Translate

Sunday 16 October 2011

Чиста десетка!




За сите! Вака игра вистинскиот Милан кој беше несовладлив минатата сезона, вака игра Шампионот на Италија.
Нема многу што да додадам, само да се надеваме дека повредата на Т.С. не е ништо сериозно (ако треба и нека го пропушти Бате) и дека целиот тим ќе остане здрав.



FORZA MILAN

5 comments:

ReBorned said...

Што и да се каже за синоќешниот натпревар е премалку! Како по ноти, од прв до последен, од Антонини до Бињо.
Гостите немаа ниту еден шут во рамките на голот за цели 90 минути!
Само така момци, само така!
P.S Со Тиаго не е ништо сериозно, се враќа можеби уште со БАТЕ
После P.S Ако Антонини игра како синоќа, ќе почекаме да го видиме Таје на лев бек и со право!

Anonymous said...

Да сум јас Алегри ќе го стартував Таје против БАТЕ.

Navigator said...

Конечно се потсетивме на играта од лани, нели? Мене играта од сношти ме потсети на дуелот со Napoli минатата година на San Siro. Исто како и тогаш, сношти имавме сјајна течна игра, убедлив резултати и одличен ангажман на сите играчи, заедно со Allegri. Конечно сезонава ми се наполни срцето и не чекав едвај да заврши мечот. Одлично за нас е што никој од првопласираните екипи не оствари победа, така што во пресрет на римското дерби имаме негатива од само 4 бода во споредба со Juve и Udinese. А сепак сме на 13тото место :S Уште подобро е што во следните три натпревари немаме силен противник и е одлична шанса за врзување на најмалку 4 победи во низа. Синоќа момците докажаа дека можат и како треба понатаму. Се што треба е да се следи вчерашниот пример.

P.S. Што мислеа во FIGC кога го вратија дербито на Рим да се игра повторно навечер? Очекуваат дека ќе нема немири? Изгледа малку им беа вчерашните глупости, па си бараат уште.

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Спортот е за да се игра, а публиката за да ужива во него безброј пати во минатото имало прекини, инциденти, натпревари без публика и не се нашло решението. Јас фатив дел од натпреварот и сум баш задоволен онака Италијанска класка, убав натпревар, и да не бепе овој и оној нашиов немаше да видиме фудбал во Италија викендов.

Navigator said...

Стварно мизерно коло :) Не се сеќавам некогаш да сме имале 5 натпревари без голови во едно коло. А за синоќа, сепак не прочитав да имало инциденти. И убав натпревар беше, отворен и тензичен до крај.