Translate

Sunday, 1 February 2009

LAZIO-MILAN 0-3 ANALYSIS & RATINGS

ПОБЕДА!3 и тоа какви бода во вистинско време!Милан го уништи Лацио во секој сегмент на играта иако рака на срце првиот гол на Пато беше постигнат од офсајд.Но ова не е ништо кога ќе се погледнат судиските одлуки на страна на мерда сезонава.Се на се одлична игра пред се во второто полувреме каде што бевме тактички супериорни.Оваа игра Милан ја покажува од почетокот на 2009 односно од натпреварот со Рома,и само со Џенова потфрливме резултатски.Можеби е тоа поради играњето на Бекам :)
Абијати 8.0 Уште една одлична изведба од него!Заслужена оценка.Немам повеќе зборови за него.

Замброта 7.5 Замбро беше константно добар и напред и назад.Со оваа игра тешко дека некој ќе му го земе местото во наредниов период.

Бонера 7.5 Многу ми се допадна неговата избедба вечерва.Од секогаш сум бил негов фан и она што ме импресионираше е сигурноста и ако не се лажам ништо не помина кај него вечерва.Неговото враќање на терените може да означи крај на нашите одбранбени проблеми.

Сендерос 7.0 Солидна избедба и од него.Вршеше поголем дел од валканата работа назад и често беше груб во стартовите.Една од главните причини зошто Зарате и забележително Пандев беа прилично безопасни.Според мене има доволно причини да остане и по завршувањето на позајмицата.

Јанкуловски 7.5 Си беше Јанкуловски :)

Пирло 7.5 И тој си беше одличен денес.Иако имаше некои пропусти но испрати неколку одлични топки до Кака и Пато.

Бекам 8.0 2 Асистенции и константно добро покривање на неговата десна страна како и неколку добри топки кон нападот.Можеби мен оф д меч заедно со Абијати.
Амброзини 7.0 Добар натпревар од Амбро.Си ја забрши работата во средината без грешка.

Сидорф 7.0 Одлична топка до Кака за третиот гол.Другото беше онака,во негов стил :)
Кака 7.0 Повторно со најслаба оценка.Сево ова го правам за негово добро за да се опамети :Р да не го дадеше голот оценкава ќе беше мн пониска.

Пато 7.5 Патоооо Патоо Патооо.....така до 10! :)

Измени:Шева / Дармиан /

5ти натпревар по ред играме одлично и 5ти натпревар по ред не губиме.Играта што ја демонстрира Милан во новата година е слободно можам да кажам игра на тим што е аспирант за титулата.Следното коло ни гостува Реџина,ама нема да ја потценам(види јуве и мерда)


П.С. Поздрав со сликава од Патката :)


FORZA IL GRANDE MILAN!!!

44 comments:

CurvaSud_Milan said...

Сенди беше спор како желка денес.:)


Кака и Пато поприлично се избламираа денес и да беше некоја друга утакмица и некој друг резултат ќе изгубевме доста нерви денес. :)))

Се на се, топ утамкица. :)))

Navigator said...

ау ау ау каква добра утакмица..која доминација, која надмоќ..Lazio беше буквално надигран, расштиман па и недостоен противник..секоја пофалба за нашиве денес, одамна не сум гледал толку доминантен Milan..од играчите сакам да ги издвојам Bonera, Janko i Becks..првиот ради тоа што иако ова му беше прва партија по некое време изигра феноменално сконцентрирано..вториот заради мојата дилема дали постои некој во клубот со барем приближна физичка спремност, па и предначи со ентузијазам до некаде..а Becks поради она што се вика желба за стекнување на впечаток кај луѓето од клубот..тука влегува и Carlo и papa Silvio и соиграчите, а секако и навивачите..видете го само како трча напред и назад да ја покрие цела десна страна..стварно би било супер да ја замени позајмицата со договор..јас лично сум презадоволен од мечот и се радувам на константноста што ја пружа екипата без оглед на киксот од минатото коло..играме побрзо, потечно, поофанзивно, едноставно подобро..затоа и напредуваме на табелата ;)
P.S. видете само колку шанси имаше денес Merda и на крај пак само 1:1 :)) супер коло!!!

FORZA CAMPIONI!!!

ReBorned said...

Следното коло може повторно да биде круцијално... Ние играме дома со Реџина а конкурентите имаат незгодни гостувања кај Лече односно Катанија!
Але Але Але... МИЛАН!!!!
П.С Човек кога ќе види дека Фавалињо го нема ниту на клупата, таман ќе помисли дека Карлито откачил и таму ќе го најде Пумата!

Anonymous said...

Значи како што реков,сите се согласувате со мене околу играта.Доминтантни сме и со малку среќа лесно ги добиваме натпреварите.
А што се однесува до Бекс..па видете вака јас сум презадоволен од неговиот учинок,но мислам дека ако остане и после позајмицата тогаш нема да биде тоа тоа,односно не верувам дека ќе контрибуира во тимот како досега,бидејќи преку оваа позајмица Бекс сака да се докаже колку вреди-пред се на репрезентативен план :)

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

A да ќе заборавев....честит празник на сите интеристи :)

Navigator said...

Во Inter жалеле што со победа не го прославиле нивниот најголем празник :))

Anonymous said...

Хах,ма нема врска :)
Кварезма отиде у Челзи!
добро за лигата штета за интер xD
а богами и штета за нас...баш би сакал да го видам и дуел со Замброта и Фламс xD

Giallorosso said...

добро вечер и на вас Росонери!

многу ми е мило што ги усравте овие зелкиве(ај и на нив честит празник)...иначе Кварезма не за џабе е пратен у Челзи, за во замена овие да го земат Дрогба на лето ;)

Anonymous said...

Чиао Римчо :)
Добра замисла бај д уеј..
Иначе да си признаам,Кварезма уште на пријателска против Милан у 04 коа ни даде два гола ми е меѓу омилените играчи,ама штета што незнаеше да бира клуб :) ама ај ваљда ќе го биде у Челзи а не да се мучи у еден скапан тим :)

Navigator said...

Римчо ова ти е проверена информација? Зашо разбрав дека било само позајмица ова со Quaresma, па не ми е некако логично да најавуваат таков трансфер на овај начин..или па демонстрираат подобрување на меѓуклубски односи :) не ме интереира многу што прават таквите бедни екипи да ти кажам право, ама сакав да знам дали Mourinho, кој многу го почитувам, си ги прибира милениците покрај себе..

Giallorosso said...

на позајмица е бидејќи Роман е во debt, затоа еве бара купувач.... али биди сигурен дека Морати не би го пуштил така лесно Кварезма(за кого фрли 18 мил.) па ни на позајмица, така да некој ќе се трампа ако не Дрогба можеби Есиен ;)
а има и друга опција.... можеби се прави сега место за едно големо засилување на лето, Агуеро,Роналдо,Бензема,Рибери.....

не е така глуп морати како што изгледа, сигурно некој од овие му е договорен за у Јули ;)

Giallorosso said...

мислам дека Роналдо на крај ќе заврши кај Жозе, па и ист агент имаат, а и Најк ќе помага колку може :P

и од Силвио очекувајте еден класа играч(Рамос):)

Navigator said...

да ти кажам право ич не се интересирам колку е глуп или не (а неможи да не е штом е во Inter) Moratti, па и неговата трансфер политика..само искрено штета шо, по мене, најдобриот тренер во светот е на чело во најклошарскиот клуб..а дали ќе дојди на лето Benzema, Ronaldo или некој друг баш ме боли стомак, во секој случај ќе останат coglioni..а во врска со Ramos..незнам дали по сите овие засилувања во одбраната ќе ни треба Sergio, а и не ми се верува дека Real би го продал ем ради неговото место во екипата, ем ради изјавите колку бил срекен во Madrid..мислам дека најдобриот потег на управата на лето би било ангажирање на еден врвен напаѓач и ништо друго..другите делови од тимот се супер..а кога збораме за добри потези уште еднаш ќе речам дека еден двогодишен договор со Beckham, добро би ни дошол..пред некое време слушнав исто дека Milan бил најзаинтересиран за Stipe Pletikosa, ама кога ќе се сетам какви беа последните неколку партии на Abbiatti, и онаа на Dida со Hannover, воопшто не би трошел пари на нов голман..
ако има некој интересен предлог за трансфер на лето ама со разумна цена и ако не го преоптоварува ростерот, нека кажи, ќе го известам ќелавиот :)
FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Сантакроче Сантакроче Сантакроче.... (нека стои подолго и нека трепка, фала)

Navigator said...

мислиш ли дека ни треба уште еден штопер во екипата? и јас стварно го обожавам Fabiano ама после купувањето на Thiago Silva и враќањето на Nesta, мислам дека имаме и повеќе од доволно дефанзивци..Janko, Zambro, Luca, Favagol, Paolo, Nesta, Kakha, Bonera, Sendy, Darmian, Thiago Silva, Mattioni..ова се 12 играчи достапни за наредната сезона (освен Фичо кој сепак има клаузула да ја смени позајмицата со договор), па и со евентуални подолги повреди или продавање на некој од овие, имаме сосема доволен број на добри и конечно МЛАДИ дефанзивци..јас сепак мислам дека расен напаѓач ни фали најмногу, а и тренер нов - мојата најголема желба веќе четврта сезона по ред :)

ReBorned said...

„после купувањето на Thiago Silva и враќањето на Nesta, мислам дека имаме и повеќе од доволно дефанзивци..Janko, Zambro, Luca, Favagol, Paolo, Nesta, Kakha, Bonera, Sendy, Darmian, Thiago Silva, Mattioni “
Друже од сите овие... Ил Капитано и Фавагол догодина нема да бидат во тимот, Каха и Неста се крајно неконстантни (мислам пред се поради подложеноста на повреди а неконстантноста во игрите на Каха е друга работа) така што имаме многу дефанзивци ама пред се тоа се бекови! Неста ќе биде 34 години мислиш дека можеме да се потпреме на него после тоа што воопшто не одигра ниту еден натпревар веќе цела година?? Повредите на грбот знаат да бидат хронични (Види Сержињо)!
Знам дека ни е потребен еден одличен напаѓач ама мора да купиме и еден централен дефанзивец, не мора да е Сантакроче нека биде Даниел Агер... ама мора да донесеме уште еден до Тиаго Силва (кој рака на срце сеуште не знаеме како ќе се снајде)
Forza Milan!!!

Giallorosso said...

незнам зашто сметате на Каладзе,Фавали,Паоло,
Сендерос,Неста,Бонера.... па дали стварно верувате дека овие се доволно квалитетни за да играат кај вас?Па дај погледнете малце каква одбрана имавте пред 4-5 год. и споредете ја со овие моменталниве.... целосна реконструкција во дефанзивата!па и Јанко и Замброта веќе се истрошени и треба да се сменат....

Anonymous said...

Аее Римчо пак почнавме со фантази фудбал :) верувај,јас повеќе од тебе би сакал да направам една реконструкција на целиот тим а особено на одбраната но реално гледано Милан летово повеќе од 2 дефанзивци нема да купи :)
Моја замисла за летниоф преоден рок која секако ќе биде базирана на реалните можности е:

Out:Maldini,Favalli,Emerson,Kalac,и ако ме прашувате мене најпаметно би му било на Пипо да се пензионира уште годинава за да може да остави место за еден врвен напагач,а воедно шева ќе биде оној искусниот ветеран,легенда на клубот :)

In:CB Santacroce/Zapata/Ager/Lucio...и јас би додал уште еден стопер кој може да игра како лев бек.
Абате да се врати од позајмицата,Гуркуф по можност.
И еден напагач од врвна класа:Benzema/(Хунтелар ни го земаа :( )....
А да и пошо Калач изглеа ќе иде аут,а дида и абијати ќе бидат +32 тогаш не би било лошо да ископаат некој 18 год голман кој за 3-4 год би бил прв голман :)
Сепак,и да не бидне сево ова,јас би се задоволил со напаѓач и стопер :) и секако емерсон и калач аут :)

FORZA IL GRANDE MILAN!!!

Anonymous said...

Момци,ако имате стрим за вечер со Ренџерс кажете :)

Donnarumma
Darmian
Thiago Silva
Mattioni
Albertazzi
Flamini
Cardacio
Strasser

Овие се играчите на кои треба да фрлиме око вечерва :) Фламини го ставив бидејќи очигледно дека треба да му докажува на Карло дека е подготвен да игра од почеток :) уште в сабота против Реџина.

FORZA IL GRANDE MILAN!

Navigator said...

Прво Ри, јас би се кладел со тебе дека Paolo ќе игра и наредната сезона..Второ, не реков дека Nesta треба да биде носител на играта во одбрана, ама неможиш да речиш дека не би помогнал доста со враќањето..евентуалнo обновување на старата или некоја нова долга повреда неможам да предвидам ниту јас ниту некој од управата..Трето, оваа година се донесени двајца млади и добри дефанзивци, Sendy и Thiago Silva и познавајќе ја политиката на Galliani, дали стварно мислиш дека би купил нов, квалитетен и скап штопер? Јас ќе бидам најсреќен ако такво нешто се случи,ама искрено не го очекувам тоа, барем не ова лето..а околу напаѓачите, јас највеќе сум за Lavezzi или Zarate зашо кога збораме за засилувања кои не се екстремно скапи а многу квалитетни, највеќе ги сакам играчите што веќе играле во Serie A..едниствена мана би било тоа што во тандем со Аle, би имале двајца ситни напаѓачи кои се инфериорни во скок игра..нас повеќе би ни одговарал напаѓач од видот на Huntelaar, Benzema или Toni..во секој случај има време, ќе видиме што мислат "главните" :)
FORZA MILAN!!!

Navigator said...

а ти Ultra кај планираш да ја гледаш утакмицава вечер? Зашо јас стално пратам на justin.tv
Ако некој бољи стрим кажувај одма :)

Anonymous said...

И ја планирав кај Џастин да ја глеам ама Тимбаланд вика дека била лоша снимката :) ЛОЛ
како и да е...и ја пратам стално таму ако најдам нешто подобро ќе пишам на блогот.
Иначе јас ипак мислам дека летово ќе купиме барем еден стопер.А што се однесува до напаѓачите се согласуваме околу Хунтелар и Бензема :)

FORZA IL GRANDE MILAN!!!

Navigator said...

FORMAZIONE ROSSONERA:
Dida; Mattioni, Thiago Silva, Senderos, Antonini; Beckham, Pirlo, Flamini; Ronaldinho; Inzaghi, Shevchenko.
Ова е истата постава како минатата среда против Hannover, со исклучок на Felipe, кој денес првпат ќе старта..изгледа Carlo наумил нешо, сака да провери дали некој од овие може да изигра 2 добри пријателски утакмици со ред :)
Шала на страна, стварно мислам дека денес ќе добијат шанса сите повикани, нарочито Cardacio и Darmian и нормално се надевам на добра игра како пред 7 дена..
FORZA CAMPIONI!!!

Anonymous said...

Леле не ми се верува дека и е**аниов линк од Џастин тв нејќе!:@
ако има некој асален линк давајте аман!

Anonymous said...

http://www.atdhe.net/live-tv-2954.html

Navigator said...

http://www.tvsoccer.tk/

Anonymous said...

24.мин Дињо погодува статива од слободен удар.

Navigator said...

0:0 на полувреме, ама добра игра во секој случај..две убави шанси за Pippo (додуша едната од офсајд) и стативата на Dinho..добро полувреме и на целата одбрана, ги одржаваат Rаngers на некои 30тина метри од Dida, кој btw имаше 2 одлични одбрани..моја прогноза за крај е 0:2
FORZA RAGAZZI!!!

Anonymous said...

0-0 на полувреме и Ренџерс и Милан имаа по некоја шанса но Дида кај нас и стативата кај Ренџерс спречија водство.Додека индивидуално би ги рекол:
1.Дида-одличен,потсеќа на стариот.
2.Матиони-Смирен,но некако бавен.Не ми изгледа за експозивен десен бек,повеќе ме потсеќа на Одо :) Лол
24.Сендерос-Тапа нз шо др да кажам,ако продужи вака тешко дека ќе остане у милан и после позајмицата.
33.Тиаго-Звер :) Мн е сигурен и прецизен во пасовите.Внимателен...делува како да игра во Милан со години :)
77.Доста беше вклучен во играта но сепак мислам дека повеќе му лежи десната страна.
Пирло-Добра игра од него,но чудно позиционирање,се менуваше со Бекам во улогата на плејмејкер.Во една ситуација дури и го видов како чека топка на раб на шеснаесетник :)
Бекам-добар е бекс.Само нз шо им згрешил на Ренџериве шо го свиркаат цело време,ваљда пошо е Ангичанец...ваљда :)
Фламини-На моменти несигурен-со оваа игра тешко дека ќе му земе место на Амбро
Дињо-Ја погоди стативата од слободен и упати неколку добри до нападот.Мислам дека ќе даде гол вечер.
Шева-Индиспониран...малце го има.
Пипо-Имаше некоја шанса..ама го знаете пипо 3 утиња 2 дава :Р

П.С. На полувреме имаше мал дочек за Гатузо кој беше пријатно дочекан од навивачите на Ренџерс :)

Anonymous said...

Измени на полувреме:
Бекам-Сидорф
Сендерос-Дармиан

Anonymous said...
This comment has been removed by the author.
Anonymous said...

Фламини-Кардачио
Роналдињо-Кака
Матиони-Јанкуловски

Ај сеа да ве видам Пауер Ренџери xD

Anonymous said...

Ајде уште Пато,Родни и Албетраци да ги видиме :)

Anonymous said...

65 мин Бисли 1-0
Катастрофа од Тиаго и Дармиан а посебно од Тиаго.Штета,имаа добра партија до сега...

Anonymous said...

измена:
Шева-Пато

Anonymous said...

70 мин Патооооооо!!!Одличен пробив на Кака од левата страна,топката среќно се одби како на биљард до Пато :)

Anonymous said...

73 мин што само утна пипоооооооо

Anonymous said...

измена:
Антонини-Албетраци
Ај и него да го видиме :)

Anonymous said...

78 мин КАКААА КАКАААААААА каков финиш!мајстор!

Anonymous said...

83 мин ПапаЧ 2-2

Anonymous said...

Со ударот на Пирло на крај 2-2 конечен резултат :)
Интересен натпревар се на се :)

Giallorosso said...

друже ултра, а ти шо имаш па сеа толку против Менаџер?све што ќе кажам го поврсуваш со Менаџер :P
епа види вака сеа.... ако не си знаел многу од реализираните трансфери во вистинскиот живот се потикнати токму од Менаџер, односно голем дел од вистинските тренери на вистински клубови носат фудбалери според Менаџерот, еве ти дел од нив....

Фелаини - Евертон
Аисати,Афелај - ПСВ
Брено - Баерн
Џо - Ман.Сити,Евертон
Гуардадо - Депор
Јагиелка - Евертон
К.Дејвис - А.Вила
Запатер - Сарагоса
Хиско - Нукасл
Чорлука,Бејл - Спарс
Хамсик,Сантакроче - Наполи
Кавани - Палермо

и уште многу други.... дај консултирајте се со нив и онака сте заедно со Јуве и Интер лиценцирани соработници со нив па замолете ги да ви најдат некој вундеркид ;)
може звучи дебилно и глупо али веруј дека е точно :P

ништо во животот не се случува случајно ;)

Anonymous said...

Друже неам апсолутно нишо против менаџер :) арно ама заминување на Замброта,Јанкуловски,Каладзе,Неста,Фавали... во еден преоден рок е рамно на фантази :) значи да повторам уште еднаш и јас би сакал реконсттукција арно ама тоа не е ни блиску до реалноста.
Ааа ти иначе мислиш дека Фелаини и др прво биле напраено добри на менаџер па од после привлекле внимание кај клубовите?ова не ми штима :)
А за ова со мерда,јуве и милан не коментирам...милан има обичај само за млади бразилци :)

Anonymous said...

http://www.goal.com/en/news/1686/eredivisie/2009/02/05/1095227/macedonian-international-goran-popov-arrested-for-drunk-driving

Popov isn’t the first Macedonian international caught by the police for drunk driving; Mile Krstev, who also played for Heerenveen...
хахахахахахах зверови :)