Translate
Wednesday, 21 September 2011
Без паника...
Се прави вештачка паника во Milanello. Да, вештачка!
А всушност доколку вечерва победиме со Udinese, го имаме истиот старт како и минатата сезона, сезона која заврши одлично за нас на домашен план. Да, добро прочитавте, ист старт како и лани!
Како сите да забораваат на нешто што се случи пред само 1 година. Тогаш стартувавме со победа против Lecce со 4-0 па имавме пораз од Cesenna во гости 2-0 и реми со Catania 1-1 дома. Значи имавме освоено вкупно 4 бода во првите 3 кола под водство на Max. Сезонава имаме бод со Lazio и со евентуална победа вечерва (која нема да биде нималку лесна) ќе имаме идентични 4 бода по првите три одиграни натпревари во Calcio. Затоа стишете го алармот, многу ме боли глава!
А сега околу вечерашниот натпревар. (не) Стандардно имаме цел еден тим во аут поради повреди. Веќе не мислам да ги повторувам истите пред секој меч, само би ги додал на таа листа Bonera (можеби скршено ребро) и Antonini кој исто така не е повикан. Затоа пак во тимот се враќа evergreen-от Pippo.
Еве вака и изгледа конечната листа на повикани:
Abbiati, Amelia, Roma, Abate, Nesta, Taiwo, Thiago Silva, Zambrotta, Yepes, Aquilani, Emanuelson, Nocerino, Seedorf, Valoti (57), Van Bommel, Cassano, El Shaarawi, Inzaghi, Pato .
Околу составот, има варијанти како никогаш досега. И сите тие различни варијанти се поради фактот што (иронично) немаме доволен фонд на фудбалери. Дури постои и една срамежлива варијанта во која TS се враќа повторно во средниот ред на DMC (иако јас лично сметам дека тоа не би било баш препорачливо особено ако се знае дека во одбраната Nesta и Yepes ќе треба да го бркаат Di Natale).
Напред е можно Super Pippo да влета од самиот старт поради извонредно лошото недоразбирање во играта меѓу Pato и Cassano (повторно сметам дека ова е малку изводливо поради тоа што Pippo нема играно официјален натпревар веќе подолго време). Уште една варијанта е SES92 да влета во стартните 11 (како и претходните, малку веројатно). Најверојатно и најочекувано е напред повторно да стартуват Pato и Cassano. Зад нив би бил се' подобриот Aquilani. Всушност, целиот тим би бил ист од претходното коло. Тоа графички би изгледало вака:
Тука јас лично не се сложувам! Едноставно е премногу опасно против вака брза екипа, екипа која во стилот на игра е многу слична на Napoli (кој не' прегази) да се игра повторно Seedorf од самиот старт. Човекот е 35 години и е премногу за него да одигра 3 х 90 мин. во период од само 7 дена! Тоа е барање на проблем! Уште една работа, дали Seedorf толку е ограничен со таа MLC позиција па нема да може да се снајде на MRC на пример? Бидејки ако мене ме прашувате мене, со вака поставена формација сме опасно ранливи по таа наша лева страна посебно на брз фудбалер! Кога само би си ги замениле местата Seedorf и Nocerino (кој патем речено тогаш би играл на својата природна позиција) ќе бидеме подобро покриени, Abate би го чувал Seedorf а Nocerino би му помагал на Zambrotta.
Кај гостите освен Di Natale (со кој традиционално си имаме многу проблеми) особено ОСОБЕНО внимавајте на Torje, младиот Романец кој ќе биде новото чудо од дете од кујната на Udinese и ќе ги натера навивачите на Friuli многу брзо да заборават на Alexis Sanchez. Исто така од втор план ќе бидат многу опасни Isla и суперсоничниот Armero! Во одбраната вреди да се погледне младиот Benatia (имавме пројавено интерес) и одличниот Handanovic.
Се' на се, не' очекува уште еден возбудлив натпревар! Дали момците ќе не' израдуваат вечерва? Јас верувам во нив, а Вие...?
P.S Толку од Gasperini.
Уште едно P.S Имам отворена понуда за епскиот дуел против Barca на San Siro. Доколку успеам некако да ги регулирам работните обврски би Ви upload-ирал слики од лице место ;)
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
7 comments:
Мое извинување што не се пријавив за пишување пост, (а можев).
Со оглед на моменталниот ростер и специфичниот момент во кој се наоѓаме јас сум помалку или повеќе задоволен од развојот на настаните.
Околу составот...
Јас искрено би му дал шанса на Таиво ако е веќе опоравен, друго се исто! не ни имаме многу избор.
А штом видов удинезе ми текна на алмеро и каков слалом направи низ одбраната на арсенал на емирати, сличен како и оној на пато на ноу камп само што финишот на алмеро не е на исто ниво со оној на пато :)
Околу твојов став за сидорф сум воздржан.
А ако идеш во италија очекуваме репортажа во стилот на филе :)
Значи ситуацијата е многу едноставна: треба да се победи Udinese со истиот состав како од Неделата. Или со други зборови, истиот тим треба да одигра комплетно друг меч. Да се даде гол на скоро исто цврста одбрана, но и да се одбраниш од скоро исто опасен напад. Ќе се сложам дека Seedorf не треба да почне од старт, но дали Max има муда да го стави SES92 во стартната формација? Дали тоа нема да биде преголем притисок по едно вака лошо отворање на сезоната?
И воопшто не сум уплашен за крајниот исход на сезоната, само што не е пријатно да после две кола имате еден бод. Верувам дека тоа ќе се поправи вечерва и овој меч ќе биде пресвртница во сезоната. Со оглед на противниците што ни следуваат во следните два меча, тоа треба да биде серија три-од-три. А потоа да размислуваме за засега одличниот и екстремно опасниот Juve.
Кратко и јасно момци, одиме на првиот успех сезонава. И нека биде убедлив! :)
FORZA RAGAZZI!!!
Исправка Ultra, Armero се вика опасниот дечко :)
Како и да се вика брз е.
Него требаше да го играм Ди Натале дека ќе даде гол али ај....
Неколку позитивни работи од овој меч:
1. Деби гол на SES92!
2. Кикс на конкурентите (само Лацио победи)
Негативни:
1. Пато се повреди... пак.
2. Касано веќе не можам да го гледам!
3. Абијати нека одмори, знам дека фати тешки на крајот но нека одмори.
Као сум срипал кога го стегна СЕС92 голот! малце поодалечен од тв-то бев и не вев сигурен дали е он :)
Со на Пато повредиве више преку к**.
Касано бледа сенка од минатата сезона.
Абијати само еден кикс ајде ништо не е се простува :)
Значи ситуацијата е многу едноставна: треба да се победи Udinese со истиот состав како од Неделата. Или со други зборови, истиот тим треба да одигра комплетно друг меч. Да се даде гол на скоро исто цврста одбрана, но и да се одбраниш од скоро исто опасен напад. Ќе се сложам дека Seedorf не треба да почне од старт, но дали Max има муда да го стави SES92 во стартната формација? Дали тоа нема да биде преголем притисок по едно вака лошо отворање на сезоната? И воопшто не сум уплашен за крајниот исход на сезоната, само што не е пријатно да после две кола имате еден бод. Верувам дека тоа ќе се поправи вечерва и овој меч ќе биде пресвртница во сезоната. Со оглед на противниците што ни следуваат во следните два меча, тоа треба да биде серија три-од-три. А потоа да размислуваме за засега одличниот и екстремно опасниот Juve. Кратко и јасно момци, одиме на првиот успех сезонава. И нека биде убедлив! :) FORZA RAGAZZI!!!
Post a Comment