Translate

Sunday, 19 April 2009

MILAN-TORNIO PREVIEW

Во недостаток на инспирација,ставам една од мојте омилени слики :)


Најпрвин да ви го честитам на сите православни христијани(а и воедно навивачи на Милан,другите не ме занимаат :Р)денот на Господовото восхресение-Велигден.
Во оваа празнична атмосфера со продолжен викенд го очекуваме второто милано-торинско дерби ова коло.Она првото,далеку поатрактивното(иако според играта и резлутатот воопшто не импресионираше)заврши мирољубиво 1-1.-Резултат кој го сакав и кој ни одговара,па вечер со евентуален триумф ќе се израмниме со Јуве на второто место за првпат по подолго време.
Деновиве во медиумите прочитав изјава каде што Галијани потврдува дека објектив на Милан е 3тото место,а второто(иако се работи за голем престиж)немало некое големо значење,и на тоа Анкл Фестер гледа само како директно учество во Лигата на Шампиони.
Но преку глава ние на сите од овие Карло/Галијанови теории на еволуција така да до сега би требало да се на викнеме на вакви изјави кои предизвикуваат паѓање на моралот кај навивачите(барем во мојот случај).

Торино ни е уште еден од оние должници,и е еден од оние тимови кој ни скинал подови кога сме тргнале во мал залет.Само 2-2 беше на првиот натпревар во Торино,по прекрасниот гол на Дињо од слободен удар,и на Пато по асистенција на Дињо ако не се лажам.
Милан хоспитал е полна како и секогаш:Абијати,Антонини,Неста,Бонера,Каладѕе,Гатузо,Бориело немаат веќе плави картони,и мораат да се лечат приватно :) Кога на ова ќе ја додадеме суспензијата на Јанко,тогаш добиваме 8 првотимци без кои ПОВТОРНИ неможеме да сметаме.
Пумата не е воошто повикан,и му благодарам на милниот Бог за тоа :)

Дида,Калач
Матиони,Замброта,Дармиан,Сендерос,Малдини,Фавали
Фламини,Пирло,Амброзини,Бекам,Сидорф
Кака,Роналдињо
Пато,Инзаги,Шевченко

Има некои дилеми Карло околу составот,но тоа не е нешто кое не сме го виделе така да,што и да видиме вечер на теренот како формација нема да не изненади : )

Дида
Матиони,Сендерос,Фавали,Замброта
Кака,Пирло,Амброзини,Роналдињо
Пато,Инзаги

Јас би играл вака...но за Карло да почне вака ќе му треба минимум една шибица,и два три шата :) затоа многу поверојатно е дека Карло ке почне вака:

Дида
Замброта,Сендерос,Малдини,Фавали
Амброзини,Пирло,Сидорф
Кака,Роналдињо
Пато

-Карло рече дека ако не се опорави целосно Паоло,може да се случи и Дармиан да почне,но мислам дека шансите за ова се минимални,и дека Карло радо би почнал со Сенди и Фавалињо во срцето на одбраната,и Фламс десно односно Замбро лево,но ова се само претпоставки....вечер во 20:00 ќе знаеме се за сигурно :)
-Би сакал оваа утакмица да победиме убедливо,пред периодот од тешки натпревари кој ни претстои,убедлива победа може само да ни ја крене самодобербата.
-Успешно деби на Матиони
-Поголема минутажа за Шева и Дармиан.


Христос се роди,и FORZA IL GRANDE MILAN!!!

8 comments:

ReBorned said...

Сезонава е сменет законот... во Италија првите три одат ДИРЕКТНО во ЛШ а само четвртиот игра квалификации ;)
И јас би сакал да го видам Матиони десно а Замбро лево ама тоа нема да се случи, составот што ти е напишан како последен е оној што ќе го започне натпреварот во 20:30 на Телма :)

Navigator said...

Добар пост и добро е шо некој конечно се реши да напиши нешто..за утакмицата вечер и не ни треба нешо многу да се зборува..дека ептен ни треба победа, знај секој..така конечно пак сме втори, а тоа значи дека екипата остварува нешто шо многу малку од навивачите (да не зборам за управата) го поставија како цел сезонава..и цел овај напредок се должи на само на една работа:намалениот притисок за достигнување на нешто..ниту повредените играчи се опоравија, ниту атмосферата во клубот значајно се подобри, ниту она фамозно 100% фокусирање на првенството има улога повеќе, зашо ниеден италијански клуб одамна не игра во Европа..значи се се сведува на тоа да играчите го немаат онај притисок како пред 2 месеци и тоа очигледно вродува со плод..мене искрено не ми е јасно зошто тоа во толкава мера делува кај вакви ѕвезди и професионалци ама ако стигнат на крај до 2ро место јас ќе бидам баш задоволен..и покрај неуспехот во UEFA и националниот куп јас ќе бидам горд на мојот Milan..
Torino е еден од клубовите на кои гледам стварно како на должници (тука се и Lecce и Palermo), кои ни земаа бодови кога ни беше најбитно..мило ми е Ultra шо си сфатил дека Mattioni или Darmian нема шанса да заиграат од почеток, зашо да не се лажиме тоа од Carlo нема да го дочекаме..овие екипи како Toro играат така збиено, шо е многу тешко да им дадеш прв гол..затоа јас би играл со 2ца класични напаѓачи, ако треба со Sheva и Pippo заедно од почеток..од кога ќе примат гол тие се губат и можат да примат уште 5..мојата формација би била 4-3-1-2 мада сакав да ги видам Kaka и Dinho еден до друг како разбијаат..на крај краева не е битно со каков тим ќе излезиме, најважно е да пукни уште една петарда на San Siro :)
FORZA MILAN!!! SEMPRE CON TE!!!

ReBorned said...

Навигатор ти шо си запнал толку срамежливо против Але? :)
И претходно имаш пишувано за некој натпревар за Шева и Пипо во шпицот! Але is a must од едноставна причина што сезонава е единствениот фудбалер на Милан што одигра на високо ниво (заедно со Абиати кој сега е повреден). Значи во секој случај Але мора да игра во секоја комбинација а јас сметам дека денеска ќе се стартува со 4-3-2-1 и баш со тие фудбалери што ги напиша Ултра. Не велам дека така јас мислам дека е најдобро туку дека така ќе стартува Карлито.
Мислам дека би ми се наполнила душата ако вечерва во стартните 11 го видам Дармиан на десен бек или особено Матиони! Иако знам дека е тоа само утопија...
P.S По поразот на Џенова и Виолетовите губат ;)

Ultra red and black said...

Ри,знам дека е сменет законот,токму и на тоа алудирав кога реков дека за Галијани не е битно дали ќе завршиме втори или трети,туку битно било само да избориме директно учество во ЛШ.На мене лично кога ја прочитав оваа изјава ми се стемни али ајде...ќе си ги задржам фрустациите за себе.

Околу формацијата нема што многу да се дебатира...Велигденско чудо ќе биде ако еден од Дармиан и Матиони би почнале,но мислам дека ако имаме барем 2 гола разлика во последните 15ина минути можеме да очекуваме нивно влегување од клупа.

Иначе Ри,мислам дека кога Иван вели дека ако треба би почнал и со Шева и Пипо(реално гледано 3тиот и 4ти напагач во тимот)мисли на тоа дека по секоја цена против тим од рангот на Торино треба да се игра со 2 шпица :)

И за крај,пишувам пост за секој натпревар кој сум во можност да го следам + нешто екстра,а би пишувам и по еден пост на некои два дена ако има поголема активност-во поглед на дебати,разменувањена мислења и слично...но за сево ова ни треба поголема ангажираност од СИТЕ присутни на блогов,а и воедно од нашиот Блог Администратор кој јавно го повикувам ако може малце да се активира(ако неможе ок е,целосно разбирам).
И затоа со Владе(Курвасуд_милан)планиравме да организираме барен една по масовна собиранка до крајот на сезоната,и еден состанок кој МОРА да се оствари по завршетокот на сезонава(односно негде в мај)каде што би дискутирале за идните планови на блогот,и воедно да договориме за евентуалните измени на самиот блог :)
На сево ова гледам во позитивна смисла,не сакам никој да ме свати погрешно :)

FORZA IL GRANDE MILAN!!!

ReBorned said...

MILAN-TORINO: LE FORMAZIONI UFFICIALI
19/04/2009
MILAN : Dida; Flamini, Senderos, Maldini, Zambrotta; Beckham, Pirlo, Ambrosini; Kakà; Pato, Inzaghi.
TORINO: Sereni; Rivalta, Natali, Franceschini, Rubin; Abate, Dzemaili, Barone, Diana; Rosina; Bianchi.

На клупа: Калач, МАТИОНИ, ДАРМИАН, КАРДАЧИО, Сидорф, Дињо, Шева... се надевам дека некој од децава ќе добие шанса во текот на натпреварот

Ultra red and black said...

No Favalli No Party :)

Ultra red and black said...

Како што реков...попрво карло ќе го игра фламс како десен бек отколку да им даде шанса на Матиони и Дармиан :)

Ultra red and black said...

Што е ова бе цела лига станала ракометарска?сите по примерот на џанакот Наркомано