Translate
Saturday, 24 October 2009
We're Back!
Богами да!Две и тоа какви победи,историски!Првата против тимот кој го немавме победено веќе 3 години и ни беше кошмар(дури и на Сан Сиро),а втората е 250 милионскиот летен трошач,”Кралскиот клуб” ,девет-кратниот европски тешкаш и воедно шпански гигант Реал Мадрид.Немате појма колку ми е смешно кога сега ги читам изјавите на навивачите на Реал од типот колку гола ќе сме примеле,кај ни го земале најдобриот играч па уште ќе не елиминирале....притоа забораваќи дека си имаат работа со Најуспешниот фудбалски клуб на сите времиња(ЛОЛ,звучам како Галијани).Иако поминаа 3 дена еуфоријата сеуште неможе да стивне,и ништо ама баш ништо неможе да ја оспори оваа победа: Ни фактот дека Касиљас имал лоша вечер,дека Милан имал среќа,а уште па помалце дека 94 од тие 250 милиони евра,си го прчеле негде во вип ложата.(Ако е за така тогаш од каде да почнеме за проблемите на Милан?!)
Забележавме победа на терен каде што никогаш не сме победиле до сега,на теренот каде што Сидорф за прв пат беше запишуван во историјата,дефинитивно на еден од омилените терени на Роналдињо,и конечно на теренот на кој и ќе се одигра овогодишното финале на Лигата на шампионите.
А стартот на натпреварот не навестуваше ништо од тоа...катастрофален кикс на Дида кој Раул нормално го искористи и им донесе рано водство на Реал кое во тој момент се чинеше одлучувачко.И си течеше времето и ништо не се смени се до 62рата минута...БОМБА од околу 35 метри од ПИРЛОООО!!!Барав по интеренетот но неуспеав да најдам податок кога последен пат дал Пирло гол(а не па од игра).Некои велат грешка на Касиљас,јас велам мајсторија на Пирло.
Четири минути подоцна нов шок за Реал: Рамос и Кака не се разбраа најдобро,ова го искористи Амброзини кој со одличен пас го најде Пато во фор кој успеа да се снајде против тројца противнички играчи и да постигне гол,сигурно Касиљас лошо излета,но и да си останеше на линија мислите дека Пато ќе погрешеше од таму?
Десет минути подоцна,израмнување на Реал,Раул со одлично чуство упати топка до Дренте од корнер,при кој од 20ина метри Дренте не ни можеше да згреши туку со полу-волеј одлично ја смести топката во аголот.-гол за кој 50% од вината сноси Дида.Нецели десет минути подоцна корнер за Милан,Тиаго Силва одлично се снајде во петерецот,го надскокува Албиол,а притоа Касиљас се судрува со Рамос,топката влегува во голот(од раката на Рамос) но овој гол не важи поради евентуален фаул во напад?Во тие моменти урлав дома,кршев,викав,но за моја среќа правдата беше задоволена
Само 2 минути подоцна по еден неуспешен продор на Пато топката доаѓа до Дињо,овој веднаш лево до Сидорф кој застанува со топката во место и тогаш....магија...Одбраната на Реал се формира а Бориело се извлекува во исто време со неа,но Сидорф сеуште го чека Пато да излезе од офсајд,кога овој конечно го прави тоа добива сервирана топка на тацна и од 5 метри постигнува гол за историја.
Секако има уште многу работи за кој треба да се зборува:недосудениот пенал за Реал,рекордот на Раул,првото соочување на Кака со своите поранешни соиграчи...но овој меч е минато(иако мене не би ми пречело пак да зборувам за него)а за помалку две недели следи реванш на Сан Сиро во кој се ќе пишува ново поглавје во историјата
FORZA MILAN!!!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
17 comments:
прво многу добар пост.... и се повеќе да има постови( не само од тебе туку да се разбудат и другиве :) ) тоа шо серат навивачите на реал ... нека серат колку сакаат само они така мислат ( се тешат ) за разлика од сите други шо го пратат фудбалот... ние си ги "исплескавме" ( ем фудбалски ем фатија по некој ударац :) ) и можат сеа шо сакаат да си зборуваат :D
само се надевам дека и на Сан сиро ќе извадиме позитивен резултат... со победа би бил пресреќен но и со нерешено ќе бидам задоволен!!!
FORZA MILAN!
Супер пост.Со оваа победа над Реал мислам дека официјално се вративме сакам да кажам конечно се освести Лео дека треба да игра со 4-3-3.Како и да е очекуваме да се продолжи победничкава серија и да продолжи Милан да ни пружи сатисфакции како што само тој знае и ниеден друг клуб на светот (ова дури ни Галијани го нема кажано) :D
FORZA MILAN CAMPEONE
Има време до тогаш,а сега треба да мислиме што не чека утревечер:Киево.
Тим кој дефинитивно не е за потценување,а со оглед на нашата форма во Серија А мечов мислам дека ќе биде далеку од лесен.
Дида
Оддо,Неста,Т.Силва,Замбро/Јанко
Абате,Пирло,Фламини
Сидорф/Дињо
Пато
Иако сеуште нема официјална листа на играчи повикани за мечот со Киево јас го прогнозирам овој состав со максимум 1 промена.
Абиати,Сторари,Бонера,Ониеву,Гатузо
и Ди Џенаро се повредени,додека Амброзини е суспендиран.
Резултат нема да прогнозирам
Sempre rosso,sempre nero,per sempre ROSSONERO!!!
Рековме нема више муабети за утакмицата али морам уште ова да го пишам...
Пато... масовно е... на Сантјаго Бернабеу... да се постигне голот... резултатот... шо не спојва горе... со осминафиналето xD
Хахахахаха добро е воа на Сантијаго :D утре и Абате нема да игра така вика Лео. Мора да ги добиеме
FORZA MILAN
Абате сеуште нема го средено зглобот и нема да игра.
-------------Дида
--Одо----Неста---ТС---Јанко
-----Фламс--Пирло--Сидорф
--Але-----------------Дињо
----------Хантерот
П.С Мислам дека е во ред Кико веднаш да добие овластување за пишување на постови а по некое време и Васе со што би можело да се живне работава на блогов, добро знаете (и тоа се гледа наназад) дека бев многу активен со постови (и во добро и во зло) но едноставно имам премногу обврски сега и не сум во можност да го држам тоа темпо.
прво честитки и фала за постот :) убаво ни ја пренесе утакмицата со Real, мада не верувам дека има некој кој си дозволил да пропушти таква класика..и без оглед на реакциите на навивачите, без оглед на подобрата игра на противникот, па и на судиските грешки (од кои нашите беа повеќе оштетени, дефинитвно), Milan беше екипата која од Bernabeu излезе со високо крената глава..срце ми се полни кога зборувам за таа утакмица..сепак распоредот не дозволува долги славења, така што после успешната дерби недела продолжуваме понатаму..а прва станица е Verona каде не дочекува просечната екипа на Chievo во која, убеден сум, дека освен Pellissier кој е релативно познат, нема да најдите ниедно звучно име..и поради реномето и поради моменталната форма не би требало да има посериозни проблеми за нашите, АМА како игра Milan оваа сезона... ништо не се знае!
Јас утревечер заради натрупаниот распоред и тешките противници, би одморал еден од штоперите, така што би играл со:
---------Dida----------
Oddo,TS,Favalli,Zambro
--Flams,Pirlo,Seedorf--
------Pato,Dinho-------
--------Hunter---------
FORZA MILAN, FORZA CAMPIONI!!!
А јас па мислев дека Абате се опоравил...како и да е не сум убеден дека Хунтелар ќе добие шанса(не дека не заслужува)но мислам дека Лео нема да експериментира и дека Инзаги или уште поверојатно Бориело ќе започнат.
-А Иван,јас не ни помислувам на одмарање на некој од одбранбеното дуо познавајќи ја нашата раштимана игра и резултати :)
-Ри,само Мохисан-блог администраторот може да му даде одобрување на Кико за пишување постови,а последен пат коментар од него видов пред месеци...
стварно е ризично, не велам дека не е ама подобро да се одмори некој утре, него да го немаме за понатаму..не заборавајте после Chievo доаѓаат Napoli,Parma,Real,Lazio... и тоа се игра среда-сабота, а Bonera и Onyewu влечат долги повреди!
Ја не глеам или уште нема официјална листа со играчи повикани за вечер?
Не знаеш каде да видиш ;)
Абе составот е тој јас што го прогнозирав, се слушнав со Лео вчера (или да бидам искрен ми пиша SMS)
Подобро да игра со некој од младинците отколку со фавали како стопер.човекот е дупка кога и да игра најслаба карика е.ониеву се повреди така да алтернатива друга нема освен каладзе (несакам ни името да му го спомнам) :S:S би го играл и марко напред мислам дека сега во овој период може да очекуваме по некој гол од него и ме изненади како изигра на бернабе алал да му е :D како и да е убеден сум во 3те бода
FORZA CAMPEONI !!!
Има и послаби карики од Фавалињо васе веруј :)
А Ри знаеме кој ќе биде составот,него ме изненадува фактот што нема список со повикани играчи...
иначе Лео уште е на космофон?ја го барав ама недостапен беше...
Аааа друже па од кога се немаш видено со Лео?! Каков Космофон...
Така ти е тогаш кога те викав во Скопје на кафе кога ми дојде човекот ти беше зафатен...
Сега е на t-mobile ама нели сме во економска криза па бројот не му е на претплата... ако му треба нешто титка па да му се јави Галијани, само B&G имаат број на претплата на службена сметка
НЕСТААААА!!!!За 10 мин иде пост!
Еве ме мене...шо ке праиме сеа?
eve mee
Post a Comment