Translate

Saturday, 24 September 2011

Bow in front of the Pharaon



Без никакво претерување Milan дојде до дереџе да се крсти во едно 19 годишно момче! Со ваков здравствен билтен и ваков Cassano, само SES92 може да не' спаси!
Многу верувам во тоа момче со симпатична фризура (верував од секогаш) но се надевам дека вечерва и Cassano ќе верува малку повеќе во него па и некогаш ќе се осуди да му ја пушти топката во празно кога овој го прави тоа што Cassano не може поради својот мрзлив задник, втрчува во празно! Мах вчера на пресот меѓу зборови му рече на Cass дека има среќа што сите останати се повредени! За да биде иронијата поголема дури и Kingsley Boateng се повреди на 1 месец па така Cass сега е недопирлив!

Abbiati, Amelia, Roma, Abate, De Sciglio, Nesta, Taiwo, Thiago Silva, Zambrotta, Yepes, Aquilani, Carmona (55), Emanuelson, Nocerino, Seedorf, Valoti, Van Bommel, Cassano, El Shaarawy, Inzaghi.

За вечерашниот натпревар против Cessena (кој патем речено нема да оди во директен пренос на Телма) ќе ја имаме истата одбрана од претходните дуели. Нападот ќе започне со Cass и Il Pharaone. Во средниот ред некако срамежливо се насетува една промена... според информациите кои ги имам од Италија некако срамежливо Urby се приближува кон прв старт сезонава. Последното од Urby на Twitter е од пред 28 минути каде што вели дека ќе имаат light training now... (Ова ми беше шанса да се пофалам дека ги следам официјалните профили на Urby, Binho, Amelia и KPB :) )
Јас лично би сакал да се случи вакво нешто, да се случи нешто, било што. Премногу сме статични и неинвентивни со овој среден ред. Сепак, ако Urby влета во првите 11 не би сакал тоа да се случи на местото на Aquilani кој иако имаше катастрофален последен натпревар, пред тоа беше сосема солиден и тој е нашата најдобра креативна сила во тимот, мораме што побрзо да го вклопиме во играта. (Иронично, ако Urby би влетал во стартните 11 тоа најверојатно би било токму на местото на Aquaman.
Како што забележавте претходно во повиканите има 4 млади пиштоли. Оној петтиот кој го нема тука директно ќе влета во ЛШ (Comi). :)
Тоа е тоа дечки, не удри кризата на комшиите од претходната сезона. Сета среќа што ние не сме Printer, ние ќе се извлечеме од ова :)

23 comments:

Navigator said...

Многу јасно дека ќе се извлечеме од оваа непријатност. Јас така би ја нарекол оваа ситуација, наместо криза. Кога немате 10 играчи од првиот тим на располагање, нормално е да не функционирате најдобро. Се е променето, почнувајќи од формацијата до улогите на играчите на теренот. Она од што не треба да се срамиме и чудиме е тоа што голем дел од надежта и очекувањата се насочени кон дете од 18 години. Зошто да не може (уште еднаш) тинејџер да игра главна улога во тим како Milan? Така всушност се раѓале и се раѓаат најголемите ѕвезди. Кога можат Lukaku или Neymar да бидат главните играчи во своите клубови на 18-19 години, зошто Il Pharaone да не ја искористи оваа ситуација и да се наметни кај Max...
Изгледа Пандев-манијата продолжува да тресе само во Телма, па така вечер ќе се мачиме на PC, наместо комотно на ТВ. Да добро бе луѓе, дали некој навистина почнаа го следи Napoli заради Горан?? Или сега ќе излезат 40-50 годишњаци, кои на времето навивале за Napoli поради Maradona и сега ќе се курчат? :)
Моја желба вечерва е да ги видам Nocerino и Seedorf на клупа, а на нивно место да влетаат Urby и Mattia. Лично не сум задоволен од играта на Nocerino. Мислев дека ќе добиеме замена за Rino, но засега ништо од тоа. Во друга прилика би го коментирал ова, особено би зборувал за мечот со Napoli, каде што по мое мислење, ако го имавме Gattuso на терен, немаше да заминеме поразени. Само штета ако Max мисли дека двајца младинци како стартери е премногу. А назад ќе го видиме Taye од старт или уште не е доволно излекуван?
Очекувам вечер сите да распалат, да ја добијат таа прва победа. Што порано го отворат мечот, ќе има повеќе голови. Моја прогноза е дека ќе падне гол во првите 20 минути и на крај ќе влезе 4+. Имам големи очекувања вечерва...

FORZA RAGAZZI!!!

ReBorned said...

Најновите информации зборуваат за ова:

Abbiati; Abate, Thiago Silva, Yepes, Zambrotta; Nocerino, Van Bommel, Emanuelson; Seedorf; El Shaarawy, Cassano

Navigator said...

Што му е на Sandro пак сега? Лош состав според мене. Најлошо од се што тука не е Aqiulani, ама и играњето на Seedorf. А нема да биди лошо и Abbiati да одмори еден натпревар за да се среди малку. Ем Amelia не е лош голман, ем Cesena не е противник од кој треба да стравуваат голманите.

Anonymous said...

Тој и ќе биде составот Ри :)
Улетување на Урби кој би требало да биде многу по-офанзивен.
Искрено ми се смачи да гледам на стрим утакмици, право измачување радо би ја симнал на торент и би ја гледал во ХД одпосле само проблемот е што ненамерно ќе го дознаам резултатот во меѓувреме...

ReBorned said...

Иван, не му е ништо на Sandro, само да земе здив пред ЛШ.
Последните информации ми ги потврди и Laura Esposto, Taiwo ќе стартува пред Zambrotta!
Останатиот дел од тимот е тој.

Navigator said...

Разбирам дека не е повреден, туку се прашувам зошто се тактизира во стоперската линија кога само тој дел ни е целосно здрав и кога одбраната не функционира најдобро сезонава. Барем Taye би требало да биде поофанзивен од Zambro во овој случај.
Ако некој случајно најде стрим што оди преку sopcast или veetle нека го сподели.
И да, поздравете ги комшиите од Diamanti :D

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Тие што ги пишав последните со Taiwo се и официјални.

ReBorned said...

http://www.esrojadirecta.com/

http://myp2ponline.com/football.html
(Со Veetle за Иван)

Ако најдете нешто што Ви оди добро споделете (без разлика дали некој линк од претходните или нешто ново)

ReBorned said...

http://alv-sports.blogspot.com/p/highlights-3.html

Navigator said...

http://www.rojadirecta.me/goto/tucosports.blogspot.com/p/rd6.html

ReBorned said...

Сума сумарум:

1. Clarence :)
2. Taye е на работ на црвен картон и многу игра вон позиција, си го губи својот фудбалер (поради овие 2 причини најверојатно ќе биде заменет од Zambrotta). Жарот, агресивноста и одличните центаршутеви се позитивните страни.
3. Cass се бори како што доликува на еден фудбалер на Милан.
4. SES92 незабележлив и вон позиција.
5. Urby... како за нова позиција и за старт... ништо посебен но имаше еден одличен удар кој за малку не заврши со гол и одлична дијагонала кон Cass во финишот кој не беше офсајд!

ReBorned said...

И ќе заборавев:
Barbara sexy as always at the stand :)

ReBorned said...

Многу тешко но 3 бода си се три бода.
Иван, ме интересира што мислиш ти за денешниот натпревар на Nocerino.

Navigator said...

КРАЈ!! Уфф, конечно заврши. Се изнамачив и со стримовите и со играта...

Navigator said...

Многу активен, многу истрча, го имаше насекаде, не многу креативен и плоден. Тоа го мислам.
За мене мечот го одбележаа Seedorf Cassano и нивната соработка. Abate и TS исто така за пофалба. Seedorf вечерва ако не добие инфузија 100% колабира :)

Navigator said...

Хахахаха... Ова ќе биде легендарна изјава: We should clon Clarence Seedorf! :D

Anonymous said...

Нешто дополнително од вас за натпреваров? јас ги изгледав хајлајтсите, и како што видов во 2 ситуации Касано и СЕС92 можеле да изреагираат и подобро.Јепес како изигра?Неста ќе стартува во среда?Аквлиани влезе во игра?некој од децава?Нешто ново од Урби?Касано?

ReBorned said...

Јепес изигра добро, стабилно. Неста само одмараше па во Среда би требало да се врати во стартните 11. Аквилани влезе во игра на местото на SES92 и беше речиси невидлив. Урби само на хартија играше AMC, всушност кога ние бевме во напад таа 4-3-1-2 се претвораше во 4-3-3 со Касано на CF а Урби, Сидорф и SES92 зад него во линија. Во тие моменти Ночерино се повлекуваше назад и го штитеше просторот заедно со Ван Бомел.
Нешто друго? :)

Anonymous said...

Дали влезе некој од децава дали Алегри добро ги истемпирал измените зашто толку критики за Таиво и израдувај ме нешто за Фараонот :)

ReBorned said...

Од децата не влезе никој. За Таиво критики оти беше некако лабилен, премногу мотивиран и чистеше се' пред себе. Доби жолт а веднаш потоа имаше уште еден старт со две нозе па судијата го предупреди! Затоа беше заменет по стартот на вториот дел. Има подобри центаршутеви од сите други бекови заедно но мора да се среди во играта. Сепак, треба да бидеме и фер спрема него, имаше подолга повреда, уште не е 100 % здрав а и нема одиграно неколку натпревари за да се вклопи во играта на последната четворка. Јас мислам дека му треба време. Би го играл повторно стартер во ЛШ.
За Фараонот нема што да те израдувам, некако луташе низ теренот и имаше само една добра шанса (која рака на срце не беше одлична бидејки беше брза топка и веќе му беше затворен аголот). Како и на претходниот, му треба време (а во неговиот случај и физикус).

ReBorned said...

Алегри одлично ги истемпира измените на овој натпревар. Временски и практично.

Anonymous said...

Благодарам за репортот, се осеќам ко да сум го гледал натпреварот :D

Navigator said...

пишувам пост...