа да во овие тројца офанзивни треба да се најдат Dihno-Kaka-Seedorf и кога ке ми текни колку ни е слаба одбраната, а никој од овие (можеби Kaka понекогаш) не се враќа во дефазива, мислам дека ке имаме огромни проблеми со одбраната, особено со противничките контри..ама како тргнал Carlo сигурен сум дека за некоја уткамица и таа формација ќе ја проба..во право си со тоа да не се залетуваме по само една победа и тоа над Zurich!?
Ќе ви обеќав пост за мечот со Lazio ама пошо "не сум достапен" во сабота очекувам некој од вас да го напраи тоа да не кисниме вака по стари постови :)

P.S. поздрав за анонимчето, те чекаме со коментари уште на следниот пост

FORZA MILAN, VA BENE FINORA!!!

CurvaSud_Milan said...

Очекувајте го постот за Лацио некаде околу 22h.... :)

Anonymous said...

На кратко само.....ри.... 4-2-3-1 и мене ми е омилена формација на ФМ xD
арно ама таа формација со милан може само таму да ја видиш-на фм!Евентуално при некоја негативе можеме да видиме такво нешто али искрено не верувам.Иначе не ме сваќај погрешно формацијата изгледа убаво на хартија....ама со Сидорф,Кака,Дињо,Пато/Бориело... изгледа доста офанзивно и ни ја прави одбраната мн ранлива :)

Ај и од мене еден поз до анонимецот и ќе очекуем пост од росоњер xD


FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Епа пост ама сите чекате од мене! Јас мислев дека некој друг спрема пост за Цирих а јас бев го напишал претходниот со Џенова... и не сакав да му расипам пост на некој друг! :)

ReBorned said...

Навигатор: Ќе ви обеќав пост за мечот со Lazio ама пошо "не сум достапен" во сабота
------------------------------------
Навигатор те фатив во тесно... Милан не игра во сабота туку во Недела ;)
Росонер... оти пост околу 22, сакаш да кажеш дека натпреварот ќе биде решен до 75 минута?

Anonymous said...

Значи имав пишано од кого е, али не ми го даде тоа не знам зашто, ако приметите ја даде само П буквата од Поздрав шиткачи :) нејсе

Гледам дека дебативе ви се одлични, и со задоволство ќе се приклучам. Инаку јас сум пишувам на http://upravasitkaci.blog.com.mk/ така што сега за сега не мислам да правам трансфер :) (мала реклама, извини ри)

Поздрав и се читаме дефинитивно...
FORZA MILAN NUMERO UNO!

CurvaSud_Milan said...

Ри, не дека ќе е баш така, твојот придонес кон блогов од кога си член е голем и јас го ценам а верувам дека и другите. Сепак од последните 14 поста 5 се мои 5 се твои и Мохикан и Ултра имаат по 2. Значи и другите сме активни. :) Сепак не сме тука да се убедуваме кој колку напишал, кој колку може ќе пишуваме.

А иначе за 22h лошо се разбравме, мислев за денес околу 22h. :)))))

Ама еве тек сеа се прибирам дома и сеа ќе го почнам постот.

И Ултра не сум РосоЊер туку сум РосоНер. Почнав да одам на италијански! лОл

ReBorned said...

Од секаде влечам фанови!
Абе Форца Милан!!!!!!!!