Translate

Monday, 10 October 2011

Red Alert

Една победа во пет меча и не ни може да значи нешто друго. Вистина е дека разликата со првопласираниот Јувентус е само 6 бода и Јуве моментално ги ужива своите денови на слава пред се поради големиот фонд на играчи со кој располагаат, новиот стадион и важниот момент во кој се наоѓаат. Од друга страна пак Наполи, Удинезе, Палермо и Лацио не се веќе воопшто наивни тимови и ако малку повеќе се потрудат може и да не победат (што и всушност се случи). Во ова чудно првенство каде што комшиите и Рома прават реформи секој може да победи секого и најверојатно тоа може да ни послужи како одговор зошто Милан моментално е на 15тата позиција.

А изговори може да најдеме тон, ама она што не интересира е како да излеземе од оваа позиција. Одговорот е едноставен треба да почнеме да победуваме! Враќање на Робињо и Гатузо осетно ќе го засили нашиот состав и ќе ни ги зголеми и онака малите играчки опции кои ги имаме. Во одбраната сме изгубени без некој од тандемот Неста-ТС (а некогаш дури и со нив). Макс не верува доволно во Таиво и сега за сега исто како да не сме засилиле во одбраната летово. Ночерино и Аквилани играат (што е добро) и покрај критиктите упатени кон нив неможеме да очекуваме тие да бидат носители на тимот.
Ибра мора да почне да дава голови, Инзаги МОРА да игра повеќе, СЕС92 мора да добива колку што е можно повеќе време на терен макар и тоа да било
5 минути.
Значи црвеното светло е запалено, и победа против нашиот вечен должник Палермо викендов ако ништо друго ќе не донесе на портокалово светло, па жолто, па зелено и се така натаму...всушност кога ќе помислам наша боја е црвената па што му е*ам матер нека стои упалено :)

(Ајде да видивме и вакви слики од викендов)


FORZA MILAN !!!


7 comments:

ReBorned said...

Фала богу да се испушти некој со пост :)
Inzaghi НЕМА да игра повеќе од тоа што го игра сега(значи ич), SES92 НЕМА да игра повеќе (и најверојатно ќе биде позајмен во Јануари).
Nocerino ИГРА ама Aquilani НЕ ИГРА.
Zlatan пак почна да го тепа занес а со се' поголемата заинтересираност на Mourinho, Higuain + Khedira + нешто ситно и бујрум, носете си го!
Ако не може Higuain, резерва Benzema!
Втората варијанта е City ама не го сакам Tevez!
Се враќа со Palermo и Mexes, конечно! Најмногу очекувам да почувствуваме од враќањето на Binho. Едноставно нашиот тим плаче за таа непредвидливост и луцидност во 3/4 од теренот.
П.С Сериозно сме на 15 место?! Знам дека ништо не правиме ама ја немам погледнато табелата.

Anonymous said...

Среќа имаме апдејтувана табела од десната страна на блогот иначе и јас немаше да знам :)
5 бода пријателе, од 5 натпревари.
А Кедира штознам.....радо би Гаго (ако остана таму) или Ласс кога веќе размислуваме за евентуално заминување на Ибра.
Мада ништо чудно да го добиеме Рамос и пари за Ибра ако се прашува Ќелавиот :Р
И сеа реалната варијанта....Кака 100% ќе биде вклучен во било која трансакција помеѓу Милан и Реал.М

ReBorned said...

Gago е во Roma алооооо :D

Anonymous said...

Добро де изумив затоа си прашав не ме тепај :D

ReBorned said...

Инаку insider info, G планира кризен разговор со фудбалерите и стручниот штаб деновиве.

Anonymous said...

и треба богами

Anonymous said...

Исус?