Translate

Thursday, 9 September 2010

UN VIAGGIO A CESENA!!!



Конечно заврши двонеделната репрезентативна пауза! Велам конечно, затоа што ми се чини дека никогаш не сум бил "погладен" за фудбал, клубски секако..дури и оние шампионски денови пред седум-осум години кога исто како и сега одвај го чекав секој следен натпревар, неможам да ги споредам со ова сега..тогаш незнаев многу работи за и околу клубот кои денес ги знам; тогаш неможев да ја пратам секоја утакмица на клубот, а сега можам; и најбитно денес Milan има ситуација на многу сушни скудето сезони, нешто што тогаш неможев ни да го замислам..тогаш после секој изгледан натпревар знаев дека тоа е мојот тим, бев горд оти беше најдобар, играше убаво за око, делуваше доминантно..ама пак, без оглед на постот домашен, секоја сезона влегувавме со надежи за поуспешено издание..и којзнае колку години истата приказна - некаде околу Март или Април кога ќе беа загубени шансите за титулата наоѓавме мал милион причини за неуспехот..е баш затоа го пишувам сето ова... "сега го немаме тоа оправдување!" - Massimo Ambrosini
денес имаме нешто друго..мотивирани навивачи, силна екипа, заситен шампион, нови засилувања, подолга клупа, нов тренер, стариот добар papa Silvio, дури и ганц нов автобус (види фотос) :D
имаме и одлично прво издание сезонава, надокнадено со 4 гола..а како мотивација плус ги имаме и конкурентите на минус..кој два, кој три бода... за репризата која ја очекуваме во второто коло Massimo нема да ги има на располагање Sandro, Seedorf и Flams..со првите двајца клубот несака да ризикува, па се очекува да бидат во тимот за во Среда..со Flams ситуацијата е поинаква, сеуште санира повреда и ќе го нема за скоро..и со ваква слика на екипата, не би требало да има проблеми со оглед на успешните претходни изданија на Papa и KPB, кои најверојатно ќе ги завземат тие места..една од најинтересните работи, секако ќе биди изборот на Massimo на напаѓачкото трио..
мое убедување е дека доколку оваа недела не се играше CL, Dinho-Ibra-Pato би бил логичниот избор, но со оглед на противникот во Сабота, можно е таа комбинација да се чува за Auxerre..како и да е, сите ние повеќе од што и да било очекуваме победа против Cesena, која истотака мотивирана после ремито на Olimpico ќе тргни кон ново изненадување..
затоа подобро да ја вратиме Cesena во реалноста, отколку ние да се вратиме назад, во болното блиско минато!
и знам дека сите одвај чекате да дојди Сабота, мислите ви се само таму и затоа никој ништо не пишуваше на блогот деновиве :) уште Телма да не израдува и да кажи дека Milan ќе оди во пренос, што ми е баш сумљиво...



FORZA MILAN!!!

19 comments:

Anonymous said...

Конечно почна сезоната и за мене...

Abbiati
Zambrotta,Bonera,T.Silva,Antonini
Ambrosini,Pirlo,Boateng
Pato,Robinho,Ronaldinho

Евентуално Абате во средината место Принцот, и Ибра во нападот место Робињо се на се вака би требало да изгледа составот кој минимално ќе ја совлада Чезена :Р

Navigator said...

во меѓувреме една лоша информација дојде од primavera - во натпреварот од младинскиот суперкуп на Италија одигран на Luigi Ferraris во Genoa, нашите младинци загубија од домашната екипа и воедно лански шампион со високи 5:0!
навистина без некои од ланските играчи, ама сосема солидна екипа имаше Stroppa на располагање..еве ги стартните состави:

GENOA: Perin; Bertoncini, Carlini, De Bode, Polenta, Sturaro, Zuculini, Doninelli, Zigoni, Piras, Boakye.

MILAN: Di Fabio, Pasini, Ghirighelli, Albertazzi, De Vito; Novinic, Calvano, Fossati; Verdi, Beretta, Carmona.

Два гола ни даде "нашиот" Zigoni, два Boakye и еден Polenta..лоша вечер...

FORZA PRIMAVERA, FORZA MILAN!!!

Navigator said...

одлична вест од Телма, Cesena-Milan оди во директен пренос во Сабота во 20.45!!
е баш ме усреќи бранче принтерашот :)

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Се знаеше одеше на најавна шпица дека ке има пренос.Одвај чекам сабота да дојде.Можно е Макс да ги игра сите 4ица..

Моите стартери за утре:

Abbiati
Papa,Onyewu,Silva,Antonini
BOA,Pirlo,Ambro
Pato,Ibra,DInho

А пошто Ониеву не е повикан би го играл Папа на стоперска позиција а Бонера бек.....тешко на Алегри :D
Секако очекуваме фантастична претстава на нашите миленици и секако 3 бода.

FORZA MILAN TU SEI TUTTA LA MIA VITA

ReBorned said...

Душата ме боли, нема да можам да ја гледам :(
Ама цврсто сум решен кога ќе си дојдам вечерта (ќе бидам на работа до 03:00) да најдам Торент да си го снимам цел натпревар и да си го гледам утредента...

Navigator said...

Да не работиш како обезбедување Ри штом си на работа до 3 во Сабота? :)
симни си ја, само не отварај на блогов или на телетекст за да ти биди интересна :)
инаку за составот прочитав дека можно било и сите четворица да старуваат напред, ама јас не верувам..кога ќе ги видам овие 21 повикани: Abbiati, Amelia, Roma, Antonini, Bonera, Jankulovski, Papastathopoulos, Thiago Silva, Zambrotta, Abate, Ambrosini, Boateng, Gattuso, Pirlo, Strasser, Ibrahimiovic, Inzaghi, Oduamadi, Pato, Robinho, Ronaldinho; би почнал со:

Abbiati
Zambro--Papa--TS--Luca
Pirlo--Ambro
KPB
Pato--Dinho
Ibra

Со оглед на повиканите (каде ги нема Yepes и Onyewu) мислам дека не е паметно Bonera да стартува на десен бек оти така би немале ни еден CB на клупа..единствено би ја подржал таа комбинација на дефанзивци ако Bonera и Papa си ги заменат местата, па првиот да биди стопер..ама незнам зошто Zambro не би стартувал..колку што знам јас доволно е спремен, барем за ваков натпревар..за другите два дела мислам дека тоа е тоа..
ајде само уште 24 часа... :)

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Ghirighelli, Calvano, Fossati и Carmona овие некои нови ли се?првпат слушам за нив.Лоша работа :/

Anonymous said...

А од 21те повикани Рома,Страсер и Оду одма им ставаме минусче и знаеме кои се на располагање така.
Составот ќе биде тој што го пишав џабе прогнозирате :Р

Anonymous said...

"This week I heard that Milan are the favourites to win everything. That was also the case against Liverpool..."

"Everything was said before that game, until the end of the first half. After that things changed."

Rafael Benitez

Традицијата продолжува, уште еден тренер на мерда имаме за мразење!

Anonymous said...

I got two word for you pal....
PIPPO INZAGHI !!!

Anonymous said...

http://www.sportdenes.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=12303:2010-09-09-22-01-23&catid=2:2009-12-26-20-22-46&Itemid=4

Едно време се појавуваше на блогов еден фантом од интер тврдејќи дека балотели се шалел пред заостанати деца и дека не навива за милан хммм...

Navigator said...

јас имам пет: Pato, Ibra, Pippo, Dinho, Binho! па снајди се да те видам Rafa... :)
Benitez ми делува глупаво и како појава и како тренер..од стално, нависитина..
па сега уште кога го води и најглупиот клуб во Италија, ми иди само да речам - си се пронајдоа..и ич не ми е предизвик да читам нешто од него, а уште помалку да пишувам за него..ама се ми се чини и ќе немаме многу време да го коментираме оти за брзо ќе го нема, така да, шо би рекле италијаните - qualcosa..

VAI MILAN!!!

ReBorned said...

Составот е тој но Бонера ќе стартува на десен бек а Папа во средина... тоа дека ќе немаме CB на клупа не е воопшто проблем бидејки Замброта може да влезе на бек а било кој од Папа и Бонера може да се ротира... И јас го читав тоа за Бало и мислам дека е само прашање на време (години). Се шпекулира за Ганцо или Поли во Јануари, било кој од нив е одличен потег.
Сериозно, каде да барам торент за download. Тогаш со Реал успеав да го најдам торентот утредента рано наутро и тоа без воопшто да го пишува резултатот на самиот торент :)
Ultra, кој си е на одмор нема да биде во тек ;)
Кармона беше купен од младинците на Барса кога беше купен и Ибра... дечкото бил извонреден талент, добивал награди и за најдобар во Spain U19 и во втората лига. Сепак се соочува со сериозна повреда поради која паузира неколку месеци и сега сите се надеваат дека ќе се врати на нивото на кое бил претходно. Крилен фудбалер може да ја држи цела лева и десна страна.
Калвано е купен лани во Јануари од Аталанта но и тој беше повреден до пред 1 месец и немаше ниту еден натпревар во нозете. Фосати беше дел од хет-трикот фудбалери кои беа купени од младинците на Принтер. Впрочем 17-годишните Фосати и Калвано биле единствените светли точки завчера.
Ако те интересира нешто повеќе за некој друг, не се стегај на располагање сум ти ;)
Дајте некоја сугестија од каде да барам торент утре сабајле за вечерашниот меч...
Forza Papa, Forza Prince!
Forza Milan!!

Navigator said...

ај бе во очекување на стартните состави прогнозирајте конечен резултат :)
јас сум за 0:3! и не е оптимистички, туку е баш реално!

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

ете изненадување...

Abbiati
Bonera--Papa--TS--Luca
RINO--Pirlo--Ambro
Pato--Dinho
Ibra

Gattuso наместо Prince, ми изгледа сосема непотребна и по малку глупа одлука..сепак мислам дека во оваа формација нас ни треба играч кој постојано ќе го поврзува средниот ред и нападот како Seedorf или KPB, а не уште еден деструктивец како Rino..
е баш затоа ви велев претходно дека во Италија нема тренер што би играл со толку офанзивна формација, а да не зборуваме со четворицата напаѓачи заедно од прва минута..

FORZA MILAN!!!

kiko_pato said...
This comment has been removed by the author.
Anonymous said...

Оп земјава ама тврда е,како паднав се искршив целиот.Старите маки од лани комбинирани со играчи 1 година постари од лани еве што резултира.Зошто не играше КПБ?Зошто Дињо стоеше само?Зошто Ибра го промаши пеналот?Зошто му беше поништен голот на Пато?Зошто ми беше последна утакмица на тикет и паднав само на нејзе? Затоа што беше местена!Колку и да ги сакаш B&G мораш толку и да ги мразиш....

Navigator said...

не верувам...

ReBorned said...

KPB не играше оти играше за Гана а и претходно не беше 100 % фит.
Ибра го промаши пеналот оти погоди статива
Зошто му го поништија голот на Пато... тука не можам да ти помогнам јас, треба да одговори некој друг...