Translate

Wednesday, 26 October 2011

AC Milan vs. Parma FC - preview


За перфектни 4 од 4 и за врзување на таа толку посакувана победничка серија потребна ни е уште една, вечерва против Parma. Морално подигнати и физички истоштени, влегуваме во нова, навидум едноставна мисија. Сепак, Milan годинава не ги добива лесно натпреварите, особено не оние против послабите противници. Овојпат момците ќе треба да го средат тоа што е можно побрзо и побезболно, затоа што календарот е немилосрден. Во Сабота на Olimpico, во Вторник во Белорусија. Иако нас ни е супер, неможеш глава да крениш од фудбал. :)
На кратко за составите, комбинациите, повредите и новостите. Меѓу повиканите за вечерва ќе го нема Sandro, а Max најави дека и ТЅ ќе почне од клупа. Ако тоа се оствари ќе значи дека првпат сезонава Abbiati ќе го чуваат резервисти. Bonera тука би влегол со сигурност и најверојатно стрелецот Yepes. Десно - Abate, лево нема причина да не стартува Nini. Средниот ред во состав: Aquaman-Ambro-Nocerino, додека напред најверојатно ќе се најдат Спасителот, Binho и Ibra. Слично како ТЅ, по се изгледа и MVB ќе го почне мечот на клупа, а тоа е шанса за капитенот, после лошото полувреме на Via del mare. Додуша оставам простор за изненадување и премислување во последен момент, како што беше против Palermo. Allegri знае да го прави тоа, особено сега, да се прави "фаца" откако го номинираа за тренер на годината. :) Ова е неговиот избор: Abbiati, Roma, Abate, Antonini, Bonera, Mexes, Taiwo, Thiago Silva, Zambrotta, Yepes, Ambrosini, Aquilani, Boateng, Emanuelson, Nocerino, Van Bommel, Cassano, El-Shaarawy, Ibrahimovic, Robinho.
Момци, целта е многу јасна: да се победи Parma на начин сличен на ланскиот. Тогаш беше 4:0, сега може и петарда, ние не би правеле проблем. Juve синоќа победи, Napoli и Udinese го играат дербито на колото, забревтаната Roma ќе се обиде да ја добие и Genoa на гости, но ништо нема да изгледа страшно доколку вечерва забележиме нови 3 бода. Во најдобра варијанта, дури може да стигнеме на делба на второ место. Одиме на победа и ништо друго!

FORZA MILAN!!!
P.S. RIP SuperSic!

13 comments:

Navigator said...

Нема никој??

Ultra said...

Ќе се врати јако момче е он - надоврзување на претходниот пост.
Се е ок, очекувам победа штета што ни Неста ни ТС не играат па неможе да го внесеме Мексес во прв состав зошто само он и Јепес позади е голем ризик (не дека со Бонера е намален ризикот.)
Составот е тој горе-доле, од Амбро очекувам да ги добие сите дуели,да асистира и даде гол (со глава нормално) за да се искупи.

R.I.P. Marco

FORZA MILAN !!!

ReBorned said...

Сакате некое изненадување?
O Monstro Стартер!
Сакате уште едно?
Taiwo Стартер!
Сакате трето?
Bonera на десен бек (Абате на одмор).

Од трите претходно наведени едно е 100 % сигурно а другите се 70 % ;)

ReBorned said...

Од трите претходни варијанти веќе две се 100 % останува уште една која е 70 % ;)
А сега поради тоа што ви давам такви информации од прва рака :P би Ве замолил и вие да ми дадете квалитетен стрим после оти сум на работа и планираме заедно со мојот iPhone да правиме бранови ;)
Однапред благодарам!

ReBorned said...

А еве ви и официјални:
Значи како што реков претходно, Taiwo и TS стартери:

MILAN: Abbiati, Abate, Bonera, Thiago Silva, Taiwo, Aquilani, Ambrosini, Nocerino, Boateng, Ibrahimovic, Cassano.

Navigator said...

Одличен состав! Единствено, можеби Cassano би го заменил со Binho.

http://www.lshunter.tv/ - овде имаш да бираш стримови секакви

http://www.livefootballol.com/streaming/channel/digi-sport-3-sopcast.html
http://www.livefootballol.com/streaming/channel/meciuri-2-sopcast.html - а овде имаш два одлични sopcast линкови

Ultra said...

Гази ги Taiwo!!

ReBorned said...

Некој друг торент? Не можам сопкаст на тел сум :(

Ultra said...

ја само сопкаст иам а и тој заебава!

ReBorned said...

Ама читам Nocerino не заебава! Хет трик...?

Ultra said...

Прво Боатенг, сега Ночерино кој е следен?

ReBorned said...

Aqua против "своите".
Погодувам стартни 11, погодувам хет трик... Што е следно?

Ultra said...

Погоди хет-трик? хммм
Во поновава историја последниве 8-9 години само 4ца играчи имаат постигнато хет-трик кај нас:
Шева,Пипо,Кака и Дињо, а сега во рок од една недела тоа го прават двајца везнњаци! :)