Translate

Friday, 9 September 2011

SI COMINCIA... FINALMENTE!!!


     Здраво дечки! Еве ме и мене назад по неколку тивки и денови исполнети со нетрпение и исчекувања. Нешто слично како сите на блогов најверојатно, не ми беше многу до коментирање, а да признаам и немав нешто идеја за што тоа да пишувам. Чекањето на стартот на новата сезона и сепак не испадна толку лошо, но само заради оние момци што растураат низ Литванија. Што е до фудбалот, се ми се чини дека овој септемврискиот е најомразениот термин за играње репрезентативни натпревари, па така сите одвај дочекавме да пројде, па да гледаме клубски фудбал. Кој продолжението, кој стартот на првенството. Некои фанови веќе дискутираат во каква форма се нивните клубови годинава, а ние за жал уште чекаме на првиот меч. И се поради очигледно непотребниот штрајк.
     Како и да е, утре е денот. Утре ќе го видиме новиот Milan кој сите веќе го прогласија за најголем кандидат за Скудетото 2012. Што се случи изминатите скоро два припремни месеци, се случи, сега на ред е одбраната на титулата. На San Siro ќе го видиме и новиот Lazio, целосно реновиран, со многу нови имиња и без многу познати ѕвезди. Го гледавме и против нашиот Работнички и видовме дека се работи за доста цврста екипа. Иако Работнички и не е некој тим од чии дуели можеш да ја согледуваш силината на калчолигаш, начинот на кој Lazio го одигра првиот меч на Olimpico, покажа зошто новите засилувања заедно со искусните "староседелци", го прават прават Reja толку самоуверен пред отворањето на сезоната. Јас лично неможам да проценам дали новиот Lazio е подобар од ланскиот, ама знам против оваа екипа немаме победа на последните 3 натпревар. Се реми до реми, дефинитивно незгоден противник за нас.
     Уште на стартот, Max се соочува со проблеми со повреди. Во составот не се повикани Zambro, Binho, Taye, Seedorf и секако Flams. Освен таа лева бековска позиција и не би требало да претставува некој проблем пополнувањето на останатите. Иако малку веројатно, во стартните 11, Allegri може да уфрли и некој од послените засилувања - Aquaman, El Shaarawy или Nocerino. Со оглед на пеколниот старт што ни следи (Barca, Napoli, Udinese...), покрај победата, утревечер од момците ќе се бара и попретпазлива игра. Но еден човек може да смени се, неповторливиот Libor Kozak :) Ако не ми верувате прашајте го Legrottaglie. Уствари тој не се сеќава на мечот :)) И веќе е три и пол саат, а јас немам што друго да напишам. Ова се повиканите, па повелете со прогнози за составот и резултатот: Abbiati, Amelia, Roma, Abate, Antonini, Bonera, Nesta, Thiago Silva, Yepes, Ambrosini, Aquilani, Kevin Prince Boateng, Emanuelson, Gattuso, Nocerino, Van Bommel, Cassano, El Shaarawy, Ibrahimovic and Pato.

     Епа момци, претставата може да започне!

    FORZA MILAN!!!
         

16 comments:

Anonymous said...

Finalmente!
Да не беа нашиве момци на европсково ќе испоцркавме.
Според мене Лацио е многу поопасна екипа од минатата сезона но сепак Лигата на Европа би бил нивни краен дострел :)
Почетоков...баш пеколен мора да бидеме многу внимателни.

Абијати
Абате,Неста,Т.Силва,Антонини
Гатузо,Ван Бомел,Емануелсон
Боатенг
Пато,Ибрахимович

А и мислам дека многу многу други опции и нема Алегри и ќе си почне со победничкиот тим а новите засилувања ќе си чекаат шанса на клупа :)

Победа утре!

FORZA MILAN !!!

ReBorned said...
This comment has been removed by the author.
Navigator said...
This comment has been removed by the author.
Navigator said...

Победа во секој случај иако овие први натпревари се малку незгодни. А и противникот не е наивен, да се разбериме. Што е до составот, јас имам инакво мислење. Не сум сигурен дека Urby би стартувал, а MVB имаше проблеми до скоро, така да таму го очекувам Ambro. Се ми се чини дека Aquaman ќе старта, со Boateng пред нив и со Pato и Ibra напред. Најверојатно најголем простор и наша најголема шанса ќе биде пробивањето на нивната лева страна, каде не успеаа летово да најдат замена за неуморниот Lichtsteiner. Доколку Pato оперира по таа страна, што е и вообичаено кога игра со Ibra во тандем, ќе биде далеку поледно да се стигне до Bizzari. Баш тој дечко треба да биде втората најслаба алка во тимот, со оглед на суспензијата на Marchetti. И она што често се случува со Milan, ќе го повоторам и овојпат: ако се постигне гол во првите 20 минути, тоа би изгледало на натпреварот од линкот на Ри, ама ако се пропуштат почетните шанси, гостите знаат да одиграат прљаво на резултат и се да заврши како лани на San Siro. Јас типувам на 3-1!

И да, со Taci Oil кон нови победи!! :D

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Ај сега јас да Ви кажам:
Касано стартува а Пато на клупата ;)
Лев бек Бонера ;)
Во средината Аквилани стартува покрај Амброзини и Гатузо а пред нив Боатенг ;)
SES92 ќе го има својот прв престој на Serie A клупа. Можно е деби во вториот дел ;)
Доста е? ;)

Navigator said...

За Bonera можно е и јас тоа се мислев, а за Cassano не верувам :)

CurvaSud_Milan said...

Cassano startuva sigurno, od sabajle e taa vest, osven ako nesto vo posleden moment ne promeni Allegri.

...2:0 konecen:)

CurvaSud_Milan said...

...i definitivno startuva, Antonini levo, i Aquilani go dobiva prviot start! ANDIAMO!!

Anonymous said...

Предлагам една рубрика која досега не беше официјална.
Погодување состави со бодување и поени сега за сега Ри е во водство бидејќи го згреши само Антонини :)
Ако ви се допаѓа идејата и имате некое надополнување на предлогов повелете :)

CurvaSud_Milan said...

Не ги предвидов двата гола на Лацио, јбг...разочаран не, незадовелен да, можеше мн подобро, не ги искористивме шансите во второ и тоа е тоа. Дома секогаш се бара победа, но не секогаш и доаѓа, и некогаш тоа е ничија вина, како во случајов(можеби на Неста донекаде). Мен оф да меч за мене Касано, Ибра квалитетен и мрзлив како и секогаш, а Пато можеше и повисоко да ја шутне од таа 'неизградена' позиција. :)

ReBorned said...

А се пренесуваат поени од мината сезона од погодените состави? Ако е така, шампионот е поз ат уште на самиот старт. Не дека вака ќе има конкуренција ама ајде :)
P.S (Пре) задоволен сум од дебито на Аквилани и разочаран од таа измена на Алегри (сепак и Аква ја изгуби свежината во вториот дел). Можеше и подобро (не искористивме многу шанси) а можеше и полошо. Јас сум задоволен.
P.S Пак сум на работа, дома наместив да ми се снима мечот на Max tv ама и тука го гледав цел меч на iPhone-от. Очите ми истекоа. Ама срцето не прашува за цена, нели? :-)
Forza Milan!!!

CurvaSud_Milan said...

Преку која апликација ги гледаш утакмиците на iphone-от?

ReBorned said...

Вечерва ми се погоди директно а zulu.mk Telma беше одлична.
Инаку користам SkyFire

CurvaSud_Milan said...

А како ти работи зулу? Затоа што нели бара флеш плеер, е сеа знам дека има начин некако да се инсталира флеш, ама не го знам начинот :) ...Skyfire VideoQ е апликацијата? 4 долари колку што гледам е, од пред некој ден си ја активирав картицата од тутунска и можам да купувам на apple store, што значи ако ми ја препорачаш одма ја пазарам:)

ReBorned said...

Ти ја препорачувам SkyFire web brоwser ама не за 4 usd туку бесплатно (симни си Installous и уживај).
Инаку zulu го заменија flash-от со html па пробај, ќе немаш проблеми ;-)

CurvaSud_Milan said...

Браво за зулу и фала за корисната информација :)
...одлично е, и на 3G одлично функционира.