Не само што нашите момци одиграа феноменално во минатото коло, туку и најблиските конкуренти имаа одлични настапи. :) Треба да бидеме ептен задоволни во секој случај. Петтото место изгледа одлично, на само два бода од лидерот. Имаме течна игра, по еден индивидуалец блеснува на секој нов меч и тимот ја добива физиономијата од лани. Единствен проблем засега е одбраната, која дефинитивно не функционира на ниво на шампионската година. А реално таму имаме најголем избор на играчи. Вие да имете 5 CB-a кој во било кое време можат да одговорат на секаква задача + одличен стандарден десен бек и двајца леви бека, заедно со Zambro кој игра и лево и десно, навистина чудно изгледаат 12те примени гола во само 8 кола. И на сето тоа, како голмани ги имате Abbiati и Amelia.
Тоа мора да се подобри! Ако се подобри навреме, уште во Април ќе славиме ново Скудето. А кога зборувам за славје и Скудето, неможам да не се присетам на Олимпискиот стадион во Рим. :) Тој стадион и оној во Атина ми се најмилите после San Siro. Дури и нашава арена, Филиповата, не ми е толку драга. :) Roma ќе биде вистинскиот тест за моменталната форма, силата на екипата и ориентацијата за сезонава. Многу работи ќе ни бидат појасни после мечот утре. Во пресрет на тој дуел, ние сме со во серија од четири победи, а домаќинот скршен од несреќниот пораз од Genoa во средата (кој патем речено ме чинеше 5600 денари, зборувам за дупла шанса Х2). Roma има проблем со ефикасноста и покрај тоа што годинава има повеќе напаѓачи од било кога. Тоа значи дека ствара голем број на шанси, а рака на срце игра и доста атрактивно. На двете дербиа сезонава за нив, со Printer и Lazio не победија, но оставија солиден впечаток. За нас би било супер да загубат уште еднаш утревечер, па макар и ја одиграат најдобрата партија во сезоната.
Кај нас пак, веќе се осеќа стабилноста во играта и воочлива е намерата да се воспостави доминација на теренот против било кој противник. А зошто и не би доминирале кога имаме играчи за тоа? Средината фукнционира одлично во последно време, повредените во најголем се вратија, што му дава на Max поголем маневарски простор. Новостите од Milanello се однесуваат на враќањето на Sandro и MVB "во погон", тренинзите со топка на Pato и постепеното опоравување на Amelia и Seedorf. Тоа ќе значи дека за Рим патуваме со најдобрите стартни 11, така што за очекување е нова победа и уште поголемо приближување до "нашето место". Јас лично очекувам бескомпромисна борба и нови три бода. Не е преоптимистички да се очекува полн плен од местото каде лани се радувавме највеќе, нели?
P.S. А еве со што ќе се патува за Рим! :)
FORZA MILAN!!!
6 comments:
Штом не ти е драга Филиповата ти не си антички! :)
На моб. сум, поопширно подоцна.
Прво беше BOAAAA TEEENNGGG BOOOAAA TEEENNGGG BOA BOA BOA TENG TENG TENG
Па после следуваше NOCEEE RINOOO NOCEEEE RIINOOO NOOCEEEE RINNOOOO
Што е следно, AQUIIII LAAAAANIIO AQUIIII LAAANII AQUIIII LANIIII или IBRAAAA VIBRAAA IBRAAAA VIBRAAAA IBRAAAA VIBRAAAA
Forza Ragaziii!!!!!!!
Дупла шанса...уфф..највеќе боли :)
Јас објективно би играл двојна шанса за Милан, навивачки 2ка голема.
А извинувањето за Nocerino после вториот и третиот гол? :) Незнам зошто, ама мислам дека од сите играчи најомилен му е Pato и најдобро ги прославува неговите голови.
FORZA TIZIANO!!! FORZA MILAN!!!
Според последните информации Binho е во предност пред Cassano и Taiwo е во предност пред Zambrotta за старт...
MILAN: Abbiati, Abate, Nesta, Thiago Silva, Zambrotta, Aquilani, Van Bommel, Nocerino, Boateng, Ibrahimovic Robinho.
FORZA RAGAZZI!!!
Post a Comment