Translate

Sunday, 2 October 2011

На гости во нова куќа!



Гостуваме кај Јувентус и нивната нова куќа! Најпрво, искрени честитки за црно-црните за нивниот храбар и револуционерен потег кога во прашање е италијанскиот фудбал! Секоја чест за новиот стадион и само можам да се надевам дека Ние па и сите други во Италија ќе го следат нивниот пример кога станува збор за фудбалските терени. Тоа повлекува многу позитивни работи со себе меѓу кои и трансфер буџетот...
Кога е во прашање вечерашниот дуел, гостуваме кај епиката која заедно со Наполи е во најдобра форма сезонава. Екипа која предводена од Конте игра со некоја специфична 4-2-4 формација која ја диригира „нашиот“ маестро. Токму од него зависи целата игра на Јувентус. Доколку е потребно па нека се оди и со еден класичен фластер на Пирло и мислам дека 70 % од работата ќе биде завршена. Во таа 4-2-4 особено доаѓа до израз играта на двете крила која што ја диригира Пирло. Се шпекулира дека имал незгодна повреда на коленото и неговиот настап бил неизвесен но јас сметам дека сето тоа е само игра на зборови! Пирло ќе игра против својот поранешен тим и се надевам дека ќе го почувствува она што го почувствува кога прв пат заигра сезонава против Милан (барем резултатски). Домакините немаат проблеми со повреди освен на левата бековска позиција. Поради повредата на Де Чеље веројатно е Киелини да оди на лев бек а Бонучи да игра централно заедно со Барзаљи. Останатото е повеќе или помалку познато.
Кај нас сеуште кубуриме со составот поради големиот број на повредени фудбалери. На тој список се приклучи и Абате кој се повреди пред овој натпревар. Затоа на десен бек ќе стартува Бонера а лево има фото финиш помеѓу Замброта и Антонини. Средниот ред ќе биде составен од Ван Бомел. Ночерино, Сидорф и веројатно Боатенг (кој не е спремен за 90 минути и влетува директно од болница) а напред Златан и Касано.
Епа момци одиме на победа како и секогаш!
Златан and Сидорф for the win!


Пирло против Аквилани... упс погрешни дресови :)

9 comments:

Navigator said...

Смел потег беше одлуката за изградба на стадион, но неопходна, верувам ќе се сложиш. Juve го имаше еден од најлошите стадиони на кој играат најголемите европски клубови. Проекциите тие најдобро си ги знаат, па се надевам дека нема да ги снајде лошата судбина (или одлука) на Arsenal. Сакам да кажам дека се надевма оти не се прецениле кога решиле да градат. На италијанскиот фудбал му треба силен Juve назад меѓу гигантите за враќање на се она што го изгуби FIGC минатите години. Тоа секако би значело потежок пат до Скудетото, но титулата би била повеќе ценета и послатка. Искрено, во длабока дилема сум последните година-две во врска со европските (не)успеси на останатите италијански екипи. Знам дека и не е некој момент, ама би можеле да разговараме на оваа тема после мечот или следната недела. Кога до пред 2-3 години Inter, Roma, Juve, Lazio, Fio, ќе играа европски меч, доживувајќи ги како домашни ривали, јас секогаш навивав против нив и се радував на нивни елиминации. Кога првпат слушнав дека калчото е загрозено од бундеслигата во смисла на излезни места во Европа, почнав подлабоко да ги гледам работите. Почнав потајно да се надевам дека италијанската екипа ќе го помине последното квалификациско коло од ЛШ, дека останатите ќе ја поминат групата од ЛШ, оние од ЛЕ можеби ќе ја освојат итн. Стигнав до тоа да се изнервирам ептен кога Roma летово испадна од Slavia во ЛЕ. Секако дека не навивав за пацерите во финалето 2010, ама сакам да кажам дека увидов што значи италијанските клубови подолго да се задржат во Европа. Прво, како тоа делува на нивните перформанси во домашното првенство. Второ, што значи тоа за изгубената репутација на Serie A.
И тука ќе прекинам, само ќе кажам дека мило ми е што Juve е повторно доволно квалитетен да може да се надевам барем на реми против il Grande Milan ;)

Navigator said...

Многу малку за мечот: според моето скромно мислење, мечот ќе биде исклучително тежок, а и доста тврд. Pirlo нормално дека ќе игра и заедно со крилата ќе бидат екстра опасни. Мораме многу добро да ги затвориме страничните позиции, особено нивната десна. Zambro ќе има екстремно тешка работа. Со оглед дека на MLC игра Seedorf, тоа ќе значи дека сам ќе треба да ги брани налетите на Krasic и Lichtsteiner. Добро за нас е префрлувањето на Chiellini лево со што се отвора можност за Ibra да ги разбие просечните Bonucci и Barzagli. Кај нив единствен истурен ќе биде Vucinic и одбраната мора да не убеди дека тоа се истите момци од мината сезона. И секако, Кичо пак да се врати во елемент.

Момци одиме да го добиеме Juve на гости. Пак, како лани, многу едноставно.

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Нашиот среден ред (без урби) беше 103 години! И тоа поделено на 3 фудбалери. Алегри погреши со измените и делуваше кукавички. Немаше резервен СВ на клупата! Комбинација од Антонини и Бонера е секогаш осудена ба пропаст. Па и на истата страна од одбраната. Ако не се повредеше Неста можеби ќе беше поинаку. А можеби и не. Не заслуживме ништо од овој меч.

Ultra said...

Најпрвин Mi dispiace, не бев во Ск и натпреварот го гледав од 50тата минута и како што можев да видам не бевме многу бледи, барем на стартот сосема солидни бевме.
Е сега повредата на Неста отвори голема дупка и сосема се слагам со твојот коментар Иван, при 0:0 не треба да се браниме туку треба да пробаме да смениме нешто.
Абијати беше фантастичен цела вечер, ама ова на крајот се му расипа.

CurvaSud_Milan said...

Бледо издание, реално го заслуживме тоа што го добивме. Сезоната е долга, 6 бода не се ништо, но загрижува играта на момците. Досега играта ама на ни еден меч не вети дека кога тогаш ќе ни тргне и неможе вечно да ги губиме бодовите, но не е баш така, сите бодови што ги изгубивме заслужено ни избегаа.

Тоа од што се плашев и така испадна, во еден муабет со еден другар му реков дека Ван Бомел имаше одлична полусезона, но се плашам дека тоа ќе биде максимумот од него и следната нема да биде истиот, сега за сега е далеку од истиот, можеби нешто ќе се промени и кај него. Ночерино е играч кој треба да седи на клупа во Милан и да ускокне во 75-80та минута да потепа некој и да зачува резултат, се доведовме во ситуација неколку меча по ред да биде стартер.

Нападот, стварно може сум досаден ама пак ќе пишам збор два за Пато. Прво и птичките веќе знаат дека е порцелан и дека да го дувнеш ќе истегне нешто и ќе паузира 30-40 дена, второ, не прокоментирав за мечот со Барса. Ок, даде убав гол феноменален, експлозија имаше од неговите нозе, но што се случи потоа во наредните 90 минути?! Колку топки изгуби на курчење и играње мајтап со противничките играчи?! односно пробуавање да игра мајтап! Колку пати можеше да се ослободи од топката пред да ја изгуби?! но не, он е Пато, ја ебе Барбара, даде гол во првата минута и сега може што сака да прави! Сум кажал многу пати, ќе кажам пак, неможам да го поднесам, и што поскоро го продадеме и се офајдиме од него, толку подобро!

Бековите ни се болна точка и искрено се надевам дека нешто суштински ќе се промени со враќањето на Таиво, Абате констатиравме дека имаше огромен напредок лани, се надевам дека нема да застане во развојот, Тиаго е одличен стандарно, Неста веќе покажува знаци за пензионирање, сепак во ротација со Мексес се надевам ќе успее да изигра уште една успешна сезона. Во средината единствено момче што нешто иновативно може да донесе и промени е Акилани, се надевам ќе го зачуваме здрав и дека ќе пружи многу. Реков сезоната е долга, се надевам дека ова е само лош старт, и дека мн работи ќе се менуваат во наредниов период! FORZA MILAN!

ReBorned said...

Сакам да кажам една работа. Смачено ми е да гледам централизирана игра, игра без крила во тимот, без широчина. А ваква играм гледам веќе повеќе од 10 години во континуитет! Сакам нов стил, сакам крила, сакам широчина во играта!

Ultra said...

Не се сеќавам кога последен пат Милан играл со крила искрено, и незнам кога сме имале класично крило затоа секогаш кога ќе прочитам најави од типот Робен доаѓа во Милан се смеам :)
Промени треба и тоа како, во пристапот на натпреварите најмногу да се надеваме дека после репрезентативната пауза ќе заличиме на оној стариот Милан.

Navigator said...

Морам да се сложам со Владе, за првпат околу Pato. Не околу тоа со курчењето, бидејќи тоа што тој го гледа кај Pato јас го гледам кај Ibra. Ама и двајцата се премногу битни за да седат на клупа поради курчење. За другиот дел почнувам да се сложувам. Можеби треба да се продаде додека е млад и да се донесе исто толку добар играч, со слични карактеристики за исти или помали пари. Да речеме Aguero... Значи не зборувам за шансите да го досеме Kun, особено по потпишувањето со City, туку зборувам за профил на играч. За мене Aguero е играч со најслични фудбалски карактеристики како Патката. Само што не се повредува три пати годишно :) Последните две повреди на Pato беа предизвикани без контакт со противнички играч, на спринт. Тоа ја прави ситуацијата уште полоша. Замислете некој полош старт врз него... Ќе се скрши!
После повредата почнав посериозно да размислувам за тоа. Кажете и сами: нели би го менувале Ale, ако знаете дека парите од него ќе се искористат за купување на друг world-class напаѓач? И занемарате ги сите останати прилики, како Barbara или сентименталности. Јас зборувам за добар бизнис, за доброто на клубот.
А за во Неделата, што да кажам? Во текот на натпреварот коментирав дека треба да бидеме среќни и задоволни ако заврши 0-0. Очигледна беше подобрата и похрабрата игра на Juve. Доминираа едноставно. Штета за нас што првиот гол падна така како што падна, а и Abbiati најверојатно незнае што му се случи 3-4 минути потоа. Ама затоа Bonera знае што него му се случува. Или дечкото знае нешто за Berlu што некој незнае, па го уценува со играње за Milan или тој сам плаќа на клубот за да игра, а не клубот него :)
Шала на страна, сега за сега, мизерни сме! Дај нека се вратат барем бековите...

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Парите од евентуалната продажба на Pato? Како парите од Шевченко? (Оливеира). Или оние од Кака (никој)?
Се разбираме и се согласуваме само проблемот е што смрди од главата. Алегри ги сакаше Хамшик и квадо Асамоа, Браида ги сакаше Пасторе и Ериксен, Галијани го сакаше Фабрегас и Гансо... Го добивме Аквилани и Ночерино кој дојде како колатерална штета од повредата на Фламини (инаку немаше да дојде). Алегри не заборавил да тренира екипа (иако се чини како итој да го губи компасот во последно време). Браида не заборавил да вади добар скаутинг ниту пак G заборавил да носи одлични фудбалери кога за тоа ќе добие соодветни средства...