Translate

Sunday, 18 September 2011

SSC NAPOLI vs AC MILAN preview!!!

     Во потрага по првата победа сезонава и по некој друг резултат освен 2:2 :), нашите момци утревечер излегуваат на мегдан со минатогодишното изненадување во првенстовото, екипата на Napoli. Во крајно незгоден период треба да си ги испробаме силите со екипа кој според нашиот Max, комотно би можела да претендира за Скудето. И навистина, тоа не се празни зборови на пофалба на противникот. Знаејќи со што се може да се сретне во Лигата на шампионите, De Laurentiis не само што не ја распродаде екипата што му го донесе третото место лани, туку и јас засили. Доволно добро да еден Manchester City неможе да ги совлада, и тоа на City Ground. А колку се добри дома? Лани освоија дури 40 поени, од можни 57! Но не и против Milan. :)
     Досега кажаните работи за тимот од Неапол доволно зборува за сериозноста со која треба да се пристапи кон мечот. Победата која ја очекуваме утре не е важна само затоа што ќе биде прва, туку и поради реалната опасност еден сериозен конкурент за титулата да се одлепи уште на стартот. Зборувам за Juve, кој на стартот делуваше доста моќно, а утре гостува кај својата филијала, долго време нивната втора екипа Siena. Она што треба момците да го сторат утре на San Paolo е да ја играат својата игра. Нешто сосема спротивно од она во Вторникот. Да ја видиме играта од минатата сезона, цврста, доминантна, надмоќна... Иако овојпат ќе биде уште потешко од претохдните два мечеви. Листата на повредени постојано се проширува, се повредуваат играчи кои најмалку треба да се отсутни при овој пеколен ритам. Кога ќе ми текне дека после ова ни следува Udinese во Среда, се прашувам како Max планира за закрпи тим. За утре се повикани и четворица младинци. Ова се јунаците: Abbiati, Amelia, Roma, Abate, Antonini, Bonera, Nesta, Taiwo, Thiago Silva, Yepes, Aquilani, Emanuelson, Nocerino, Seedorf, Valoti, Van Bommel, Carmona, Cassano, El-Shaarawy, Ganz, Pato.
     И во цела таа кошаркарска еуфорија утре се надевам дека ќе има некој расположен да искоментира нешто во пресрет на мечот, па и потоа. Криво ми е што се поклопува со терминот на финалето, ама за мене Milan е поважен од Шпанија и Франција заедно. Колку добро би било да со бронза во рацете гледаш како Milan ја гази дружината на Пандев... 
     Утре одиме на победа момци и тоа на дупла!!

     FORZA MILAN, FORZA MACEDONIA!!!

11 comments:

Anonymous said...

Победа секако за совршен викенд но да не бидам погрешно сватен ама би менувал победа утре за бронѕа а ако може и двете ухуу :)
А за тоа со Јуве си дефинитивно во право, реално гледано нашите вечерашни противници и Бјанконерите би требало да ни бидат единственуте ривали годинава со оглед на тоа дека комшиите и рома се во процес на реизградба.
Најверојатно ќе те послушам за Т.Силва, сеа може малце Ри ќе се налути што во опциите не го споменав Робињо ама добро :) Иначе и јас мислев за Тиаго пред Пато пред се пошто очекувам за 3-4 години кога пато ќе распали со по 30 гола во сезона и ќе освои ЛШ и Каполиста ќе го земат Реал или Барса а ние ќе лапнеме 50м за него, не дека го сакам ова само си кажувам од претходните примери со Шева и Кака :)
А читавте ова по медиумиве?Торес за Робињо или Пато?? пффффф не фала евентуално за Касано ама пак би подразмислил....
И кога веќе споменав трансфер пазар да си кажам што ми лежи на душичката....
Де Роси разбрав се бунел нешто за потпишување на договорот кој му истекува налето, Монтоливо скоро сигурно ги напушта виолетовите зимава или налето да си ги лапнеме овие двајца ГАГА и да го земем Роси од Виљареал и ич уво не ми чуе за Мр.Х и слично :)

ReBorned said...

Веројатно е да го видиме SES92 во 75та минута на местото на Cassano.
Исто така веројатно е овој натпревар да го реши Pato по асистенција на Seedorf/Aquilani.
Исто како што е веројатно централниот пар назад да има големи проблеми затворајки ја нашата лева, бековска позиција каде што „ќе оперира“ Luca Antonini.
Nocerino ќе ги јаде сите, со својата sexy motherfucker брада ќе биде неодолив а Seedorf и Aquaman ќе плетат мрежа која би требало да го катапултира Pato во финалниот момент. The Boss ќе доминира на DMС а Cassano ќе се обиде да го остави зад себе тој ништожен натпревар на Camp Nou со во најмала рака солидна партија вечерва.
И да, кој ги шиша финалистите на ЕП, јас вечер од 20:45 на работа сум на мојот iPhonе на фудбалски stream.
P.S Мала пикантерија...
Синоќа го „сретнав“ Zoki Arsenal (се сеќавате на него, нели). Средбата беше online и кога му реков, најпријателски (без провокации и сл.) сезонава ептен тешка ќе биде за Вас а само што почна, тој одговори: Во последно време не следам повеќе фудбал, незнам што се случува.“

Епа момци јас „ќе следам фудбал“ и „ќе знам што се случува“ секогаш! Барем таму каде што треба да знам!

ReBorned said...

Веројанто е и на местото на Antonini да почне Bonera но тоа воопшто нема да го промени остатокот од таа реченица во претходниот коментар. :)

Anonymous said...

Се си кажа сеа :)
И ја имам чуство дека ако некој ќе даде гол вечер тоа е Пато (а и нема кој друг!)

ReBorned said...

Clarence Clyde...?

Navigator said...

Zoki Arsenal е жива легенда. Поголем идиот во блогерскиот свет не сум читал :) На ниво на децата што коментираат на фан клубот на фб :)
Што е до стрелците вечер, зошто да не забие Cassano? А би сакал да видам и првенец од Aquaman или Nocerino, зошто да не. Како и да е, најверојатно ќе биде ептен тврд меч и еден гол, најмногу два ќе решаваат. Немам што да кажам друго, освен штета за бронзата и одвај чекам да дојде 20.45!

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Штета и за натпреваров стварно :)
Тоа е тоа Јуве и Наполитанциве (кои се повеќе ми се одбивни) ни се одлепија пет бода веќе немаме право на грешка.
Ако ништо друго Малиот Фараон дебитираше :)
FORZA MILAN !!!

ReBorned said...

Не можев убаво да ја гледам поради тоа што пак ја гледав на iPhone. Ама од тоа што можев да го видам, Aquilani продолжува со добрите игри (нека му се множат головите). Голот беше фантастичен а уште еден интересен податок е тоа што тој е вклучен во сите 3 гола што Milan досега ги има постигнато во Serie A (директна асистенција од корнер за Cassano, индиректна асистенција до Cassano за голот на Zlatan и гол синоќа). Треба да ја подобри дефанзивата но најпрвин физичката подготвеност!
Pato и Cassano сенки. Одбраната зачудувачки лоша (со оглед на фантастичната претходна сезона). Abiatti исто.
Досега, најголемиот проблем ни е во дефанзивата.
SES92 не можеше да направи ништо посебно при ваков резултат и при ваква дезорганизирана игра на целиот тим. Сепак, покажа живост, покажа голема самодоверба. А тоа е добар знак!

Navigator said...

Некој за со Udinese??

ReBorned said...

Ќе биде. Јас сум на работа и на моб., повторно. Околу 14:00... Ако можеш ти претходно па чкртни.
И не бидете интересни, се ќе се среди ;-)
Парна локомотива, тешко тргнуваме ама кога ќе тргнеме нема застанување ;-)
Главата горе!

Navigator said...

нема да можам од работа, ќе ти оставам тебе. и баш тоа мислев сега, како ќе биде кога ќе влезат момците во ритам. а почнуваме вечерва, така да за брзо ќе го осетиме и тоа.

FORZA RAGAZZI!!!