Translate

Sunday, 26 September 2010

IN IBRA WE TRUST!!!



Добро е!!
Победивме во еден многу тежок и тврд натпревар за нови три бода и уште многу самодоверба..за повеќе оптимизам и освежување од овој пеколен ритам..го добивме токму она што ни требаше - минимална победа..да се остани фокусиран, а не пак да се дигне во облаци..секоја чест за пожртвуваната игра на момците со оглед на се поголемата присутност на факторот замор..се осеќа кај скоро секој во тимот... Dinho неможи да повлечи контра после 60тина минути, Ibra по примањето на топка прво се гради а после размислува за додавање, TS не е во можност да го покрива Antonini кога кон крајот сеуште се брка резултат, а Pirlo го има намалено радиусот на движење од почетокот на сезоната за половина..меѓутоа да се разбериме, не го пишувам ова во смисла на некоја критика, туку само ги истканувам негативните последици од ваквиот ритам..
ама пак и покрај сето ова, разликата вчера, како и на последните два меча ја прави Ibra..можда ќе речи некој дека не игра којзнае како, ама без него и неговите голови, Milan ќе го имаше еден од најлошите стартови на сезоната..или поедноставно речено, се ќе беше исто како минатите неколку сезони..колку и да не ми е омилен, неможам да не признаам дека Ibra ни ја даде толку очекуваната убоитост во нападот..можеби начинот на игра не е многу променет сезонава, но дури и во такви услови тој успеа од ништо да направи нешто, на четири пати досега..
незнам дали ќе се согласите со мене, ама вчерашната утакмица ме увери во нешто – Seedorf е подобар како резерва..мислам дека и Massimo го увиде тоа и наместо исвиркуван за забавување на играта, тој има една супер-резерва кој можи да покрива повеќе позиции..од друга страна го има KPB од почеток, кој е (со речникот на Б.Илиевски) најпргавиот играч на теренот и многу работи или Binho кој се повеќе се вклопува во играта, поопуштен е и доста добро физички напредувал.. за одбележување е и Rino, во неговата најдобра изведба сезонава, како дефинитивно најистакнат поединец вчера и дефинитивно еден од милениците на Allegri..
и наместо заслужениот одмор, тие од денес се пак во Milanello..ги чека уште потешка недела со две гостувања кај многу незгодни екипи..искрено се надевам дека тренерот има идеја како да се справи со премореноста кај некои од играчите, оти не постои шанса истите играчи да одиграат уште два вакви меча за шест дена..најбитно за него е дека нема нови повредени, а за нас дека уште двапати со ред ќе го гледаме нашиот Milan..СРЕЌНО МОМЦИ!!

FORZA MILAN!!!

10 comments:

ReBorned said...

Ибра не носи на својот грб! Го заслужи мојот респект!!
Човекот е пример за други во тимот, постигнува голови од ништо се враќа назад да покрива, се бори цел натпревар а имаше турбулентна предсезона. Незнам дали го забележавте ова, буквално се исповрати на теренот од премаленост:

http://www.youtube.com/watch?v=BMMkrloodVg&feature=player_embedded

И веднаш од кога се созема трчаше назад да покрие на лев бек кај Антонини и да одземе топка. Кој што сака нека збори ама едно е сигурно, кога Ибрахимовиќ згазнува на зелениот терен тој е борец, борец до крај!
И уште нешто, дали забележавте колку поопасен беше Бињо на AML по излегувањето на Дињо иако беше во финишот од мечот а Бињо сеуште не е доволно фит за 90 минути. Мислам дека триото Бињо - Ибра - Пато би бил многу поефикасен отколку со Дињо во тимот. Можеби со Дињо добиваме „топки со очи“ но и многу побавна транзиција.
Гатузо одигра како ѕвер и кога Гатузо е на тоа ниво Фламини е сеуште мало дете за него.

Anonymous said...

Секоја чест за мајсторот.Не ми е важно дали играл за Свињите или за Мерда важно е што сака да игра за Милан и со срце го прави тоа.Секој не го прави ова, значи после повраќање на терен да се врати и да ја издржи докрај утакмицата.Многу голема промена има во неговиот менталитет и пристап кон играта, веќе не е скршена глава и не се расправа со своите.Плус неговиот придонес кон нашите резултати е феноменален...
На Дињо којзнае што му е и дефинитивно Бињо би бил многу поопасен да игра лево и нормално Пато десно а Ибра истурен, ќе бидеме страшни и многу поопасни така.Исто така и Принц игра многу добар фудбал и може само да се подобрува.
Само тоа уште ни фали - Алегри да процени кој кога треба да игра и кој кога да пушти од клупа и готово сите трофеи се наши.Пак ќе кажам Гатузо пријатно ме изненади и ако продолжи вака на "старите патеки" тоа ќе биде исто како да сме купиле уште некој играч :)))
Сега одиме во Холандија против многу незгоден тим во името на Ајакс, но историјата е на наша страна ЛШ е наше натрпреварување и иако играме во гости треба да сме задоволни само со победа.
Еве ги повиканите:

Abbiati, Amelia, Roma; Antonini, Bonera, Jankulovski, Nesta, Papastathopoulos, Thiago Silva, Zambrotta, Yepes; Abate, Boateng, Flamini, Gattuso, Pirlo, Seedorf; Ibrahimovic, Inzaghi, Robinho, Ronaldinho.

Да ги издржиме овие 2 утакмици и после ке здивнат малце момците, се гледа навистина дека се паднати сите страшен ритам е ова....се надеваме на Пато за со Парма...


FORZA MILAN FORZA IBRA

ReBorned said...

http://translate.googleusercontent.com/translate_c?hl=en&ie=UTF-8&sl=auto&tl=en&u=http://www.milannews.it/%3Faction%3Dread%26idnotizia%3D35296&prev=_t&rurl=translate.google.com&usg=ALkJrhj1jIU9QkXntF3_0bnoUYGNZDIyIA

Navigator said...

ова е некоја шала бе??
Basel-Bayern оди во пренос???

Navigator said...

дајте луѓе јавувајте се во Канал 5 да сменат нешто оти никогаш веќе нема да ја уклучам идиотската телевизија :@

CurvaSud_Milan said...

мизерии! срамота!

ReBorned said...

Ајде на гости во Гевгелија ќе ја гледам на Sport 1 (Холандска) на кабловска на HD ;)

koljo said...

Andreaaaa Pirloooooooo
сеуште го има зверот

http://www.youtube.com/watch?v=oamkXWtiYAs

Navigator said...

него го има ама нас не нема нешто на блогов

FORZA MILAN!!!

kiko_pato said...

да да ... слабо некако во последно време со активност на блогов... ајдее сеа барем врзавме некоја победаа :)се надевам дека ќе продолжимее подобро... како што читав Амбро не е потребно да оди на операција... а Абијати е повреден и ќе отсуствува 2 недели... еве сега шанса за Амелија да покаже што знае :)))))))