Translate

Wednesday, 19 October 2011

AC Milan vs. FC Borisov Works of Automobile and Tractor Electric Equipment!!!


Епа друштво, дојде и тој ден, одлучувачкиот, најважниот во сезоната! Играме против BATE, што по автоматизам повелкува сериозност и максимален ангажман! Не бе, се зезам, едноставно неможам да се натерам сериозно да размислувам за мечот. Исто како против Plzen. И сега Ри ќе ме кара знам, можда и ќе превземе нешто да не пишувам preview на вакви натпревари. На пример, ќе напише пост 2-3 дена пред натпревар и да ме оневозможи несериозно да се произнесувам околу мечот. :)
Сега малку озбилно. Со победа вечерва на San Siro ќе завршиме многу работа и ќе створиме огромна разлика помеѓу второто и третото место на табелата. Не дека некој се соменваше дали ќе ја поминеме групата, но дефинитивно се плашевме од комплицирање на настаните во случај на два порази од Barca, па дополнителна мотивација на аутсајдерите во групата да го загрозат второто место во групата. Вака, ќе ги поставиме работите на свое место и ќе им дадеме до знаење на "малите" дека местото не им е во втората фаза, а и на Barca дека го сакаме првото место во групата. И како што реков во коментарот после мечот со Palermo, имаме добра прилика за да врземе серија од најмалку 4 победи. Играта е променета за 180 степени со враќањето на Ibra и Binho. Токму тие двајца се очекува да стартуваат како напаѓачи со поддршка на еден AMC, најверојатно Boa. Назад дефинитивно ќе го немаме TS, а неговото место по се изгледа ќе го заземе Bonera и покрај очекувањата и барањата на фановите за првиот старт на Mexes или Yepes. Abate се враќа на десен бек, додека лево ќе опрерира Nini, кој рака на срце го заслужи денешниот старт со играта против Palermo. Aquaman, MVB и Nocerino се извесните и посакувани "везњаци". Еве ги сите 20 кои се повикани: Abbiati, Amelia, Abate, Antonini, Bonera, De Sciglio, Mexes, Nesta, Taiwo, Zambrotta, Yepes, Aquilani, Boateng, Emanuelson, Nocerino, Van Bommel, Cassano, Ibrahimovic, Robinho, Ganz.
Кратко и јасно: победа и ништо друго. И тоа еден-во-еден! За да биде лесно како во Саботата и за да си направиме да ни биде послено и во следните три кола. Значително сме поквалитени од белорусите и многу нормално е да очекуваме нови три бода.
И уште нешто... се прашувам зошто кога ќе напишеш "milan vs bate" на google и одиш на images, 80% од сликите се со нашите играчи како прославуваат гол?? :D

FORZA MILAN!!!

16 comments:

ReBorned said...

Ќе кажам само дека ја чекам уште Milan за 4.300.
И дали некој од Вас се сеќава дека ние имавме трансфер аквизиција од пред неколку години? Знаете кој беше тој? Виталиј Кутузов. Чисто ако некој не знае :)

Navigator said...

Се сеќавам на него од менаџерот од 2002 :) Ама не се сеќавам да сум го гледал на натпревар. Евентуално ако изиграл во купот...
А кога сме кај кладилниците, ми навираат солзи :) кога ќе ми текне дека да не бев идиот и да не ставив тенис (Baghdatis-Raonic) на тикетот, сега ќе чекав Milan 1-1 и Arsenal Х2 за 150 евра.

Navigator said...

А за составот Ри? Немаш некој предлог in-out? Знам ти си по тоа. Или го погодив овојпат, конечно? И давајте некои линкови, особено sopcast.

Ultra said...

Злобно....злобно потценување :)))
Ни тргна на сите со кладилнициве периодов изгледа :)
Состав?
Абиати
Абате,Неста,Бонера,Антонини
Аквилани,Ван Бомел,Ночерино
Касано
Робињо,Ибрахимович

за жал тоа е реалноста срц :)

ReBorned said...

Најпресните информации од Италија говорат дека Мах сепак ќе му даде шанса на TT во стартните 11. Всушност 10 од 11 фудбалери се познати... фото финиш трчаат Ночерино и Боатенг за MCL (значи ВОА доколку игра ќе биде на MLC, тројката напред не се менува)

Ultra said...

Јас би ставил пари на Ночерино :)
И на барса 1-1 4+
и на милан да даде 2+ гола
и валенсија дека дека ќе биде нерешено со малце голови
и така натаму, и така натаму...

ReBorned said...

А Олимпик Арсенал Х или 1-1 точен резултат?

Navigator said...

Нема да бидеме премногу офанзивни со Boa + тројцата напаѓачи? Мислам, не дека ќе ми смета тоа, само не сме навикнале.
Инаку мое мислење е дека доколку игра Boa во средината, а не на AMC, тогаш Aquaman ќе биде на клупа. Во тој случај, Nocerino ќе игра на MRC.

ReBorned said...

Мах во текот на летото неколку пати спомена дека БОА ќе треба да се привикнува на MRC и MLC значи ова е тестот... тој не би требало да биде толку офанзивен како на AMC.

Нешто од мојот tweet-ѕид

Urby28 Urby Emanuelson
On our way to San Siro.. Milan - Bate Borisov 20.45
53 minutes ago

ReBorned said...

Последно, БОА се пожалил на некоја ситна болка и не е сигурно ништо...
Еве ви и' едно линкче од домашната на Алегри

Ultra said...

иване уште чекам од твитер листа од нашите играчи :Р

ReBorned said...

ОФИЦИЈАЛНИ ти се:

@Urby28
@AmeliaGoalie
@KPBOfficial
@oficialrobinho

Сите други не се официјални!
Од претходно наведените ти го препорачувам само Urby поради тоа што ВОА не е редовен, Амелиа ретко пишува и кога пишува пишува само на италијански а Бињо тропка, англиски, бразилски...ама претежно бразилски
Дечки одам на работа, израдувајте ме со некој добар стрим тука! Можеби ќе ги фатам на моб дечките :(
Forza Milan!!!

ReBorned said...

И да... во официјалните БОА е на АМС а Бињо на клупа, ај одам! Поздрав!

Navigator said...

немам добар стрим! вие?

Navigator said...

http://www.lshunter.tv/
еве го и sopcast-от!

ReBorned said...

МОТМ меѓу Abate и Nocerino... Тешка одлука