Translate

Monday 11 October 2010

IL MIO SANGUE E ROSSONERO!!!


Никако неможев да добијам инспирација за насловот на постов, а уште помалку сакав да го гледам ваков блогот, празен, неинтересен..чудно е што атмосферата е ваква, кога добро ни почна сезоната и добар дел од нас се оптимисти во поглед на прекинување на безстрофејниот период..и јас сам неможам да си објаснам оти немам инспирација било што да напишам, да искоментирам, да дадам предлог за некоја собиранка..какви се не блогови посетив деновиве на тимови кои дури и се во зона на испаѓање и пак беше некако поживо..знам дека со текот на сезоната ќе се зачестат муабетите, ама сакав да напишам нешто колку да се разбие монотонијата..далеку е мечот со Chievo за да се пишува нешто повеќе за него, незнаеш што се можи да случи дотогаш..ама не дека нема трачеви и такви слични работи...
Pato би ја избрал Barca, а не Man.City, ако евентуално би заминал од кај нас..Идиотот Moggi (кој btw сега излезе невин за calciopoli) упорно повторува како Ibra ќе ја донеси титулата во Milanello само да не се повреди на подолго време до крајот на сезоната..Robinho со моменталната спремност не бил за во прв тим..Dinho ќе заминува во Јануари за да се направи место за враќањето на Kaka..Nesta назад во Lazio по крајот на сезона..дали Zambro е праведно повикан назад во репрезентацијата..и уште многу други приказни..некои стварно не држат место, ама ние ни за добрите не сме расположени за муабет..
Имаме уште ден-два пауза за квалификациите, а после тоа продолжува битката за конечно враќање на она што по дифолт е наше – Скудетото :) на старите патеки, со нови сили и предизвици и нормално со многу поактивен блог..клуб како Milan заслужува да има поактивен официјален блог во Македонија!


MILANO SIAMO NOI!!!
FORZA MILAN!!!

3 comments:

ReBorned said...

Сега сме во шема со португалците...
Браида сака да ја купи пола одбрана на Бенфика. Прва опција за нас (и за пола европа) е Давид Луиз, партнерот на нашиот ТС во центарот на одбраната на Бразил. Дечкото е одличен, висок е 187 и примарно е CB а секундарно LB. Дури и ТС притиска за него. Сметам дека би биле одличен тандем а тоа што заедно играат и во репрезентацијата е само еден голем плус во меѓусебното разбирање на теренот.
Втора опција од Бенфика е Фабио Контрао. 23 години игра лев бек и имаше одлично СП.
Се’ на се... треба да се крстиме во Руи Коста ;)

Anonymous said...

Как говорилось на Seexi.net Стоит ли ограничивать ребенка в количестве еды, и в случае в случае если да, то какой еды? Просто у меня малыш с аппетитом, при всем при этом мы на ГВ плюс прикорм уже ввели. То есть что лучше давать поменьше, а что можно не считать?

Vase_AC Milan said...

Кога има пауза по повод квалификации е најдосадниот период што може да постои.Сигурно ќе се врати живоста со продолжувањето на Калчото во кое сме на коњ сега за сега :)))
Но денеска беше исклучок благодарејќи на Србите кои навистина направија да биде "интересно".На нашите воопшто не се ни надевав иако имаа шанси да ја свртат утакмицата, но тие се одлучија за она старо проверено македончето сите си го стрижат.
Исто така и Златан имаше еден испад кога беше испровоциран од ѓубрето Ван Бомел но се смири и уште еднаш покажа дека не е веќе онаа скршена глава од порано.
Многу добро би ни дошол еден од двоецот Давид Луиз и Контрао, Давид Луиз е камен назад и заедно со Силва би ја сочинувале најдобрата одбрана во Европа,а додека Контрао е ултра офанзивен бек кој може да игра и во други улоги на левата страна.За во напад е фантастичен но не сум сигурен во неговата игра во одбрана, но како и да е би не освежил значително.И така во исчекување сме на мечот со Киево....уште 3 дена досада....
Ух ке заборавев за малце да го спомнам Меси кој беше во посета на Милано и бил фасциниран од градот, а наводно Адидас притискал негов трансфер во Милан!? Новинариве стварно претеруваат понекогаш :D

FORZA MILAN VINCEREMO TUTTO