Translate

Saturday, 15 October 2011

AC Milan - Palermo

Нема веќе пропусти и лесни натпревари. Нема веќе прогледување низ прсти, тешкиот распоред на стартот помина сега следат натпревари во кој треба да влеземе во една победничка серија која би требало да не катапултира негде меѓу првите 3-4.
И повторно со старите должници од Сицилија и Миколи кои имаат 3 победи против нас во последните 2 сезони. Но ветува фактот дека Милан победил во 3 од последните 4 средби на Сан Сиро. Она што дефинитивно не се очекува е нерешен резултат кој го немало одамна.

Абиати
Бонера,Неста,Т.Силва,Ѕамброта
Ночерино,Ван Бомел,Сидорф
Касано
Робињо,Ибрахимович

Последните информации говорат дека Робсон е спремен за старт и негледам зошто не би почнал, можеби малце офанзивно делува формацијава (незнам кога последен пат сме играле со 2ца напаѓачи + Касано) но ако сакаме да ги победиме Палермо треба да ги нападнеме со се што имаме на располагање!
Да ставиме крај на лошата серија!




FORZA MILAN !!!

7 comments:

ReBorned said...

Малку настрана од натпреваров:
Не купуваме напаѓач во Јануари но се очекува фудбалер од средината на теренот. Сите алудираат на Montolivo но информациите зборуваат дека Braida e во Sao Paolo и се обидува да ги симне побарувањата на домакините за Casemiro. Eriksen е вистинскиот сон но за него ќе се прават напори на лето.

Ultra said...

Монтоливо е скоро завршена работа, прашањето е само дали назима или влето а Ериксен?

Navigator said...

Убаво кажано Ultra, ми се допадна постот, кратко и јасно. Мора да се победи Palermo, без оглед на традиција, повредени играчи или формата на тимовите. Јас би ја поддржал формацијата со двајца напаѓачи + поддршка, само што мислам дека поддршката би бил Binho, а Cassano би играл понапред и дека Aquaman би стартувал наместо Seedorf. Со тоа, Bonera би останал како единствена слаба точка на тимот. За тим со еден лош играч во составот, не би требало да биде преголем залак победа против сицилијанците. Уште повеќе што Balzaretti нема да настапи вечер и работата за Bonera ќе биде далеку полесна.
А и не само тоа, треба да се победи во коло кога и комшиите најверојатно ќе победат. Ееееј замислете, какви се изненадувања не се случуваат... :D

FORZA RAGAZZI!!!

ReBorned said...

Не збори два пати за „победата“ на комшиите...
Aquilani стартер, Seedorf со повреда на коленото. Taiwo ПАК на клупа, лево Antonini или Zambrotta.

ReBorned said...

Хаха Urby е легенда... му дава на twitter на еден тип линкови за да го гледа натпреварот во живо :D

Ultra said...

Абате!ми падна карпа од срцево!Антони стартер, а после натпреваров дај ми линкови за да ги "следам" и јас сите миланези што ги имаш :)

ReBorned said...

Рапсодија во црвено-црно!