Да бидам искрен, дури кога вчера видов реклама за ЛШ преносите на Канал 5, се сетив дека Milan игра меч за еден ден. Се сетив и дека играат против Viktoria Plzen. Тогаш ми стана јасно зошто сосема сум заборавил на натпреварот што следи. Viktoria Plzen... ај да му се невиди, зошто не ми текнува ништо за екипава? Ми треба помош, дефинитивно! Отворам wikipedia, одма вртам кај current season и гледам нема таква работа. А гледам дека нема ни повеќе од два пасуси текст. Некако најдов време да ги прочитам тие стотина збора од кои ми стана многу појасно. Или не? Па луѓе клубов нема историја! Пред две години го освоиле купот, а лани првенството, тоа е се! Сите играчи им се чеси. Добро ајде, има и тројца словаци. Ама нема бразилци или било каков црнец што е многу чудно. Имам три објаснувања за ова: или немаат ич пари, или се тешки националисти, па можеби и расисти или се клуб директно поддржуван Futbalova Asociace Ceske Republiky од кои имаат за цел промоција на домашниот фудбал. Првото не ќе да е, го имаат Skoda за спонзор, всушност како и секоја трета спортска екипа од Чешка. Второто исто така е малку веројатно, UEFA е веќе досадна со онаа кампања LET'S KICK RACISM OUT OF FOOTBALL. Е за третото веќе почнувам да сумљам иако немам инсајдерски информации. Аха да, тоа е... И тренерот им е чех!
Со сето ова претходоно напишано имав само една поента. Сакав да доловам колку е непознат тимот на Viktoria. Она што во ниеден момент не го помислив е дека вечер ќе бидат растурени на San Siro. Никако не сакам да ги потценам како екипа и нивниот огромен успех да се квалификуваат во ЛШ. Ги исфрлија Rosenborg и Copenhapen во квалификациите и одиграа 1-1 со BATE. Зошто би биле послаби од споменатите екипи и зошто помалку би ги почитувале. Единствено што против себе вечер ќе имаат седумкратен европски шампион. Додуша и Cesena во Саботата го имаше истиот противник, па одиграа сосема солидно и поминаа само со 1-0. Се прашувам како само се чувствуваат овие момци...
Најавите за вечер се оечкувани. По враќањето на Ibra во составот, Max има само две дилеми. Кој да биде левиот бек и кој да игра позади Ibra-Cassano. Во опција се Urby и Aquaman. Ако ме прашувате мене, стартери би биле Luca и Aqiulani. Останатите места се познати и извесни. За напоменување е и повикот на Ganz кој ако се се одвива како што посакуваме, може да ги добие првите минути во ЛШ. Еве ги повиканите:
Abbiati, Amelia, Roma, Abate, Antonini, Bonera, De Sciglio, Nesta, Taiwo, Thiago Silva, Zambrotta, Yepes, Aquilani, Emanuelson, Nocerino, Seedorf, Van Bommel, Cassano, Ibrahimovic, Ganz.FORZA MILAN!!!
27 comments:
И една статија која вреди да се прочита: http://www.milannews.it/?action=read&idnotizia=62449
Јас да бидак искрен баш чекав да видам дали некој друг ќе напише пост. Бев психо-физички исцрпен!
Околу натпреварот...
Не ми се допаѓа насловот, особено сега ние не сме во можност да гледаме потценувачки на никој! Денес сите играат фудбал, прашајте ги комшиите и Trabzonspor или UTD и Basel од синоќа.
Zlatan се враќа и најверојатно ќе стартува заедно со Cassano. Според последните информации зад нив ќе добие предност Urby во однос на Aquilani. Остатотокот од тимот е тој а јас имам замерка за Max што повторно не му дава шанса на Taiwo. Тој беше лош но најдобар начин да се навикне на овој стил на игра е со натпревари. Посебно против Plzen кој веројатно ќе игра со сите фудбалери зад топката, во таква ситуација ни треба уште еден експлозивен фудбалер по спротивната страна од Abate. Така ќе имаме фудбалер повеќе во нападот и ќе го развлечеме тој ѕид.
Околу статијата со Prandelli. Не верувам дека има некоја реална основа но интересно... Prandelli намерно или не го минимизира учеството на сите репрезентативци од Milan. Abate не добива шанса ниту во поширокиот список каде што половина од фудбалерите на негова позиција делуваат смешно во однос на неговата игра. Но не е само тој! Abbiati не добива шанса ниту на клупата а интересно од друга страна... на пример Nocerino кој беше стартер пред да направи трансфер во Milan сега го загуби местото во тимот. И Aquilani ги загуби тие минути од клупата.
Само Cassano е „во ќар“ од нашите.
Вечерва одиме на победа и лоши стримови!
Forza Milan!!!
Околу насловот... уште еднаш ќе повторам: Со сето ова претходоно напишано имав само една поента. Сакав да доловам колку е непознат тимот на Viktoria. Она што во ниеден момент не го помислив е дека вечер ќе бидат растурени на San Siro. Никако не сакам да ги потценам како екипа и нивниот огромен успех да се квалификуваат во ЛШ.
Дали нешто знаеше за Viktoria до пред неколку недели? Дали мислиш дека сега доволно знаеш за да ги претставиш како противник? Барем јас незнам... За Basel и Trabzon сигурно знаеме многу повеќе. Пак ќе речам, тоа не значи дека овие екипи се поквалитетни од Plzen, ниту дека вечер ќе бидат уништени.
А ме интересира дали Prandelli ќе го тргне од составот и неговиот омилен играч Montolivo, доколку овој потпише за Milan :)
Не се сеќирајте, ќе дојде време кога Прандели ќе МОРА да го повика Абате во репрезентацијата :)
Благодарение на Платини ја имаме честа да гледаме натпревар помеѓѕ БАТЕ Борисов и Викторија како и да се викаат во Лигата на Шампионите!
Таиво треба да почне, треба да му се даде шанса.
И уште една многу важна работа.
Младите изгубија од Chievo 3-1. Но поважно...
Mexes одигра 45 минути без проблеми :)
Една молба до Вас.
Одам на работа и ќе пробам да го гледам натпреварот на iPhone. Ве молам доколку било кој од Вас најде добар линк, кој не сецка нека го постира тука, јас ќе проверувам. Многу е тешко да барам стримови директно од тел.
Благодарам однапред.
http://forum.wiziwig.eu/threads/60806-Wednesday-s-Football-Links
http://tv.indonewyork.com/espn
http://tv.indonewyork.com/soccer2
Тоа што го реков претходно, сеуште важи!
http://freesports.us/live5/
http://www.ilemi.me/29520/2/Watch-AC-Milan-vs-Plzen/
Abbiati; Abate, Nesta, Thiago Silva, Antonini; Nocerino, Van Bommel, Seedorf; Emanuelson; Ibrahimovic, Cassano.
многу добар стрим засега
http://real-tv-sport.com/channel-6.php
http://forum.wiziwig.eu/threads/60806-Wednesday-s-Football-Links
овој добро ме служи сеа за сеа....
Тотален крах а моите стримови уште во 15та минута. Чекам целосен извештај на крајот од мечот. Читам низ странските форуми со Златан сме златни (ништо ново). Урби бил дупка а Касано бил катастрофа ( настрана голот). Како играше Ночерино? Како изиграа од клупа Аквилани и Таиво ? Врз кој беше пеналот и дали е пенал? Де Шиљо :)
Ај јас ќе ти раскажам накратко...
Прво, фала за линкот, баш тоа го барав, еден куп sopcast стримови.
Утакмицата за чудо беше многу течна, жива. Јас очекував бункер, особено во второто полувреме, ама тоа го немаше ни 5 минути во цел меч. Многу шанси за нас, неколку и за нив и тоа многу изгледни. Според мене Urby воопшто не беше лош, незнам зошто некој го кажал тоа. Ibra стандардно добар, но исто толку и несериозен. Да не беше толку добар колку што е, со овој однос не би играл ни во второлигаш. Ми смета неговата несериозност, ама пак неможам без неговите голови. Бековите премногу истрчаа, многу време помагаа напред и се враќаа на незгодните контри на гостите. Abate особено, повеќе беше на туѓата него на своја половина. Nocerino пожртвуван и цврст, MVB и Seedorf стандардни. На стоперитен неможеш да им забележиш скоро ништо, ама очигледно е дека одбраната не функционира како лани. Нешто не е во ред таму назад, а сеуште неможам да забележам што е тоа. Кичо одбрани 2-3 опасни топки, од кои онаа на почетокот можеше да не шокира сите. Остана уште Cassano... Даде гол по асистенција на Ibra, ама пропушти мноооогу. Кога ќе собереш се, не изигра лошо, но ни ги искина нервите на сите.
Max повторно се плаши да менува изгледа. Првата беше дури во 72 минута. Влезе Aquilani и направи многу грешки за малку време. Taye беше ок, само што се забележа дека неговата самодоверба не е доволно висока. Ситуацијава најдобро го отслика тоа: имаше еден шут при крајот од 30тина метри кој заврши далеку од голот, но наместо негодувања, сите играчи, до еден, се свртеа кон него и му аплаудираа. De sciglio имаше мирни 6-7 дебитантски минути и беше воочливо нервозен кога влегуваше :)
Се надевам нема нови повреди, иако Ibra, Cassano, Luca и MVB покажуваа болни изрази на лицето при крајот на мечот. Тоа би било се Ри. И пак не успеав да бидам краток, веќе не најавувам кратки коментари :)
FORZA MILAN!!!
Фала многу! А што е работата со De Sciglio оти не беше на спиење, утре не оди на школо?
Како не е, прва смена е, само што не му пишуваат неоправдани. Чичко Galliani го оправдувал :)
И само да ти одговорам на насловот во постот:
Катарина Ивановска ;-)
Искрено, и не ми е баш нешто добра...
A FIFA 12 добра ти е? Ја симнав сабајле во 5. Претходно на FIFA 11 бев апсолутно непобедлив online преку Game Ranger на 2 vs 2 :-)
Си најдов сродна душа :)) Ептен бев добар на FIFA 11, мада не сакам да се фалам многу. Толку ја усовршив што летово веќе почнав да играм со екипи како Leyton Orange или Macclesfield против Classic XI за да имам предизвик. FIFA 12 Demo ја симнав минатиот викенд во очај додека не излезе целата игра. Уште ја немам изиграно целата игра оти лаптопот ме зеза со кулерот, ама утре одам за Битола и ќе ја играм на десктоп. И нормално, викендов ќе си набавам огромен дополнителен кулер :) Деновиве ќе те известам каков ми е впечатокот...
А кажи ми како играш онлајн? Немам поим како оди тоа. Треба некој пач или нешто слично? Ако не ти е мака, објасни ми малку подетално, па да можиме да си ги одмериме силите за некое време :)
Online FIFA 11 се игра со помош на GameRanger. Освен GameRanger ти треба да си го симнеш и 1.0.1 patch.
Најјако е што може да се игра онлајн 1 Vs 1, 2 Vs 2, 3 Vs 3...
можеш да замислиш што се' се случува. Јас сум страшен во пар со еден дечко од Romania или со мој братучед од тука. Братучедот е страшен фан на Barca ама не смее да се буни, стандардно играме со Milan. Играм со формација
------------Abiatti
----Abate---Nesta--TS--Taiwo
--------???--------Boateng
---Urby-------Pato-----Binho
-------------Zlatan
Со тоа што тој ??? во средниот ред е променлива. Стартував со Ambro (кој е одличен на FIFA 11) но подоцна да ми биде поинтересно менувам секој натпревар. Исто така, навалната линија обично драстично се менува на полувреме (при резултат од најмалку 3-4 гола предност) и во игра влегуваат SES92, Pippo, Cassano...). Значи зборувам за Online играње против живи луѓе. Ако сакаш ќе се пробаме ;)
Утре одам за Битола, го симнувам пачот, веќе го симнав Game Ranger колку да видам како функционира, па ќе те барам за да изиграме ако е се во ред
планирам утре пост ок? :)
Ок ама побрзај :)
нема па нема... :)
Ultra ако нема пост до 19:00 (имаш уште еден час до тогаш) добиваш по 3 ластика од секој редовен форумџија тука (значи вкупно 6 ластика) + од сега натаму ќе те викам Softy... Ultra не ти прилега.
Сигурно заборавил дека е на свадба денес. За друга обврска во недела неможам да се сетам :)
Уствари кога ќе видам убаво, тој никаде не рече дека ќе пишува пост :) Можеби само планирал...
Post a Comment