Translate

Thursday, 12 February 2009

FC INTER-AC MILAN PREVIEW



Дојде и тој ден!Натпреварот за кој живееме цела година е пред нас!Како и секое дерби и ова е има исклучителна важност,но она што му дава посебен шмек е фактот дека се работи за борба за скудето и секако дека ова ќе му биде последното дерби на Ил Капитано!Па мислам дека ако ништо друго барем со победа да се опрости во 56тото дерби за него.Кога сме веќе кај бројќите...веќе од добро ни е познато дека Шева со 14 гола е прв стрелец на дерби натпреварите со мерда и дека претставува(ше) вистински кошмар за матераци и компанија.Арно ама Шева од 2006 нема дадено гол против душманите,така да мислам дека е вистинско време да се прекине тој пост!
Наместо да чекате податоци од Бранко-интеристата,јас ќе би ги презентирам бројките околу дерби дуелите:
Вкупнo се одиграно 198 натпревари во сите конкуренции каде што Милан има забележано 69 победи,мерда 68 и 61 натпревар завршил без победник.
Додека пак во Серија А мерда е поуспешна со 61 победа наспроти 58те на Милан но податоков треба да биде земен со резерва затоа што мерда почна да победува со калчополи а пред тоа со години немаа победа :)
Составот е добро познат и со поодамнешните повреди на Гатузо и Бориело како и суспензијата на Бонера останува само прашањето дали Неста и Кака ќе бидат фит за во недела.Искрено јас верувам дека барем еден од нив ќе биде на клупата а би било чудо ако двајцата се најдат на теренот од почетокот.Абијати
Замброта,Малдини,Неста/Каладзе,Јанкуловски
Бекам,Пирло,Амброзини
Сидорф,Роналдињо/Кака
Пато


Ако нема некоја промена во последен момент овие се дечките кои ќе истрчаат в недела.
И за крај само...Ако ова му е последен дерби натпревар и последна сезона на Малдини барем нека си замине со победа,инаку интересен факт е дека Барези и Чезаре Малдини во своето последно дерби биле поразени,но да се надеваме дека нема да биде исто со Паоло :)
Ако се простуваме со скудетото во овој натпревар да го направиме тоа достојно па и да изгубиме да знаеме дека сме се обиделе!Само се молам се да биде на регуларен начин!и да покажеме дека сме подобри од мерда!



FORZA MALDINI!!!INTER MERDA!!!FORZA IL GRANDE MILAN!!!

25 comments:

Anonymous said...

Сликовит пост :)

ReBorned said...

Нема да можам да го гледам дербито и поради тоа нема да коментирам. И ќе се потрудам поретко да идам на блогов се до Понеделник оти се повеќе ќе ми биде мака кога ќе читам....

Anonymous said...

Аман бе друже?да не е нешто лошо?како и да е тука сме да го пополниме местото :)

Navigator said...

до понеделник поретко, од понеделник почесто Ри :) верувај ќе имаш добра причина за тоа..јас како и стално сум оптимист, нарочито пред дуелите со Merda..и јас не сакам да должам нешо многу многу, затоа ќе речам дека очекувам тврд натпревар ради тоа што гнасите ќе се затворат и единствено ќе напаѓаат преку контрите на Коњевиќ..единствено стравувам од Cruz..толку го мразам тој играч, а рака на срце толку добро игра против нашите стално, шо не ми се збора за него..мислам дека ако Milan тргни малку поофанзивно, ќе имаме доста шанси и реално ќе биди да се надеваме на победа..ако пак играме стерилно, нема да имаме поволен резултат (читај реми) така што шансите за скудето ќе ни бидат еднакви на теорија..околу составот, според најавите Kaka би требало да биди фит, а дали Sandro да се врати токму на оваа утакмица не сум баш сигурен..средината е веќе позната, а за нападот, можеби ќе се изненадите ако речам дека јас би играл со Sheva како единствен напаѓач од прва минута..не само заради бројките и тоа што му лежи Merda, туку и заради тоа што не верувам дека Ale би можел да излези на крај со душманската одбрана во ситуација кога е сам напред..а бидејќи сигурно ќе се игра во формација 4-3-2-1 мој избор би бил Sheva (во случај Borriello да беше здрав, тој ќе ми беше фаворитот)..сепак како и стално на Carlo е да одлучи, но мора да има на ум дека евентуален неуспех го остава уште една година без трофеј дома..затоа во недела вечер сите заедно да го прегазиме Inter и уште еднаш оваа сезона нека се слуша...
MILANO SIAMO NOI, SOLO NOI!!!

Anonymous said...

А мислиш дека шева пак може да се справи во моментов?сепак...ја мислам дека ако го удри моментот и стане малце порешителен може да ја отвори одбраната на мерда за да можат после Дињо и Пато да ги довршат!но се ова се базира на претпоставки и надежи...само се надевам на победа.....
FORZA IL GRANDE MILAN!!!

Anonymous said...

А да,и само да кажам,друже се собираме у недела изглеа у Шенклис доаѓаш? :)

Anonymous said...

Добри и лоши вести:
Добри:Маикон нема да игра против нас и тоа е добар знак затоа што тој е член на тројката со Занети и ибра-хомович без која мерда неможе.
Лоши:Неста и Кака по се изгледа нема да играат,а особено неста :(

ReBorned said...

Milan Milan sono con te!!!
Упс... кажав дека нема да доаѓам... епа посилно од мене е стварно!
П.С Друже Навигатор, Але му е мајката... пред него е извонредна кариера а голем фудбалер се станува на вакви натпревари (веќе им даде по два гола и на Јуве и на Рома во гости)!
Шева само од клупата или евентуално во 4-4-2 пак со Але напред!
Круз е Зомби....
Нема ниту Рики ниту Сандро, тоа мавнете си го од глава :)

ReBorned said...

Навигатор гледаш зошто велев дека не можеме да се потпреме на Неста и ни треба нов CB? Изгледа пак месец во аут и потребна е операција!!
Сантакроче или Агер на лето....кога веќе не бевме доволно агилни во Јануари!

Anonymous said...

Лусио :)

Anonymous said...

Abbiati,Dida,
Antonini,Senderos,Jankulovski,
Kaladze,Maldini,Favalli,Zambrotta
Pirlo,Ambrosini,Flamini,
Emerson,Beckham,Cardacio
Ronaldinho,Seedorf
Inzaghi,Pato

Без Шева?без Кака?без Неста?без Гатузо?(вака можам до бескрај) да не бидам премногу песимист али колку разлика ќе изгубиме?лошо...мн лошо...
нема врска битно сме најсакани во Европа :)

Anonymous said...

А да и пумата е тука :)

Anonymous said...
This comment has been removed by the author.
Anonymous said...

И маикон е во комбинација!ц ц ц...лелееее

Anonymous said...

Поздрав до сите вљубеници во Милан со песната Interista Diventi Pazzo....ма каква интериста....Миилаааноо сиамооо ноооо миланооо сиамооо нооо ооооо-оооо !!!!
FORZA IL GRANDE MILAN!!!

Anonymous said...

Уште едно затишје пред бура?

CurvaSud_Milan said...

Сместа телефоните да сте ги уклучиле! :))))


озбилно, ве барав двајцата ама и двајцата сте недостапни, драгане кажи ми пошо во петокот бев у гужви не те разбрав добро, ти му рече на тој за вечер да чува места така?

CurvaSud_Milan said...

Иван друже истиот број ти е? да не има некоја промена па затоа да си недостапен, како и да е, ако се чуеме по тел. добро, ако не вечер у Шенклис се глеаме.

Anonymous said...

"Мобилни телефон...ону песму бууудим....мобилни телефоон ја га имааам" :)

ReBorned said...

Милан Милан Милан...

Anonymous said...

http://www.youtube.com/watch?v=VGhQyk8cUYg

http://www.youtube.com/watch?v=VGhQyk8cUYg

Еве два клипа за загревање на атмосферата :)

ReBorned said...

http://www.acmilan.com/NewsDetail.aspx?idNews=80231

Anonymous said...

РК Мерда(Ракометен клуб)
Од шо неможат гол да дадат па и топката у раце си ја земаа....ц ц ц како бе може вакви пацери да постојат?поради вакви судиски одлуки и одлуки како со сиена,фиорентина....и милан коа игра нерешено со реџина и сл се губи титула....неможам да се помирам со ова....пи*дам!
веќе е крај.....пораз....4та титула по ред поклонета на мерда....срам за италија!

Anonymous said...

пишувам пост момци...

Unknown said...

DEKA STE BE LOOOSERIII...
VE RASTURIJA INTEEEEERR.
FORZA INTER.
GREETINGS FROM PANDEV
HHAHAHAHAHA