Translate

Saturday, 31 October 2009

Пало се враќа дома!



Во време во кое сме во серија од неколку добри резултати во серија (4 натправари без пораз од кои имаме 3 победи) на гости на Сан Сиро ни доаѓа нашиот Пало. Момчето кое има црвено-црно срце и кое иако има само 19 години многу повеќе го сака овој тим од многу други поискусни фудбалери кои во моментов го носат светиот дрес! По многу долго време и креаторот на овој пост ќе има конечно среќа да го гледа својот тим на ТВ (доколку нема пречки во трасата).
Според фудбалерите со кои располагаме во моментов има само една или две недоумици за стартниот состав. Како личност која ретко го греши стартниот состав би се осудил да прогнозирам повторно:

----------------Дида

-Одо---Тиаго Силва---Каладзе---Антонини

------Фламини----Пирло---Амброзини

----------------Сидорф

-----Бориело(Хунтелар)---Пато

Значи, да... се враќаме на 4-3-1-2.

Уште еден битен момент кој дава дополнителна тежина на овој натпревар е тоа што (звучи чудно но) во моментов ова е натпревар меѓу два ривали за четвртото место (Парма е четврто а ние сме петто). Со евентуална победа се враќаме онаму каде што се чувствуваме најдобро...
И уште нешто... денес славиме 30 години заедно со Силвио... имало добри има и лоши моменти, да бидеме реални доколку не беше тој, можеби никогаш немаше да го достигнеме нивото и авторитетот кој го имаме во светскиот фудбал. Да се надеваме дека нема да не остави на она ниво на кое што не „зема“ пред 30 години. Среќна годишнина претседателе!

И за крај мала пикантерија

Dominic Adiyiah 20 годишен напаѓач од Гана (Second Striker, Пато type of player) кој што моментално игра за норвешки Фридиркаш и што (е многу важно) беше ЗЛАТНА КОПАЧКА односно НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ на последното U20 World Cup со постигнати 8 гола на 7 натпревари, се наоѓа на работ од потпишување за Милан и тоа за извонредно смешна сума од 1,5 мил. евра (поради икс причини). Доколку го добиеме го трошиме и последното NON-EU место но добиваме конечно замена за Але и Дињо односно AML и АМR. Доколку ова момче дојде во Јануари и по очекуваното враќање на Пало на лето... догодина нападот на Милан ќе се состои од 20-годишни деца :)
Сепак не се залетувајте, јас додека не го видам на терен не верувам во ништо (посебно што верувале или не агентот е оној ист агент кој што посредуваше во „трансферот“ на Сисоко).

14 comments:

Vase_AC Milan said...

Дефинитивно ке играме со 4-3-3 зошто ако играме со друга формација 5 ке примиме сите го знаат тоа.младиов момак од Гана би сакал да го видам на сан сиро :D

FORZA MILAN

kiko_pato said...

Прво добро е шо има пост од РЕ... оти во последно време само ултра пишуваше постови...

околу формацијата не се согласувам мислам дека ќе игра со истата формација како со реал... и место антонини, замброта.... незнам зошто да не игра дињо???? како и да е... вечер да победиме и да земеме 3 бода...

ReBorned said...

Ептен ретко грешам почетни 11...
ЕДинствена дилема ми е Бори/Хунт а за другото ќе видиме ;)

Ultra red and black said...

Нема дилема Ри Бориело ТРЕБА да почне :)
Иначе и ја би со Антонини со Киево изигра маестрално.
А за ганецов не праам муабет....и јас прочитав дека постојат големи можности да го земеме ама коа го прочитав името на посредникот....

FORZA MILAN!

ReBorned said...

Да се разбереме нешто... никогаш кога „типувам“ формација не кажувам што јас сакам да стартува туку што мислам дека тренерот ќе одбере во моментот...не значи дека секогаш се согласувам со тоа или не...
П.С Форца Наполи ;)

ReBorned said...

И конечно:

MILAN: Dida; Oddo, Thiago Silva, Kaladze, Antonini; Gattuso, Pirlo, Seedorf; Ronaldinho, Pato, Borriello.

PARMA: Mirante; Dellafiore, Panucci, Lucarelli; Zaccardo, Lunardini; Morrone, Dzemaili, Galloppa; Bojinov, Paloschi

Чудно што Џенаро е директно во стартните 11 од болница... Пало стартер... Forza Milan!!

Vase_AC Milan said...

Пало се враќа ама и МАРКО се врати.отсекогаш сум го почитувал човеков оти е животно :D феноменална утакмица изигра и не само он сите силва каладзе (ууух ама тешко ми беше воа да го пишам) :D дида се враќа во форма и сега следни се кралевите Pt.2 ПЛЕСКАЊЕ :D


FORZA ROSSONERI SIEMPRE CAMPIONE

kiko_pato said...

Роналдињо copy, Бориело paste, Дида save! Милан 4то место... :)

Ultra red and black said...
This comment has been removed by the author.
Ultra red and black said...

Супер утакмица :) Пост неможам да напишам пошо ПАК неможев да гледам,али како што гледам по рејтинзи и по 2та гола еден тим играл само :)
Браво за сите посебно за Дињо,Бориело и Дида :)

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Шпекулации дека сме го договориле и Хотор 16 годишен фудбалер од средината на теренот, од Гана и моментално игра за Триестина. Излишно е да мудруваме околу неговите квалитети но самиот факт дека по него освен Милан се Сампдорија, Палермо, Интер, Јувентус, Барса... влева надеж!

Vase_AC Milan said...

Beckam се врати :))) колку ќе бидеме ќар од него не сме свесни.дресови, долче и габана....многу пари ке донесе ем ке изигра ке биде мотивиран за да му покаже на тоа капелото.тој Hottor ваљда го земале ама за Adiyiah или како се викаше сеуште ништо нема,ќе се заебат ако не го земат.Ќе биде ли новиот Aly Cissokho :D


FORZA MILAN

Ultra red and black said...

Slow down guys :)
Официјално ни едниот а ни другиот сме го земале.
Друга ствар е што ако го земеме Ганецот сеа у Јануари нема да имаме ни теоретски шанси да ги купиме Хернандес,Моралес,Рафиња,Мафиња...
За Бекам се надевам дека ќе игра како што играше пред 1 година,со што ќе му отвори многу опции на Лео во средниот ред.-Дури и експериментирање со крила :)

kiko_pato said...

дај пост за вечер нема ли?