Translate

Thursday, 23 April 2009

SEMPRE ROSSO,SEMPRE NERO,PER SEMPRE ROSSONERO!!!

Siam venuti fin qua, siam venuti fin qua
PER VEDERE SEGNARE KAKAAAAA! ! !
OOOOOOOH OOOOOOH OOOOOH
По успешно изведениот пенал на Кака заечи неговата песна на Сан Сиро...каква емоција...каква атмосфера...јас дома фрлав флаши во воздух од возбуда а којзнае како ќе беше да бев на самото место.
Ова е само мал увод на постот кој го пишувам со големо задоволство,мерак и од повеќе причини :)

Прво,најактуелната вест од Миланело која вели дека Гатузо почнал со лесни тренинзи и дека цели кон вракање за дуелот со Јувентус!
На второ место е прекинот на соработката(чудна соработка,само едната страна е во добивка,а другата во загуба)помеѓу Милан и Емерсон со образложение дека самиот пума побарал раскин на договорот од наводни лични причини.
Но какви се причините лично мене ме здоболе,само јас а и сите вие знаеме дека едвај чекавме да се случи ова,пред се затоа што ова го сигнализира стартот на новата ера во Милан...ерата на млади и надежни фудбалери кои тек ќе се пробиваат на фудбалската сцена.
Одамна зборуваме за смена на истрошените Калач,Фавали,Малдини(само поради возраста е споменат,не поради настапите),Емерсон...и токму заминувањето на пумата и пензионирањето на Паоло и Фавали(се надевам)на крајот на сезоната проследено со збогување со Жељко(а и најверојатно Шева) ќе значи само добри вести за Милан!
Во неколку наврати Галијани изјавува дека Милан ќе се осврне кон купување и давање шанса на млади фудбалери,и мене лично многу би ми било полесно да поднесам ако на крајот на сезоната сите се со спуштени глави доколку во тимот играат Дармиан,Антонини,Абате,Хуртадо,Тиаго Силва,Страсер,Кардачио,Виудез,Гуркуф,Палоши...отколку како што беше во изминатите неколку сезони.Кога на овие деца ќе ги додадеш искусните Замброта,Јанкуловски,Пирло,Сидорф,Гатузо,Амброзини,Инзаги,звездите од типот на Кака и Дињо и подмладоци како Фламс и Пато тогаш добиваме тим кој со две до три засилувањеа може да биде компетентен на сите полиња и да се врати онаму каде што припаѓа...На Врвот!

FORZA IL GRANDE MILAN!!!

13 comments:

Ultra red and black said...

П.С. Победивме во Будимпешта 5-2!!!Ааааааа ни тргна со петардиве!Шева 2 гола,Кака,Сидорф и Виудез!

Ultra red and black said...

п.п.с:
Што мислите за Фламини да биде игран како десен бек до крајот на сезоната?

kiko_pato said...

Хехехеее направи пост :) и ајде да го одржам ветувањето.... ааа за фламини десен бек хмммм??? а замброта што ке прави? :)

Ultra red and black said...

Лев бек O_o

ReBorned said...

Замброта ќе грицка семки!
Ултра намерно си го местел постов на цагер во 00:00 а? :P
Ако купиме двајца CB летово (не сметајки го и ТС во нив) тогаш на десен бек добиваме уште една опција, односно ТС кој одлично би се снашол и на таа позиција. Дали ја видовте асистенцијата на ТС за голот на Виудез?!
Доколку се врати Абате и тој би бил добра солуција на таа позиција.

Ultra red and black said...

Најбољи сме! :)
Иначе Ри,да од сеа на секој пост ќе си местам точно време xD

Ultra red and black said...

http://www.youtube.com/watch?v=6OEeorIfrFI

-ова е једино што најдов :/ ти Ри каде гледаше?

kiko_pato said...

уффф асистенцијата на тиаго... едвај чекам да почне нова сезона да видам како ке биде и што ќе биде !?!?!? а за фламс десно замбро лево хммм... па може да биде така другата сезона зошто да не... со јанкуловски антонини и маттиони резерва за бекови :) :)

Navigator said...

што се чудите за петардите бе? :) Milan полека и сигурно си го враќа местото што му припаѓа..инаку не сум за Flams како десен бек од проста причина што една добра утакмица не значи дека би бил добар за таа позиција..покрај тоа имаме доволно бекови, така што стварно мислам дека нема потреба..околу Puma само ќе кажам дека сум пресреќен..и кажувај Ultra дали ќе има некаква собрианка?? Владе дај бе и ти ангажирај се малку, јас сум ептен загреан да гледаме заедно..
SEMPRE ROSSO, SEMPRE NERO, PER SEMPRE ROSSONERO!!! FORZA MILAN!!!

Navigator said...

а шо викате на испаѓањето на копиљаците од coppa nazioanale?? :)
толку ги мразам значи, шо секој нивни пораз, ме радува скоро колку наша победа..
MILANO SIAMO NOI!!!

Ultra red and black said...

Навигатор,ич не се чудам за петардите,минатата сезона имаше 5 петарди па бевме 5ти! : )

Иначе кажав,ќе биде постирано на форумот на кајгана околу собиранката,пошо поголемиот дел од луѓето што ги собира Владе се токму од таму.

И ја се радувам за испаѓањето на пацерите,ми здосади више 4-5 години да ги глеам у финале на куп и е многу добро што Сампдорија и Лацио ќе играат во финале пошо ќе биде добра утакмица и воедно 2та тима ќе се борат и за место во лигата на уефа.А за кој ќе навиваме се знае... : )

Siam venuti fin qua,siam venuti fin qua,per vedere segnare Kakaaaaaa
Oooohooo ohooo ohoooo

Navigator said...

ќе биди објавено или веќе е?? зашо неможам да го најдам на кајгана..а владе има резервирано во Shankley's, или ќе се оди на друго место?

Ultra red and black said...

Владимир?